омаж – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Oct 2023 05:56:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png омаж – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Омаж за поетот Анте Поповски по повод 20-годишнината од неговата смрт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omazh-za-poetot-ante-popovski-po-povod-20-godishninata-od-negovata-smrt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omazh-za-poetot-ante-popovski-po-povod-20-godishninata-od-negovata-smrt/#respond Thu, 26 Oct 2023 05:56:36 +0000 https://kurir.mk/?p=893194

Во Културно-информативниот центар во Скопје вечер ќе се одржи омаж по повод 20-годишнината од смртта на поетот и академик Анте Поповски, во организација на Здружението „Антево перо“. Настанот е мултимедијален и е составен дел од годинашното, шесто издание на Меѓународната поетско-културна манифестација што се одржува во чест на Анте Поповски. Омажот ќе биде отворен со сегмент од документарниот портрет на Анте Поповски и снимка на негови стихови, интерпретирани од актерот Славко Нинов. За творештвото на Анте Поповски ќе зборува писателот Венко Андоновски. -Присутните ќе имаат можност да слушнат дел од првото пеење Каин и Авел од грандиозното дело на Поповски „Света песна“ во изведба на артистката Софија Гогова Врчаковска, на која потоа ќе и биде врачено признанието познато како награда „Антева златна книга“. Наградата се состои од книга поетски творби од Анте Поповски во кожен повез, испишани со неговиот оригинален ракопис. Почесното признание, кое Здружението „Антево перо“ го доделува на истакнати личности, на Врчаковска ѝ припадна за нејзината повеќедецениска континуирана афирмација на творештвото на Анте Поповски, пред сѐ на програмите на Македонската радио-телевизија, но и на повеќе настани организирани во негова чест по разни поводи, соопшти организаторот на настанот. Во чест на поетот, ќе биде промовирана веб-страница која содржи податоци за творештвото на Анте Поповски, за Здружението кое се грижи за чување и афирмација на неговото дело и оставнина, како и за реализацијата на шесте досегашни изданија на Меѓународната манифестација „Анте Поповски –Антево перо“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omazh-za-poetot-ante-popovski-po-povod-20-godishninata-od-negovata-smrt/feed/ 0
Во Чифте амам омаж посветен на Миле Корубин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-chifte-amam-omazh-posveten-na-mile-korubin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-chifte-amam-omazh-posveten-na-mile-korubin/#respond Thu, 28 Sep 2023 05:39:33 +0000 https://kurir.mk/?p=882509

Во објектот Чифте амам во Старата скопска чаршија вечер ќе биде отворена ретроспективно-јубилејната изложба на Миле Корубин (1922-2000). Како што најавува Националната галерија, се работи за грандиозен проект, омаж посветен на Корубин во рамките на програмата за одбележување на јубилејот - 75 години постоење. На отворањето на изложбата ќе се обратат директорката на Националната галерија, Старова Ќерими, академскиот сликар Рубенс Корубин и историчарот на уметност, Кирил Пенушлиски. Изложбата за публиката ќе биде отворена до 27 октомври 2023 година, а кураторки се Маја Неделкоска Брзанова, виш кустос и Маја Чанкуловска Михајловска, виш кустос. -Поттик за организирање омаж посветен на Миле Корубин (роден на 28 септември 1922 година во Прилеп, а починал на 13 септември 2000 година во Скопје), еминентен македонски сликар, е одбележувањето на 100-годишнината од неговото раѓање. Овие јубилеи се базични поводи преку кои Националната галерија, како институција која седум и пол децении се грижи за чувањето и заштитата на дел од движното културно наследство од историјата на уметноста на нашата земја, континуирано ги презентира врвните национални културни достигнувања. На оваа примарна визија, мисија и функција се надоврзуваат и нашите заложби за константно потсетување за особените специфики на значајните легати од творештвото на големите уметници од модерното македонско сликарство и скулптура, преку селекција и претставување дела кои се наоѓаат во повеќе државни и јавни институции од земјава, како и во приватни колекции, се наведува во најавата. Корубин припаѓа на првата генерација ликовно образовани македонски уметници кои, по Втората светска војна, се школуваа во центрите на југословенската држава (Белград, Загреб, Љубљана). По отворањето на Уметничката школа во Скопје, тој станува еден од нејзините први ученици, каде што посетувал настава кај бардовите основоположници на македонската ликовна мисла: Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Димо Тодоровски, Василије Поповиќ-Цицо и Томо Владимирски. Миле Корубин е воедно и првиот академски образован македонски сликар по Втората светска војна, дипломиран 1951 година на Ликовната академија во Белград, каде што ги следел педагошките поуки од професорот Мило Милуновиќ, а потоа особено од Петар Лубарда и подоцна на Миќа Поповиќ, како дел од сликарската елита на тогашна Југославија. -Корубин во генерациски рамки претставува издвоен автор кој наспроти предизвикот на новите ликовни струења избира сопствена еволутивна патека и создава карактеристичен ракопис. Тоа го потврдува и тогашната ликовна критика, која уште на самиот почеток на неговиот творечки развој го препознава како сликар што оди „спротивно од струјата и удобниот наплив на модата“. Значаен сегмент, воедно и присутен во сите фази на неговото творештво, е сензуалноста што зрачи од женските фигури и портрети и произлегува од интимното доживување на еротизмот како „раздвижувачка сила на човековиот дух“. Сместени повторно во лирски метафизички недефиниран простор, овие стилизирани и идеализирани женски претстави (портрети и актови) ја сугерираат вечната потрага по убавото испреплетувајќи го притоа реалното со имагинарното во третманот на фигурата и просторот. Фигурите, третирани без карактеристични физиономски одлики, добиваат своевидна митолошка конотација, раскажувајќи една суптилна приказна за вонвременската архетипска претстава за жената. Оттука, меката заоблена линија која го обликува женското тело, поставено слободно во метафизички обоениот простор со широки контрастни плохи, воедно и го издвојува од истиот станувајќи носечки елемент кој го следиме и во понатамошните фази, истакнува Галеријата. Временскиот опсег од петдецениска творечка дејност го вбројува Миле Корубин меѓу најплодните македонски сликари, воедно и педагози.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-chifte-amam-omazh-posveten-na-mile-korubin/feed/ 0
Омаж за Омер Калеши во Чифте амам https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/omaz-za-omer-kaleshi-vo-chifte-amam/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/omaz-za-omer-kaleshi-vo-chifte-amam/#respond Thu, 16 Jun 2022 05:44:09 +0000 https://kurir.mk/?p=691452

Во чест на сликарот Омер Калеши претпладнево во Чифте амам ќе се организира омаж во организација на Националната галерија и во соработка со Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје и членови од семејството на Калеши. Изложбата ќе содржи околу 30 дела на Калеши во техника масло на платно и истата ќе биде отворена до крајот на месец јуни. На отворањето на изложбата за личноста и творештвото на Омер Калеши поздравен говор ќе одржи директорката на Национална галерија, Дита Старова Ќерими. Омер Калеши е роден во Македонија, емигриран во Турција, каде што завршил Ликовна академија, од 1965 година со постојано место на живеење во Париз. Тој низ своето творештво обединува три балкански земји, кои всушност се и негови татковини: Македонија, Албанија и Турција. Во неговата богата биографија имал повеќе самостојни изложби во Истанбул, Белград, Скопје, Битола, Хаг, Приштина, Париз, Флавињи, Анкара, Кан. Неговото творештво посебно го ценеле Жак Лакариер, Јордан Плевнеш, академик Луан Старова, Исмаил Кадаре и други. Во 2018 година е избран за почесен член на Македонската академија на науките и уметностите и истата година е добитник на државната награда „Мајка Тереза“. Дел од неговото културно наследство се галериите со неговото име во УМТ, Универзитетот Илирија во Приштина, Националната галерија на Македонија, галериите во Турција во Бурса и во Тирана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/omaz-za-omer-kaleshi-vo-chifte-amam/feed/ 0
Омаж за ликот, делото и значењето на македонски композитор Томе Манчев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/omaz-za-likot-deloto-i-znachenjeto-na-makedonski-kompozitor-tome-manchev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/omaz-za-likot-deloto-i-znachenjeto-na-makedonski-kompozitor-tome-manchev/#respond Wed, 27 Apr 2022 06:24:58 +0000 https://kurir.mk/?p=668354

„По стапките на… проф. д-р sci Томе Манчев” е насловен омажот за ликот, делото и значењето на неодамна починатиот македонски композитор Томе Манчев, што ќе се одржи вечерва во Кинотеката. Омажот “По стапките на…” е посветен на Манчев од неговите докторанти, поширокото семејство и почитувачи на неговата музика и дејност. Омажот е симболично навраќање конципирано преку делата на неговите студенти по композиција. Составен е од композициски начела на сега веќе реномирани творци, поранешни студенти по композиција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/omaz-za-likot-deloto-i-znachenjeto-na-makedonski-kompozitor-tome-manchev/feed/ 0
Омаж за Љупчо Тодоровски – Упа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/omaz-za-ljupcho-todorovski-upa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/omaz-za-ljupcho-todorovski-upa/#respond Wed, 31 Mar 2021 05:23:36 +0000 https://kurir.mk/?p=490050

Кинотека вечер ќе одржи омаж за Љупчо Тодоровски – Упа, актер, кастинг-директор, сценарист и продуцент. Во чест на прерано починатиот Упа ќе биде прикажан мини-документарец подготвен од неговите пријатели и соработници, краткиот игран филм „Налепница“ на Георги М. Унковски, каде оствари една од последните улоги и „Јазол“ на Кирил Ценевски, во кој Упа ја оствари својата дебитантска улога на филм. Упа играл во триесетина кратки и долгометражни играни филмови и ТВ серии на повеќе јазици. Потписник е и на петнаесетина театарски режии и има одиграно десетици улоги во проекти и во театарски куќи низ цела поранешна Југославија, како и на безброј разни други сцени. – Актерството го доживуваше како фрлање зрак светлина врз туѓите животи, посочуват од Кинотека. Љупчо Тодоровски – Упа е еден од основачите на аматерскиот театар „Чекори“. Во 1983 дипломира актерство кај проф. Љубиша Георгиевски. За време на студиите настапува во Драмскиот театар во Скопје. По Академијата, воден од творечкиот немир и можноста за почесто играње на филм, заминува за Белград, каде останува цели 10 години… Го „пече“ занаетот покрај искусни и водечки југословенски актери, настапувајќи во повеќе филмови и театарски претстави. Од 1997 год., покрај актерството, се занимаваи со филмска и ТВ продукција, пишува сценарија и работи кастинг директор (избор на актери)…, -Новиот милениум го почна со главната улога во играниот филм „Одмазда“ на Јан Хитјенс, а една од последните главни филмски улоги ја оствари во филмот „Ругање со Христос“. Неостварен сон му остана реализацијата на долгометражниот игран филм „Мајсторот“, за кој го напиша сценариото уште во 2010 година. Режисер на овој филм требаше да биде Иво Трајков, стои во соопштението од Кинотека. Упа играше во филмовите „Јазол“ (1985), „Пред дождот“ (1994), „Освета (2001), „Војната заврши“ (2010), „Џган“ (2016), „Ругање со Христос“ (2018) и во краткиот игран филм „Налепница“ (2019).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/omaz-za-ljupcho-todorovski-upa/feed/ 0