он – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 21:01:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.5 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png он – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шефот на ОН повика на обединет и глобален одговор на опасностите од вештачката интелигенција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-on-povika-na-obedinet-i-globalen-odgovor-na-opasnostite-od-veshtachkata-inteligentsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-on-povika-na-obedinet-i-globalen-odgovor-na-opasnostite-od-veshtachkata-inteligentsija/#respond Thu, 02 Nov 2023 20:50:29 +0000 https://kurir.mk/?p=895950

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска повика на „унифициран, траен и глобален“ одговор на ризиците поврзани со брзиот развој на вештачката интелигенција. Првиот Самит за безбедност на вештачката интелигенција заврши денеска, а симболично се одржа на селскиот имот „Блечли парк“, северно од Лондон, каде што за време на Втората светска војна беше седиштето на сојузничките операции за дешифрирање на германските комуникации. Фокусот на дводневниот собир беше најсовремената, „гранична“ вештачка интелигенција, за која некои научници предупредуваат дека може да го загрози опстанокот на човештвото. Гутереш оцени дека принципите на управување со вештачката интелигенција „треба да се засноваат на Повелбата на Обединетите нации и Универзалната декларација за човекови права“. Стотици експерти, шефови на компании и политички лидери два дена разговараа за опасностите од ненадејниот, експоненцијален развој на вештачката интелигенција. Меѓу нив беа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, потпретседателката на САД, Камала Харис и италијанската премиерка Џорџа Мелони. На почетокот на состанокот, светските сили Кина, САД и ЕУ вчера се договорија за постоење на „поделена одговорност“ за ризикот од користење вештачка интелигенција, а британскиот премиер Риши Сунак го оцени соопштението од Блечли како „историско“. Затворајќи го самитот денеска, тој најави договор меѓу земјите и компаниите „за заедничка работа на безбедноста на новите модели на вештачка интелигенција и нивното лансирање“. Тие модели на вештачка интелигенција би можеле да бидат тестирани и оценети во истражувачките институти што Велика Британија и САД наведоа дека сакаат да ги постават. Британскиот премиер оцени дека „успесите“ на овој самит ќе ја „изместат вагата“ во корист на човештвото бидејќи покажуваат дека постои и политичка волја и способност да се контролира оваа технологија и да се обезбедат долгорочни придобивки од неа. Цитирајќи ги зборовите на физичарот Стивен Хокинг кој оцени дека вештачката интелигенција може да биде „најдоброто или најлошото нешто што му се случило на човештвото“, Риши Сунак рече дека е убеден дека „може да биде добро“ ако продолжи соработката што започна. Учесниците се согласија да му доверат на канадскиот истражувач Џошуа Бенџо, влијателна личност во секторот и добитник на наградата Туринг за 2019 година, да го подготви првиот извештај за „состојбата на науката“. Тој треба да направи научна проценка на постоечките истражувања и ризиците и можностите на вештачката интелигенција, а потоа да утврди приоритети за да се расветли идната работа за безбедноста на оваа врвна технологија. Кина, чие присуство предизвика вознемиреност поради геополитичките тензии и стравувањата од технолошка шпионажа, не беше поканета на вториот ден од разговорите, кои се одржаа во потесен формат. Пред „мала група високи претставници на истомисленици“ како што се Франција, Канада и Јапонија, американската потпретседателка Камала Харис ги истакна напорите на САД за „воспоставување норми и средства“ за разликување на автентичната дигитална содржина произведена од држава, од содржина произведена или манипулирана од вештачка интелигенција, соопшти Белата куќа. Неколку месеци пред изборите како што се претседателските избори во САД и британските, производите за вештачка интелигенција предизвикуваат стравувања за ширење на лажни содржини на интернет и сè поверодостојни усовршени монтажи (дипфејк). Оние технологии кои можат да произведат текст, звук, слики, видео за неколку секунди на едноставно барање, како што е роботот за разговор на ChatGPT, постигнаа експоненцијален напредок во последните години, а следните генерации на вештачка интелигенција ќе се појават до лето. Развојот покренува огромни надежи за медицината или образованието, но исто така може да овозможи општествата да се дестабилизираат или да овозможи нелегалното производство на оружје да излезе од контрола, предупреди британската влада. Самитот денеска се совпадна со објавувањето на новата „песна на Битлси“ која е производ на вештачката интелигенција, со синтетизираниот глас на убиениот Џон Ленон (1940-1980). Два претстојни меѓународни самити ќе ги продолжат дискусиите за безбедноста на вештачката интелигенција: прво виртуелен состанок во Јужна Кореја за шест месеци, а потоа со лично присуство во Париз за една година. Меѓу големите шефови во Блечли Парк беше Илон Маск, шеф на компанијата X и ко-основач на OpenAI, кој оцени дека вештачката интелигенција претставува „една од најголемите закани“ за човештвото. Тој вечерва во Лондон треба да разговара за ова со британскиот премиер Риши Сунак, а подоцна ќе го објави разговорот на неговата платформа Х. Организирањето на тој разговор предизвика критики откако Маск беше обвинет дека поддржува дезинформации на платформата X откако ја купи и ја презеде пред една година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-on-povika-na-obedinet-i-globalen-odgovor-na-opasnostite-od-veshtachkata-inteligentsija/feed/ 0
Итна седница на Советот за безбедност на ОН: Ниту едно место во Газа не е безбедно https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/itna-sednitsa-na-sovetot-za-bezbednost-na-on-nitu-edno-mesto-vo-gaza-ne-e-bezbedno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/itna-sednitsa-na-sovetot-za-bezbednost-na-on-nitu-edno-mesto-vo-gaza-ne-e-bezbedno/#respond Mon, 30 Oct 2023 21:01:34 +0000 https://kurir.mk/?p=894653

Итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за хуманитарната криза во Појасот Газа почна денеска во Њујорк. Седницата беше свикана на барање на Обединетите Арапски Емирати и Кина. Првиот човек на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) Филип Лазарини нагласи дека нивото на уништување низ Газа е без преседан и дека „човечката трагедија што се одвива под наша стража е неподнослива“. Тој додаде дека и покрај тоа што израелските власти рекоа половина од населението во Газа да се евакуира на југ, значителен број жители на Газа се убиени додека барале засолниште, додаде Лазарини. -Многу пати кажав и ќе кажам: ниту едно место не е безбедно во Газа, рече шефот на УНРВА, додавајќи дека „присилното раселување“ оставило повеќе од 670 илјади луѓе во преполнети училишта и подруми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/itna-sednitsa-na-sovetot-za-bezbednost-na-on-nitu-edno-mesto-vo-gaza-ne-e-bezbedno/feed/ 0
Хамас: ОН и меѓународните организации „да го одвратат Израел од фашистички злосторства“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hamas-on-i-megunarodnite-organizatsii-da-go-odvratat-izrael-od-fashistichki-zlostorstva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hamas-on-i-megunarodnite-organizatsii-da-go-odvratat-izrael-od-fashistichki-zlostorstva/#respond Mon, 30 Oct 2023 20:29:28 +0000 https://kurir.mk/?p=894647

Палестинската милитантна група Хамас денеска ги повика Обединетите нации да ги преземат неопходните мерки за да го одвратат Израел од „фашистичките злосторства“, додавајќи дека израелските сили продолжуваат да ги таргетираат болниците во Појасот Газа. -Ги повикуваме ОН и релевантните меѓународни организации да ги преземат неопходните мерки за да го одвратат окупаторот од фашистичките злосторства и да работат на обезбедување на потребите на сите болници во однос на лекови, медицински материјали и гориво со цел да се санира катастрофалната ситуација што го снајде здравствениот сектор поради агресијата и варварството на ционистичкиот окупатор, се наведува во соопштението. Израелски авиони вечерва бомбардираа мотоцикл и возило во близина на болницата Ал Џазури во населбата Ал-Амал при што загинаа пет лица, а 15 се повредени. Директорот на болницата за турско-палестинско пријателство во Газа, Суби Скаик, објави дека израелски воени авиони вечерва повторно ја нападнале болницата, откако синоќа во воздушни напади ја бомбардирале околината. Тој наведе дека на здравствената установа е причинета голема штета, вклучително и дефект на некои електромеханички системи и посочи дека се загрозени животите на голем број медицински лица, пациенти и повредени, како и илјадници луѓе кои побарале засолниште таму. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hamas-on-i-megunarodnite-organizatsii-da-go-odvratat-izrael-od-fashistichki-zlostorstva/feed/ 0
ОН: Ситуацијата во Сирија е се поопасна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-situatsijata-vo-sirija-e-se-poopasna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-situatsijata-vo-sirija-e-se-poopasna/#respond Mon, 30 Oct 2023 19:00:14 +0000 https://kurir.mk/?p=894624

Обединетите нации (ОН) денеска изразија загриженост за ескалацијата на непријателствата во Сирија и додадоа дека во таа земја се чувствуваат последиците од војната меѓу Израел и палестинското движење Хамас, пренесе Бета. -Од март 2020 година, сирискиот конфликт е во еден вид стратешки ќор-сокак. Долго предупредував дека оваа статус кво ја става Сирија во ризик да влезе во подлабока и продолжена криза, со ризик од најголема ескалација, рече специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Геир Педерсен на состанок во Советот за безбедност. Според него, време е да се алармира, бидејќи „сега ситуацијата е се поопасна“. -Покрај насилството предизвикано од самиот сириски конфликт, сириското население сега се соочува со застрашувачка можност за потенцијално поширока ескалација, поврзана со алармантните случувања во Израел, окупираните палестински територии и регионот, рече Педерсен. Тој додаде дека тоа веќе започнало, алудирајќи на израелските напади на аеродромите во Алепо и Дамаск. -Вниманието на светот е насочено кон кризата во Газа и тоа е оправдано. Но, не смееме да го оттргнеме вниманието од хуманитарните кризи кои продолжуваат на други места, во големи размери, вклучително и во истиот регион, рече Педерсен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-situatsijata-vo-sirija-e-se-poopasna/feed/ 0
Кан: Спречувањето на достава на хуманитарна помош може да биде „злосторство“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kan-sprechuvaneto-na-dostava-na-humanitarna-pomosh-mozhe-da-bide-zlostorstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kan-sprechuvaneto-na-dostava-na-humanitarna-pomosh-mozhe-da-bide-zlostorstvo/#respond Mon, 30 Oct 2023 07:27:54 +0000 https://kurir.mk/?p=894319

Спречувањето на достава на хуманитарна помош во Појасот Газа може да биде злосторство, изјави главниот истражител на ОН, Карим Кан во Каиро по посетата на граничниот премин Рафах што го поврзува Египет со Газа. - Спречувањето на пристигнувањето на помош може да биде кривично дело. Израел мора веднаш да се погрижи цивилите да добијат храна и лекови, изјави главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС). Тој додаде дека на граничниот премин видел блокирани камиони полни со стоки и хуманитарна помош. Израел два дена по нападот од Хамас, на 9 октомври воведе „тотална блокада“ на Појасот Газа, прекинувајќи го снабдувањето со вода, електрична енергија и храна на територијата која веќе беше под израелска блокада. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kan-sprechuvaneto-na-dostava-na-humanitarna-pomosh-mozhe-da-bide-zlostorstvo/feed/ 0
Израелски амбасадор во ОН: Дојде време да им одржиме лекција на ОН https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelski-ambasador-vo-on-dojde-vreme-da-im-odrzhime-lektsija-na-on/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelski-ambasador-vo-on-dojde-vreme-da-im-odrzhime-lektsija-na-on/#respond Wed, 25 Oct 2023 10:57:50 +0000 https://kurir.mk/?p=892910

Израел соопшти дека одбил да му издаде виза на шефот за хуманитарни прашања на ОН Мартин Грифитс поради коментарите на генералниот секретар Антонио Гутереш. Израелските медиуми јавија дека израелскиот амбасадор во ОН, Гилад Ердан, на воено радио изјавил: „Поради неговите изјави, ќе одбиеме да издадеме визи за претставниците на ОН. Веќе одбивме виза за потсекретарот на главниот секретар за хуманитарни прашања Мартин Грифитс. Време е да им одржиме лекција“. Израел го повика генералниот секретар на ОН Гутереш да поднесе оставка откако тој рече дека „ужасните напади на Хамас врз Израел на 7 октомври не можат да го оправдаат колективното казнување на палестинскиот народ“, зборуваше за „јасно кршење на меѓународното хуманитарно право на кои сме сведоци во Газа“, и рече дека нападот на Хамас следел по окупацијата која ги задушува Палестинците веќе 56 години. Гутереш рече: „Ништо не може да го оправда намерното убивање, ранување и киднапирање на цивили – или лансирање ракети врз цивилни цели. Сите заложници мора да бидат третирани хумано и веднаш и безусловно да бидат ослободени“. Во обраќањето пред ОН, генералниот секретар тогаш рече дека нападот врз Израел „не се случил во вакуум“ и следел „56 години задушувачка израелска окупација“ на палестинскиот народ, додавајќи: „Тие видоа како нивната земја постојано е зафатена со насилство; нивната економија е задушена, нивните луѓе се раселени и нивните домови уништени. Нивните надежи за политичко решение на нивната мака исчезнуваат“. Амбасадорот на Израел во ОН, Гилад Ердан, рече дека Гутереш треба да поднесе оставка. Тој го нарече говорот шокантен и рече дека „го гледа масакрот извршен од нацистичките терористи на Хамас на искривен и неморален начин“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelski-ambasador-vo-on-dojde-vreme-da-im-odrzhime-lektsija-na-on/feed/ 0
Ал Малики на СБ на ОН: Запрете ги масакрите врз палестинскиот народ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/al-maliki-na-sb-na-on-zaprete-gi-masakrite-vrz-palestinskiot-narod/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/al-maliki-na-sb-na-on-zaprete-gi-masakrite-vrz-palestinskiot-narod/#respond Wed, 25 Oct 2023 06:49:32 +0000 https://kurir.mk/?p=892804

Палестинскиот министер за надворешни работи и иселеници Ријад Ал Малики денеска го повика Советот за безбедност на ОН да ги запре „масакрите“ врз палестинскиот народ. Ал Малики, во говорот за време на седницата на Советот за безбедност на ОН, на која се разговараше за ситуацијата на Блискиот Исток, вклучително и палестинското прашање, рече дека „континуираните масакри - намерни, систематски и брутални - извршени од Израел, окупаторската сила, мора да престанат“, објави агенцијата ВАФА. Тој нагласи дека „должност на СБ е да ги запре овие масакри, додека меѓународната заедница е исто така обврзана со меѓународното право да ги спречи, а има и колективна хуманитарна должност“. „Постојаниот неуспех на Советот за безбедност е непростив“, рече Ал Малики. Тој остро ја осуди меѓународната заедница за, како што рече, нејзината „селективност и двојни стандарди“. „Дали ова масовно убивање не ве навредува? Каде е бесот поради убиствата на цивили во Појасот Газа?“, рече Ал Малики. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/al-maliki-na-sb-na-on-zaprete-gi-masakrite-vrz-palestinskiot-narod/feed/ 0
Газа: Од почетокот на војната загинаа 29 вработени во Агенцијата за бегалци на ОН https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gaza-od-pochetokot-na-vojnata-zaginaa-29-vraboteni-vo-agentsijata-za-begaltsi-na-on/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gaza-od-pochetokot-na-vojnata-zaginaa-29-vraboteni-vo-agentsijata-za-begaltsi-na-on/#respond Sun, 22 Oct 2023 20:24:36 +0000 https://kurir.mk/?p=892029

Дваесет и девет вработени во Канцеларијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) загинаа од почетокот на војната во Појасот Газа на 7 октомври, соопшти денеска агенцијата. „Половина од колегите беа професори на УНРВА“, наведува агенцијата, додавајќи дека за три дена ќе останат без гориво. „Без гориво, без вода, без функционални болници или пекари. Без гориво, нема помош. Недостигот од гориво ќе продолжи да ги задушува децата, жените и луѓето од Газа“, соопшти агенцијата. „Од почетокот на конфликтот, дванаесет раселени лица кои беа во училиштата на ОН се убиени, а речиси 180 се повредени“, се додава во соопштението. УНРВА во саботата соопшти дека потврдила дека 17 од нејзиниот персонал биле убиени од почетокот на бомбардирањето и предупреди дека бројот на загинати најверојатно ќе се зголеми. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gaza-od-pochetokot-na-vojnata-zaginaa-29-vraboteni-vo-agentsijata-za-begaltsi-na-on/feed/ 0
Пет водечки агенции при ОН повикуваат на хуманитарен прекин на огнот во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pet-vodechki-agentsii-pri-on-povikuvaat-na-humanitaren-prekin-na-ognot-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pet-vodechki-agentsii-pri-on-povikuvaat-na-humanitaren-prekin-na-ognot-vo-gaza/#respond Sat, 21 Oct 2023 18:26:04 +0000 https://kurir.mk/?p=891716

Пет водечки агенции на Обединетите нации повикуваа на хуманитарен прекин на огнот во Газа, предупредувајќи дека бројот на загинати наскоро би можел да „се вивне до облаци“ поради појава на болести. „Со толку многу цивилна инфраструктура во Газа оштетена или уништена за речиси две недели постојано бомбардирање, вклучувајќи засолништа, здравствени установи, водоснабдување, санитарни и електрични системи, времето истекува…“, предупредија агенциите на ОН. Светската програма за храна, Светската здравствена организација, Програмата за развој при Обединетите нации, Фондот на ОН за население и УНИЦЕФ во заедничка изјава повикаа на прекин на огнот и неограничен хуманитарен пристап низ Газа откако 20 камиони со помош стигнаа до енклавата преку преминот Рафа. „Повикуваме на хуманитарен прекин на огнот, заедно со итен, неограничен хуманитарен пристап до цела Газа за да им се овозможи на хуманитарните групи да спасат животи и да спречат понатамошно човечко страдање“, се наведува во заедничката изјава. „Протоците на хуманитарна помош мора да бидат соодветни и одржливи и да им овозможат на сите жители на Газа да го зачуваат своето достоинство“, наведуваат агенциите на ОН во заедничката изјава. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pet-vodechki-agentsii-pri-on-povikuvaat-na-humanitaren-prekin-na-ognot-vo-gaza/feed/ 0
Седумнаесет вработени на агенцијата на ОН загинати во израелските напади во Газа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/sedumnaeset-vraboteni-na-agentsijata-na-on-zaginati-vo-izraelskite-napadi-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/sedumnaeset-vraboteni-na-agentsijata-na-on-zaginati-vo-izraelskite-napadi-vo-gaza/#respond Sat, 21 Oct 2023 12:19:07 +0000 https://kurir.mk/?p=891582

Најмалку 17 вработени во Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци се убиени во Појасот Газа од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври, изјави денеска шефот на агенцијата Филип Лазарини. „Досега е потврдена смртта на 17 наши колеги во оваа брутална војна. За жал, реалната бројка најверојатно ќе биде поголема“, вели Лазарини во писмена изјава. Тој додава дека некои од овие луѓе „биле убиени дома со нивните семејства додека спиеле“. „Нагласувам дека од избувнувањето на војната на 7 октомври, Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци редовно им обезбедува на сите страни во конфликтот геолокација на целата своја инфраструктура во Појасот Газа. И покрај тоа, досега се погодени најмалку 35 згради, некои со директни удари“, рече Лазарини. Тој истакна дека „во Појасот Газа, континуираните воздушни напади и бомбардирања, во комбинација со наредбите за евакуација на израелските сили, доведоа до раселување на еден милион луѓе и предизвикаа смрт на многу цивили“. Притоа, Лазарини повика на „итен хуманитарен прекин на огнот“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/sedumnaeset-vraboteni-na-agentsijata-na-on-zaginati-vo-izraelskite-napadi-vo-gaza/feed/ 0