омер калеши – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 16 Jun 2022 05:25:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png омер калеши – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Омаж за Омер Калеши во Чифте амам https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/omaz-za-omer-kaleshi-vo-chifte-amam/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/omaz-za-omer-kaleshi-vo-chifte-amam/#respond Thu, 16 Jun 2022 05:44:09 +0000 https://kurir.mk/?p=691452

Во чест на сликарот Омер Калеши претпладнево во Чифте амам ќе се организира омаж во организација на Националната галерија и во соработка со Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје и членови од семејството на Калеши. Изложбата ќе содржи околу 30 дела на Калеши во техника масло на платно и истата ќе биде отворена до крајот на месец јуни. На отворањето на изложбата за личноста и творештвото на Омер Калеши поздравен говор ќе одржи директорката на Национална галерија, Дита Старова Ќерими. Омер Калеши е роден во Македонија, емигриран во Турција, каде што завршил Ликовна академија, од 1965 година со постојано место на живеење во Париз. Тој низ своето творештво обединува три балкански земји, кои всушност се и негови татковини: Македонија, Албанија и Турција. Во неговата богата биографија имал повеќе самостојни изложби во Истанбул, Белград, Скопје, Битола, Хаг, Приштина, Париз, Флавињи, Анкара, Кан. Неговото творештво посебно го ценеле Жак Лакариер, Јордан Плевнеш, академик Луан Старова, Исмаил Кадаре и други. Во 2018 година е избран за почесен член на Македонската академија на науките и уметностите и истата година е добитник на државната награда „Мајка Тереза“. Дел од неговото културно наследство се галериите со неговото име во УМТ, Универзитетот Илирија во Приштина, Националната галерија на Македонија, галериите во Турција во Бурса и во Тирана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/omaz-za-omer-kaleshi-vo-chifte-amam/feed/ 0
МАНУ ќе промовира книга за Омер Калеши од академик Луан Старова https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/manu-kje-promovira-kniga-za-omer-kaleshi-od-akademik-luan-starova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/manu-kje-promovira-kniga-za-omer-kaleshi-od-akademik-luan-starova/#respond Mon, 14 May 2018 06:37:55 +0000 https://kurir.mk/?p=53770

Македонската академија на науките и уметностите денеска напладне ќе го промовира изданието „Разговори со Омер Калеши, Скопје - Истанбул - Париз“ од академик Луан Старова. Промотор на книгата ќе биде акад. Ферид Мухиќ, со поздравно обраќање промоцијата ќе ја отвори претседателот на МАНУ Таки Фити, а ќе се обратат и уметникот Калеши и авторот на книгата Старова. МАНУ лани во април отвори изложба на дела од сликарот со македонско потекло и светска кариера Омер Калеши, кој пред четири години доби и Медал за заслуги за Македонија од претседателот Ѓорге Иванов. Омер Калеши е роден во кичевското село Србица во 1932 година. Матурирал во средното техничко училиште во Скопје, а во 1956 година емигрирал во Турција. Во 1965 завршил студии на Ликовната академија во Истанбул. Се преселил во Париз каде што и денес живее и работи. Имал голем број изложби во Македонија и низ светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/manu-kje-promovira-kniga-za-omer-kaleshi-od-akademik-luan-starova/feed/ 0