омикрон сој – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 05 Sep 2022 11:06:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png омикрон сој – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хрватска добива 187.200 нови вакцини против омикрон-сојот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hrvatska-dobiva-187-200-novi-vakcini-protiv-omikron-sojot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hrvatska-dobiva-187-200-novi-vakcini-protiv-omikron-sojot/#respond Mon, 05 Sep 2022 11:06:35 +0000 https://kurir.mk/?p=728867

Новата вакцина на „Фајзер“ против омикрон-сојот на коронавирусот во Хрватска пристига утре, а вакцинации ќе бидат дистрибуирани низ целата земја до крајот на седмицата. Вкупно 187.200 дози од адаптираната вакцина ќе бидат дистрибуирани до окружните јавни здравствени установи, објави Хрватскиот институт за јавно здравје (ХЗЈЗ) денеска. Новите вакцини „Фајзер“ и „Модерна“ неодамна беа одобрени од Европската агенција за лекови против омикрон-сојот. Но, тие можат да се примаат само како дополнителна доза, а не како прва вакцинација. Сите граѓани кои ја примиле втората и третата доза може да се вакцинираат, но лекарите особено препорачуваат вакцинација за лицата со возраст над 60 години и хронично болните. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hrvatska-dobiva-187-200-novi-vakcini-protiv-omikron-sojot/feed/ 0
Новa подваријанта на сојот омикрон откриена во Шангај https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-podvarijanta-na-sojot-omikron-otkriena-vo-shangaj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-podvarijanta-na-sojot-omikron-otkriena-vo-shangaj/#respond Mon, 11 Jul 2022 13:35:19 +0000 https://kurir.mk/?p=703356

Во Шангај е регистриран случај на инфекција со нов субваријантен омикрон сој БА 5.2.1, изјави Жао Дандан, потпретседател на градската здравствена комисија. Тој вели дека новозаразениот е од населбата Пудонг и дека го поврзуваат со случај кој пристигнал од странство. Во Шангај на почетокот на јуни беше укината блокадата која траеше околу два месеци, но се уште се во сила рестриктивните мерки. - Во градот има се повеќе пријавени локални преноси на вируси и ризикот од ширење на епидемијата во општеството е сè уште многу висок - предупреди Дандан. Најголемиот кинески град се подготвува за уште една кампања за масовно тестирање, во која луѓето во неколку области ќе треба да се тестираат двапати од вторник, 12 јули до четврток, 14 јули. Минатата недела веќе беше наредено масовно тестирање со оглед на зголемениот број случаи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-podvarijanta-na-sojot-omikron-otkriena-vo-shangaj/feed/ 0
Се појави уште еден необичен симптом на сојот омикрон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-pojavi-ushte-eden-neobichen-simptom-na-sojot-omikron/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-pojavi-ushte-eden-neobichen-simptom-na-sojot-omikron/#respond Sat, 02 Apr 2022 14:09:23 +0000 https://kurir.mk/?p=657418

Според последните податоци, бројот на пациенти во Велика Британија е значително зголемен, а се повеќе луѓе се жалат на истото. Имено, Британците кои ја користат апликацијата ZOE за симптоми на коронавирусот се почесто ја пријавуваат болката во увото како нов симптом, а многумина се жалат и на тинитус. Како резултат на тоа, апликацијата го додаде овој симптом во своето неделно рангирање на најчесто пријавени симптоми на коронавирус. Болката во увото била присутна кај оние кои биле инфицирани со омикрон и претходно, но се покажало дека е многу почеста отколку што се мислело. Минатата година, студија на тим експерти од Универзитетот Стенфорд, предводена од д-р Константина Станковиќ, покажа дека омикронот може да предизвика проблеми со слухот. Студијата објави симптоми вклучувајќи силна болка во увото, вкочанетост во увото, па дури и привремено губење на слухот, што исто така може да продолжи дури и откако ќе помине инфекцијата со коронавирус. - Болката често се поврзува со тинитус. Изненадувачки, овие симптоми, иако поретки, може да се појават и кај пациенти кои биле вакцинирани - истакна д-р Станковиќ. Таа ги советуваше сите кои имаат проблем со слухот или зуењето во ушите, како и вртоглавица, да се тестираат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-pojavi-ushte-eden-neobichen-simptom-na-sojot-omikron/feed/ 0
Зошто омикрон „не успеа“ на Куба? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zoshto-omikron-ne-uspea-na-kuba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zoshto-omikron-ne-uspea-na-kuba/#respond Fri, 18 Feb 2022 10:34:47 +0000 https://kurir.mk/?p=633067

Широката распространетост на вакцинација против COVID-19 на Куба и раното воведување имунизација на децата се покажаа клучни во сузбивање на многу заразната варијанта омикрон уште пред таа да се рашири на островот, сметаат локални и меѓународни експерти. Омикрон на Куба стигна во декември, но забележани се многу поретки случаи за разлика од другите земји, а инфекциите од тогаш се намалени за повеќе од 80%, покажуваат официјалните податоци, пренесе Reuters. Бразилскиот виролог Амилкар Перес Риверол изјави дека иако бројот на случаи драстично се разликува од земја до земја во зависност од степенот на тестирање, изгледа дека омикрон варијантата има тешкотии да се задржи на Куба или да предизвика смртни случаи или потежок облик на болест. „Изгледа дека омикрон нема да има ни приближно влијание како што беше случај со делта сојот на Куба, па дури ни влијанието кое го има во другите земји. Ниту пак ќе врши притисок на болничкиот систем како што е во другите земји“, изјави Перес Рвиерол за Reuters. Особено малите деца станаа повеќе подложни на ширењето на омикрон во многу земји, бидејќи некои вакцини, вклучително оние на Pfizer, Moderna и Johnson & Johnson, уште не се одобрени од страна на здравствените регулатори за деца помали од 5 години. Куба разви сопствени вакцини против ковид и стана првата земја во светот која почна масовна вакцинација на деца од две години. Здравствените работници целосно вакцинираа 1,8 милиони деца на возраст меѓу 2 и 18 години или повеќе од 96% од вкупниот број, без пријави за сериозни несакани ефекти. Едуардо Мартинес, претседател на државната фармацевтска компанија BioCubaFarma соопшти дека ваквата кампања ја издвои Куба во борбата против омикрон. Локални и странски експерти сметаат дека имунизацијата на децата, широкиот домет на кампањата за вакцинација и распространетиот „хибриден имунитет“ кој доаѓа од комбинација на прележана инфекција во текот на претходните бранови следени со вакцинација исто така помогнаа во спречување на масовно ширење на омикрон на Куба. Во оваа земја целосно се вакцинирани 87% од популацијата, а скоро 94% примиле најмалку една доза. Кубанските вакцини се од протеински тип и даваат повеќе од 90% заштита од симптоматска болест кога се применуваат во три дози, пренесе Reuters.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zoshto-omikron-ne-uspea-na-kuba/feed/ 0
Вирусолог од Србија: Омикрон веројатно води до крај на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/virusolog-od-srbija-omikron-verojatno-vodi-do-kraj-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/virusolog-od-srbija-omikron-verojatno-vodi-do-kraj-na-koronavirusot/#respond Mon, 17 Jan 2022 17:40:13 +0000 https://kurir.mk/?p=620454

Омикрон варијантата на коронавирусот веројатно е чекор во добра насока. Големи се шансите ова да е крај на короната, изјави српскиот вирусолог Миланко Шеклер. Тој оцени дека стравот кој ескалирал со појавата на омикрон бил претеран. – Откажувањето на летовите, според мене, беше погрешно. Не треба да се штитите од вирус кој е повеќе пренослив, но помалку патоген. Во исто време имате вирус во вашата земја кој е многу попатоген. Тоа беше избрзано, изјави Шеклер за телевизијата Нова С. – Новите соеви се повеќе и повеќе наликуваат еден на друг и заштитата подобро се совпаѓа, продолжува со оптимизам д-р Шеклер. Според него, хоспитализацијата на пациентите со делта варијантата била пет проценти, а со омикрон е околу еден процент. – Првиот сој од Вухан е најразличен од омикрон. Па, оној што се заразил во март/април 2020 година има големи шанси повторно да се зарази. Оние кои ја поминале варијантата делта имаат 30-40 проценти шанси да се заразат со омикрон. Ако сте го прележале јужноафриканскиот сој, имате шанси од околу 50 проценти. Оние кои биле заразени со алфа сојот имаат 60 проценти шанси. Оној кој бил заразен со оној првиот, сојот од Вухан, има дури 75 проценти шанси да се зарази, објасни Шеклер. Како добра вест, тој наведува мала студија спроведена меѓу околу 50 семејства кои имале некои од четирите хумани коронавируси, при што се обиделе да ги заразат со омикрон. Сепак, заштитата што ја имале се покажала како ефикасна и ја спречила инфекцијата со омикрон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/virusolog-od-srbija-omikron-verojatno-vodi-do-kraj-na-koronavirusot/feed/ 0
СЗО: Омикрон и Делта создаваат „цунами од случаи“ на новозаразени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-omikron-i-delta-sozdavaat-cunami-od-sluchai-na-novozarazeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-omikron-i-delta-sozdavaat-cunami-od-sluchai-na-novozarazeni/#respond Wed, 29 Dec 2021 16:33:49 +0000 https://kurir.mk/?p=614606

Истовременото ширење на сојот Делта и на сојот Омикрон на коронавирусот создава „цунами од случаи“, нагласи на прес-конференција денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус. – Многу сум загрижен што Омикрон, што лесно се пренесува и се шири во исто време со Делта, води до цунами од случаи, изјави тој, додавајќи дека тоа е двојна закана што доведе до нагло зголемување на хоспитализации и смртни случаи. Тедрос го повтори својот повик до земјите да дистрибуираат дози на вакцини против коронавирусот поправедно и предупреди дека акцентот на засилувачките дози во побогатите земји може да доведе до недостиг на вакцини во посиромашните земји. Тој рече дека СЗО е посветена да обезбеди секоја земја да достигне стапка на вакцинација од 70 проценти до средината на 2022 година, што ќе помогне да се стави крај на критичната фаза на пандемијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-omikron-i-delta-sozdavaat-cunami-od-sluchai-na-novozarazeni/feed/ 0
„Јунајтед“ и „Делта“ откажаа повеќе до 200 летови поради ширењето на Омикрон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junajted-i-delta-otkazaa-povekje-do-200-letovi-poradi-shirenjeto-na-omikron/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junajted-i-delta-otkazaa-povekje-do-200-letovi-poradi-shirenjeto-na-omikron/#respond Fri, 24 Dec 2021 08:18:08 +0000 https://kurir.mk/?p=612443

Ерлајнс Јунајтед Ерлајнс и Делта Ерлајнс соопштија дека откажале десетици летови на Бадник бидејќи ширењето на сојот Омикрон ги погоди нивните екипажи и други вработени. Јунајтед со седиште во Чикаго за денеска откажа 120 летови, а Делта со седиште во Атланта околу 90. Двете компании соопштија дека контактираат со погодените патници за да избегнат метеж на аеродромите. „Наглиот пораст на случаите со Омикрон директно влијаеше на нашите екипажи и на нашите оперативни менаџери. Како резултат на тоа, за жал моравме да откажеме некои летови и да ги информираме засегнатите патници пред да пристигнат на аеродром“, соопшти Јунајтед. „Делта“ наведува дека „ги исцрпила сите опции и ресурси, вклучително и пренасочување и замена на авионите и членовите на екипажот за извршување на редовните летови, пред околу 90 летови да бидат откажани за петок“. Делта како причини ги наведе можните лоши временски услови и влијанието на сојот Омикрон. Извршниот директор на Делта, Ед Бастијан, во вторникот ги повика американските центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) да ги олеснат упатствата за карантин за целосно вакцинирани лица кои биле заразени со коронавирус поради влијанието врз работната сила на авиокомпанијата. Бастијан повика да се намали периодот на изолација од 10 на пет дена. Барањето беше повторено во четвртокот од страна на Ерлајнс фор Америка, група која ги претставува главните превозници на товари и патници. ЦДЦ објави ажурирани упатства за карантин за здравствените работници вчера. Тој го намали периодот на изолација на седум дена за работниците кои биле позитивни на коронавирус, но асимптоматски, но им треба негативен тест за да излезат од карантин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junajted-i-delta-otkazaa-povekje-do-200-letovi-poradi-shirenjeto-na-omikron/feed/ 0
Д-р Нико Беќаровски: Новиот сој на Ковид-19, до 1 јануари ќе се претвори во микронче https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-niko-bekjarovski-noviot-soj-na-kovid-19-do-1-januari-kje-se-pretvori-vo-mikronche/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-niko-bekjarovski-noviot-soj-na-kovid-19-do-1-januari-kje-se-pretvori-vo-mikronche/#respond Thu, 02 Dec 2021 12:53:42 +0000 https://kurir.mk/?p=603055

По појавата на супермутантот Омикрон кој светот го крена на нозе, д-р Нико Беќаровски смета дека до крајот на годинава, новата варијанта нема да претставува голема опасност, одноно дека вирусот ќе слабее. -ОМИКРОНчето кое деновиве прави МАКРО паника, до 1 јануари да/ЌЕ се претвори во вистинско микронче. (позаразно, ама О или МИКРО летално), стои во неговиот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-niko-bekjarovski-noviot-soj-na-kovid-19-do-1-januari-kje-se-pretvori-vo-mikronche/feed/ 0
Јапонија ги прекинува новите резервации за авиолетови поради сојот Омикрон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-gi-prekinuva-novite-rezervacii-za-avioletovi-poradi-sojot-omikron/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-gi-prekinuva-novite-rezervacii-za-avioletovi-poradi-sojot-omikron/#respond Wed, 01 Dec 2021 08:02:07 +0000 https://kurir.mk/?p=602283

Јапонија побара од авиокомпаниите да прекинат со преземање нови резервации за дојдовни летови поради загриженоста од Омикрон варијантата на коронавирусот, соопшти Министерството за транспорт. – Побаравме од авиокомпаниите да престанат со прифаќање на сите нови резервации за летови за еден месец, почнувајќи од 1 декември, изјави претставник на Министерството за транспорт. Тој додаде дека постоечките резервации нема да бидат засегнати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-gi-prekinuva-novite-rezervacii-za-avioletovi-poradi-sojot-omikron/feed/ 0
Тринаесет фудбалери на португалскиот прволигаш заразени со омикрон сојот на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/trinaeset-fudbaleri-na-portugalskiot-prvoligash-zarazeni-so-omikron-sojot-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/trinaeset-fudbaleri-na-portugalskiot-prvoligash-zarazeni-so-omikron-sojot-na-koronavirus/#respond Mon, 29 Nov 2021 11:40:09 +0000 https://kurir.mk/?p=601418

Португалските здравствени власти објавија денеска дека кај 13 фудбалери и членови на клупскиот персонал на прволигашот Белененсес е откриен омикрон сојот на коронавирус и тоа откако еден од нив се вратил од Јужна Африка. Омикрон сојот, како што е соопштено, бил откриен по првенствениот натпревар во Лисабон меѓу Белененсес и Бенфика во саботата. Белененсес натпреварот го почна со девет фудбалери, а остатокот од екипата беше во изолација. По полувремето на теренот излегоа само седуммина фудбалери на домашната екипа и натпреварот по само две минути во вториот дел беше прекинат при водство на Бенфика од 7:0. – Сите сме во изолација, освен младинската екипа, која немаше настап во саботата. Вкупно 44 луѓе се во изолација. Полесни симптоми имаат двајца или тројца фудбалери и исто толку членови на клупскиот персонал. Сега чекаме повторување на тестовите штом тоа ќе го одобрат здравствените власти, изјави портпаролот на Белененсес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/trinaeset-fudbaleri-na-portugalskiot-prvoligash-zarazeni-so-omikron-sojot-na-koronavirus/feed/ 0