онлајн купување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 20 Feb 2022 08:36:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png онлајн купување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Граѓаните се жалат на измами при купување на социјалните мрежи, ОПМ апелира да се внимава од каде се купува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/gragjanite-se-zalat-na-izmami-pri-kupuvanje-na-socijalnite-mrezi-opm-apelira-da-se-vnimava-od-kade-se-kupuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/gragjanite-se-zalat-na-izmami-pri-kupuvanje-na-socijalnite-mrezi-opm-apelira-da-se-vnimava-od-kade-se-kupuva/#respond Sun, 20 Feb 2022 08:36:06 +0000 https://kurir.mk/?p=633788

Ковид пандемијата ги смени навиките за купување кај граѓаните. Сè почесто се купува онлајн преку социјалните мрежи кои се преплавени со евтини понуди за облека, апарати за домаќинство и мебел, но чести се и поплаките дека купениот производ не одговара со оној што се нуди, а нема можност ниту да се замени. Во групите на социјалните мрежи секојдневно може да се најдат поплаки од граѓани дека им бил доставен оштетен или сосема поинаков производ од понудениот, а потоа кога бараат замена или враќање на парите, се блокирани од страна на онлајн продавачот. Во текот на минатата година, Организацијата на потрошувачи (ОПМ), евидентирала дека околу 15 проценти од вкупно добиените поплаки се однесуваат токму на измамите при онлајн продажбата. Поплаките главно се однесувале на неисполнување на техничките карактеристики, производ во друга боја и големина од бараниот, оштетен производ или, пак, неиздавање на гаранција и упатство за употреба за техничките апарати. – Во ОПМ секојдневно пристигнуваат поплаки од потрошувачи кои се измамени при онлајн продажбата. Со појавата на КОВИД-19 и сè помасовното користење на онлајн просторот за купување на производи и услуги, кое што е и веќе тренд во последните години, влијае на тоа и потрошувачите кај нас сè повеќе да купуваат преку онлајн продавници, а како резултат на тоа се зголеми и бројот на оштетени потрошувачи кои што се жалат во ОПМ, велат од ОПМ во изјава за МИА. Проблемот, посочуваат од ОПМ, е во тоа што купувачите не знаат дали купуваат од легални или нелегални онлајн продавници бидејќи на социјалните мрежи секој може да отвори профил. Затоа препорачуваат секогаш кога се купува преку социјалните мрежи, потрошувачите да бидат особено внимателни и да проверат дали онлајн понудата е од регистрирана фирма, дали продавачот нуди можност за плаќање преку трансакција и дали при испораката на производот доставува фискална сметка или сметко-потврда. – Проблемот е што купувачите кога купуваат преку интернет не знаат дали купуваат од легални или од нелегални онлајн продавници. Најчесто, нелегалните продавници имаат свој профил на социјалните мрежи, телефон, адреса (кои и во најголем случај се непостоечки). При онлајн купувањето, особено доколку станува збор за купување од социјалните мрежи, потребно е потрошувачите однапред да утврдат дали таа продавница е регистрирана фирма, дали има седиште, физичка продавница или пак е регистрирана онлајн продавница, дали продавачот нуди можност за плаќање преку трансакција, преку уплатница во банка и за нарачката им испраќа валидна потврда на е-маил, дали при испорака на производот им доставува фискална сметка/фактура или сметко-потврда. Продавачите кои не се регистрирани не издаваат фискална сметка, гарантен лист, фактура и друга техничка документација за одреден технички производ или бела техника, истакнуваат од ОПМ. Апелираат граѓаните да бидат особено внимателни при купувањето преку социјалните мрежи затоа што нема механизам со кој би се спречило некој да отвори профил и да нуди производи онлајн. Во случај на злоупотреба на личните податоци на потрошувачот, треба веднаш да се пријави во Министерството за внатрешни работи. – Кај нас сè уште немаме некој конкретен механизам со кој би се спречиле некои лица да прават профили на социјалните мрежи и да продаваат производи, скриени зад некој лажен профил или назив на некој онлајн шоп. Од таа причина потрошувачите се тие кои што треба да внимаваат при купувањето од онлајн продавниците, бидејќи измамата од овие т.н. фиктивни продавачи кои се застапени на социјалните мрежи е голема и понатаму имаат тешкотии за заштита на своите права. Во случај да им бидат злоупотребени нивните лични податоци, банкарски картички и слично, ќе треба веднаш да пријават во Министерството за внатрешни работи – Сектор за компјутерски криминал и Агенција за заштита на личните податоци, појаснуваат од ОПМ. Од Министерството за внатрешни работи на прашање на МИА за информација за број на пријави за измама при интернет купување и нелегална продажба од страна на лажни трговци и онлајн страници во изминатите две години, изјавија дека минатата година се регистрирани шест кривични дела „компјутерска измама” за кои се пријавени пет сторители. – Во врска со Вашето барање, кое се однесува на податоци за сторени кривични дела „компјутерска измама” Ве известуваме за следново – Во 2020 година регистрирани се три кривични дела со непознат сторител, а во 2021 година регистрирани се шест кривични дела за кои се пријавени пет сторители, стои во информацијата доставена до МИА. Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ на прашањето како можат граѓаните да се заштитат при ваквите кривични дела, колку траат процесите и кој е најчестиот исход, вели дека кривични дела преку интернет имало многу малку, односно „скоро и да немало”. – Нема одговорност, единствено и најдобро да се заштитат е да не ги даваат своите лични податоци и да се ограничат на бројот на луѓе кои навистина ги познаваат, вели Давидовиќ. Во однос на судската пракса за измами преку интернет трговија, тој вели дека до сега немало посебни предмети. – До сега имало поплаки за квалитетот и за големината која преку интернет не можете да ја видите, но, некои посебни предмети немало, особено кривични. Кривичните дела преку интернет особено ги нема, немало ни постапки, најчести предмети се оние каде има навреди и клевети кои завршуваат со граѓанска одговорност во граѓанскиот суд, вели Давидовиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/gragjanite-se-zalat-na-izmami-pri-kupuvanje-na-socijalnite-mrezi-opm-apelira-da-se-vnimava-od-kade-se-kupuva/feed/ 0
Онлајн купување и пари назад https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/onlajn-kupuvanje-i-pari-nazad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/onlajn-kupuvanje-i-pari-nazad/#respond Sat, 18 Sep 2021 09:51:32 +0000 https://kurir.mk/?p=565154

Онлајн пазарувањето го упростивме го направивме сега поедноставен! Креиравме брз и практичен начин со кој не само можете да пазарувате преку интернет кај саканата онлајн продавница туку и да добивате предности. Имате можност да заштедите и време и пари. myWorld Plug-in е практична алатка којашто е додадок адаптиран за интернет пребарувачите Firefox, Chrome и Safari, со цел купувачите секогаш да бидат во тек и никогаш да не пропуштат некоја од шопинг придобивките. Оваа алатка ги информира купувачите кога „гуглаат дали продавницата којашто ја пребаруваат е трговски партнер и автоматски ве поврзува да пазарувате со myWorld платформата и да добивате предности. Како купувач преку најголемата заедница за добивање бенефизии - myWorld (мајВорлд), вие на овој начин имате безброј можности за пазарување. Со секое пазарување кај онлајн трговските партнери, добивате кешбек (Cashback) и шопинг поени (Shopping Points). Онлајн купувањето со myWorld е многу уникатно искуство, а предности може да се добијат кај повеќе од 100 интернет партнери - бенефиции што не можете да ги добиете со регуларното интернет купување. Кај нас најактуелни онлајн партнери се: Booking.com, AliExpress.com, Rakupen.mk, MarketOnline.mk, TravelWorld.com, но има и други. Со myWorld Plug-in заштедувањето преку онлајн пазарување сега е полесно од кога и да е. Потребно е само еднаш да се најавите и даја инсталирате алатката и веќе никогаш нема да пропуштите Cashback и Shopping Points. Едноставно пронајдете го трговскиот партнер преку Google пребарувачот и само кликнете! Повеќе информации за оваа услуга можете да погледнете на следниов линк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/onlajn-kupuvanje-i-pari-nazad/feed/ 0
Македонските граѓани потрошиле 169,2 милиони евра на онлајн купување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonskite-gragjani-potroshile-169-2-milioni-evra-na-onlajn-kupuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonskite-gragjani-potroshile-169-2-milioni-evra-na-onlajn-kupuvanje/#respond Mon, 06 Apr 2020 10:01:28 +0000 https://kurir.mk/?p=328040

Македонските граѓани минатата година потрошиле 169,2 милиони евра на онлајн купување што претставува пораст од 26,5 проценти во споредба со 2018 година, објави денеска Асоцијацијата за е-трговија повикувајќи се на статистичките податоци на Народната банка за безготовински платежни трансакции на виртуелни места на продажба. Според овие податоци, во текот на 2019 година реализирани се вкупно 6.727.051 онлајн трансакции во земјата и во странство, наспроти 5.435.385 онлајн трансакции во текот на 2018 година што претставува пораст од 23,8 проценти. Пораст се бележи и од аспект на вредноста, односно лани вредноста на трансакциите реализирани на виртуелните места на продажба во земјата и во странство изнесува 176 милиони евра што е пораст од 26,6 проценти во споредба во 2018 година. Според Асоцијацијата за е-трговија, податоците покажуваат дека е-трговијата во земјава е во пораст, а зголемената понуда на домашниот пазар успева да ги задоволи потребите на македонските онлајн купувачи со што тие пари остануваат во земјава, а не се одлеваат надвор кон странски онлајн трговци. – Македонците во текот на 2019 година стекнуваат се повеќе доверба кон е-трговијата и онлајн нарачките, може да се забележи од порастот на бројот и вредноста на трансакциите со домашни картички онлајн, кон домашни и странски онлајн трговци. Имено, во текот на 2019 година македонците со домашни картички потрошиле вкупно 169,2 милиони евра онлајн, што претставува пораст од 35,5 милиони евра (26,5%) во однос на претходната година. Евидентно е дека зголемениот број на новоотворени онлајн продавници во Македонија, а со тоа и поголемата понуда на производи и услуги кои се нудат онлајн од страна на домашните компании, бројот на трансакции кон странски, односно домашни веб продавници е речиси идентичен. Конкретно, 50,2 проценти од вредноста на онлајн трансакциите реализирани со платежни картички издадени во Македонија се одлеале во странство, односно се реализирани кон трговци надвор од Македонија, додека 49,8 проценти од трансакциите се реализирани кон онлајн трговци во Македонија, наведуваат од Асоцијацијата. Посочуваат дека значајно е и тоа што во текот на минатата година реализирани се вкупно 170.390 трансакции во вкупна вредност од 6,85 милиони евра од страна на корисници на платежни картички од странска банка во корист на домашните трговци. Вкупниот приход на онлајн трговците во земјава минатата година бил 75,7 милиони евра имајќи ги предвид онлајн трансакциите реализирани со домашни картички (68,83 милиони евра) и онлајн трансакциите со странски картички (6,85 милиони евра). Согласно податоците за бројот на уреди на виртуелните места на продажба (веб страници за е-трговија), заклучно со 31 декември активни се 1.020 продажни места. За период од една година, односно во текот на минатата година, биле отворени 149 нови онлајн продавници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonskite-gragjani-potroshile-169-2-milioni-evra-na-onlajn-kupuvanje/feed/ 0