оливер вархеј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 31 Aug 2023 20:55:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png оливер вархеј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вархеји: ЕК е подготвена за каков било предлог за проширување на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/varheji-ek-e-podgotvena-za-kakov-bilo-predlog-za-proshiruvane-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/varheji-ek-e-podgotvena-za-kakov-bilo-predlog-za-proshiruvane-na-eu/#respond Thu, 31 Aug 2023 20:55:43 +0000 https://kurir.mk/?p=873125

Европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји денеска во Шпанија изјави дека ја поздравува подготвеноста на Европскиот совет „конечно да се ангажира и да направи голем чекор напред“ за да се оствари проширувањето на Европска Унија. - Европската комисија отсекогаш била подготвена да даде каков било предлог што ќе не доведе до проширување на ЕУ во 2030 година, изјави Вархеји во Толедо, каде што се одржува неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ. Вархеји, коментирајќи ја овонеделната изјава на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел дека ЕУ треба да биде подготвена за проширување до 2030 година, истакна дека „не мисли дека станува збор за датумот“, туку дека „тоа е повеќе прашање на волја и прашање на испорака“, односно спроведување на потребните реформи. - Мислам дека тоа е повеќе прашање на волја и прашање на испорака, и испорака на страната на ЕУ и испорака на страната на нашите партнерски земји од Западен Балкан или другите три земји кандидати за членство (Украина, Молдавија, Турција), посочи Вархеји. Тој додаде дека ЕК е „подготвена да даде каков било предлог“ за да се постигне тоа и тоа ќе се види „уште во октомври“. - Во октомври планираме да претставиме суштински предлози, вклучувајќи го и Планот за раст, кој нашата претседателка (Урсула фон дер Лајен) веќе го претстави во Братислава. Ова не само што ќе ја забрза институционалната, туку и вистинската интеграција. Вистинската интеграција на луѓето и економијата во ЕУ, наведе еврокомесарот за проширување на ЕУ. Запрашан која од земјите кандидати е најблиску до влез во ЕУ, Вархеји истакна дека „најблиску се оние кои први испорачуваат“. - Би ги охрабрил сите да си ја забрзаат работата. Мислам дека сега сите имаат се и се ќе имаат на маса од октомври, па се надевам дека не само еден ќе биде заинтересиран за оваа европска понуда, туку сите, наведе Вархеји.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/varheji-ek-e-podgotvena-za-kakov-bilo-predlog-za-proshiruvane-na-eu/feed/ 0
Мицкоски оствари средба со Оливер Вархеј, Комесарот за проширување на Европската Унија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ostvari-sredba-so-oliver-varhej-komesarot-za-proshiruvanje-na-evropskata-unija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ostvari-sredba-so-oliver-varhej-komesarot-za-proshiruvanje-na-evropskata-unija/#respond Wed, 30 Jun 2021 15:28:45 +0000 https://kurir.mk/?p=530080

Денес во Брисел Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски оствари средба со Комесарот за проширување на Европската Унија (ЕУ), Оливер Вархеј.

-На средбата се разговараше за европските перспективи на земјата како и актуелните случувања во Македонија. Државата уште во 2009та година ги исполни сите критериуми за старт на преговорите, но спорот со Бугарија за кој Заев не убедуваше дека ги затворил сите отворени прашања, преставува непремослива пречка. Она што дополнително загрижува е отсуството на план на владата за излез од не само економската туку политичка криза наметната поради застојот на интеграциите, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Од друга страна, посочи Мицкоски, забележливи се злоупотребите кои власта во Македонија ги прави со европските вредности, а најеклатантен пример е воведувањето на поголеми давачки за граѓаните преку злоупотреба на европското знаменце. Таквото однесување нема никаква врска и е спротивно со вредностите на Европската Унија.

-Не сум тука да создаваме препреки на патот кон ЕУ туку да создадеме позитивна клима за да државата се придвижи напред, а тоа е можно со чесен и искрен пристап, посочи Мицкоски. Патот кон ЕУ нема алтернатива а се друго ќе преставува купување на време и нова лажна надеж од Заев, истакна Мицкоски.

Соговорниците ги потврдија добрите и пријателски односи, како и заложбите за соработка на патот кон ЕУ.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ostvari-sredba-so-oliver-varhej-komesarot-za-proshiruvanje-na-evropskata-unija/feed/ 0