Оливер Спасовки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 30 Nov 2022 10:05:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Оливер Спасовки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Спасовски: Оваа година очекуваме намален број на жртви од сообраќајните незгоди https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-ovaa-godina-ochekuvame-namalen-broj-na-zrtvi-od-soobrakjajnite-nezgodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-ovaa-godina-ochekuvame-namalen-broj-na-zrtvi-od-soobrakjajnite-nezgodi/#respond Wed, 30 Nov 2022 10:05:23 +0000 https://kurir.mk/?p=768757

Како што се зголемува бројот на реконструирана или ново изградена инфраструктура, но и бројот на контролите на патиштата, така се намалува бројот на жртвите. Во 2013 година на ниво на државата имавме 198 жртви во сообраќајни незгоди, а 2021 ја завршивме со 116. Оваа година очекуваме бројката да биде двоцифрена, зависно од тоа како ќе се одвиваат работите последните неколку дена од декември, посочи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки. Според Спасовски, исклучително важно е и образовните институции да посветат големо внимание на образованието и воспитувањето во делот на сообраќајот, на јавната свест и градењето на сообраќајната култура. – Ова е еден комплексен проблем што бара решение од сите, значи од градба на инфраструктурата преку превентивното делување, на крајот секако репресијата е таа која што е неизбежна за секој еден кој не ги почитува тие сообраќајни правила и прописи. Постојано, како што се зголемува бројот на реконструирана или ново изградена инфраструктура, огромниот број на контроли кои се поставени на патиштатa, зголемените превентивни активности, така се намалува и брoјот на жртви во сообраќајот, изјави Спасовски пред почетокот на конференцијата „Безбедност на патиштата, предизвици и мерки за безбедни патишта“. Тој порача секој граѓанин максимално посветено да се однесува и да ги почитува сообраќајните правила и прописи. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски напомена дека сите проекти во делот на изградба и рехабилитација на патната инфраструктура се движат со најдобра динамика. -Сите процеси кои ги водиме како држава даваат шанса за зголемување на безбедноста во сообраќајот. Пред се, овде зборувам за новата Агенција за безбедност во сообраќајот која што е како закон, како пакет во владина постапка и процедура по што ќе оди во собраниска расправа. Очекувам дека и на владината процедура и на собраниската расправа ќе имаме голема поддршка имајќи во предвид дека ова значи зголемување на безбедноста во сообраќајот како систем, како процес којшто во останатите држави каде што е формирано веќе ги дава своите позитивни ефекти и резултати, изјави Бочварски пред почетокот на конференцијата. Во делот на железничкиот сообраќај Бочварски потсети дека е почнат проектот за изградба на железничката пруга кон Бугарија, во вредност од околу 200 милиони. -Проектите се движат и едно вакво тешко време, кога состојбите со енергетската криза во цела Европа, а и осцилациите на градежните материјали кои се случуваа во текот на оваа година прават притисок, но не дозволуваме ниту еден проект да биде запрен. Локалните патишта исто така се многу важни во делот на локалните средини, како проект што го имаме во вредност од околу 70 милиони евра директна поддршка кон општините, средства кои се грантови за општините – неповратни средства, а со кои Владата сака да помогне и да даде поддршка за зголемување на безбедноста, додаде Бочварски. Тој информираше дека во повеќе од 100 општини се реализираат околу 100 локални патишта, кои се од исклучително значење за безбедноста во сообраќајот. -Во 49 општини веќе се реализираат локалните патишта и преку 100 локални патишта имаме реализација со преку 20 милиони евра и ова е навистина од исклучително значење за локалните средини, за локалниот економски развој и за поддршка на општините во државата, додаде Бочварски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-ovaa-godina-ochekuvame-namalen-broj-na-zrtvi-od-soobrakjajnite-nezgodi/feed/ 0