Онишченко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 15 Dec 2022 10:50:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Онишченко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ковачевски: Кога ќе заврши истрагата ќе го коментираме случајот „Онишченко“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-koga-kje-zavrshi-istragata-kje-go-komentirame-sluchajot-onishchenko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-koga-kje-zavrshi-istragata-kje-go-komentirame-sluchajot-onishchenko/#respond Thu, 15 Dec 2022 10:50:14 +0000 https://kurir.mk/?p=776006

Случајот „Онишченко“ ќе го коментираме кога ќе заврши истрагата на надлежната институција, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со именувањето на Зарко Милошевски за директор на Агенцијата за национална безбедност и негова евентуална вмешаност во случајот. -Се што е поврзано со случајот Онишченко ќе може да биде коментирано кога ќе заврши истрага спроведена од соодветна институција, изјави Ковачевски. Премиерот не посочи дали доскорашниот директор на АНБ Виктор Димовски ќе оди на амбасадорското место во Париз пред да заврши истрагата за случајот Онишченко и рече дека што се однесува до Владата за Димовски постапката е завршена. -Што се однесува до Владата, таа постапка е завршена. Ви однос на понатамошниот тек на постапката ќе мора да се обратите до Собранието и до претседателот на државата, рече Ковачевски. Премиерот Ковачевски повтори дел од биографијата на новиот директор на АНБ Милошевски, кој на оваа позицијата доаѓа од позиција на помошник директор на Одделот за безбедносни проверки и НАТО регистар во АНБ, каде има и претходно повеќегодишно искуство во раководење, организирање и координирање на Одделот, но и во организирање и раководење со ресурсите на организационата единица за заштита на уставното уредување и спротивставување на тероризмот. За новиот директор на АНБ премиерот кажа дека Милошевски е посветен, доверлив и долгогодишен професионалец кој својата кариера во безбедносните служби ја започнува во 1997 година во тогашната Управа за безбедност и контраразузнавање при МВР, а неговата експертиза оттогаш до денес, кога е во Агенцијата за национална безбедност е во полето на спротивставувањето на насилен екстремизам, заштитата на уставното уредување како и во полето на спротивставувањето со тероризмот. Своето професионално доусовршување Милошевски го спроведува од 1999 година до денес преку учество на повеќе домашни обуки организирани и имплементирани од страна на Единицата за специјални задачи при МВР и Бирото за јавна безбедност при МВР, како и на повеќе обуки во странство организирани и имплементирани од страна на Стејт департментот на САД, Министерството за правда на САД, Министерството за одбрана на САД, Федералното биро за истраги на САД, Дипломатската безбедносна служба на САД, како и Канадската безбедносна и разузнавачка служба. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-koga-kje-zavrshi-istragata-kje-go-komentirame-sluchajot-onishchenko/feed/ 0
МВР го достави извештајот за случајот „Онишченко“ до Собранието, информира Спасовски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-go-dostavi-izveshtajot-za-sluchajot-onishchenko-do-sobranieto-informira-spasovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-go-dostavi-izveshtajot-za-sluchajot-onishchenko-do-sobranieto-informira-spasovski/#respond Fri, 02 Dec 2022 13:18:52 +0000 https://kurir.mk/?p=770172

Извештајот на Министерството за внатрешни работи во врска со преносот на затворената седница во Собранието на која директорот на АНБ Виктор Димовски даваше отчет за случајот „Онишченко“ е подготвен и доставен до Собранието, информира денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на прашање по посетата на СВР Скопје. – Постапката за одземање на државјанството е од органот што го издава државјанството и тоа е во рамките на Владата. По однос на извештајот подготвен е извештајот и доставен до Собранието за тоа што се случило и се преземаат понатаму мерки во тој дел, посочи Спасовски. Инаку, затворената седница на која Димовски презентираше доверливи документи, се емитувала во живо на Јутјуб на Собранискиот канал, по што собранискиот спикер Талат Џафери побара да се испита случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-go-dostavi-izveshtajot-za-sluchajot-onishchenko-do-sobranieto-informira-spasovski/feed/ 0
Николоски: Димовски и Спасовски треба да понесат одговорност за давањето државјанство на Онишченко, тој е на црна листа на САД и по него трага Украина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-dimovski-i-spasovski-treba-da-ponesat-odgovornost-za-davanjeto-drzavjanstvo-na-onishchenko-toj-e-na-crna-lista-na-sad-i-po-nego-traga-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-dimovski-i-spasovski-treba-da-ponesat-odgovornost-za-davanjeto-drzavjanstvo-na-onishchenko-toj-e-na-crna-lista-na-sad-i-po-nego-traga-ukraina/#respond Wed, 23 Nov 2022 11:59:16 +0000 https://kurir.mk/?p=765363

Денешната прес конференција е поврзана со состојбите во Агенцијата за национална безбедност и министерството за внатрешни работи. Имено, Агенцијата за национална безбедност наместо државна институција е претворена во партиско приватна институција која е подредена за личните и партиски интереси, изјави денеска попретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Потсети дека пред еден месец јавно истакнал дека АНБ се злоупотребува и дека се врши прислушкување и следење на врвот на опозицијата. -На тоа нема никаков демант ниту реакција, напротив АНБ мистериозно знае кој каде оди и со кого комуницира од врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме следени со месеци за тоа имаме кредибилни информации, а можеби и со години. Најдобар доказ се пропустите во низа и затоа јасно велам - Законот за АНБ е добар, но имплементацијата е катастрофална. Во однос на имплементацијата недостасуваат два клучни елементи - првиот е внатрешна контрола и вториот департизацијата преку тестирањето на полиграф на вработените во службата. 15 месеци не се спроведува членот 53 и членот 54 од Законот за АНБ. Со не именување на шеф на внатрешна контрола има отсуство на надзор врз мерките кои АНБ ги спроведува против опозицијата како и испитување на конкретни случаи како оној со Онишченко. Кој сега во отсуство на шеф на внатрешна контрола ќе изготви вонреден извештај за пропустите во вршењето на безбедносната проверка? Да ве потсетам дека така почнува судирот во безбедносните служби, кога СДСМ реши да не направи кворум на својот директор Виктор Димовски на седницата за контрола на работата на АНБ и АР, кога требаше да се избере директор за внатрешна контрола. Затоа што веројатно клановите во рамки на СДСМ, кои што сакаат да ја контролираат АНБ не можеа да се договорат помеѓу себе. И така АНБ 14 месеци нема директор за внатрешна контрола и никој не го спроведува контролирањето во АНБ иако тоа е клучен сегмент и не случајно собраниската комисија дава дозвола за предлогот, вели Николоски. Посочува дека три години Димовски не го спроведува и членот 67 став 1 алинеја 7 кој се однесува на задолжително полиграфско тестирање врз вработените во АНБ што е основен законски услов да се стекне работен однос во службата. 3 години нема одговор колку од 381 вработен во АНБ поминале полиграфско тестирање за проверка на професионалниот интегритет, а колку се покажале недостојни за вршење на службата заради негативен полиграф. -А, овие денови АНБ и Виктор Димовски приредуваат уште еден скандал со бегалецот Онишченко. Виктор Димовски и Оливер Спасовски треба да понесат одговорност за давањето на Македонско државјанство на белосветскиот криминалец - Украинецот Онишченко, кој е на црна листа на САД, а по кој официјално трага и Украина. Никакви суспензии на службеници не може да ја тргнат вината од Спасовски и Димовски. Покрај тоа што Онишченко е на црна листа на САД, тој е и лице по кое има потерница од страна на Украина, имено на веб сајтот на МВР на Украина стои името и податоците токму на ова лице. Овие податоци морало да бидат проверени од АНБ и МВР. И Спасовски не може да избега од одговорност, исто како што не може да избега од одговорност за издадените пасоши на Шкаљарците, Седат Пекер и редица други белосветски криминалци кои што гледаме се убиваат помеѓу себе со македонски пасоши. Очигледно Оливер Спасовски преферира лица кои се на црната листа на САД за бизнис соработка, како што е големиот скандал кој што го изнесов во јавноста за соработка со фирмата „Инфинити“ на синот на Додик. Оливер Спасовски како Министер за внатрешни работи директно ја загрозува нашата, но и безбедноста на нашите сојузници од НАТО и ЕУ, истакнува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Николоски додава дека Спасовски не може да бега од одговорност и очекува институциите да реагираат со одземање на државјанството на Онишченко, а Спасовски и Димовски да поднесат оставка. -Не може Македонските безбедносни служби наместо за сузбивање на криминалот, заштита на уставно правниот поредок на Македонија да се користат за поддршка и логистика на белосветски мафијаши, вели Николоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-dimovski-i-spasovski-treba-da-ponesat-odgovornost-za-davanjeto-drzavjanstvo-na-onishchenko-toj-e-na-crna-lista-na-sad-i-po-nego-traga-ukraina/feed/ 0