оливер кан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 28 May 2023 06:20:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png оливер кан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Голема чистка во Баерн: Легендите добија отказ половина час по освојувањето на титулата https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/golema-chistka-vo-baern-legendite-dobija-otkaz-polovina-chas-po-osvojuvaneto-na-titulata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/golema-chistka-vo-baern-legendite-dobija-otkaz-polovina-chas-po-osvojuvaneto-na-titulata/#respond Sun, 28 May 2023 06:20:21 +0000 https://kurir.mk/?p=839617

Фудбалерите на Баерн ја освоија 11-та по ред шампионска титула на Германија, откако вчера во драматично6то последно коло од Бундеслигата го совладаа Келн со 2:1, додека Борусија Дортмунд одигра 2:2 против Мајнц. Но, тие останаа без клупскиот оперативец и без спортскиот директор. Генералниот директор и легенда на германскиот фудбал Оливер Кан беше разрешен од таа функција веднаш по освојувањето на титулата во Баерн. Со него замина и Хасан Салихамиџиќ кој ја имаше функцијата спортски директор. Голот на Џамал ​​Мусиала им донесе уште една титула на Баварците, но Баерн се покажа ранлив по една деценија доминација во Бундеслигата. Раководството на Баерн ги откри двајцата главни виновници веднаш по натпреварот, Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан добија отказ, пренесува германски Билд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/golema-chistka-vo-baern-legendite-dobija-otkaz-polovina-chas-po-osvojuvaneto-na-titulata/feed/ 0
Баерн подготвува отказ за Оливер Кан https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/baern-podgotvuva-otkaz-za-oliver-kan/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/baern-podgotvuva-otkaz-za-oliver-kan/#respond Mon, 24 Apr 2023 16:38:50 +0000 https://kurir.mk/?p=827042

Надзорниот одбор на Баерн би можел на 22 мај да го смени од должноста извршниот директор Оливер Кан поради слабите резултати на минхенскиот фудбалски клуб во оваа сезона, пренесуваат денеска германските медиуми. Баерн во четвртфиналето во Лигата на шампиони беше елиминиран од Манчестер сити, а настапот во Купот на Германија го заврши поразот од Фрајбург. Пред повеќе од еден месец Баерн го смени тренерот Јулијан Нагелсман во Томас Тухел на неговото место, но тоа не ги донесе посакуваните резултати и баварскиот клуб во меѓувреме ја загуби водечката позиција во Бундеслигата на пет кола до крајот на сезоната. „Кан би можел да биде сменет а 22 мај, но Хас Салихамиџиќ ќе остане на должноста спортски директор. Кан е најголемиот виновник за лошите резултати, бидејќи тој ги носи одлуките за сè. Тој одлучи да го смени тренерот и донесе играчи. На Баерн не му оди ниту со Нагелсман, ниту со Тухел. Челниците на клубот се разговараат и за Салихамиџиќ, но единствениот функционер чија работа е во голема опасност е Кан“, објавија Билд и Скај Германија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/baern-podgotvuva-otkaz-za-oliver-kan/feed/ 0
„Брацо и Кан – некогаш херои, денес лузери“ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bratso-i-kan-nekogash-heroi-denes-luzeri/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bratso-i-kan-nekogash-heroi-denes-luzeri/#respond Thu, 20 Apr 2023 07:31:21 +0000 https://kurir.mk/?p=825743

Хасан Брацо Салихамиџиќ и Оливер Кан се под силен напад од навивачите на Баерн. Легендите на најголемиот германски клуб, според мислењето на ултрасите и симпатизерите, воопшто не се снаоѓаат како спортски директор (Брацо) и извршен претседател (Кан). Тоа им го порачаа во текот на реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Пред натпреварот да заврши 1:1 тие им испратија неколку пораки. На полувремето на јужната трибина се појави огромна парола со јасна порака за нив двајца. Навивачите ги обвинуваат Салихамиџиќ и Кан за отказот на тренерот Јулијан Нагелсман и за низата други одлуки со кои, според навивачите, ја изневериле традицијата на баварскиот гигант. „Може да се промашат голови, но вредностите на клубот не можат и не смеат! Испитајте ја политиката на клупското раководство“, е јасна порака од трибината на Баерн Арената. Тоа не беше единствената порака што им ја испратија навивачите на функционерите. Во првото полувреме, тие развија една која гласеше: „Брацо и Кан: херои од минатото и лузери на денешницата“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bratso-i-kan-nekogash-heroi-denes-luzeri/feed/ 0
Управата на Баерн не размислува да го отпушти Нагелсман https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/upravata-na-baern-ne-razmisluva-da-go-otpushti-nagelsman/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/upravata-na-baern-ne-razmisluva-da-go-otpushti-nagelsman/#respond Sun, 18 Sep 2022 15:54:38 +0000 https://kurir.mk/?p=734481

Извршниот директор на Баерн, Оливер Кан, изјави дека клубот не планира да го отпушти тренерот Јулијан Нагелсман. -Сега не размислуваме за други тренери. Имаме целосна доверба во Јулијан. Секако дека сите сме незадоволни од последните резултати во првенството. Да видиме каква мерка ќе треба да се искористи за брзо да се вратиме на победничката патека во Бундеслигата, изјави Кан за „Билд“. Баерн вчера загуби од Аугсбург (0:1) во 7. коло на германското првенство и за прв пат од февруари 2020 година не успеа да постигне гол на натпревар од Бундеслигата. За прв пат од 2001 година, клубот од Минхен нема победа во Бундеслигата четири натпревари по ред. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/upravata-na-baern-ne-razmisluva-da-go-otpushti-nagelsman/feed/ 0
Кан објасни зошто се премисли и го продаде Левандовски на Барселона https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kan-objasni-zoshto-se-premisli-i-go-prodade-levandovski-na-barselona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kan-objasni-zoshto-se-premisli-i-go-prodade-levandovski-na-barselona/#respond Sat, 16 Jul 2022 13:40:46 +0000 https://kurir.mk/?p=706232

Оливер Кан цврсто тврдеше дека Баерн Минхен нема да го продава Роберт Левандовски за ниту една сума и дека ќе го натера Полјакот да ја доработи последната година од договорот, сценарио кое сепак не се случи. Баерн Минхен и Барселона вчеравечер доцна во ноќта постигнаа договор и напаѓачот прави трансфер на „Камп Ноу“ за сума од 50 милиони евра, па откако сите главни структури во германскиот клуб ја потврдија зделката, пристигна прва изјава од извршниот директор на баварците. – Пред два месеци немавме ниту една понуда за Левандовски и немаше зошто да размислуваме за трансфер. Оттогаш, ситуацијата драстично се промени, особено последните денови. На крајот, Барселона испрати понудата која е крајно прифатлива и разумна за нас. Исто така, во последно време бевме многу успешни на трансфер пазарот и добивме играч од светска класа како Мане, но и Гравенберх и Мазрауи. – Постигнавме договоро со Барселона, се е договорено вербално, сега треба да се стави и на хартија. Мојата цел секогаш е да го барам најдоброто за Баерн, секогаш бевме во најповолна ситуација во овие преговори и на крајот проценивме дека е најдобро да му дадеме дозвола на Леви да си замине. Го променивме мислењето бидејќи тврдоглавоста и покажување на его е нешто што јас го сметам за слабост. Го направивме најдоброто за Баерн и му ја исполнивме желбата на Роберт, – изјави Кан, а пристигна изјава и од Пини Захави, агентот на Левандовски. – Сакам да му се заблагодарам на Баерн Минхен, а особено на Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ кои сфатија и ја почитуваат одлуката на Роберт за исполнување на сонот за нов предизвик во кариерата, – изјави Захави.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kan-objasni-zoshto-se-premisli-i-go-prodade-levandovski-na-barselona/feed/ 0
Оливер Кан ќе биде извршен директор на Баерн Минхен https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/oliver-kan-kje-bide-izvrshen-direktor-na-baern-minhen/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/oliver-kan-kje-bide-izvrshen-direktor-na-baern-minhen/#respond Tue, 01 Jun 2021 20:48:26 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517876

Карл Хаjнц Румениге си поднесе оставка на позицијата извршен директор на Баерн Минхен.  Клубот преку официјално соопштение ги потврди најавите и го промовира легендарниот голман Оливер Кан во нов прв човек на Баерн. Кан веќе работеше во тимот на Румениге кој му беше еден вид на ментор, а сега дојде време да го наследи. Првата работа која Кан ја заврши беше доведувањето на Јулијан Нагелсман, кој е негова идеја. Од први јули Кан ќе ја презеде работата на Румениге во целост, а легендата нема да остане во клупските структури. Румениге ќе ја продолжи работата во фудбалот во структурите на УЕФА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/oliver-kan-kje-bide-izvrshen-direktor-na-baern-minhen/feed/ 0
Кан стана дел од бордот на директори на Баерн https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kan-stana-del-od-bordot-na-direktori-na-baern/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kan-stana-del-od-bordot-na-direktori-na-baern/#respond Thu, 02 Jan 2020 09:23:29 +0000 https://kurir.mk/?p=284703

Поранешниот голман на Баерн Минхен, Оливер Кан, се приклучи на Управниот одбор на клубот, соопшти прес-службата на баварскиот клуб. Педесет годишниот Германец потпиша петгодишен договор со Баерн. На 1 јануари 2022 година, Кан ќе го предводи управниот одбор, по истекот на договорот на сегашниот лидер, двократниот носител на „Златната топка“ Карл-Хајнц Румениге. Оливер Кан се пресели во Баерн од Карлсруе во 1994 година. Тој ги бранеше боите на германскиот фудбалски великан до 2008 година, а кариерата ја заврши на 39 години. Со Баерн, тој освои осум првенства, шест германски купови, пет лига купови, Купот на УЕФА, Лигата на шампионите и Интерконтиненталниот куп. По кариерата на фудбалер, Кан работеше како телевизиски експерт и се занимаваше со бизнис. Во 2019 година, тој стана дел од германската фудбалска „Сала на славните“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kan-stana-del-od-bordot-na-direktori-na-baern/feed/ 0
Кан на местото на Румениге, станува директор на Баерн https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kan-na-mestoto-na-rumenige-stanuva-direktor-na-baern/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kan-na-mestoto-na-rumenige-stanuva-direktor-na-baern/#respond Fri, 30 Aug 2019 09:45:31 +0000 https://kurir.mk/?p=234987

Поранешниот капитен на Баерн Минхен, Оливер Кан, ќе се врати во клубот како член на Одборот на директори следната година и ќе стане извршен директор во 2022 година, објави шампионот на Бундеслигата. Кан, кој има осум титули со Баварците, меѓу 1994 и 2008 година, потпиша петгодишен договор, откако одборот едногласно гласаше за поддршка на одлуката на собранието. Кога договорот на Карл-Хајнц Румениге ќе истче на 31 декември 2021 година, Кан ќе го наследи како претседател и извршен директор. Кан има 82 одиграни натпревари за германската репрезентација, со која стана најдобар играч на Светското во Јужна Кореја и Јапонија во 2002 година, триумфирајќи и во Лигата на шампионите со екипата на Баерн во 2001 година. – За мене е голема чест и привилегија да ја преземам претседателската улога во Баерн. Би сакал да се заблагодарам на Одборот за изгласаната доверба. Длабоко сум вклучен во клубот, кој го одбележа мојот живот, и професионално и лично, рече Кан. Веста доаѓа откако претседателот на баварскиот клуб, Ули Хенес го објави своето пензионирање. – Убедени сме дека во Оливер ја најдовме вистинската личност за претседателската функција во Баерн. Тој беше важен играч во историјата на клубот, рече самиот Хенес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kan-na-mestoto-na-rumenige-stanuva-direktor-na-baern/feed/ 0
Оливер Кан е главен кандидат за претседател на Баерн https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/oliver-kan-e-glaven-kandidat-za-pretsedatel-na-baern/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/oliver-kan-e-glaven-kandidat-za-pretsedatel-na-baern/#respond Wed, 21 Nov 2018 15:28:50 +0000 https://kurir.mk/?p=130466

Легендата на Баерн Минхен, Оливер Кан е фаворит да го наследи Ули Хенес како претседател на баварците, тврди „Билд“. Хенес најави дека ќе ја напушти функцијата откако ќе донесе одлука генералното собрание на клубот, кое ќе се одржи на 30 ноември. Четириесет и девет годишниот Кан помина поголем дел од својата кариера во Баерн, откако одигра 632 натпревара за 14 години. Поранешниот голман е во одлични односи со Хенес и често одржуваат разговори за иднината на клубот. Голем дел од раководството на баварците е уверено дека токму Кан е вистинската личност да раководи со германскиот гигант.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/oliver-kan-e-glaven-kandidat-za-pretsedatel-na-baern/feed/ 0
Кан: Озил и Кедира се најголемите разочарувања за Германија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kan-ozil-i-kedira-se-najgolemite-razocharuvanja-za-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kan-ozil-i-kedira-se-najgolemite-razocharuvanja-za-germanija/#respond Fri, 29 Jun 2018 07:26:03 +0000 https://kurir.mk/?p=71029

Легендарниот голман на Германија, Оливер Кан смета дека Месут Озил и Сами Кедира биле најслаби во германската репрезентација. Во изјава за весникот „Сан“, поранешниот голман на Баерн Минхен не сака да навлезе во детални анализи за неуспехот на тимот, но се претпоставува дека има врска и со ниското ниво на Бундеслигата во последните години. - За мене најголемите разочарувања се покажаа Кедира и Озил. Во првата средба беа незабележителни, а во втората ги оставија на клупата, за да се исплашат малку. Во средата повторно им се даде шанса, но ниту еден од нив не ја искористи. Кедира и Озил се двајца од најискусните во овој тим, но тие беа неуспешни по многу показатели, вели Кан. Поранешниот голман на Баварците смета дека една од причините за ниското ниво на репрезентацијата е и се послабата Бундеслига. - Во моментов пред Германскиот фудбалски сојуз има доволно работа. Треба да се утврди на какви фудбалери ќе се потпира во иднина. Веројатно една од причините за ниското ниво на националниот тим е и се послабото ниво на Бундеслигата. И ако претходно сме сакале да се мериме како ниво на шампионатот со Примера и англиската Премиер лига, сега сметам дека отстапуваме, во однос на играта, и од француската Лига 1. Од големите пет првенства само Италија е зад нас, додава Кан за англискиот таблоид. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kan-ozil-i-kedira-se-najgolemite-razocharuvanja-za-germanija/feed/ 0