омикрон мутација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 Jan 2022 07:48:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png омикрон мутација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Омикрон потврден кај девет пациенти во Македонија, активни 5.667 случаи на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omikron-potvrden-kaj-devet-pacienti-vo-makedonija-aktivni-5-667-sluchai-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omikron-potvrden-kaj-devet-pacienti-vo-makedonija-aktivni-5-667-sluchai-na-kovid-19/#respond Wed, 05 Jan 2022 07:48:12 +0000 https://kurir.mk/?p=616056

Омикрон варијантата на КОВИД-19 забрзано се шири во светот, во регионот и во соседството. И во нашава земјава вчера беа детектирани девет случаи со омикрон, од кои кај осум пациенти од Скопје и кај еден од Кочани. Според надлежните, вакцинацијата останува единствен излез од пандемијата. Во моментов во државата има вкупно 5.667 активни случаи. – Во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се изработени 24 примероци позитивни на SARSCoV2, примероците се од пациенти од Скопје, Кочани, Велес, Гевгелија и Богданци. Од вкупниот број тестирани, кај девет пациенти детектирана е Омикрон варијантата на вирусот, што изнесува 37,5 отсто од позитивните примероци, соопштија вчера од Министерството за здравство. Во текот на вчерашниот ден во земјава се регистрирани нови 1.197 случаи на КОВИД-19 од направени 7.483 тестирања, починаа 12 лица, а евидентирани се 331 оздравен пациент. Од почетокот на пандемијата, како што информираат од Министерството за здравство, евидентирани се вкупно 227.168 ковид-дијагностицирани лица, направени се вкупно 1.619.276 тестирања на КОВИД-19, бројот на оздравени пациенти е 213.505, а починати се 7.996 лица. Експертот на Светска здравствена организација (СЗО), Абди Махмуд вчера изјави дека постојат три видови соеви, тие што ги следaт, тие кои предизвикуваат интерес и тие кои предизвикуваат загриженост. Тој на брифинг во Женева истакна дека од ноември внимателно го набљудува новиот сој на коронавирусот Б.1.640.2. како неговите две подваријанти. Новиот сој Б.1.640.2 го открија научниците во Универзитетската болница во Марсеј, Франција. Со тој сој заразени се 12 луѓе во јужниот дел на Франција, а како нулти пациент е означен повратник од Камерун. Махамуд истакна дека СЗО ќе продолжи да го следи сојот Б.1.640.2, вклучително и негово можно ширење во другите европски земји. Држави од регионот и светот пријавуваат рекорден број заболени со КОВИД-19. Повеќето од земјите почнаа со воведување позаострени мерки за заштита од проширување на коронавирусот во пресрет на празниците. Првиот случај на заразен со флурон, комбинирана инфекција со вирусот на грип и коронавирусот, е откриен во Босна и Херцеговина. Првиот случај е пациент, роден во 2000 година, и хоспитализиран во Универзитетскиот клинички центар во Бања Лука. Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина се регистрирани 899 нови случаи на коронавирус, а починале 29 лица. Во Грција пак, како што јави дописничката на МИА од Атина, со задолжителни маски, задолжителни селф тестови за сите и под построги протоколи, учениците од понеделник се враќаат во училишните клупи, а второто полугодие ќе започне регуларно. Министерката за образование на Грција Ники Керамеос, вчера ги соопшти одлуките на Владата, по добиените препораки на надлежната комисија на епидемиолози. Поконкретно, и понатаму ќе бидат задолжителни два селф теста седмично, односно тестови за домашна употреба кои учениците ги добиваат бесплатно, но сега, освен за невакцинираните, ќе важат и за вакцинираните ученици и наставници или професори. Дополнително, за време на првата седмица од отворањето на училиштата, учениците ќе добијат еден тест плус. Промени има во протоколите во однос на потврден случај и нема да се тестираат само децата кои седат во близина на заразениот ученик, туку ќе се тестира целото одделение/клас. Невакцинираните ученици ќе се тестираат секој ден, пет дена, со бесплатни два рапид и еден селф тест, како и двата селф тестови што и онака им следуваат, додека пак вакцинираните ученици ќе се тестираат со три селф тестови. Истите правила ќе важат и за евентуален потврден случај на КОВИД-19 кај просветните работници. Владата на Велика Британија вчера соопшти за рекорден број новозаразени со КОВИД-19 – повеќе од 200.000 случаи во последните 24 часа, бидејќи високо преносливиот вид Омикрон се шири низ земјата. Според властите, регистрирани се 218.724 новоинфицирани – највисокиот дневен вкупен број од почетокот на пандемијата. Во САД пак се регистрирани над еден милион заразени луѓе со КОВИД-19, што е рекордна бројка од почетокот на пандемијата. Претходниот „црн рекорд“ беше на 31 декември, кога беа пријавени околу 590.000 новозаразени луѓе. Податоците на Универзитетот Џон Хопкинс најверојатно не ја покажуваат реалната ситуација, бидејќи голем број Американци дома се тестираат за КОВИД-19 и не ги пријавуваат резултатите до водечките статистички агенции. Од почетокот на пандемијата во САД се регистрирани над 56 милиони инфицирани луѓе со КОВИД-19 и над 820.000 смртни случаи. Исто така, и во Австралија се бележи зголемување на бројот на новозаразени со коронавирусот, со што се зголемува и притисокот врз тамошните болници и центри за тестирање. Во најнаселената сојузна држава на континентот, Нов Јужен Велс, регистрирани се 23.131 нови случаи. Најголемата бројка е регистрирана на последниот ден од старата година, кога 22.577 лица биле позитивни на тестот. Моментално во болница се сместени 1.344 лица. Официјалните лица ги повикаа луѓето да не одат во болници освен ако не е неопходно, за да се намали притисокот врз здравствениот систем. Некои центри за тестирање денеска мораа да бидат затворени поради недостиг на персонал и голем број тестови кои пристигнуваат за обработка во лаборатории. Претседателот на британското JCVI (национално тело за вакцинација и имунизација) проф. Ендрју Поланд во интервју за Телеграф предупреди дека не може да ја вакцинираме целата планета на секои шест месеци, бидејќи тоа не е одржливо. Според Поланд за четвртата доза од вакцината треба да се почека „додека не се појават повеќе докази“ и повика приоритет во идната вакцинација да им се даде на ранливите групи, наместо да се даваат дополнителни дози на целата популација над 12-годишна возраст. -Нема смисла да се обидуваме целосно да ја запреме инфекцијата, во одреден момент општеството едноставно мора да се отвори, рече британскиот експерт. Неговата изјава е во момент кога Владата ги финализира плановите за брзо тестирање за дури 10 милиони работници во „критичните професии“. Порачани се 45 милиони тестови во следните две недели, поради страв од ширење на омикрон сојот на коронавирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omikron-potvrden-kaj-devet-pacienti-vo-makedonija-aktivni-5-667-sluchai-na-kovid-19/feed/ 0
Фаучи: Сојот омикрон во САД на максимум кон крајот на јануари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-sojot-omikron-vo-sad-na-maksimum-kon-krajot-na-januari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-sojot-omikron-vo-sad-na-maksimum-kon-krajot-na-januari/#respond Thu, 30 Dec 2021 13:29:05 +0000 https://kurir.mk/?p=614950

Ентони Фаучи, главен медицински советник на претседателот на САД, Џо Бајден, изјави синоќа дека до крајот на јануари може да се очекува пик на распространетост на сојот Омикрон во САД. -Тешко е да се каже во кој момент сегашниот пораст на инфекции, поттикнат од сојот Омикрон, ќе почне да се намалува. – Во ЈАР тоа се случи многу бргу…Со оглед на големината на нашата држава и различните показатели за вакцинација, наспроти невакцинирањето, веројатно врвот ќе биде до крајот на јануари, изјави Фаучи. Според него, можно е сојот Омикрон да го забрза крајот на пандемијата, доколку се покаже точно дека таа варијанта, со својот висок степен на преносливост, ги заменува другите видови на вирусот што предизвикуваат потешки инфекции. -Се надевам дека тоа е така, но нема гаранција дека тоа ќе се случи.Но, ако имате многу пренослив вирус што заменува друг вирус, а тој има помал степен на сериозност, тоа би било позитивен исход.Но, никогаш не можете да гарантирате. – Овој вирус не измами и претходно. Мислевме дека со вакцините се ќе биде во ред, а потоа дојде сојот Делта, што уништи се.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-sojot-omikron-vo-sad-na-maksimum-kon-krajot-na-januari/feed/ 0
Во земјава засега само еден случај на омикрон, нови рестрикции нема да има https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zemjava-zasega-samo-eden-sluchaj-na-omikron-novi-restrikcii-nema-da-ima/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zemjava-zasega-samo-eden-sluchaj-na-omikron-novi-restrikcii-nema-da-ima/#respond Tue, 28 Dec 2021 06:36:20 +0000 https://kurir.mk/?p=613880

Во земјава засега има само еден случај на новиот сој на КОВИД-19, омикрон, а епидемиолошкота состојба останува стабилна. За време на новогодишните празници надлежните сметаат дека дополнителни рестрикции не се потребни, бидејќи како што велат, ситуацијата е мирна. Инаку, согласно последната статистика, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 119 случаи на КОВИД-19, од направени 2.324 тестирања. Оздравеле 257 пациенти, а починале три лица. Со ова, во земјава досега има вкупно 223.330 ковид-дијагностицирани лица од почетокот на пандемијата. Оздравеле вкупно 210.732, а починале 7.907 пациенти. Има вкупно 4.691 активни случаи. Засега останува само еден случај на омикрон, и тоа кај маж кој во земјава допатувал од Велика Британија. Станува збор за реинфекција, односно пациентот во јануари 2021 година ја имал прележано болеста и тогаш бил асимптоматски. Епидемиолошката состојба останува стабилна, а како што најави вчера министерот за здравство Венко Филипче, во текот на следната недела ќе се направи дополнителна анализа. – Засега е само тој еден случај на омикрон. Имајќи предвид дека е случај кој што доаѓа од странство, мислам дека треба да се направи дополнителна анализа во текот на следната недела. Сепак, тоа што е присутен во регионот може да значи дека е заради честите комуникации и патувања на нашите граѓани во соседните земји, изјави вчера Филипче. Тој исто така додаде дека нема зголемување на бројот на новодијагностицирани случаи, а болниците и натаму работат без притисок од зголемен наплив на пациенти. Токму поради тоа, министерот останува на ставот дека нема потреба од какви било дополнителни рестрикции. Филипче смета дека сите земји во светот треба да научат да живеат со општите превентивни правила и зголемување на степенот на вакцинација и тоа е излезот од оваа криза. Задолжителната вакцинација, мерките за патување и непреполнување на затворените простории според ресорниот министер, се сосем доволни. – Животот постепено се нормализира, некаде целосно е нормализиран и сметам дека овие превентивни мерки се сосем доволни. Замислете да имаше огромен број пациенти и преоптоварени ковид-центри. Сега ковид-центрите не се полни зошто нема пациенти, нема приеми ниту во ковид-центрите во Скопје, ниту ширум државата. Во огромен број од инфективните одделенија практично нема хоспитализирани, рече Филипче, посочувајќи дека десетина инфективни одделенија се празни. Исто така, дел од пациентите кои се дијагностицирани се праќаат на домашно лекување зошто имаат полесна клиничка слика. Сепак, сојот омикрон забрзано се шири низ државите во светот, па и на Балканот. Во Косово до неодамна беа потврдени вкупно девет случаи. Претставници на Институтот од Косово прецизираа дека два случаи се регистрирани кај лица кои дошле во Косово од САД, два кај лица од Лондон и еден од Франција. Четири случаи се потврдени кај лица од Јужна Митровица и се работи за лица рекле дека не патувале никаде ниту имале контакт со лица кои не се од Косово. Институтот, заедно со косовското Министерство за здравство, ги повика граѓаните строго да се придржуваат до анти-ковид мерките и да се вакцинираат. Во Турција пак, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 20.138 случаи на коронавирус и 173 починати лица. Во текот на вчерашниот ден од ресорното Министерство во Турција информираа дека повеќе од 128,66 милиони дози вакцина против КОВИД-19 се дадени во рамките на кампањата за масовна вакцинација која во Турција почна на 14 јануари. Повеќе од 56,8 милиони луѓе примиле прва доза вакцина, а 51,4 милиони граѓани целосно се имунизирани. Во меѓувреме, од Европската Комисија информираа дека во ЕУ против КОВИД-19 се вакцинирани над 78 проценти од граѓаните. -Пред точно една година, во Европа почна вакцинирањето против КОВИД-19. Изминавме долг пат. Повеќе од 78 отсто од возрасните во ЕУ веќе се вакцинирани, рече вчера претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во видео обраќање. Според неа, вакцинацијата, вклучително и засилувачката доза на вакцината, останува најдобриот начин за справување со пандемијата на коронавирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zemjava-zasega-samo-eden-sluchaj-na-omikron-novi-restrikcii-nema-da-ima/feed/ 0
СВЕТОТ ВО КОЛАПС: Омикрон ги коси пилотите, се очекува откажување на 10.000 летови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-vo-kolaps-omikron-gi-kosi-pilotite-se-ochekuva-otkazuvanje-na-10-000-letovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-vo-kolaps-omikron-gi-kosi-pilotite-se-ochekuva-otkazuvanje-na-10-000-letovi/#respond Sun, 26 Dec 2021 19:22:20 +0000 https://kurir.mk/?p=613447

Ширење на коронавирусот меѓу пилотите и стјуардесите доведе до откажување на илјадници авионски летови викендов. Ситуацијата станува се' подраматична и се очекува бројот на откажани летови во последната недела од 2021 година да достигне неверојатни 10.000. Главната причина е омикрон мутацијата која забрзано се шири низ светот. Поради тоа авио компаниите се соочуваат со недостаток на персонал и неможност да ги исполнат барањата на патниците и претходно закажаните летови. Според сајтот „ФлајтАвер“ над 2.800 летови се откажани вчера, а околу 2.400 во петокот. До денес наутро ширум светот се откажжани речиси 1.600 летови, а одложени се 2.000. Кина е меѓу земјите кои масовно откажува летови. Според достапните информации компанијата „Чајна Истерн“ откажала 540 летови, што е околу 20 проценти од планираните, додека „Ер Чајна“ 267 летови што претставува четвртина од вкупнит број летови на оваа компанија. Двете компании поради откажувањата се во тешка финансиска ситуација, а според последните извештаи во третиот квартал од годината загубиле над милијарда евра приходи. И во САД ситуацијата  е слична. Вчера се откажани 1.000 летови, а во петокот 690. Причината конкретно не е позната, но од „Делта“, „Јунајтед“ и  „Џет Блу“ соопштиле дека ширењето на омикрон предизивикува проблеми со персоналот што последично доведува до откажување на летови. И европските и австралиските авио компанија исто така се соочени со откажани летови за време на празничната сезона. Германската компанија „Лифтханза“ соопшти дека откажува десетина прекуокеански летови за време на празниците поради големиот број заболени пилоти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-vo-kolaps-omikron-gi-kosi-pilotite-se-ochekuva-otkazuvanje-na-10-000-letovi/feed/ 0
Д-р Пановски вели дека со Омикрон варијантата за шест месеци на пандемијата ќе и дојде крај: Прашањето е каков ќе биде тој крај? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-panovski-veli-deka-so-omikron-varijantata-za-shest-meseci-na-pandemijata-kje-i-dojde-kraj-prashanjeto-e-kakov-kje-bide-toj-kraj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-panovski-veli-deka-so-omikron-varijantata-za-shest-meseci-na-pandemijata-kje-i-dojde-kraj-prashanjeto-e-kakov-kje-bide-toj-kraj/#respond Sun, 26 Dec 2021 14:17:24 +0000 https://kurir.mk/?p=613364

По детектирањето на првиот случај на сојот Омикрон во Македонија, лекарите апелираат на претпазливост. Иако првичните укажувања се дека Омикрон варијантата на коронавирусот е послаба од претходната Делта, епидемиолозите сепак предупредуваат дека тој се шири многу побрзо. Во пресрет на новогодишните празници, тие повикуваат да се избегнуваат групирања и алармираат дека е неопходно да се воведат одредени ограничувања за влез во земјата, со цел да се забави ширењето на вирусот. - Брзото ширење на Омикрон варијантата ќе доведе до крај на пандемијата во рок од шест месеци. Прашање е каков ќе биде тој крај? Тоа зависи од тоа колку оваа варијанта ќе биде вирулентна, вели микробиологот д-р Никола Пановски за ДВ. Според него, се знае дека овој сој не дава потешка форма на болеста, но прашање е дали и колку предизвикува полесна форма на болеста и намалена смртност. - Ако се повтори нешто слично како во ЈАР, тогаш ќе имаме крај на пандемијата со многу случаи, но со малку починати. Се разбира ова зависи и од процентот на вакцинација, почитување на мерките, оптoвареноста на болниците и.т.н. По шест месеци ќе имаме сезонска форма на болеста, најчесто со клиничка слика на настинка, укажува Пановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-panovski-veli-deka-so-omikron-varijantata-za-shest-meseci-na-pandemijata-kje-i-dojde-kraj-prashanjeto-e-kakov-kje-bide-toj-kraj/feed/ 0
Австралија: Дополнителната доза вакцина ќе се прима на четири односно на три месеци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-dopolnitelnata-doza-vakcina-kje-se-prima-na-chetiri-odnosno-na-tri-meseci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-dopolnitelnata-doza-vakcina-kje-se-prima-na-chetiri-odnosno-na-tri-meseci/#respond Fri, 24 Dec 2021 06:52:25 +0000 https://kurir.mk/?p=612368

Австралија ќе го намали интервалот за примање на дополнителна доза на вакцина против Ковид-19. – Сега интервалот е пет месеци, но од 4 јануари истиот ќе биде намален на четири месеци, а од 31 јануари ќе биде три месеци, изјави австралискиот министер за здравство Грег Хант. Во Австралија повторно се бележат рекорден број новозаболени од сојот Омикрон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-dopolnitelnata-doza-vakcina-kje-se-prima-na-chetiri-odnosno-na-tri-meseci/feed/ 0
Грција: 33 потврдени и 98 сомнителни случаи на oмикрон https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-33-potvrdeni-i-98-somnitelni-sluchai-na-omikron/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-33-potvrdeni-i-98-somnitelni-sluchai-na-omikron/#respond Fri, 24 Dec 2021 06:24:27 +0000 https://kurir.mk/?p=612345

Во Грција потврдени се 33 случаи на варијантата Омикрон, од кои 18 се на островот Крит, додека пак постојат 98 сомнителни случаи, кои се испитуваат, но 98-99 отсто е сигурно дека и тие се Омикрон, соопшти претседателот на Националната организација за јавно здравје Теоклис Заутис, јави дописничката на МИА од Атина. Објасни дека заразените имаат благи симптоми, само две лица биле хоспитализирани, но без да постојат компликации од вирусот. Паралелно додаде дека се очекува и во Грција да се зголеми бројот на новата мутација, а со новите мерки целта е да се намали ширењето. Во однос на дневните податоци за Ковид-19, во изминатите 24-часа беа регистрирани 6.667 нови случаи, почина 71лице, а 655 пациенти се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници, од кои 548, односно 83,66 отсто се невакцинирани или делумно вакцинирани. На денешната редовна прес конференција за текот на пандемијата во Грција, професорката Вана Папаевангелу соопшти дека во земјата има околу 37.000 активни случаи, а намален е бројот на хоспитализирани и се помалку од 3.000 лица. Од почетокот на пандемијата во земјата се потврдени 1.056.583 случаи на Ковид-19, а починаа вкупно 20.198 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-33-potvrdeni-i-98-somnitelni-sluchai-na-omikron/feed/ 0
Британски студии: Заразените со Омикрон поретко хоспитализирани https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/britanski-studii-zarazenite-so-omikron-poretko-hospitalizirani/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/britanski-studii-zarazenite-so-omikron-poretko-hospitalizirani/#respond Thu, 23 Dec 2021 07:24:12 +0000 https://kurir.mk/?p=611915

Две студии во Велика Британијао покажуваат дека инфекциите со варијантата на коронавирусот Омикрон имаат помала веројатност да „испратат“ лице во болница отколку со варијантата Делта. Тие прелиминарни студии – едната во Шкотска, другата во Англија – беа поздравени од експерти, кои сепак предупредија дека поголемата зараза на тој сој на крајот може да доведе до потешки случаи. Анализата на лондонскиот Империјален колеџ покажа дека луѓето заразени со варијантата Омикрон имаат околу 20 отсто помали шанси да одат во болница од оние заразени со варијантата Делта. Оваа анализа ги вклучува сите случаи на ковид потврдени во Англија во првата половина на декември во кои може да се идентификува варијантата: 56.000 случаи на Омикрон и 269.000 случаи на Делта. Посебна студија од Шкотска, спроведена од истражувачи од Универзитетот во Единбург и други експерти, заклучи дека ризикот од хоспитализација е за две третини помал кај Омикрон отколку во Делта. Но, студијата покажа дека скоро 24.000 случаи на Омикрон во Шкотска биле главно кај луѓе на возраст од 20 до 39 години. Младите луѓе се многу помалку склони да развијат тешки симптоми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/britanski-studii-zarazenite-so-omikron-poretko-hospitalizirani/feed/ 0
СЗО предупредува за „нова бура“ низ Европа поради омикрон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-predupreduva-za-nova-bura-niz-evropa-poradi-omikron/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-predupreduva-za-nova-bura-niz-evropa-poradi-omikron/#respond Wed, 22 Dec 2021 07:01:53 +0000 https://kurir.mk/?p=611445

Светската здравствена организација предупреди дека „се подготвува уште една бура“, опишувајќи го драматичното ширење на сојот Омикрон низ Европа, јави ДПА. – Откако беше идентификуван пред помалку од четири недели, сојот на коронавирусот беше откриен во најмалку 38 од 53 земји-членки на Европскиот регион на СЗО, изјави регионалниот директор на ОН Ханс Клуге во Виена. Многу прашања за Омикрон остануваат неодговорени, истакна Клуге, но веќе е познато дека варијантата стана доминантен вид во неколку земји, вклучително и Данска, Португалија и Британија, „каде што заразените со него се удвојуваат за еден и пол до три дена со невидени брзини на пренос“. Во следните неколку недели, нагласи Клуге, новиот сој ќе стане доминантен во повеќе земји во Европа, со што ќе се изврши притисок врз веќе погодените здравствени системи до крајна точка. Омикрон најверојатно ќе стане доминантна опција што циркулира во Европа, рече тој, додавајќи: „Големиот обем на нови инфекции може да доведе до повеќе хоспитализации и масовни нарушувања во здравствените системи“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-predupreduva-za-nova-bura-niz-evropa-poradi-omikron/feed/ 0
Омикрон ги урна надежите дека најлошото од пандемијата е зад нас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/omikron-gi-urna-nadezite-deka-najloshoto-od-pandemijata-e-zad-nas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/omikron-gi-urna-nadezite-deka-najloshoto-od-pandemijata-e-zad-nas/#respond Tue, 21 Dec 2021 06:13:31 +0000 https://kurir.mk/?p=611014

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус го повика светот да се обедини и да донесе тешки одлуки потребни за да се стави крај на пандемијата на Ковид-19 следната година. – 2022 мора да биде година кога ќе ставиме крај на пандемијата, изјави генералниот директор на СЗО. Како што се приближуваат прославите на крајот на годината, Гебрејесус призна дека „сите сакаме да поминуваме време со пријателите и семејството. Сите сакаме да се вратиме во нормала“. – Но, за да се вратиме во нормала, треба да се заштитиме сега бидејќи случаите на Омикрон, кој многу брзо се шири, се зголемуваат, истакна тој. Откако за првпат беше регистриран во Јужна Африка во ноември, Омикрон е идентификуван во десетици земји, што ги урна надежите дека најлошото од пандемијата е зад нас. И покрај показателите дека не е потешка од варијантата Делта – која се уше е доминантна – Омикрон според раните податоци покажа дека е позаразен и загрижувачки отпорен на вакцини. Со оглед на тоа што бројот на новозаразени многу брзо се зголемува, Тедрос истакна дека е подобро да се откажат настаните „сега и да се слави подоцна отколку да се слави сега и да се тагува подоцна“. – Сега треба да се фокусираме на ставање крај на оваа пандемија, нагласи шефот на СЗО. Тедрос инсистира дека е можно да се запре пандемијата, но рече дека ќе треба да се искористат сите алатки кои асе на располагање, почнувајќи од вакцини до носење маски и физичко растојание. И можеби најважно, светот треба да стави крај на очигледната нееднаквост во пристапот до вакцини. – Ако сакаме да ставиме крај на пандемијата во наредната година, мора да ставиме крај на нееднаквоста, нагласи тој. Извршниот директор на германската компанија „Бионтек“, која е еден од производителите на вакцината против Ковид-19 – Фајзер/Бионтек, изјави дека раните податоци за ефикасност на вакцината против сојот Омикрон делуваат „смирувачки“, но предупреди дека вакцините сами по себе нема да ја запрат пандемијата. Директорот на Бионтек, Угур Шахин, за францускиот весник „Монд“ истакна дека прелиминарните податоци од Велика Британија и Јужноафриканската Република укажуваат на „ефикасност од околу 70 проценти по третата доза и околу 20 до 40 проценти по втората доза“. Шахин, исто така, вели дека чека податоци од реалниот живот за да ја процени точноста на една германска студија која укажува на брзо губење на ефикасноста од околу 25 проценти по три месеци, дури и по примени три дози. Во Велика Британија 12 лица починаа од сојот Омикрон а 104 се хоспитализирани, изјави министерот за правда, Доминик Раб. – Знаеме дека (омикрон) се шири многу брзо. Во моментов имаме 104 хоспитализации и 12 починати. Но, поради доцнење во однос на податоците, не знаеме колку сериозно ќе биде тоа, изјави Раб за Радио Тајмс. Тој додаде дека лицата кои примиле дополнителна доза вакцина против имаат повеќе од 70 отсто заштита, со што ја оправда одлуката за забрзување на кампањата за вакцинација што британската Влада ја донесе пред осум дена. Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека ги разгледува сите можности да ја држи под контрола варијантата Омикрон на коронавирусот бидејќи ситуацијата во земјата е исклучително тешка, нагласувајќи дека се потребни нови мерки. – Морам да и кажам на британската јавност, и тоа им го порачувам на сите, дека нема да ја исклучиме можноста за воведување нови мерки за заштита на народот, изјави Џонсон по состанокот со членовите на Владата. Тој, исто така, истакна дека ситуацијата во земјата е „исклучително тешка“, а бројот на хоспитализирани лица заразени со коронавирусот во Лондон рапидно расте. Израелските министри одобрија САД и Канада да бидат ставени на списокот на така наречените црвени земји во кои е забрането патувањето на Израелците поради ширењето на сојот омикрон. Властите во Германија планираат да воведат „лесен локдаун“ од 28 декември, и покрај прелиминарни планови да не ги заоструваат ограничувањата за вакцинираните и оние кои прележале Ковид-19. Германија планира да ги ограничи приватните собири на максимум 10 лица кои биле вакцинирани или прележале Ковид-19, а истите ограничувања ќе важат и на отворен и на затворен простор, со тоа што децата помали од 14 години ќе бидат изземени од мерките. Во Словенија бројот на новозаразени лица продолжува да опаѓа, а бројот на хоспитализирани исто така се намалува, но Владата не најавува олабавување на мерките за божиќните и новогодишните празници поради сојот Омикрон на коронавирусот. Во Грција има потврдени 26 случаи на варијантата Омикрон, но претседателот на Националната организација за јавно здравје на Грција Теоклос Заути предупреди да не се задржува на оваа бројка, бидејќи се очекуваат повеќе случаи. Заути објасни дека поголемиот број од овие случаи не се поврзани со патување во некоја од земјите каде што е раширен новиот сој. Организаторите на Светскиот економски форум во Давос објавија дека јануарскиот состанок на Форумот е одложен поради Омикрон варијантата на коронавирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/omikron-gi-urna-nadezite-deka-najloshoto-od-pandemijata-e-zad-nas/feed/ 0