омега -3 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 22 Dec 2022 19:55:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png омега -3 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ова е најдобрата храна за мозокот, а ретко ја јадеме https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-e-najdobrata-hrana-za-mozokot-a-retko-ja-jademe/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-e-najdobrata-hrana-za-mozokot-a-retko-ja-jademe/#respond Thu, 22 Dec 2022 19:55:55 +0000 https://kurir.mk/?p=779325

Омега-3 масните киселини се најдобри хранливи материи за здравјето на мозокот, а ги има во масните риби. Благата загуба на меморијата е нормална последица на стареењето. Мозокот, како и кожата, но и сите други органи старее. Можеби ќе се изненадите кога одеднаш во четириесеттите години не можете да се сетите на некои детали. Но, не плашете се, тоа е нормално. Всушност, нашата меморија е најдобра во нашите дваесетти, а потоа полека опаѓа. Обично, луѓето во раните четириесетти ги забележуваат првите промени во нивната меморија. Добрата вест е дека стареењето на мозокот може да се одложи со промени во исхраната. Најважната промена што можете да ја направите? Вклучете хранливи материи како што се омега-3 масни киселини во вашата исхрана. Омега-3 масните киселини се најдобрите хранливи материи за здравјето на мозокот, токму затоа масната риба е најдобрата храна за спречување на губење на меморијата. Лососот, скушата, туната и харингата имаат највисоко ниво на омега-3 масни киселини меѓу природната храна. Токму затоа експертите предлагаат да ги вклучите во вашата исхрана за подобро здравје на мозокот. Масната риба и мозокот Maсната риба е најдобрата храна за спречување на губење на меморијата поради омега-3 масните киселини. Сепак, придобивките од омега-3 масните киселини не застануваат само на мозокот. Токму овие типови на масти се поврзани со намалување на ризикот од срцеви заболувања, помагаат во одржување на нивото на триглицериди (маснотии во крвта) и можат да ги намалат симптомите на артритис. Значи, како омега-3 масните киселини помагаат да се спречи губењето на меморијата? Всушност, вашиот мозок содржи многу масни клетки, а многу од нив се направени токму од омега-3 масни киселини. Што значи дека помагаат во одржување на мозокот со градење на клетки, што е од клучно значење за когнитивното здравје, меморијата и целокупното функционирање на мозокот. Исто така, бројни студии покажаа дека омега-3 масните киселини можат да помогнат во спречување на деменција и Алцхајмерова болест, двете болести поврзани со стареење на мозокот и губење на меморијата.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-e-najdobrata-hrana-za-mozokot-a-retko-ja-jademe/feed/ 0
Омега-3 капсулите се благотворни за срцето https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/omega-3-kapsulite-se-blagotvorni-za-srceto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/omega-3-kapsulite-se-blagotvorni-za-srceto/#respond Mon, 14 Mar 2022 10:16:22 +0000 https://kurir.mk/?p=646838

Ново истражување посочува дека земањето мали дози омега-3 суплементи дневно може да го подобри здравјето на срцето. Мета-анализата (статистичко споредување на голем број постоечки студии) објавена во списанието „Клиникал нутришн“ (Clinical Nutrition). Истражувачите анализирале 19 научни трудови за тоа како омега-3 влијае на вкупно 97.709 испитаници. Забележана е значително помала опасност од срцева смрт кога луѓето земале две капсули омега-3 дневно. Сепак, благотворните влијанија од земање повисоки дози сè уште не се анализирани. -Омега-3 одамна се издвојуваат како особено корисни против кардиоваскуларните болести. Добро е што сега знаеме колкава е препорачаната дневна доза. Ќе продолжиме да ги истражуваме позитивните ефекти на овие додатоци, изјави нутриционистката Џинџер Хултин. Д-р Џули Аптон изјави дека препорачува додатоци на омега-3 што содржат најмалку 500 милиграми тн. еикозапентаеноична и докосахексаеноична киселини. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/omega-3-kapsulite-se-blagotvorni-za-srceto/feed/ 0
Еве кој витамин е клучен за помагање кај старите лица против корона-зараза https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/eve-koj-vitamin-e-kluchen-za-pomaganje-kaj-starite-lica-protiv-korona-zaraza/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/eve-koj-vitamin-e-kluchen-za-pomaganje-kaj-starite-lica-protiv-korona-zaraza/#respond Thu, 12 Nov 2020 09:04:41 +0000 https://kurir.mk/?p=428355

Редовното внесување на витамин Д и омега-3 киселини го зајакнува имунолошкиот систем кај постарите луѓе, до тој степен што може да им помогне да не се заразат со коронавирусот. Ова, според неодамнешно истражување на Универзитетот на Цирих, Швајцарија. Овие додатоци може да се најдат, на пр., во рибиното масло. Научниот труд посочува дека земањето на такви намирници значително го намалува ризикот од зараза со коронавирусот, а доколку се појави болеста, човекот има многу поголеми шанси за закрепнување. Проф. Хајке Бишоф-Ферари, кој ја водеше студијата, истакна оти земањето на овие додатоци е од големо значење за постарите луѓе. – Нашето истражување покажува дека витаминот Д и омега-3 киселините кај лица со над 70 години, кои водат активен живот и немаат истовремено други болести, немаат „истрошени“ коски, помнење и моторни функции, се делотворни. Веруваме дека тоа има добро влијание при зарази, како што е Ковид-19, вели професорот. Во испитувањата се вклучени 2.157 здрави мажи и жени постари од 70 години. Околу 11 насто од нив беа поотпорни на инфекции. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/eve-koj-vitamin-e-kluchen-za-pomaganje-kaj-starite-lica-protiv-korona-zaraza/feed/ 0