омд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 22 Sep 2023 15:54:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png омд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОМД со апел до Македонците од Алнбанија: Излези и попиши се како Македонец https://arhiva.kurir.mk/svet/region/omd-so-apel-do-makedontsite-od-alnbanija-izlezi-i-popishi-se-kako-makedonets/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/omd-so-apel-do-makedontsite-od-alnbanija-izlezi-i-popishi-se-kako-makedonets/#respond Fri, 22 Sep 2023 15:54:05 +0000 https://kurir.mk/?p=880829

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) изразува голема поддршка за македонците во овогодинешниот попис во Албанија! Во овие моменти на идентитетско негирање и поткупување од страна на надворешни држави, ИЗЛЕЗИ И ПОПИШИ СЕ КАКО МАКЕДОНЕЦ! Македонците немаат цена, македонците не се на продажба!, велат во апелот од ОМД. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/omd-so-apel-do-makedontsite-od-alnbanija-izlezi-i-popishi-se-kako-makedonets/feed/ 0
Мичиген го прогласи септември 2023 за месец на македонската култура во САД https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/michigen-go-proglasi-septemvri-2023-za-mesets-na-makedonskata-kultura-vo-sad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/michigen-go-proglasi-septemvri-2023-za-mesets-na-makedonskata-kultura-vo-sad/#respond Sat, 02 Sep 2023 07:33:00 +0000 https://kurir.mk/?p=873624

Гувернерката на Мичиген Гречен Витмер го прогласи септември оваа година за месец на македонско-американското наследство. Витмер вели дека е важно да се истакне придонесот и културното влијание на македонските Американци, пренесе Гласот на Америка. -Септември има значење за македонските Американци како што се наближува годишнината од Денот на независноста на Република Македонија, симболизирајќи го патот на државата кон суверенитет и нејзините трајни врски со македонско-американската заедница, се вели во известувањето на гувернерката. Во него се посочува дека Американците со македонско потекло придонесуваат за американската култура преку „бизнис, спорт, уметност, политика, медицина, право, култура, кулинарски вештини и бројни други области“. Викендов, во Детроит се планирани активности и програми поврзани со македонската култура, а ќе се одржи и 49. национален црковен собир во организација на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Витмер вели дека македонските имигранти почнале да доаѓаат во САД од пред повеќе од еден век, а денес има над половина милион Американци со македонско потекло во државата. Нејзината прокламација е на барање од Обединетата македонска дијаспора (ОМД). - ОМД активно работи секоја држава и град каде има Македонци да прогласи месец на македонско наследство. Ваквата иницијатива почна од 2020 година и ќе продолжи во иднина, изјави коосновачот и волонтерски претседател на ОМД Мето Колоски. Мичиген во 2020 година, го прогласи 8 септември за ден на македонските бизниси, а во 2021 година и Претставничкиот дом на Мичиген донесе резолуција со која го прогласи септември за месец на македонско-американско наследство. Во оваа сојузна држава живеат околу 125 илјади Американци со македонско потекло. Во јули годинава, републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон, претстави резолуција во американскиот Сенат да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство во САД, кога ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци. Резолуцијата спонзорирана од Брон, кој е единствен сенатор што е член на групата пријатели на Македонија и македонските Американци во Конгресот, прво треба да биде одобрена од сенатскиот комитет за судство, пред за неа да гласа целиот Сенат. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/michigen-go-proglasi-septemvri-2023-za-mesets-na-makedonskata-kultura-vo-sad/feed/ 0
ОМД бара од македонската влада да го декларира 10ти Август како ден за паметење на македонскиот геноцид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omd-bara-od-makedonskata-vlada-da-go-deklarira-10ti-avgust-kako-den-za-pametene-na-makedonskiot-genotsid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omd-bara-od-makedonskata-vlada-da-go-deklarira-10ti-avgust-kako-den-za-pametene-na-makedonskiot-genotsid/#respond Thu, 10 Aug 2023 18:42:53 +0000 https://kurir.mk/?p=865603

На денешен ден, пред 110 години, соседите на Македонија со помош на големите сили како што е Велика Британија (Шкотска, Англија, Велс, Северна Ирска и останатите колонии), Русија, Италија, Аустрија, Франција итн., како и отсуството на македонски претставник на таа конференција, ја поделија историската и географската Македонија меѓу себе, подложувајќи ги домородните Македонци на геноцидни, етничко чистење и систематска дискриминаторска политика која трае до денес во соседството. Стотици илјади Македонци, меѓу другите етнички групи, беа убиени во двете балкански војни 1912-1913 година. Бугарија и Грција, користејќи тактика на понижување од 19тиот век, го блокира и го спречува напредокот на Македонците и на земјата, Македонија, и до денес ги негираат основните човекови права на македонските малцинства во нивните земји. Обединетата македонска дијаспора (ОМД), водечката организација за Македонците во странство, ги повикува македонските власти да го прогласат 10 август за Ден на сеќавање на македонскиот геноцид. ОМД веќе неколку години води кампања за овековечување на сеќавањата на Македонците изгубени за време на Балканските војни и светските војни. Пред 10 години, на 100-годишнината, ОМД ја организираше својата глобална конференција на ОМД „Македонија 2013: 100 години по Договорот од Букурешт“ во Скопје, Македонија. Конференцијата се обиде да ги истражи импликациите што Балканските војни и Договорот ги имаа врз Македонците и македонскиот идентитет во контекст на домашната и регионалната политика, особено по формирањето на независна и суверена Република Македонија. ОМД објави академско списание од 474 страници со 44 научни трудови од академици од 12 земји и го дистрибуираше списанието до универзитетите и библиотеките ширум светот за да го продолжи образованието за историјата и идентитетот на македонскиот народ. Оваа година, со помош на македонските придружници на ОМД, Стојан и Душанка Трајков, од македонски на англиски јазик ја преведовме најновата книга на д-р Бранислав Светозаревиќ Покорни „Македонците, генезата на етничкото име низ милениумите“. Книгата, која ОМД ја промовираше на својот најнов симпозиум на ОМД Македонија на 20 јули во Скопје, содржи архивски документи собрани во изминатите 1.000 години кои ја опишуваат уникатноста на македонскиот народ и неговото право на нашето вистинско име Македонија. Арги Н. Белио, претседател на ОМД, изјави: „ОМД вети дека ќе продолжи да се залага за промоција и зачувување на нашето богато македонско културно наследство, јазик и историја. Ние се бориме против пропагандата што ја водат соседите на Македонија со професионални и упорни средства секојдневно со помош на Македонците ширум светот. Тоа им го должиме на нашите предци и на нашите идни генерации Македонци. Придружете се на напорите на ОМД денес и вратете им се на вашите македонски корени“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omd-bara-od-makedonskata-vlada-da-go-deklarira-10ti-avgust-kako-den-za-pametene-na-makedonskiot-genotsid/feed/ 0
ОМД: Членство во ЕУ по секоја цена е пораз на оваа аматерска дипломатија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omd-chlenstvo-vo-eu-po-sekoja-cena-e-poraz-na-ovaa-amaterska-diplomatija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omd-chlenstvo-vo-eu-po-sekoja-cena-e-poraz-na-ovaa-amaterska-diplomatija/#respond Tue, 19 Jul 2022 20:23:46 +0000 https://kurir.mk/?p=707595

Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) е загрижена дека денешниот чекор на Република Македонија кон членство во Европската Унија е погубен и води кон катастрофални отстапки без никакви гаранции за успех. Имено, македонската влада мора да направи уставни промени за почеток на преговори кои може да траат бесконечно. И кога можеби еден ден Република Македонија ќе ги исполни сите критериуми за членство во Европската Унија, со оваа аматерска дипломатија и се овозможува на Бугарија да ја уценува Македонија и да налага низа промени во историјата, државноста и идентитетот. Бесплатен совет до оваа власт, кога се преговара, обврзувачките акти треба да стапат во сила на крајот од процесот а не на почетокот. “Каков е тој реципроцитет, европски вредности и договор за пријателство кога Република Бугарија може да се меша во внатрешните работи на Република Македонија, да налага уставни промени и да диктира малцински права, а Република Македонија мора да молчи и да ги игнорира правата на македонското малцинство во Бугарија кои се де факто и де јуре прекршени?” Изјави еден од основачите на ОМД, Александар Митрески. Особено загрижувачки е тенденциозното занемарување на транспарентност што владата го примени во фарсата наречена јавна дебата во парламентот. Намерно се криеше фамозниот протокол кој ја претвора Република Македонија потчинета во овој процес каде ќе има ревизии на нашата историја и учебници. Владата го лаже македонскиот народ за тежината на овој протокол каде мораат да се покажат напредоци во промена на нашата историја доколку Македонија сака да биде членка во Европската Унија. Од правна точка, најважно во целиот овој процес е дека владата на Република Македонија или некој друг субјект нема ингеренции од македонскиот парламент да води било какви преговори со Бугарија бидејќи овој протокол не беше дискутиран во парламентот ниту пак беше вклучен во заклучоците за кои македонскиот парламент гласаше. Што значи дека протоколот нема никаква правна основа. Денеска нема простор за славење бидејќи македонската влада и СДСМ за да остане на власт, беше приморана да прифати погубни барања од Бугарија, наложени од албанските партии во Македонија со цел да се овозможи стартот на ЕУ преговорите на Албанија. На Бујар Османи не му смета да ја распродава македонската историја и идентитет доколку албанските интереси се задоволени. Со ваков пристап не се гради соживот, туку напротив поголем меѓуетнички раздор. Целта да се влезе во Европската Унија по секоја цена не е успех туку огромен пораз за оваа влада. Историјата се повторува и ќе остане запаметено дека повторно СДСМ ја предаде Македонија и македонската кауза по редот други круцијални предавнички постапки (промена на име, знаме, итн). Еден ден ќе нема што да остане да се распродава од Македонија, а таа е се што имавме.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omd-chlenstvo-vo-eu-po-sekoja-cena-e-poraz-na-ovaa-amaterska-diplomatija/feed/ 0
ОМД: Владата под итно да го затвори Бугарскиот клуб во Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omd-vladata-pod-itno-da-go-zatvori-bugarskiot-klub-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omd-vladata-pod-itno-da-go-zatvori-bugarskiot-klub-vo-bitola/#respond Thu, 21 Apr 2022 18:32:26 +0000 https://kurir.mk/?p=666728

Одговор на Обединета Македонска Дијаспора, како водечка организација на Македонците надвор од Македонија, за денешната лажна информација од претседателот на Бугарија, Румен Радев за наводните "концентрациони логори" во Македонија. -Радев е еден од причините зошто односите помеѓу Македонија и Бугарија се влошуваат. Бугарските државни ставови се ксенофобични и дискриминаторни. ОМД бара од Владата на Република Македонија под итно да се затвори Бугарскиот културен центар во Битола "Ванчо Михајлов". Се друго е изговор. Македонија е Европска земја, порачуваат тие.   ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omd-vladata-pod-itno-da-go-zatvori-bugarskiot-klub-vo-bitola/feed/ 0
ОМД: Заев одамна требаше да си поднесе оставка, Македонците немаа ни трошка корист од неговите одлуки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omd-zaev-odamna-trebashe-da-si-podnese-ostavka-makedoncite-nemaa-ni-troshka-korist-od-negovite-odluki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omd-zaev-odamna-trebashe-da-si-podnese-ostavka-makedoncite-nemaa-ni-troshka-korist-od-negovite-odluki/#respond Tue, 02 Nov 2021 18:01:01 +0000 https://kurir.mk/?p=589923

Обединетата Mакедонска Дијаспора (ОМД) го објавува следното соопштение во врска со најавата за оставка на Зоран Заев од функцијата премиер на Македонија, по значајниот пораз на неговата политичка партија на последните локални избори во Македонија: ОМД остро се спротивстави на таканаречениот Договор за добрососедски односи со Бугарија, на Преспанскиот договор со Грција и на Законот за употреба на јазиците во Македонија. ОМД, исто така, јавно ги истакна штетните импликации што ќе ги има донесувањето на секоја од овие мерки врз македонската нација, држава и идентитет. ОМД во три различни наврати го повика Заев да поднесе оставка: во март 2018 година, откако македонското Собрание го изгласа неуставниот и поделен Закон за јазиците; во јуни 2018 година по потпишувањето на неуставниот Преспански договор; и во септември 2018 година за време на дебаклот на принудниот референдум за промена на името, кој имаше само 36,7% излезност на гласачкото тело. Заев повеќе пати ја игнорираше волјата на македонскиот народ за неговиот идентитет. Во неговиот последен говор, тој го употреби терминот "прогресивен" за да се опише себеси и оние кои ги поддржаа неговите деструктивни постапки. Сепак, нема ништо прогресивно во тргувањето со името, историјата и идентитетот на една земја, ниту пак негирање на човековите права на македонскиот народ. Од неуставната промена на името, македонскиот идентитет секојдневно се оспорува на секое ниво. Употребата на "северномакедонски" е неконтролирана во светските медиуми и владите ширум светот. Македонците немаа ни трошка корист од ниту една непромислена политичка одлука на Заев. Всушност, Заев и неговите следбеници никогаш не успеаја да постигнат одржливи економска и политичка стабилност. ОМД постојано се спротивставуваше на промената на името. Таа ја предводеше кампањата "Ние сме Македонија," која собра 150.000 луѓе на повеќе од 40 светски собири. ОМД ќе го користи само вистинското уставно име на македонските народ и нација во однос на нашата татковина. Таа е, и секогаш ќе биде Македонија. ОМД упатува искрени честитки до 81. новоизбран градоначалник во државата, а особено до независната кандидатка Данела Арсовска, која е првата жена избрана за градоначалник на главниот град Скопје, а моментално и една од двете избрани жени градоначалнички во државата. ОМД долго време е поборник за родова рамноправност, и е благодарна што многу извонредни жени моментално служат во неговиот Одбор на директори, допринесувајќи со нивните уникатни и вредни сознанија кон приоритетите и развојот на ОМД. Искуството на ОМД, црпено од работата со Македонки со различно искуство и од различни сектори, ја нагласува потребата повеќе жени да бидат вклучени во јавниот живот на Македонија и нејзината иднина. Обединета Mакедонска Дијаспора (ОМД) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omd-zaev-odamna-trebashe-da-si-podnese-ostavka-makedoncite-nemaa-ni-troshka-korist-od-negovite-odluki/feed/ 0
Дејан Милошевски добитник на наградата „40 под 40“ на ОМД за постигнувањата на млади Македонци во светот https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dejan-miloshevski-dobitnik-na-nagradata-40-pod-40-na-omd-za-postignuvanjata-na-mladi-makedonci-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dejan-miloshevski-dobitnik-na-nagradata-40-pod-40-na-omd-za-postignuvanjata-na-mladi-makedonci-vo-svetot/#respond Tue, 19 Oct 2021 13:11:43 +0000 https://kurir.mk/?p=582035

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја објави листата на добитници на наградата „40 под 40“ на македонската дијаспора. Иницијативата на ОМД „40 под 40“ е слава на постигнувањата на млади Македонци на глобално ниво кои влијаат на нивните заедници и професии. Меѓу добитиците е и кратистот Дејан Милошевски-Чобачо, кој за кратко во време во САД остави трага со она што го работи, и како спортист со забележителни успеси, но и како успешно го применува каратето во медицински цели. Наградата ги истакнува професионалците во различни области и деловни сектори, вклучувајќи технологија, бизнис, недвижен имот, медицина, финансии, настава, уметност, право и влада. Со оваа листа од годинава, ОМД досега препозна 240 лица низ целиот свет. „Повеќе од еден век, Македонците ја напуштаат нашата татковина за подобар живот. Нашите луѓе се вредни и оставаат трага во општеството. Соодветно е ОМД да ги препознае нашите како прототип во нивните заедници, како и за идните генерации Македонци“, рече Арги Белио, член на Управниот одбор на ОМД и координатор на „40 под 40 години“. Ова се првите десет добитници на наградата на ОМД: Дарко Божиноски Кристина Ивановска-Кеблер Емелија Џексон Виктор Јаковлески Тина Кеј Макс Луис Дејан Милошевски Едвард Николоф Јуниор Мери Петковска Џонатон Стојановски „Многу сум горд што сум првиот натпреварувач досега во Македонија со ова ниво на успех и најмладиот европски судија во карате (23 години) во Европа. Во 2018 година, ја добив титулата светски судија во карате, а на крајот на годината се преселив во Чикаго, САД. Оваа година освоив златен и бронзен медал на националното првенство во САД во карате. Ја отворив и мојата компанија Милошевски боречки вештини каде што работам како главен инструктор по карате и ја споделувам мојата страст за каратето. Мој совет до македонската младина е дека ништо не е невозможно, верувајте во себе, бидете храбри да направите разлика на овој свет и никогаш не се откажувајте од своите соништа“, изјави Милошевски за ОМД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dejan-miloshevski-dobitnik-na-nagradata-40-pod-40-na-omd-za-postignuvanjata-na-mladi-makedonci-vo-svetot/feed/ 0
ОМД: Пописот на дијаспората се политизира https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omd-popisot-na-dijasporata-se-politizira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omd-popisot-na-dijasporata-se-politizira/#respond Mon, 22 Mar 2021 14:05:17 +0000 https://kurir.mk/?p=486168

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) оценува дека пописот на иселениците се политизира особено од страна на политичари и дипломати Албанци. Оттаму ги повикаа иселениците, а и Македонците во Македонија да не го бојкотираат пописот. -Иако бројката на дијаспората нема да влезе во бројот на жители на Македонија, пописот на иселениците засилено се политизира, особено од страна на политичари и дипломати Албанци и се претставува како важна статистичка операција од која зависат уставните права на нивната етничка заедница. Организациите и друштвата на Македонците во дијаспората во последните денови позасилено се вклучија во повикувањето на иселениците да учествуваат во пописот. Обединетата македонска дијаспора ги повикува и Македонците во Македонија да не го бојкотираат пописот, напиша Мето Колоски од ОМД на Фејсбук.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omd-popisot-na-dijasporata-se-politizira/feed/ 0
ОМД: Ситуацијата со коронавирусот во Македонија е длабоко разочарувачка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omd-situacijata-so-koronavirusot-vo-makedonija-e-dlaboko-razocharuvachka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omd-situacijata-so-koronavirusot-vo-makedonija-e-dlaboko-razocharuvachka/#respond Fri, 26 Feb 2021 18:50:49 +0000 https://kurir.mk/?p=474483

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја изразува својата вистинска загриженост за доцнењето во набавката на вакцините КОВИД-19 за Македонија. Земјата допрва треба официјално да ја обезбеди првата доза вакцина КОВИД-19 за нејзиното население од над 2,1 милиони луѓе. Во продолжение го пренесуваме соопштението на ОМД: Македонија се надева дека ќе добие 840 000 дози на вакцини овој месец според шемата предводена од Светската здравствена организација за помош на посиромашните земји. Покрај тоа, таа се потпира на издвојувања од други земји, како што е донирањето на 8.000 дози на вакцини, штотуку примени од Србија. Некои вакцини исто така се очекува да пристигнат во Македонија подоцна во 2021 година преку Европската унија. Владата на Зоран Заев побара помош од соседите Албанија, Бугарија, Грција и Србија, заедно со Полска и Унгарија. Минатата година ОМД донираше 50 000 американски долари преку својата кампања Заедно од Дома на младинската програма на ОМД Генерација М за поддршка на развојот на клиниките за КОВИД-19, со уште 50 000 УСД во тек за првиот квартал од 2021 година. Членовите на ОМД со медицинско искуство ја понудија својата поддршка на македонските институции. Има многу работа, но македонската влада продолжува да потфрлува во својата одговорност за стратешко планирање за изнаоѓање и доставување на дози на вакцини на своите граѓани. Стојан Николов, претседавач на Бордот на ОМД, рече: „Секоја земја се бори со КОВИД-19. Она што е јасно е дека оние што сега гледаат нагорна насока, имаат воспоставена сеопфатна стратегија веќе неколку месеци. Клучна компонента на ова е обезбедување програма за породување и вакцинација за да се победи COVID-19. „Ситуацијата во Македонија е длабоко разочарувачка. Со вртоглаво зголемената стапка на смртност, треба да се постават сериозни прашања за тоа како е дозволено ситуацијата во Македонија да заостанува толку многу зад остатокот од Европа. „Како глобална група за застапување, ОМД работеше со партнери низ целиот свет. Од прва рака видовме различни реакции на пандемијата КОВИД-19. Разочарувачки е што Македонија, преку несоодветно лидерство и недостаток на стратегија, е на дното на листата. „Постојат безброј работи кои треба да се направат повеќе за да се спасат и заштитат животи. Тоа започнува со транспарентно признавање на неуспесите досега, и јасен и план за приоритетите за делување во иднина“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omd-situacijata-so-koronavirusot-vo-makedonija-e-dlaboko-razocharuvachka/feed/ 0
Иселениците до Владата на СДСМ: Кому му се брза да се спроведат избори? Кој сака да најде изговор дека гласањето во дијаспората не може да се спроведе заради КОВИД-19? ? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/iselenicite-do-vladata-na-sdsm-komu-mu-smeta-makedonskata-dijaspora-shirum-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/iselenicite-do-vladata-na-sdsm-komu-mu-smeta-makedonskata-dijaspora-shirum-svetot/#respond Tue, 19 May 2020 08:18:46 +0000 https://kurir.mk/?p=347646

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ја прашува власта во Макеоднија зошто некому му пречи дијаспората и глесовите на истата. Се прашуваат дали е ова уште еден начин да им се ускрати избирачкото право на македонските граѓани, а со тоа да им се одземе можноста слободно да се изјаснат за тоа кој ќе ја води земјата? Во соопштение до јавноста ОМД вели:
„Македонските граѓани ширум светот бурно реагираа на случувањата поврзани со организирањето на избори за време на пандемијата КОВИД-19. Неодамна, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) исто така реагираше за низата пропусти направени од Државната Изборна Комисија (ДИК) во врска со оневозможувањето на регистрација во избирачкиот список на голем број македонски граѓани со живеалиште надвор од Македонија. Иако ОМД формално се обрати до ДИК, до ден денес нема добиено никаков одговор на прашањата за начинот на спроведување на изборите во дијаспората. Дали некој ќе сноси одговорност за гувеењето на институциите?
Зачудувачки е фактот што во интензивните преговори за изборен датум, никој не ја споменува дијаспората. Се прашуваме дали и на кому му смета Обединетата Македонска Дијаспора и македонските граѓани ширум светот? Дали и зошто некој се противи да се регистрираат гласачите во избирачкиот список и да го остварат нивното уставно загарантирано право на глас?
Иако Македонија се декларира како демократска држава, македонските граѓани ширум светот се чудат како може едно човеково право да им се ускратува. Дали е на повидок ново политичко уредување и дали нашата земја сака да биде позната како земја која не ги почитува основните човекови права загарантирани на национално, европско и светско ниво?
ОМД упатува апел до властите во Македонија, до најголемата опозициска партија, како и до останатите политички партии и субјекти во државата дека македонските граѓани надвор од Македонија по никоја цена не смеат да бидат исклучени од овој избирачки циклус. Дијаспората е еден од двигателите на македонската економија, најдобар промотор на Македонија во светот, и заслужува да биде дел од избирачкиот процес.
Исто така, зачудувачки е фактот што во услови на пандемија и светска здравствена криза, властите во Македонија настојуват да ги спроведат изборите на штета на здравјето на македонските граѓани. На кому му се брза да се спроведат избори? Кој сака да најде изговор дека гласањето во дијаспората не може да се спроведе заради КОВИД-19?
Ги прашуваме лидерите на политичките партии и претседателот Пендаровски, како во услови на развиена технологија и модерен принцип на функционирање на светот, македонските власти не можат да обезбедат гласање по електронски пат и/или пошта?
Дали е ова уште еден начин да им се ускрати избирачкото право на македонските граѓани, а со тоа да им се одземе можноста слободно да се изјаснат за тоа кој ќе ја води земјата?“
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/iselenicite-do-vladata-na-sdsm-komu-mu-smeta-makedonskata-dijaspora-shirum-svetot/feed/ 0