Омбудсман – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 31 Oct 2021 05:51:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Омбудсман – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бесплатна телефонска линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачкото право https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besplatna-telefonska-linija-kaj-ombudsmanot-za-prijavuvanje-povredi-na-izbirachkoto-pravo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besplatna-telefonska-linija-kaj-ombudsmanot-za-prijavuvanje-povredi-na-izbirachkoto-pravo/#respond Sun, 31 Oct 2021 06:10:26 +0000 https://kurir.mk/?p=588341

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска на денот на одржувањето на вториот круг од Локалните избори во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Отворени за граѓаните ( покрај главната канцеларија во Скопје), како што соопштуваат од канцеларијата на Народниoт правобранител, ќе бидат и подрачните канцелари на народниот правобранител во: Битола, Кичево, Куманово, Штип, Струмица во Тетово со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права. Покрај на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово: 044 344-082, Кичево: 045 228-586, Битола: 047 242-310 и Куманово: 031 431-488,Струмица 034 329 -996 и Штип 032 389-701. Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права. Избирачкото право, како што потенцира народниот правобранител, е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела. Исто така, народниот правобранител апелира до сите чинители во изборниот процес да ги почитуваат здравствените протоколи утврдени за начинот на гласање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besplatna-telefonska-linija-kaj-ombudsmanot-za-prijavuvanje-povredi-na-izbirachkoto-pravo/feed/ 0
Омбудсман: Да се почитуваат правата на децата, одговорноста за тоа е на целата заедница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ombudsman-da-se-pochituvaat-pravata-na-decata-odgovornosta-za-toa-e-na-celata-zaednica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ombudsman-da-se-pochituvaat-pravata-na-decata-odgovornosta-za-toa-e-na-celata-zaednica/#respond Fri, 09 Oct 2020 10:15:57 +0000 https://kurir.mk/?p=414330

По повод Неделата на детето, која се одбележува во првата седмица на месец октомври, Народниот правобранител упати апел за подигнување на степенот на чувствителноста на општеството за важноста од почитување на правата на детето и да се обезбедат услови за целосно имплементирање на Конвенцијата за правата на детето. – Сите држави членки на Организацијата на Обединетите Нации (ООН) , првата седмица од месец октомври ја одбележуваат како Недела на детето, со цел да се потсетат дека како потписнички на Конвенцијата за правата на детето потребно е да обезбедат услови за целосно имплементирање на принципите и правата кои произлегуваат од оваа КонвенцијаВо таа насока Народниот правобранител како орган кој води посебна грижа за заштита на правата на детето преку посебното одделение за деца и лица со попреченост потсетува дека одговорноста за децата е на целата заедница, на сите нас и дека секоја одлука која се однесува за детето или пак, е во врска со неговите права треба да биде во негов најдобар интерес, без дискриминација и со почитување на неговото мислење, се наведува во соопштението од Народниот правобранител. Упатувајќи апел за подигнување на степенот на чувствителноста на општеството за важноста од почитување на правата на детето, Народниот правобранител нагласува дека сите деца се еднакви во правата, дека на секое дете треба да му се обезбедат услови за нормален живот, топол дом и опкружување, услови да расте со грижата и љубовта од најблиските, непречено да се образува, да има пристап до највисоко ниво на здравствена заштита, како и да биде заштитетно од секаква злоупотреба, насилство или занемарување. -Оваа недела нека биде поттик за сите кои работат со децата или во интерес на децата, посериозно и пoпoсветено да продолжат со активностите за подобрување на состојбата со правата на децата, вклучувајќи ги секогаш кога е тоа можно и потребно, слушајќи го и почитувајќи го нивното мислење, затоа што тоа е еден од начините на кои општеството ќе покаже дека навистина се залага и се грижи за доброто на секое дете, порачува Омбудсманот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ombudsman-da-se-pochituvaat-pravata-na-decata-odgovornosta-za-toa-e-na-celata-zaednica/feed/ 0
Омбудсман: Обврска на училиштата е да превенираат насилство меѓу децата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ombudsman-obvrska-na-uchilishtata-e-da-preveniraat-nasilstvo-megju-decata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ombudsman-obvrska-na-uchilishtata-e-da-preveniraat-nasilstvo-megju-decata/#respond Tue, 17 Apr 2018 12:32:29 +0000 https://kurir.mk/?p=41928

Народниот правобранител го осудува отсуството на навремена и соодветна реакција за превенирање на насилство меѓу учениците, и ги потсетува одговорните во училиштата, како и заедницата дека училиштето е воспитно образовна установа, која има обврска и должност да обезбеди грижа и заштита на децата, и да преземе превентивни мерки за спречување на насилството меѓу децата, но и врз децата. Очекува надлежните органи целосно и до крај да преземат мерки за расчистување на случаите со насилство во училиштата, а особено да се утврди ефикасноста на мерките за спречување на насилство помеѓу и врз децата во училиштата. Најавува дека оваа година ќе спроведе посебно истражување за тоа. - Имајќи ги предвид случаите на насилство меѓу ученици во неготинско училиште, насилство врз ученик од вработен во училиште во Битола, Народниот правобранител бара од одговорните во училиштата, локалните самоуправи и просветниот инспекторат да преземат мерки со цел да се обезбедат училишта без насилство, во кои ќе владее позитивна клима, взаемно почитување и другарување меѓу учениците, велат од Канцеларијата на Народниот правобранител. Потенцираат дека за Народниот правобранител инцидентот со насилството во гостиварската гимназија е пред сѐ срамен акт, но и лош пример за учениците кои се образуваат во ова училиште, поради што го повикува Министерството за образование и наука да реагира со цел обезбедување на училишта во кои сите ќе се чувствуваат безбедно и сигурно. Според Народниот правобранител, неопходно е да се јакнат капацитетите на наставниците да превенираат и спречуваат насилно однесување кај децата, да развиваат, но и да се залагаат за комуникација меѓу децата, толернација, градење на самодоверба, и во училиштата да се воспостават механизми за соодветна и навремена интервенција при насилство. - Народниот правобранител укажува дека родителите мора да покажат поголем интерес за своите деца, за нивниот однос и активно да придонесат за безбедни училишта без насилство, велат од Канцеларијата на Народниот правобранител. Во врска со отсуството на реакција кај соучениците во случајот со насилството помеѓу ученички во основно училиште во Неготино, каде според снимките објавени во јавноста, учениците користејќи ги мобилните телефони го снимаат насилството и не преземаат ништо да го спречат насилството, Народниот правобранител прашува што се случува со воспитувањето на децата и дали семејството и училиштето ја занемариле оваа значајна функција, која заедно со образованието има важна улога во правилниот развој на секое дете. Покрај тоа, прашува дали располагаат училиштата со ефикасни методи и обучен кадар кој знае и кој умее да превенира од насилство, односно да едуцира генерации кои ќе знаат да почитуваат и преку дијалог да ги решаваат евентуалните проблеми. - Со овие настани во училиштата уште еднаш се потврдуваат континуираните укажувања и препораките на Народниот правобранител за потребата од стручни служби во училиштата кои сериозно и посветено ќе работат на превенција на насилствата меѓу учениците, и ќе ја зајакнат воспитната улога на наставниот кадар во образовниот процес, како и потребата од позачестени контроли и надзор над работата на образовните установи во кои децата остваруваат право на образование заради превенирање од насилство врз децата и помеѓу децата, односно нетолерирање на насилството, констатираат од Канцеларијата на Народниот правобранител. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ombudsman-obvrska-na-uchilishtata-e-da-preveniraat-nasilstvo-megju-decata/feed/ 0