онкологија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 12:37:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png онкологија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски: Имаме индиции дека тоа што се случува на Онкологија е случај и на други клиники, истражуваме, а на канцер мафијата мора да и се стави крај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-imame-inditsii-deka-toa-shto-se-sluchuva-na-onkologija-e-sluchaj-i-na-drugi-kliniki-istrazhuvame-a-na-kantser-mafijata-mora-da-i-se-stavi-kraj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-imame-inditsii-deka-toa-shto-se-sluchuva-na-onkologija-e-sluchaj-i-na-drugi-kliniki-istrazhuvame-a-na-kantser-mafijata-mora-da-i-se-stavi-kraj/#respond Sat, 04 Nov 2023 12:37:02 +0000 https://kurir.mk/?p=896423

Претседателот Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Прилеп се осврна на случајот Онкологија или скандал Диво месо укажувајќи дека институциите како Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) и Министерството за здравство, не само што не постапуваат по наодите на Државна ревизија, туку неправилностите само се продлабочуваат. „Имаме индиции дека тоа што се случува на Клиниката за онкологија, се случува и на други клиники“, кажа Мицкоски за време на посетата на Прилеп која е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!“. Претседателот Мицкоски информираше дека се истражуваат наоди и за УКРО и за други клиники. „Истражуваме и скоро и за тоа ќе излеземе во јавноста. На канцер мафијата мора да и се стави крај“, заклучи Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-imame-inditsii-deka-toa-shto-se-sluchuva-na-onkologija-e-sluchaj-i-na-drugi-kliniki-istrazhuvame-a-na-kantser-mafijata-mora-da-i-se-stavi-kraj/feed/ 0
Мицкоски за Онкологија: Има омилена веледрогерија која снабдува милионски суми на лекови, а од друга страна има катастрофални услови каде се аплицираат истите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-za-onkologija-ima-omilena-veledrogerija-koja-snabduva-milionski-sumi-na-lekovi-a-od-druga-strana-ima-katastrofalni-uslovi-kade-se-aplitsiraat-istite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-za-onkologija-ima-omilena-veledrogerija-koja-snabduva-milionski-sumi-na-lekovi-a-od-druga-strana-ima-katastrofalni-uslovi-kade-se-aplitsiraat-istite/#respond Sat, 04 Nov 2023 11:57:15 +0000 https://kurir.mk/?p=896400

Случајот Онкологија е монструозен скандал во кој e беспредметно да се дава коментар, но мораме да го повторуваме, бидејќи Македонија денеска за жал се соочува со луѓе кои печалеле од маките на граѓаните, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ за време на денешната посета на Прилеп која е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависта промените“. Мицкоски посочи дека партијата има обемна документација и од последните години, а не како што зборуваше власта дека тоа било случај до 2021 година. „Од досегашните анализи извлековме неколку заклучоци. Првиот се темели на Извештај од вонредниот надзор на набавките на УКРО и МЗ или на документи за периодот 01.08.2021 до 01.08. 2023, како и за парцијалниот надзор декември 2022 - март 2023 година и констатирани се неправилности кои се дополнително и засилени. Затоа бараме да се прошири истрагата и работата и за тој период“, кажа Мицкоски. Како второ, Мицкоски посочи дека е констатирано дека и покрај огромни милионски залихи на лекови тоа не ги спречувало надлежните и од МЗ и од УКРО да распишуваат тендери иако има залихи. И како трет заклучок тој посочи дека има дилема како се дава дозвола на пациенти терапијата да биде аплицирани во други здравствени установи бидејќи транспортот е специфичен. „Потоа спорно е и треба одговор дали некој добива повратна информација дали терапијата е аплицирана, дали тие вијали се целосно потрошени или делумно и што се прави со останатото итн. Имате омилена веледрогерија која снабдува милионски суми на лекови, а од друга страна има катастрофални услови каде се аплицира истата. Некако работите се изместени, тоа мора се среди“, посочи Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-za-onkologija-ima-omilena-veledrogerija-koja-snabduva-milionski-sumi-na-lekovi-a-od-druga-strana-ima-katastrofalni-uslovi-kade-se-aplitsiraat-istite/feed/ 0
„Анкетната комисија за канцер мафијата да продолжи со работа и да се прошири опфатот“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketnata-komisija-za-kantser-mafijata-da-prodolzhi-so-rabota-i-da-se-proshiri-opfatot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketnata-komisija-za-kantser-mafijata-da-prodolzhi-so-rabota-i-da-se-proshiri-opfatot/#respond Sat, 04 Nov 2023 08:46:51 +0000 https://kurir.mk/?p=896347

Анкетната комисија за канцер мафијата да продолжи со работа и да се прошири опфатот. Аферата „Диво месо“ го јаде системот, велат во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Документите кои дојдоа до ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека ФЗОМ нарачал и изготвил извештај од кој јасно се гледа дека скандалозното работење на Онкологија, основаните сомнежи за заработка на грбот на болните пациенти, и несоодветен третман на заболените од рак се случува и денес. Лековите наместо кај болните, завршуваат надвор. Имено пациенти кои добивале лек, наместо да им биде аплициран во болницата за што им е наплаќано е изнесуван надвор. Скандалот со Онкологија не само што треба да биде расчистен, туку и треба да запрат злоупотребите. Одговорност мора да има, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketnata-komisija-za-kantser-mafijata-da-prodolzhi-so-rabota-i-da-se-proshiri-opfatot/feed/ 0
Заврши сослушувањето на сведоците и експертите за скандалот со Клиниката за онкологија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-soslushuvaneto-na-svedotsite-i-ekspertite-za-skandalot-so-klinikata-za-onkologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-soslushuvaneto-na-svedotsite-i-ekspertite-za-skandalot-so-klinikata-za-onkologija/#respond Fri, 03 Nov 2023 20:36:52 +0000 https://kurir.mk/?p=896283

Со сослушување на поранешниот медицински директор на ЈЗУ Клиниката за онкологија, Нино Васев, и економскиот директор на Фондот за здравствено осигурување, Стево Крстевски заврши последниот ден од сослушувањето на сведоците и експертите во врска со случајот на Клиниката за онкологија. Повеќе прашања пратениците упатија кон Васев, кој беше повикан повторно, особено во врска со набавката на лековите и нефункционалноста на Като системот. Пратеникот Ненад Коциќ, го праша Васев во врска со нефункционалноста на Като системот. Васев одговори дека системот бил некомплетен и немал изолатор. -Като системот е купен 2014 година, мислам дека авансно е платен и монтиран е во ноември 2014 година. Не е извршено технички прием од техничко лице, туку е со потпис на тогашното раководство. Пуштен е во 2017 година, два месеца пред јас да дојдам на функција. Како директор бев известен дека системот е некомплетен, тој нема изолатор. Целиот тендер за Като системот го нема во институтот, целиот тендер е исчезнат, имавме контрола од Фондот и е воочено во таа контрола во 2017 година, дека недостасуваат четири тендерски постапки. Значи ја немаше цела документација, рече Васев. Освен тоа, тој објасни дека по бројни консултации со српската компанија како и француската компанија како производител на системот, во соработка со наши претставници од министерството се обидувале да го вклучат барем за основните норми, но софтверот што бил купен во посебна тендерска постапка никогаш не проработел. -Значи Като системот не е исклучен од струја, а и да е оставен во подрум, тој е на истото место каде што е направен. Софтверот ден денес не е направен. Проблемите со Като системот требаше да ги открие некоја повисока институција, тој и сега не е вклучен, ниту може да се вклучи без комплетно сервисирање на сите делови, затоа што сервисот и гаранцијата поминаа истата година кога беше ставен, односно ставен е во ноември 2014 година, а гаранцијата помина веќе во јуни 2015 година, додаде Васев. Во врска со прашањето на пратеникот Љупчо Пренџов околу доцнењето на лековите, Васев одговори дека се реагирало на доцнењето од помалите фирми, но за поголемите фирми, како што посочи, требало да има институционална реакција затоа што не било можно да се затвори соработката со нив бидејќи тоа би значело и прекин на добавувањето и на другите лекови кои доаѓале од истите тие компании. Во однос на прашањето на пратеникот Зоран Коцевски поврзано со сумите и набавките на лековите, поранешниот директор на Онкологија кажа дека на почеток откако станал директор на Клиниката за онкологија, за една година го намалил долгот од 115 милиони денари на 12 милиони денари, 2020 година имало 52 милиони долг, но тој долг нагло се искачил на 250 милиони во 2020 година, а во 2021 година на 655 милиони денари, што, како што рече, било исклучиво од биолошката терапија и на крај во 2021 година даден е финансиски извештај на Фондот. -Не смеевме да прекинеме со биолошката терапија поради „ребаунд“ ефект. Ако прекинете имунолошка терапија повеќе од три недели, се враќа болеста, и не само што се враќа, туку се враќа многу полошо назад. Тој феномен е многу опасен кај биолошката терапија и не смее да се застане, три години, кај плуќа е две години, кај дојка е три години минимум мора да трае терапијата кај метастатската болест, рече Васев. По сослушувањето на поранешниот економски директор на Фондот за здравствено осигурување, Стево Крстевски, претседателката на Анкетната комисија, Рашела Мизрахи најави дека комисијата ќе продолжи со разгледување на акти и документи поврзани со овој скандал. Продолжението ќе биде дополнително закажано.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-soslushuvaneto-na-svedotsite-i-ekspertite-za-skandalot-so-klinikata-za-onkologija/feed/ 0
Ристески: Сведок во Анкетната комисија за Онкологија во неформален разговор потенцираше дека Филипче и тогашниот премиер биле на платен список на една веледрогерија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/risteski-svedok-vo-anketnata-komisija-za-onkologija-vo-neformalen-razgovor-potentsirashe-deka-filipche-i-togashniot-premier-bile-na-platen-spisok-na-edna-veledrogerija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/risteski-svedok-vo-anketnata-komisija-za-onkologija-vo-neformalen-razgovor-potentsirashe-deka-filipche-i-togashniot-premier-bile-na-platen-spisok-na-edna-veledrogerija/#respond Fri, 03 Nov 2023 11:54:33 +0000 https://kurir.mk/?p=896156

Еден од сведоците штета што не собра храброст да го каже тоа на говорница, но во неформален разговор потенцираше дека тогашниот премиер и тогашниот министер за здравство се на платен список на една веледрогерија која се споменува дека во голем дел ги извршува набавките на оваа клиника, па еве јас сакав ако не дојде денеска да го прашам и од тука дали навистина господинот Венко Филипче и тогашниот премиер биле на платен список на таа веледрогерија, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески во неговото гостување во утринска емисија на ТВ Алфа, говорејќи за скандалот во Онкологија и работата на Анкетната комисија во Собранието формирана за работењето на оваа клиника. Ристески додаде дека за овој грозоморен случај институциите требало жестоко да реагираат со цел да им се оневозможи на инволвираните да ги прикриваат трагите, но тоа за жал не се случува. „Ваквото криминално противзаконско работење се практикува и на другите клиники, односно тука е една оска која се движи помеѓу најмоќните луѓе во државата, владата, премиерот, министерот за здравство, агенциите како Малмед, тие кои дозволуваат ова да се случува со увоз на лекови, лиценци, дозволи, ФЗО и на крај се како најмал играч тука директорите на клиниките и клиниките кои сето тоа го спроведуваат на дело. На ова министерот Спасовски, обвинителот Јовески треба да реагираат жестоко, што не гледам дека во моментов го прават и затоа се повикани уште еднаш, потенцираше Ристески и додаде: „Досега требаше да има тука притвори за луѓе кои што се вклучени во ова најгрозоморно случување во здравството во Република Македонија, па и оставки како морален чин пред сѐ, но гледаме дека, еве на пример директорот Нино Васев кој е директно вклучен во сето ова што се случувало на клиниката и кој го спровел тоа што се направило, во моментов е некој раководител на клиниката и член на оној конзилиум кој сега веќе профункционирал и сепак учествува и понатаму во доделување на терапија, има контакт со пациенти, со вработени, што секако ако направил нешто му овозможува да ги прикрие трагите“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/risteski-svedok-vo-anketnata-komisija-za-onkologija-vo-neformalen-razgovor-potentsirashe-deka-filipche-i-togashniot-premier-bile-na-platen-spisok-na-edna-veledrogerija/feed/ 0
Мизрахи: Вистината за канцер мафијата мора да се знае, одговорност за дивото месо во здравството ќе има – со име и презиме! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-vistinata-za-kantser-mafijata-mora-da-se-znae-odgovornost-za-divoto-meso-vo-zdravstvoto-ke-ima-so-ime-i-prezime/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-vistinata-za-kantser-mafijata-mora-da-se-znae-odgovornost-za-divoto-meso-vo-zdravstvoto-ke-ima-so-ime-i-prezime/#respond Fri, 03 Nov 2023 10:03:58 +0000 https://kurir.mk/?p=896109

Во текот на вчерашниот ден беа објавени нови сознанија за случајот со Онкологија, од кои може да се заклучи дека станува збор за основани сомневање за метастазирано диво месо во здравствениот систем и владеење на канцер мафијата. Тоа се нови информации и сознанија од кои се јасни три работи. Првата, Фондот за здравство нарачал и изготвил извештај од кој јасно се гледа дека скандалозното работење на Онкологија, основаните сомнежи за заработка на грбот на болните пациенти, и несоодветен третман на заболените од рак се случува и денес и тоа не е престанато, вели Рашела Мизрахи, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. -Втората работа е дека, и покрај доволните складирани количини на лекови, омилени веледрогерии на власта и денес набавувале огромни колични лекови за суми кои се изразени во милиони евра. Трето се сознанијата дека лековите за болните од рак на Клиниката за радиологија и онкологија биле давани на рака на пациентите, во торбиче, спротивно на медицинските протоколите. За тоа Клиниката фактурирала како таа да ги аплицирала лековите, а чија судбина и начин на употреба поматаму не е позната. почитувана јавност, ова е грозоморен скандал, каде се прави заработка од тешката болест на многу луѓе. Ова значи дека дивото месо е длабоко вкореното во здравствениот систем, вели Мизрахи. Таа порачува дека јавноста заслужува одговори. -Овде се работи за мафијашки систем на злоупотреба на скапа терапија на клиниката за Онкологија кој траел вклучително и во 2023 година, што предизвикало екстремен трошок за здравството, штета на буџетот и најстрашно од се, сето ова е правено на сметка на пациенти кои или не добивале терапија или ненавремено ја добивале. Јавноста заслужува одговори. Денес е последниот ден за сослушување на сведоци и експерти на анкетната комисија за истражување на случајот за Онкологија. Досега се сослушани 49 сведоци и експерти, а 10 лица не се појавија иако беа уредно поканети и имаа обврска да се појават. Овие нови сознанија за случувањата на Онкологија ја наметнува потребата да се испитаат сите нови информации и да се продолжи рокот на работата на комисијата и да се прошири опфатот на периодот на кој таа се однесува вклучително и тековниот период од април 2023та година на кој се однесува извештајот на ФЗО. Вистината за канцер мафијата мора да се знае. Одговорност за дивото месо во здравството ќе има, со име и презиме, вели Мизрахи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-vistinata-za-kantser-mafijata-mora-da-se-znae-odgovornost-za-divoto-meso-vo-zdravstvoto-ke-ima-so-ime-i-prezime/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: По новите докази за случајот “диво месо”, анкетната комисија во Собранието, мора да се прошири и за периодот опфатен во извештајот на ФЗО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-po-novite-dokazi-za-sluchajot-divo-meso-anketnata-komisija-vo-sobranieto-mora-da-se-proshiri-i-za-periodot-opfaten-vo-izveshtajot-na-fzo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-po-novite-dokazi-za-sluchajot-divo-meso-anketnata-komisija-vo-sobranieto-mora-da-se-proshiri-i-za-periodot-opfaten-vo-izveshtajot-na-fzo/#respond Fri, 03 Nov 2023 07:28:16 +0000 https://kurir.mk/?p=896033

Со оглед на новите фрапантни докази, во врска со случајот "диво месо", каде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера ги презентираше истите, веднаш мора да се прошири анкетната комисија во Собранието на Република Македонија и да го опфати периодот, од извештајот на ФЗО, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Граѓаните имаат право и мора да ја дознаат вистината, какви се намерни пропусти се случувале на Онкологија, а кои се докажуваат со овој извештај, се со цел дебело богатење на грбот на народот и пациентите. СДС и ДУИ да не бегаат од вистината, која ќе се дознае секако, дали на овој или друг начин и да престанат да глумат пред јавноста дека не знаеле ништо. За канцер мафијата, која го создаде ова диво месо, ќе има одговорност од прв до последен, тоа е ветување пред граѓаните“ - наведуваат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-po-novite-dokazi-za-sluchajot-divo-meso-anketnata-komisija-vo-sobranieto-mora-da-se-proshiri-i-za-periodot-opfaten-vo-izveshtajot-na-fzo/feed/ 0
Мисајловски за случајот Онкологија: Граѓаните се разочарани и не веруваат во чесните и искрени доктори, бидејќи нема разршница на ова што се случува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-za-sluchajot-onkologija-graganite-se-razocharani-i-ne-veruvaat-vo-chesnite-i-iskreni-doktori-bidejki-nema-razrshnitsa-na-ova-shto-se-sluchuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-za-sluchajot-onkologija-graganite-se-razocharani-i-ne-veruvaat-vo-chesnite-i-iskreni-doktori-bidejki-nema-razrshnitsa-na-ova-shto-se-sluchuva/#respond Thu, 02 Nov 2023 17:53:52 +0000 https://kurir.mk/?p=895900

Граѓаните се разочарани и не веруваат во чесните и искрени доктори, бидејќи нема разршница на ова што се случува, истакна вечерва во своето гостување во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Владо Мисајловски. -Јас сум работел во повеќе институции, ако имате во договор да набавитенекој лек што и да е, иако во договорот стои дека рокот на испораката е пет илидесет дена, вие лекот мора да го набавите за пет или десет дена. Одговорните лица во институција мора да го набават и да го примат. Ај што фалеле лекови,ај што тоа не се случило, ај што никој не пријави, туку тие фирми никогаш не биле ставени на црна листа, си има постапка како се прави тоа, а тоа се случува со тендерите одноно со јаните набавки, рече Мисајловски. Мисајловски меѓудругото додаде дека граѓаните се исплашени и разочарани, и дека не веруваат во чесните и искрени доктори, бидејќи нема разршница на ова што се случува во Онкологија. -Повторно прашувам, дали има поврзаност КЗ, дали има поврзаност некој да се штити себеси и дали овде има „канцер мафија“, за жал како што кажа и претседателот денеска гледаме диво месо, гледаме разочарани граѓани, не вреуваат и да одат кој оние чесни и искрени доктори, кои навистина се трудатд да препишат најдобра терапија и слично, бидејќи нема разршница на ова што се случува, дециден е Мисајловски. Мисајловски во однос со скандалот на Онкологија истакна дека сето она што се случувало на Онкологија се знаело а обвинителството молчи и нема обвинителен акт и чудно е што таму постои компанија која што има монопол и е во директен дослух со власта. -Навистина се чудам јас и целиот македонски народ како може толку долго време да нема случај да нема обвинителен акт ви текнува како за еден ден се правеа решенија притвори за нарачани прогони а сега имаме еден од најголемите случаеви во македонското здравство, случај кој ние го нарекуваме канцер мафија бидејќи навистина се тргувало со луѓе, со човечки судбини да нема истрага, некоја предистрага има. Но многу е сомнително што години наназад се знаело за сето ова. Еве денеска имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски прес каде што кажа фрапантни податоци поготово што се се правело последните две години зборуваме за периодот од 1 август 2021 до 2023 август каде што фондот за здравство веќе прави истрага каде што може да се види дека се се знаело, дека тие сите проблеми сега се на површина тие постоеле. Проблемот е што никој ништо не презел, нагласи Мисајловски. Мисајловски посочи сето она што се случувало на Онкологија е поради пари и тендери, а за сето ова јавното обвинителство молчи. -Како е можно некоја компанија да има монопол. Тоа е прво и основно. Има компании што се монопол таму и се заедно со власта во сето ова. Иако постојано слушаме од власта дека се работи за некој период многу одамна. Сега се докажува со своите документи со своите институции дека меѓу себе тие како инспекциски надзор имаат се на хартија што е погрешно и што треба да се преземе. Најголемиот проблем зошто ја спомнав оваа веледрогерија и тие околу нив паразити бидејќи тие се во директен дослух со владата и затоа не е преземено ништо. Ова што се случувало е за пусти пари и јавни набавки. Ако направите една анализа, зошто се донесе кривичниот законик и зошто во овој случај можеби случајно во тој кривичен законик се тргна оној спорен член за јавни набавки. Дали има нешто можеби сомнително овде, дали тие јавни набавки се проблем, и најголемиот проблем е што замислете јавното обвинителство молчи, посочи Мисајловски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-za-sluchajot-onkologija-graganite-se-razocharani-i-ne-veruvaat-vo-chesnite-i-iskreni-doktori-bidejki-nema-razrshnitsa-na-ova-shto-se-sluchuva/feed/ 0
ЈОРСМ: Сите докази во предметот за Онкологија се обезбедени и веќе се анализираат од стручни лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jorsm-site-dokazi-vo-predmetot-za-onkologija-se-obezbedeni-i-veke-se-analiziraat-od-struchni-litsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jorsm-site-dokazi-vo-predmetot-za-onkologija-se-obezbedeni-i-veke-se-analiziraat-od-struchni-litsa/#respond Thu, 02 Nov 2023 16:47:53 +0000 https://kurir.mk/?p=895894

Во рамки на предистражната постапка за предметот поврзан со работата на Клиниката за радиотерапија и онкологија, со барање од 13 септември 2023, Основното јавно обвинителство Скопје ги обезбедило сите изготвени извештаи од извршените вонредни надзори на Фондот за здравствено осигурување, за финансиското работење на Клиниката, за периодот 1 јануари 2015 - март 2023 година. -Нов тримесечен извештај, за периодот до јуни 2023 година, согласно информациите добиени од Фондот, е во финална фаза на изработка и веднаш потоа ќе биде доставен до Обвинителството. Нагласуваме дека до овој момент воопшто не е изготвен извештај што го опфаќа периодот до август 2023 година. Сите докази во предметот се обезбедени и веќе се предмет на анализа од стручни лица, информира државното Јавно обвинителство. Посочува и дека предистражната постапка не опфаќа одреден временскиот период и ги испитува сите евентуални незаконитости без разлика кога се случиле. -Секој што има дополнителни сознанија за овој настан има обврска да ги пријави до надлежните органи, наведува ЈОРСМ во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jorsm-site-dokazi-vo-predmetot-za-onkologija-se-obezbedeni-i-veke-se-analiziraat-od-struchni-litsa/feed/ 0
Мицкоски: Канцер мафијата купувале и складирале лекови на Онкологија, иако имале доволни залихи, омилени веледрогерии на власта заработувале милиони https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-kantser-mafijata-kupuvale-i-skladirale-lekovi-na-onkologija-iako-imale-dovolni-zalihi-omileni-veledrogerii-na-vlasta-zarabotuvale-milioni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-kantser-mafijata-kupuvale-i-skladirale-lekovi-na-onkologija-iako-imale-dovolni-zalihi-omileni-veledrogerii-na-vlasta-zarabotuvale-milioni/#respond Thu, 02 Nov 2023 12:57:38 +0000 https://kurir.mk/?p=895819

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција за скандалот во Онкологија и аферата „Диво месо“ истакна дека канцер мафијата купувале и складирале лекови, иако имало на залихи, но ова што го правеле омилени веледрогерии на власта заработувале милиони на грбот на граѓаните. Мицкоски нагласи дека со овие лекови кои требало да спасат човечки животи претставувале можност за профит на грбот на здравјето на луѓето. - Ова се лекови коишто според Фондот за здравство на 31 март биле залиха, односно се наоѓале како залиха и биле подготвени да бидат аплицирани до пациентите. Нормално сите овие лекови доаѓаат од омилената веледрогерија на власта. И ќе започнам, прво тоа е лекот Абиратерон во ампули од 250 милиграми. Според Фондот за здравство на 31 март 2023 година состојбата на залихата била 121.149.360 денари и тој лек е пакуван во две големини 250 милиграми и 500 милиграми. Следен лек е Алектиниб. Состојбата на залиха на 31.03.2023 е речиси 123 милиони денари, или точно тоа е 122.986.958 денари. Понатаму Вемурафениб 240 милиграми, состојба на залиха на 31.03.2023 година 406.464.361 денар. И да не останам должен, Абиратерон, лекот во пакување од 500 милиграми, состојба на залиха на 31.03.2023 година 950.292.000 денари или вкупно нешто повеќе од милијарда ипол денари или нешто повеќе од 25 милиони евра, рече Мицкоски. Мицкоски посочи дека еден од добавувачите бил омилен на власта на СДС и ДУИ и истиот имал привилегија најчесто да ги добива јавните набавки. - Овој договор опфаќа се што претходно прочитав, сите овие лекови кои што претходно ги прочитав се опфатени со овој договор. Но тоа што овие на залиха имале милијарда и пол денари, на 31-ви март, не ги спречило на 27-ми февруари, да распишат јавна набавка, со која што повторно ќе побараат, од истите овие лекови, рамковен договор со овој омилен добавувач, а тој пак, на 8ми мај ќе го склучи овој договор, во вредност од точно 513.656.549,66 денари, со вклучен ДДВ, изјави Мицкоски. Мицкоски нагласи дека станува збор за организирана мафија, која што за жал денеска, се уште оперира, која што на грбот на граѓаните заработува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-kantser-mafijata-kupuvale-i-skladirale-lekovi-na-onkologija-iako-imale-dovolni-zalihi-omileni-veledrogerii-na-vlasta-zarabotuvale-milioni/feed/ 0