оља ристова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 16 May 2019 21:34:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png оља ристова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Демант од судијката Оља Ристова https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demant-od-sudijkata-olja-ristova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demant-od-sudijkata-olja-ristova/#respond Thu, 16 May 2019 21:34:30 +0000 https://kurir.mk/?p=198900

Адвокатот на Оља Ристова испрати демант до редакцијата на КУРИР за вест која беше превземена од друг портал и објавена на нашиот сајт. Објавената вест е повлечена, а демантот го пренесуваме во целост: На ден 16.05.2019  година на Вашиот веб сајт kurir.mk објавивте и пренесовте вест насловена како „Судијка се обиде да прегази полицајци, во скандалот вмешан и татко на пратеничка од СДСМ” Целиот текст изобилува со неточни информации и погрешно прикажани факти.Во самиот текст се тврди дека „Нecaкajќи да ја прифати нapeдбaтa на пoлицajцитe да се вpaти нaзaд, cyдијкaта Оља Ристова почнала да вpecкa, а кога и тоа нe пoмoгнaлo се обидела и да ги пpeгaзи пoлицajцитe, кои повикале зacилyвaњe и се обиделе да ја пpивeдaт..” Ваквите наводи содржат елементи на клевета бидејки се невистинити и имплицираат наводно сторено кривично дело од страна на нашиот властодавец, кое нешто во целост го демантира.Воедно напиот властодавец смета дека не сте постапиле согласно новинарските стандарди и веста сте ја објавиле без воопшто да побарате изјава од нјезина страна со што сте ја лишиле јавноста од целосно, непристрасно и точно информирање. Дополнително во прилог со самата вест се користите со слика симната од приватниот фејсбук профил на нашиот властодавец Оља Ристова, без за тоа да побарате дозвола од нејзина страна, што не е во согласност со Законските одредби за заштита на лични податоци. Согласно член 8 од Законот за граѓанска одговорност од клевета и навреда „За клевета одговара тој што за друго лице со утврден или очевиден идентитет, со намера да наштети на неговата чест и углед, пред трето лице изнесува или пронесува невистинити факти што се штетни за неговата чест и углед, а знае или бил должен и може да знае дека се невистинити.”  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demant-od-sudijkata-olja-ristova/feed/ 0
Судијката Оља Ристова изземена од предметот „Титаник 3“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudijkata-olja-ristova-izzemena-od-predmetot-titanik-3/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudijkata-olja-ristova-izzemena-od-predmetot-titanik-3/#respond Mon, 04 Feb 2019 10:29:18 +0000 https://kurir.mk/?p=159922

Претседателот на Кривичниот суд Скопје, Иван Џолев го прифати барањето на судијката Оља Ристова  за нејзино изземање од предметот на Специјалното јавно обвинителство означен како „Титаник 3“. -Постапувајќи по барање за изземање на судијата Оља Ристова од предметот со К.бр. 1905/17, офорем по обвинителен акт на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, а означен како „Титаник 3“,  поднесен лично од судијата, претседателот на Судот донесе решение со кое по извршениот увид во предметот и изјавата на судијата согласно  член 36 ст. 1 и член 33 ст.2 од ЗКП  го усвои барањето, се наведува во соопштението од Кривичен суд. Како што е посочено, судијата Оља Ристова во барањето наведува дека на емисијата „КОД“ на телевизија Телма од 27.01.2019 година, јавната обвинителка Катица Јанева дава изјава во контекст на наводните закани од еден од бранителите во конкретниот предмет упатени кон обвинител од  надлежното обвинителство. -Во таа насока, Јанева во својата изјава бара од новинарите и јавноста будно да го следат овој предмет бидејќи судот, како што вели,  не ги прифатил овие наводни закани како сериозни и не презел мерки во тој правец, како и тоа дека не е воспоставен соодветен ред во судницата. Во однос на оваа изјава, судијата Ристова смета дека со ваквото неосновано медиумско влијание за предмет за кој и онака секоја расправа се одвива  во присуство на претставници на медиуми, невладини организации и меѓународни претставници во земјата, се врши директен притисок и се доведува во прашање нејзината  независност и непристрасност во постапувањето, што отвора сомнеж во јавноста, се наведува во соопштението од Судот. Оттаму посочуваат дека и Судот овие изјави на СЈО, ги разбира како обид за директен притисок врз судијата, иако медиумското следење на предметот од поднесување на обвинителниот акт преку неговата оценка и отпочнување на главната расправа се одвива со постојано присуство на медиумите и соодветни известувања за јавноста. Судот смета дека во постапката на овој предмет судијата има излезено во пресрет во однос на сите барања на странките, а редот во судницата никогаш не бил доведен во прашање. -Сепак заради отстранување и на најмал сомнеж за пристрасност, а имајќи ги предвид изјавите на судијата Оља Ристова и наводите на СЈО во однос водењето на постапката од страна на судот, се одлучи во смисла на член 36 ст. 1и член 33 ст. 2 од ЗКП и барањето за изземање беше усвоено, велат од Судот.. Предметот согласно АКМИС – системот ќе биде распореден на понатамошно постапување кај друг судија, а по насрочена главна расправа јавноста и странките ќе бидат дополнително известени. Во „Титаник 3“ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudijkata-olja-ristova-izzemena-od-predmetot-titanik-3/feed/ 0
Денешен: Брат на судијката Ристова, блиска до СЈО, објави каква пресуда ќе добие Груевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneshen-brat-na-sudijkata-ristova-bliska-do-sjo-objavi-kakva-presuda-kje-dobie-gruevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneshen-brat-na-sudijkata-ristova-bliska-do-sjo-objavi-kakva-presuda-kje-dobie-gruevski/#respond Tue, 22 May 2018 13:28:56 +0000 https://kurir.mk/?p=57072

Во јавноста веќе подолго време се зборува дека процесите кои се водат против функционерите од поранешната власт на ВМРО-ДПМНЕ зад себе имаат длабока политичка позадина. Сериозни се сомнежите дека пресудите се веќе договорени, дека се работи за еден класичен политички прогон, објави порталот Денешен. Уште поголем сомнеж врз фер водењето на овие случаи фрла и братот на судијката Оља Ристова, Боби Илиевски, кој на Фејсбук објавува постови во кои пишува кој од обвинетите во случаите на СЈО, какви казни ќе добие. -До 3 години затвор за Н.Г., Ѓоко Поповски одговорниот за набавка на мерцедесот, може да добие над 6 години. П.С. Сега ги чекам бранителите на Н.Г и фамилијата кои тврдат дека е невин и нема да биде осуден. Ајде бранители на Н.Г. јавете се со име и презиме, пишува во еден статус Илиевски. -НГ ќе биде осуден. Тип: 1:1 и 3+, пишува во друг пост тој. -Во пресрет на првата затворска казна Н.Г., е уште еден од постовите. -Ги молам сите тролови кои тврдат дека Н.Г. ќе остане невин да се воздржат од тролање до 23-ти мај, е уште еден од може да се каже типовите на Илиевски. Инаку, Оља Ристова, сестрата на Илиевски е судијката која прва бараше нелегално стекнатите разговори да се прифатат како докази во судот, иако тоа според сите европски и светски регулативи е противзаконски. Уште посимптоматично е што сестрата на Илиевски, судијката Ристова е блиска пријателка со една од трите главни обвинителки во СЈО, Ленче Ристовска. За што доказ се и фотографиите кои тие ги имаат заедно. На социјалните мрежи фотографија со обвинителката од СЈО има и Илиевски. Имено, во судските ходници кружат разговори дека судијката Оља Ристова е блиска со судијата Владимир Туфекџиќ. Пред една недела, на 14-ти мај, поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски кажа дека постоеле најави и медиумски натписи во кои се тврдело дека Заев направил одреден договор со главниот судија во процесот за „Тенк“ и „Поткуп“, Добрила Кацарска. -Дека тој нејзе ќе и овозможи да напредува, да стане судија на Апелациониот суд, а веднаш потоа и претседател на Апелациониот суд, а дека за возврат тој ќе биде прогласен за невин во случајот „Поткуп“, каде што има еклатантни докази, со ПИМ мерки, изјави Груевски.
Груевски кажа дека договорот е и тој да биде осуден. -Неговата скандалозна изјава ја зацврстува основата на претходните јавни пишувања на одредени медиуми дека Заев има непринципиелен, незаконски договор со судот, договор со кој тој ќе биде прогласен за невин, јас за виновен, а за возврат тој да овозможи преку политички притисоци, преку политички очигледно прашања да овозможи напредок на одредени судии кој што ги судат и мојот предмет и предмет „Поткуп“. Тоа покажува дека станува збор за еден чист политички предмет, еден чист политички прогон кој што се случува во Република Македонија, темиран во време кога треба да се донесат клучни одлуки по прашањето за името на Република Македонија и интенцијата за промена на уставното име, а се поочигледно и менување на Уставот на Република Македонија, изјави Груевски. Тој напомена што не е случајно што токму сега се забрза и неговиот случај, како и случајот каде тој е обвинет, овој месец Груевски на судот за овој спор беше повеќе од пет пати, што според него не е нормално.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneshen-brat-na-sudijkata-ristova-bliska-do-sjo-objavi-kakva-presuda-kje-dobie-gruevski/feed/ 0