оливер спасовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Oct 2023 16:35:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png оливер спасовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стаменкоска Трајкоска до Спасовски: Зошто после 8 години раководење на МВР конечно ви текна да објавите „војна“ против криминалците? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkoska-trajkoska-do-spasovski-zoshto-posle-8-godini-rakovodene-na-mvr-konechno-vi-tekna-da-objavite-vojna-protiv-kriminaltsite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkoska-trajkoska-do-spasovski-zoshto-posle-8-godini-rakovodene-na-mvr-konechno-vi-tekna-da-objavite-vojna-protiv-kriminaltsite/#respond Thu, 26 Oct 2023 16:10:18 +0000 https://kurir.mk/?p=893496

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменкоска Трјкоска на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека после 8 години раководење на министерството за внатрешни работи, Оливер Спасовски токму сега објавува војна на криминалците. Таа запраша за тоа дали онаа „војна“ што Спасовски ја објави против криминалците после 8 години раководење на министерството денес му текна на министерот да објави војна против криминалците? „Дали сега тој објави „војна“ на сите 250 белосветски криминалци на кои им даваше пасоши па може го реши тој проблем. Дали е свесен дека министерот крши закон за заштита на лични податоци и врши упад во работата на службите со давање јавно информации за тоа кој земал државјанство, а кој не. Каде е кокаинот од статистиката на министерот кој на телевизија има изјава дека прво полугодие каде пишува на фамозните слики кој тој во јавноста ги покажува и стои дека во првото полугодие има 3,56кг кокаин а замислете после пократко време излегува повторно на телевизија и образлага период Јануари – Август каде фалат 360грама кокаин од неговата статистиката“, рече Стаменкоска Трајкоска. Таа додаде дека постојано има лаги криминал и корупција и постојано тоа се гледа од страна на власта. „Сакав да поставам прашање и до Артан Груби, но и тој не е тука. Многу ме интересира дали уште на братот негов на онаа фирма ЕТЦ Травел дава државни народни пари? Дали јавноста беше сведок пред одредено време дека едно ауди изгоре за кое министерот тврдеше дека е на негов пријател, што се случи, му купи ли на неговиот пријател ново ауди, каде е одговорноста за горењето на колата? “, запраша Стаменкоска Трајкоска. Стаменкоска Трајкоска истакна дека министерот Груби кој не е тука присутен е зафатен со раководење на владата и криминалот во државата. Таа исто така праша дали Бајрами кој е директор на лотарија а негов шеф на кабинет во Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците ќе плаќа месечна кирија од 21 илјади евра на личност која директно или индиректно е блиска со претседателот на ДУИ Али Ахмети и неговата партија? Стаменкоска Трајкоска упати и загриженост поврзана со учебниците. „Она што најмногу ме испровоцира денес е изјавата на Јетон Шаќири во Фокус каде изјавивте дека учебниците во сите училишта во Скопје се доставени. Министре не е само да работите во МОН туку малце да излезете на терен и да ги дознаете информациите ама вие не излегувате на терен туку вашиот заменик излегува на терен и врши притисок како во Велес“, изјави Стаменкоска Трајкоска. Таа упати загриженост во врска со учебниците за 6-то одделение кои не се пристигнати сеуште. „Прашањето е конкретно за 6-то одделение од 8 предметни се пристигнати само природни науки, јас проверив тоа се случува во Кисела Вода, Аеродром, во Македонија конкретно и за Кавадарци, Прилеп, Битола и многу места и ги терате наставниците да копираат што е противзаконски зошто ги терате затоа што наставниците немаат алатка за работа и вие индиректно ги терате да прават криминал како што е противзаконски и работењето едни да држат 28 часа да работат многу повеќе од други наставници кои имаат помалку часови а ќе земаат иста плата, тоа е противзаконски“, кажа Стаменкоска Трајкоска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkoska-trajkoska-do-spasovski-zoshto-posle-8-godini-rakovodene-na-mvr-konechno-vi-tekna-da-objavite-vojna-protiv-kriminaltsite/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: За 8 години министер Спасовски – подземјето стана надземје, се пукаат по молови, ресторани и улици и досега настрадаа десетици лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-za-8-godini-minister-spasovski-podzemjeto-stana-nadzemje-se-pukaat-po-molovi-restorani-i-ulitsi-i-dosega-nastradaa-desetitsi-litsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-za-8-godini-minister-spasovski-podzemjeto-stana-nadzemje-se-pukaat-po-molovi-restorani-i-ulitsi-i-dosega-nastradaa-desetitsi-litsa/#respond Thu, 26 Oct 2023 06:29:47 +0000 https://kurir.mk/?p=893215

Оливер Спасовски од пред 8 години е на функцијата министер за внатрешни работи. Тој е најодговорен за мафијашките пресметки кои се случуваат среде бел ден, во центарот на Скопје, во трговски центри, пред очите на граѓаните. Тој е најодговорен за нарушената безбедност на граѓаните. Тој е најодговорен за тоа што царува криминалот и неказнивоста, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Престрелката од пред два дена во трговски центар во која има две тешко ранети лица, не е прва. Оваа престрелка е само една во низата мафијашки препукувања во кои досега настрадаа десетици лица. Се пукаа на улици, на паркинзи, во хотели, барови и каде ли уште не, и тоа цело време во мандатот на Оливер Спасовски. Очигледно дека нарко картелите или се чувствуваат доволно заштитени од структури во власта за вака дрско да се однесуваат, или пак не ја есапат полицијата. И во едниот и во другиот случај Спасовски е директно одговорен, дотолку повеќе што ниеден случај не е расветлен и Спасовски постојано како папагал повторува дека истрагата трае, а всушност инцидентите се зачестуваат и стануваат поопасни.. Поради Спасовски подземјето стана надземје во Скопје и завладеа со улиците, трговските центри, угостителските објекти. Граѓаните не се повеќе безбедни. Животот на секој човек е загрозен. Оливер Спасовски да имаше доблест ќе си поднесеше оставка или пак Ковачевски ако беше вистински премиер ќе го разрешеше, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-za-8-godini-minister-spasovski-podzemjeto-stana-nadzemje-se-pukaat-po-molovi-restorani-i-ulitsi-i-dosega-nastradaa-desetitsi-litsa/feed/ 0
Спасовски: Вчерашното пукање во Ис Гејт е криминална пресметка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-vcherashnoto-pukane-vo-is-gejt-e-kriminalna-presmetka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-vcherashnoto-pukane-vo-is-gejt-e-kriminalna-presmetka/#respond Wed, 25 Oct 2023 11:17:27 +0000 https://kurir.mk/?p=892919

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски потврди дека инцидентот, односно вчерашното пукање во Ист Гејт, во кои се повредени две лица е криминална пресметка. -Точно се знае и беграундот на лицето во коешто е пукано и конфликтите што ги имате, практично тие се групи криминални, кои се разбиени во најголемиот дел и за кои јас и информирав пред некое време, во многу оперативни акции што сме ги презеле, секојдневно. Самите сте сведоци дека во последниот месец имаме приведено тројца, како дел од групите коишто беа во така наречената оперативна акција „Планина“ итн, говори за еден висок степен на ангажираност и за конфротација помеѓу тие криминални групи, коишто 30 години некој ги создавал, рече Спасовски. Посочи дека како МВР објавиле војна против овие криминални групи и тоа не е селективна и порача дека овде нема да застанат. -Апсолутно треба на сите да биде јасно дека безбедноста на државата, безбедноста на градот е најважна за сите нас. Инаку прибирање на информации, податоци, на луѓе разговори и утврдување на факти, сето тоа се работи интензивно. Меѓутоа се работи коишто не можеме да ги споделеме во јавноста. Така да најдобро е сите информации да ги земате од официјалните извори на информирање, преку институциите, вели Спасовски. Безбедноста на граѓаните не е загрозена, а полициските служби се постојано на терен, не само во моментов, туку во континуитет, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој одговараше на прашањето дали граѓаните се безбедни по вчершаното пукање во Ист Гејт молот. -Што се однесува до инцидентот, значи од вчера активно се работи. Формиран е посебен штаб во Секторот за внатрешни работи-Скопје. Приклучени се тука од одделот за криминалистичка полиција, форензика, одделот за организиран криминал итн. Сите заеднички прибираат информации, докази за Јавното обвинителство, се со цел да се утврдат фактите и да може да се открие сторителот, меѓутоа и мотивите коишто се во однос на овој настан, вели Спасовски. Прашан како можеше да се дозволи вчерашниот инцидент, пукање во молот во Скопје и тоа втор по ред инциденти, Спасовски со одговор дека во Скопје и во други градови во земјава криминални активности се случуваат секојдневно и какошто вели работата на полицијата е да работи перманентно во подобрувањето на безбедноста и тоа не само во делот на криминалитетот, туку и во сообраќајот и во секој дел, во којашто е таргетиран безбедноста на граѓаните. -Така да активности се преземаат цело време. Што се однесува до сузбивање на било кои криминални групи, тоа статистиката може да го покаже и да се види. Така да перманентно може да се виде активности, видливоста на полицијата на терен, во сите сегменти и не само што ја зголемува безбедноста на граѓаните. Секако и овозможува да немаме индиции, коишто може посериозно..Вакви изолирани инциденти се случуваат и ќе се случуваат, вели Спасовски. Прашан дали се размислува за поставување на скенери, бидејќи во Скопје има голем број на трговски центри, министерот за внатрешни работи, Спасовски вели дека неколкупати отварале таква дебата во рамките на МВР и какошто вели очигледно треба да се донесе некакво решение и правен пропис, со коишто би се задолжиле големите Трговски центри или другите објекти. Со кои би презеле низа на мерки, кои би значеле заштита на граѓаните, но и на самите објекти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-vcherashnoto-pukane-vo-is-gejt-e-kriminalna-presmetka/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: 7 години криминалното подземје се пресметува по скопските улици, трговските центри и кафичи, а Спасовски не презема ништо, ОСТАВКА ВЕДНАШ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-7-godini-kriminalnoto-podzemje-se-presmetuva-po-skopskite-ulitsi-trgovskite-tsentri-i-kafichi-a-spasovski-ne-prezema-nishto-ostavka-vednash/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-7-godini-kriminalnoto-podzemje-se-presmetuva-po-skopskite-ulitsi-trgovskite-tsentri-i-kafichi-a-spasovski-ne-prezema-nishto-ostavka-vednash/#respond Wed, 25 Oct 2023 06:56:55 +0000 https://kurir.mk/?p=892810

Македонија и Скопје се небезбедни со Оливер Спасовски и СДС, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Нема месец да не се случи некоја пресметка или убиство во центарот на Скопје. Седум години криминалното подземје се пресметува по скопските улици, трговските центри и кафичи, а Спасовски не само што не презема ништо за да фати криминалците, туку и не убедува дека граѓаните се безбедни. Македонија е единствената држава каде што криминалците се штитат од власта, наместо истите да бидат санкционирани. Оливер Спасовски и МВР не можат да обезбедат мир. Уште колку криминални пресметки и убиства треба да се случат за Спасовски да понесе одговорност и да си ја потпише оставката? Ако Спасовски не сака, тогаш Ковачевски веднаш да го разреши од функцијата министер за внатрешни работи. Сред бел ден криминалците се пресметуваат, а Спасовски си тера пи-ар и се спрема за претседателски избори. Спасовски не може да го води едно министерство, а не пак цела држава. И наместо Спасовски и МВР да бараат помош од граѓаните да го пријават лицето кое пукало во Ист Гејт, нека ги праша неговите сопартијци и коалициски партнери од ДУИ, кое е лицето, бидејќи изминатите 4 години токму тие имаат најмногу фотографии со криминалците од подземјето. Важно е да дојде до промена на власт, за да има ресет на цел безбедносен систем. Важно е да се обезбеди сигурност, мир и безбедност за граѓаните, стои во соопштението на партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-7-godini-kriminalnoto-podzemje-se-presmetuva-po-skopskite-ulitsi-trgovskite-tsentri-i-kafichi-a-spasovski-ne-prezema-nishto-ostavka-vednash/feed/ 0
Спасовски: Врвен приоритет на МВР е спречување на нелегална сеча на шуми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-vrven-prioritet-na-mvr-e-sprechuvane-na-nelegalna-secha-na-shumi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-vrven-prioritet-na-mvr-e-sprechuvane-na-nelegalna-secha-na-shumi/#respond Sun, 22 Oct 2023 08:36:07 +0000 https://kurir.mk/?p=891833

Во телевизиски прилог на МТВ на тема спречување на нелегална сеча на дрва и пустошење на шуми со помош на хеликоптерите од Одделот за воздухопловни единици при МВР, министерот Спасовски информираше дека покрај превентивни мерки, сериозно се работи и на репресивни мерки на откривање нелегална сеча на шуми. -Сега започнавме и со надзор практично на шумските предели со Одделот за воздухопловни единици. Заедно со специјалните полициски единици тие се движат на потенцијални места каде имаме дојави дека има опустошување шума и директно ги затекнуваме и фаќаме на лице место. Имавме неколку акции во Скопје, Струга... Тоа е еден модус операнди на којшто работат полициските службеници, да можеме на моменти каде што тие се наоѓаат, на местата каде вршат нелегална сеча - на лице место се затекнуваат и тука практично ги обезбедуваме сите докази за ова кривично дело. Ова е врвен приоритет на МВР. Секако дека ваквите летови се добри и за набљудување на државната граница, за процесот на миграција, работењето на граничните служби - сето тоа е во функција на подобрување на безбедносната состојба, истакна министерот Спасовски. Според статистиката на МВР, од 2017 година до првото полугодие од 2023 година во рамките на оперативните активности, поднесени се 919 кривични пријави за вкупно 1.150 кривични дела поврзани со бесправна сеча на шуми, пријавени 1.439 сторители, запленети 97.000 м3 дрва. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-vrven-prioritet-na-mvr-e-sprechuvane-na-nelegalna-secha-na-shumi/feed/ 0
Спасовски: Мерките за напад врз службено лице треба да бидат брзи и ефикасни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-merkite-za-napad-vrz-sluzhbeno-litse-treba-da-bidat-brzi-i-efikasni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-merkite-za-napad-vrz-sluzhbeno-litse-treba-da-bidat-brzi-i-efikasni/#respond Fri, 20 Oct 2023 14:08:09 +0000 https://kurir.mk/?p=891303

Додека јас раководам со Министерството за внатрешни работи, немало определено мерка притвор за напад на службено лице. Тоа покажува дека недоволно се води сметка во овој дел, бидејќи тој  што напаѓа службено лице, тој ја напаѓа државата и треба да сноси одговорност, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Одговарајќи на новинарско прашање за нападот врз службено лице од страна на крадци на дрво во селото Смиловци што се случи пред две години, од кои дел беа ослободени поради недостиг на докази, Спасовски потенцираше дека мерките во овој дел треба да бидат брзи и ефикасни, бидејќи, според него, неказнивоста раѓа нов проблем. - Затоа заеднички покренуваме дебати во овој дел. Морам да признам дека сега имаме многу подобра соработка од претходно со Јавното обвинителство кое се занимава со службените овластувања на полициските службеници. Многу почесто дискутираме за проблемите што ги имаме. Но, сепак, мислам дека правопропорционално треба да оди и заштитата на човековите права, но и заштитата на службените лица, посочи министерот Спасовски.  (МИА) Фото: МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-merkite-za-napad-vrz-sluzhbeno-litse-treba-da-bidat-brzi-i-efikasni/feed/ 0
Мизрахи: Спасовски сведочеше пред Анкетната комисија, но зошто МВР молчело шест години за вакви злоупотреби на Клиниката за онкологија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-spasovski-svedocheshe-pred-anketnata-komisija-no-zoshto-mvr-molchelo-shest-godini-za-vakvi-zloupotrebi-na-klinikata-za-onkologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-spasovski-svedocheshe-pred-anketnata-komisija-no-zoshto-mvr-molchelo-shest-godini-za-vakvi-zloupotrebi-na-klinikata-za-onkologija/#respond Thu, 12 Oct 2023 17:34:41 +0000 https://kurir.mk/?p=888182

Анкетната е таа која ќе го каже последниот збор, а за работата на истата има интерес. Има интерес да се најде разрешница. Како прв човек на Комисијата нема да дозволам истата да стане парасуд или параобвинителство, ние бараме политичка одговорност, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи која е и претседател на Анкетната комисија за случајот Онкологија на вечерашното гостување во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа. Мизрахи информираше дека се знае точната бројка на лица кои ќе бидат испрашувани од Комисијата или 44 се на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, 27 лица се на предлог на СДСМ и еден на предлог на Левица. Таа укажа дека следен е Венко Филипче и оти доколку има можности во ист ден ќе биде и актуелниот министер за здравство Фатмир Меџити. „Треба да се знае дека има добар одзив и дека некои предлози се поклопуваат, ама ќе направиме распоред за наредната недела. Секако еден од повиканите ќе биде и поранешниот директор Васев“, кажа Мизрахи. Како што и познато на јавноста, рече Мизрахи, досега беа министерот за здравство Беким Сали и за внатрешни работи Оливер Спасовски за кој рече дека е симптоматично зошто МВР молчело шест години. „Мојот впечаток е дека Сали даде придонес и кажа зошто беше таква разрешницата со директорот Васев, но потоа беше и Сали разрешен што дава една сенка. Почнал да разрешува неправилности, па и тој бил разрешен. Спасовски пак спомена дека МВР имало интервенција во работата на Клиниката за онкологија, но Спасовски е шест години министер за внатрешни работи. За мене затаила функцијата на МВР, што правеше до септември 2023 година МВР. Зошто немало ништо од МВР, доколку постоел сомнеж МВР требало да ги стопира неправилностите во работата“, рече Мизрахи. Според неа работата не е да ги оцрниме белите мантили бидејќи како што рече во здравството има и луѓе кои работат посветено. „Заклучоците од Анкетната комисија ќе се достават до Собранието и кога ќе се усвојат треба да бидат и коректив за понатамошното работење како на оваа Клиника, така и воопшто“, вели Мизрахи. Мизрахи посочи дека роковите прават притисок да се заврши работата, но и се добри затоа што не треба да се разводнува работата. Претседателката на Анкетната комисија за случајот Онкологија, Мизрахи потенцираше дека во целата оваа работа важна улога имаат и други институции, не само клиниките или клиниката во случајов и министерството за здравство. „Фондот за здравство исто е многу важен дел генерално во здравството, како и во овој случај, тука е и Агенцијата за лекови, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државната ревизија, која на пример во овој случај ни даде многу информации од типот дека се суспендирани сите контролни механизми“, кажа Мизрахи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-spasovski-svedocheshe-pred-anketnata-komisija-no-zoshto-mvr-molchelo-shest-godini-za-vakvi-zloupotrebi-na-klinikata-za-onkologija/feed/ 0
ВИДЕО: Спасовски не демантира дека има амбиција да го замени Ковачевски од позицијата претседател на СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-spasovski-ne-demantira-deka-ima-ambitsija-da-go-zameni-kovachevski-od-pozitsijata-pretsedatel-na-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-spasovski-ne-demantira-deka-ima-ambitsija-da-go-zameni-kovachevski-od-pozitsijata-pretsedatel-na-sdsm/#respond Tue, 10 Oct 2023 08:26:40 +0000 https://kurir.mk/?p=887315

Во емисијата „360“ степени министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски не демантира дека има амбиција да го замени Ковачевски од позицијата претседател на СДСМ. Имено додека новинарот го праша Спасовски: „Може ли да кажете демантирам, одрекувам, ставам точка, немам амбиција да бидам ниту кандидат за шеф на државата, ниту лидер на СДСМ“, тој вели дека новинарот може да го праша било што, а како тој ќе одговори е негово право. „Тоа право не ви го препуштам на вас како новинар. Мислам дека ви дадов многу јасни и концизни одговори во однос на тоа“, вели Спасовски. По ова новинарот констатираше дека министерот не демантираше и дека има амбиции. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-spasovski-ne-demantira-deka-ima-ambitsija-da-go-zameni-kovachevski-od-pozitsijata-pretsedatel-na-sdsm/feed/ 0
Спасовски: Во случајот „Онкологија“ се вештачат собраните докази, виновниците ќе бидат изведени пред лицето на правдата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-vo-sluchajot-onkologija-se-veshtachat-sobranite-dokazi-vinovnitsite-ke-bidat-izvedeni-pred-litseto-na-pravdata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-vo-sluchajot-onkologija-se-veshtachat-sobranite-dokazi-vinovnitsite-ke-bidat-izvedeni-pred-litseto-na-pravdata/#respond Tue, 10 Oct 2023 07:13:32 +0000 https://kurir.mk/?p=887278

Министерот Оливер Спасовски во интервјуто за „360 степени“ запрашан за случајот „Онкологија“ имајќи предвид дека поминаа 40-тина дена од упадот на полицијата во клиниката и дали досега истрагата наиде на нешто конкретно и опипливо, потенцираше дека досега се направени голем број активности во рамките на истрагата. „Има докази, тие докази се во јавното обвинителство, дел од тие докази сѐ уште се вештачат, одземени се огромен број на материјали, огромен број на електронски уреди, направена е екстракцијата на сите тие материјали коишто се од електронските уреди. Тоа што е за вештачење во Министерството за внатрешни работи во делот на електронските уреди, тоа што е за вештачење со медицинската документација - тоа ќе го работат стручните луѓе од медицината. Очекувам дека сите тие факти и аргументи ќе бидат потврдени, обезбедени и на основа на тоа конкретно ќе се конкретизира вината, затоа што виновникот секогаш има име и презиме и тој треба да биде изведен пред лицето на правдата“, дециден беше министерот Спасовски. За очекувањата на јавноста за брза истрага и резултати, министерот Спасовски истакна дека ниедна истрага не може да биде орочена со датум само заради задоволување на апетитот на јавноста, бидејќи тоа секогаш може да предизвика влечење на потези кои не се релевантни. „За мене е важно да го завршиме комплетно тоа што го бара обвинителството и другите институции коишто се вклучени, да се обезбедат доказите и тој којшто е виновен да носи одговорност. Оперативните податоци коишто ги имавме и на основа на сето тоа со што располагавме како оперативни информации, во консултација со јавното обвинителство, го направивме чекорот којшто требаше да го направиме. И понатаму, со анализирање на сите работи коишто стојат пред нас, како аргументи и факти, ќе се утврди сето тоа што е правено и во кој обем. Верувам ќе има доволно докази“, потенцираше на крај министерот Спасовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-vo-sluchajot-onkologija-se-veshtachat-sobranite-dokazi-vinovnitsite-ke-bidat-izvedeni-pred-litseto-na-pravdata/feed/ 0
Спасовски: Не се отвори прашањето за претседателски кандидат на состанокот на СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-ne-se-otvori-prashaneto-za-pretsedatelski-kandidat-na-sostanokot-na-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-ne-se-otvori-prashaneto-za-pretsedatelski-kandidat-na-sostanokot-na-sdsm/#respond Mon, 02 Oct 2023 10:45:53 +0000 https://kurir.mk/?p=884177

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања во врска со партискиот состанок на СДСМ и дали постои кавга за тоа кој да биде кандидат за претседател од страна на партијата, вели дека се уште не е отворено тоа прашање. - Прво, разговаравме за многу теми и прашања што се од државен и партиски интерес. Второ, не може да стане збор за никаков конфликт заради тоа што не се отвори тоа прашање и се уште не се разговара во партијата за тоа. Кога ќе дојде моментот, ќе разговараме и низ дијалог ќе се утврди тоа што е најдобро, истакна Спасовски. Вели дека за нив е важен европскиот фронт, односно, опцијата, којашто нуди извесност на државата и на граѓаните, да ја добие довербата. На прашањето каков интерес очекува да има поранешниот лидер на СДСМ Зоран Заев, кој беше виден на фотографиите на координативниот состанок на стратешкиот тим на партијата, Спасовски рече дека секој човек може да даде исклучителен придонес, од најобичен член се до некој кој бил претседател на партијата. -Секако дека обединетоста, сплотеноста околу одредена идеја е најважна за успех, така што секој еден е добредојден во целиот европски фронт за напредок на државата, рече Спасовски. Премиерот Димитар Ковачевски и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски, минатата недела на својата Фејсбук страница објави фотографија на која беше присутен и поранешниот премиер и партиски лидер Зоран Заев. Ковачевски под фотографијата напиша дека „СДСМ има долгогодишно државничко и партиско искуство, посветеност и полна енергија да продолжи со победа и брз чекор по европскиот пат“, како и тоа дека состанокот на стратешкиот тим е во таа насока - да направи сè, да овозможи целосен државен и национален консензус за исполнување на определбата на огромното мнозинство граѓани, земјава да стане полноправна европска држава до 2030.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-ne-se-otvori-prashaneto-za-pretsedatelski-kandidat-na-sostanokot-na-sdsm/feed/ 0