оливера николова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 21 Sep 2022 10:00:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png оливера николова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Оливера Николова: Јас ù припаѓам на македонската литература, а мојот јазик на изразување е македонскиот јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/olivera-nikolova-jas-u-pripagjam-na-makedonskata-literatura-a-mojot-jazik-na-izrazuvanje-e-makedonskiot-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/olivera-nikolova-jas-u-pripagjam-na-makedonskata-literatura-a-mojot-jazik-na-izrazuvanje-e-makedonskiot-jazik/#respond Wed, 21 Sep 2022 10:00:12 +0000 https://kurir.mk/?p=735667

Денес, кога мојата земја и мојот јазик успешно го множат своето ехо, а ние се чувствуваме срчни и полетни, зошто да не кажеме дека еве, и ние вредно ја ткаеме мрежата на светот заедно со другите? Мрежата на светот како некоја земна галаксија во која сите соѕвездија светат подеднакво за секого. Дека се трудиме да веруваме оти е тоа така и дека мора да биде така. Нели веќе без страв го исправаме своето пред плимата на туѓото? Зошто да не го кажеме тоа? Дека ни било земано недозволено и дека и самите сме земале недозволено, дека сме давале и ни давале и дека сите подрачја вон уметничкото секогаш ни се чинеле банални и обични, а дека вистинската смисла на патетичното, вистинската смисла на драматичното, за нас не била да им ја дадеме нивната фотографска вредност, туку нивното највисоко духовно значење – рече Оливера Николова синоќа во своето видеообраќање по повод врачувањето на наградата „Прозарт“, што ѝ ја додели Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“. Обраќајќи им се на писателите и велејќи дека сигурно ќе ја разберат за што зборува, Николова додаде дека „никогаш не ќе знаат со сигурност кои бедеми ги поставува она што го работат, сè додека не го пропуштат времето да истрча пред нив и да им мавта од иднината за повикување“. Затоа само ги поздрави, жалејќи што не е во состојба да го направи тоа во живо како што рече „со понизноста за која обично сите гласаме, а која, всушност, го издига во триумф знамето на посветеноста, мечтите и разумот“. Секој од авторите-гости на фестивалот се претстави со извадоци од свои дела на јазикот на кој твори. Во Даут-пашиниот амам синоќа читаа писателите: Дамир Каракаш од Хрватска, Броња Жакељ од Словенија, Владислав Бајац од Србија, Елена Алексиева од Бугарија, сценаристот и режисер Рајко Грлиќ од Хрватска, нашиот писател Томислав Османли и поетот Пијан Славеј. Сите имаа можност да се дружат во изминатите три дена заедно со членовите на „Скопје fellowship“ програмата. Во сеќавање на Луан Старова, неговата ќерка Дита Старова-Ќерими прочита извадок од неговиот роман „Враќањето на козите“, којшто тој го прочита на неговото гостување на фестивалот во 2016 година. Фестивалот го затвори неговиот основач, Дејан Трајкоски, кој напомена две работи кои сведочат како доказ зошто ваквите фестивали и манифестации треба да постојат и рече: „Првата работа му се случи вчера на Владислав Бајац кога се сретна со жена со која се сретнал пред 20 години којашто му кажа дека читањето на неговата „Книга за бамбусот“ и романот „Друидот од Синдидун" ù го смениле животот. Втората е писмото кое што на еден од нашите лауреати Георги Господинов му го пратила повозрасна жена од болница, а меѓу другото, во писмото пишувало „ве читав и почувствував дека уште ми се живее“. Во рамките на дополнителната програма на фестивалот, вечерва во 20 часот во Кинотеката во Скопје ќе биде прикажан филмот „Караула“ на режисерот Рајко Грлиќ, кој е гостин на „ПРО-ЗА Балкан“. Пред проекцијата ќе разговораат Петар Арсовски, Александар Прокопиев и Рајко Грлиќ. Организатор на фестивалот е „Прозарт медиа“. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура, „Традуки“, Турскиот културен центар „Јунус Емре“, Град Скопjе, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, Амбасадата на Словенија, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Национална Галерија, СПОНА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/olivera-nikolova-jas-u-pripagjam-na-makedonskata-literatura-a-mojot-jazik-na-izrazuvanje-e-makedonskiot-jazik/feed/ 0
Оливера Николова добитничка на наградата „Прозарт“ на 10. „ПРО-ЗА Балкан“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/olivera-nikolova-dobitnichka-na-nagradata-prozart-na-10-pro-za-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/olivera-nikolova-dobitnichka-na-nagradata-prozart-na-10-pro-za-balkan/#respond Tue, 30 Aug 2022 07:03:43 +0000 https://kurir.mk/?p=725810

Македонската писателка Оливера Николова е добитничка на наградата „Прозарт“ за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, што ја доделува Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“. Јубилејното 10. издание на фестивалот годинава ќе се одржи од 18 до 21 септември. Одлуката за доделување на наградата на Николова беше донесена едногласно од страна на Одборот за доделување на наградата „Прозарт“, на чело со претседателот Ермис Лафазановски. – Оливера Николова е македонска писателка која ја одбележа македонската книжевност во втората половина на 20 и почетокот на 21 век, затоа со право можеме да ја сметаме за книжевен бард чии дела сe и ќе бидат сметани и во иднина за врв на македонската класична книжевност. Почнувајќи од нејзините изданија во рамките на македонската книжевност за деца, па сè до нејзиниот последен роман, на читателите не само во Македонија туку и на Балканот, им ја понуди единствената привилегија преку нејзините дела да прочитаат работи кои се напишани сега и тука, а чие ехо ќе одѕвонува далеку во иднината, стои во одлуката на Одборот. Николова, за која не ретко се споменува дека е мајка на сите македонски писателки, во писмото по повод добивањето на наградата вели: -„ПРО-ЗА Балкан“ за мене отсекогаш претставувала кота од која ми се овозможуваше радоста да ги поздравам колегите писатели, оние присутните, но и неприсутните, кои ги познавам и не ги познавам, кои ги читам и не ги читам, но чии автентични творечки вибрации бездруго ја изгубиле супстанцата на само она што е исклучително. Неспорно, присуството на читателите, пак, создава повеќе убавина одошто некогаш сме имале во моментот, повеќе емпатија за секого, но и помалку занес за чудата на животот и сировата стварност, наведува Николова. Во својата порака таа вели дека ѝ припаѓа на македонската литература, а нејзиниот јазик на изразување е македонскиот јазик и додава: – Писател… Писатели… Знаеме ли што се очекува од нас? Го прифаќаме овој товар со занес, а што се бара од нас? Што треба да работиме? Дали да се слушаме само себеси? Дали да ги слушаме првенствено другите? А, најважното: дали би го прифатиле и тоа што ни се наметнува?, се наведува во писмото по повод добивањето на наградата. Понатаму прашува кој е вистинскиот повик на писателите и додава: – Во име на овие брзи и површни размисли, во име на нашето колебање за кое секој писател го остри перото, ја поздравувам нашата сложност во предвидувањата кои секогаш сме ги оспорувале, да го чуеме не само пискотот на разумот, туку и нашата несигурност со коja ја китиме кревкоста на упорното постоење. Она што го работиме никогаш не ќе знаеме со сигурност кои бедеми ги поставува, се’ додека не го пропуштиме времето да истрча пред нас и да ни мавта од иднината за повикување, нагласува Николова. Оливера Николова, која е раскажувачка, романсиерка и драмска писателка е родена во Скопје во 1936 година. Целиот работен век го минала во Македонската радио-телевизија како уредник и драматург. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година. Покрај романите како „Вежби за Ибн Пајко“, „Куклите на Росица“, „Збогум, Вано, Ванке…“, „Песот со тажен поглед“, и збирки раскази за возрасни, има објавено и 17 книги за деца и сликовници, меѓу кои: „Девојките на Марко“, „Мојот звук“, „Преминот не е осветлен“, „Светлосна година“, и др. Нејзината култна книга за деца „Зоки Поки“ стана задолжителна лектира во училиштата, а според неа е снимена и детска телевизиска серија. Организатор на фестивалот е „Прозарт медиа“. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура, „Традуки“, Турскиот културен центар „Јунус Емре“, Град Скопjе, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, Амбасадата на Словенија, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Национална Галерија, СПОНА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/olivera-nikolova-dobitnichka-na-nagradata-prozart-na-10-pro-za-balkan/feed/ 0
Промоција на преобјавеното творештвото за возрасни на Оливера Николова https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-preobjavenoto-tvoreshtvoto-za-vozrasni-na-olivera-nikolova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-preobjavenoto-tvoreshtvoto-za-vozrasni-na-olivera-nikolova/#respond Wed, 30 Mar 2022 05:47:34 +0000 https://kurir.mk/?p=655356

Во фоајето на Националната опера и балет денеска ќе одржи промоција на десет тома од творештвото за возрасни на писателката Оливера Николова. Издавачката куќа „Арс Ламина“ го преобјавува целокупното творештво за возрасни на писателката Николова под наслов „Арс Либрис“ . – Книгите, кои се дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, се во ново руво и со нови поговори од значајни македонски професори, книжевници и писатели. Тие се подарок за поколенијата, посочија од издавачката куќа „ Арс Либрис“. Реизданието ги опфаќа делата „Куклите на Росица“ (со поговор од Елизабета Баковска), „Тесна врата“ (поговор Кица Колбе), „Куќичка“ (поговор Румена Бужаровска), „Тромбот“ (поговор Владимир Мартиновски), „Адамовото ребро“ (поговор Калина Малеска), „Збогум Вано, Ванке…“ (поговор Јелена Лужина), „Пешаци по црни полиња“ (поговор Гоце Смилевски), „Белиот чад“ (поговор Никола Гелевски), како и „Вежби за Ибн Пајко“ (поговор Катица Ќулавкова) во исто издание со „Песот со тажен поглед“ (поговор Давор Стојановски) и „Лева комора“ (поговор Владимир Јанковски) во исто издание со „Кадифената покривка“ (поговор Оливера Ќорвезироска). На промоцијата ќе се обратат авторите на поговорите, а модератор ќе биде Оливера Ќорвезироска, која е уредничка на едицијата. Оливера Николова е раскажувачка, романсиерка и драмска писателка родена во Скопје во 1936 година. Се школувала во Струга и во Велес, а дипломирала на Филолошкиот факултет, група Југословенска книжевност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работела како драматург-уредник во емисиите за деца и во драмските програми за возрасни на Радио и на ТВ Скопје. Пишува за деца и за возрасни. Има објавено 10 романи и три збирки раскази за возрасни, 17 книги за деца и сликовници, меѓу кои: „Зоки Поки“, „Девојките на Марко“, „Мојот звук“, „Преминот не е осветлен“, „Светлосна година“ и други, како и многубројни театарски, телевизиски и радио-игри. За својата работа има освоено многубројни награди, меѓу кои: наградата од РТВ Скопје од Струшките вечери на поезијата во 1966, 1975 и во 1978 година, наградата „Младо поколење“ (1978), Змаевата награда за 1983 г. за посебни постигнувања во современиот израз на литературата за деца, наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија во 1983, 1998 и 2015, „Рациново признание“ за 2000 г. за „Адамовото ребро“, роман на годината на „Утрински весник“ за 2004 г. за „Куклите на Росица“, роман на годината на Фондацијата „Славко Јаневски“ за 2019 г. за „Песот со тажен поглед“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-preobjavenoto-tvoreshtvoto-za-vozrasni-na-olivera-nikolova/feed/ 0