онлајн настава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Mar 2023 09:35:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png онлајн настава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МОН: Тимс-апиликацијата функционира, секој ученик може да пристапи на онлајн-настава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-tims-apilikatsijata-funktsionira-sekoj-uchenik-mozhe-da-pristapi-na-onlajn-nastava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-tims-apilikatsijata-funktsionira-sekoj-uchenik-mozhe-da-pristapi-na-onlajn-nastava/#respond Thu, 02 Mar 2023 09:35:37 +0000 https://kurir.mk/?p=807016

Министерството за образование и наука добило известувања за проблеми во функционирањето на аликацијата Тимс (Teams) од неколку училишта, но по кратко време вчера учениците се приклучиле на нивните кориснички сметки, велат од МОН за МИА. -Се користи Тимс-апликацијата која функционира и секој ученик со своето корисничко име и лозинка може да пристапи и да го користи профилот за вклучување во онлајн-настава. Добивме известувања од неколку училишта дека имало прекин во функционирањето, односно користењето на Тимс, но по кратко време учениците се приклучиле со своите кориснички сметки, одговоори МОН во врска со поплаките од ученици дека имаат проблеми во користењето на оваа апликација. Министерството за образование и наука до директорите на училиштата минатата недела испратило допис за итни мерки што треба да ги преземат за непречено реализирање на воспитно-образовниот процес во безбедна и стимулирачка работна средина. На основните и средните училиштата во општините МОН им даде насоки и начини на користење на електронските адреси, им укажа да ја зајакнат контролата за влез/излез на училиштата и во деновите кога има заканувачка дојава, училиштето да организира учење на далечина (онлајн-настава) наместо целосен прекин (распуштање) на наставата. Минатата и оваа недела учениците во прва смена од училиштата што добија пораки со закани имаа обврска за еден час да се вклучат од дома на онлајн-настава преку апликацијата Тимс, која беше користена за настава и за време на ковид-пандемијата. Дојави за поставени бомби пристигнале и утрово на електронските адреси на 18 училишта во Скопје, каде во тек се антитерористички проверки, соопшти МВР. -Денеска (02.03.2023) до 08.20 часот во МВР e пријавено дека на електронските адреси на 18 училиштe во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, наведуваат од МВР. Вчера пристигнаа пријави за наводно поставена експлозивна направа во 120 училишта во Скопје, а по направените проверки од страна на МВР беше утврдено дека станува збор за лажни дојави.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-tims-apilikatsijata-funktsionira-sekoj-uchenik-mozhe-da-pristapi-na-onlajn-nastava/feed/ 0
Дел од училиштата во Србија ќе следат настава онлајн поради дојавите за бомби https://arhiva.kurir.mk/svet/region/del-od-uchilishtata-vo-srbija-kje-sledat-nastava-onlajn-poradi-dojavite-za-bombi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/del-od-uchilishtata-vo-srbija-kje-sledat-nastava-onlajn-poradi-dojavite-za-bombi/#respond Tue, 17 May 2022 08:50:11 +0000 https://kurir.mk/?p=677701

Во дел од училиштата во Србија наставата се одвива онлајн поради бројните дојави за бомби. Министерот за образование Бранко Ружиќ утринава изјави дека поради дојавите училиштата ќе го приспособат наставниот модел и дека таму каде што ситуацијата е безбедна децата директно ќе следат настава, додека во училиштата кои не се прегледани родителите ќе бидат известени дека наставата ќе се одржува од далечина. Тој изјави дека, за среќа, во 100 отсто од контролните училишта пријавите биле лажни и дека тоа е најважно од аспект на безбедноста на децата. Ружиќ оцени дека МВР одлично си ја врши работата и додаде дека не знае чија е идејата да се пријави, но дека е трагедија што на мета се најмладите. Вчера до 97 основни и неколку средни училишта пристигнале дојави за бомби. Министерот рече дека желбата била да се предизвика паника. Според оценката на Ружиќ, ресурсите се исцрпуваат, бидејќи нема толку многу тимови за контрадиверзија. Тој посочи дека е важно безбедносните служби да си ја завршат работата за што поскоро да бидат санкционирани оние што ги пријавуваат бомбите и додаде дека на тоа работи надлежното обвинителство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/del-od-uchilishtata-vo-srbija-kje-sledat-nastava-onlajn-poradi-dojavite-za-bombi/feed/ 0
Над 70 отсто од учениците во регионот не сакаат онлајн настава https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nad-70-otsto-od-uchenicite-vo-regionot-ne-sakaat-onlajn-nastava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nad-70-otsto-od-uchenicite-vo-regionot-ne-sakaat-onlajn-nastava/#respond Wed, 02 Feb 2022 15:42:39 +0000 https://kurir.mk/?p=626043

Најголем број од младите во земјите од иницијативата „Отворен Балкан“ или над 70%, не сакаат да продолжат со онлајн настава и сметаат дека ниту тие, а ниту професорите не вложуваат доволно напори за квалитетна настава преку интернет што резултира во ниско до средно ниво на стекнато знаење и несоодветна едукација. Ова го покажува онлајн истражувањето на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) спроведено помеѓу ученици и студенти од Македонија, Србија и Албанија во текот на месец јануари 2022 година. Впечатлив и заеднички став на младите од трите земји е податокот дека, помалку од една третина од нив е за продолжување на онлајн наставата, додека останатите се залагаат за настава со физичко присуство или за комбиниран хибриден модел. При тоа само 14,6 % од младите во Албанија сакаат да учат онлајн, додека 44% се за физичка настава, а 41,4% се изјасниле за комбиниран модел. Во Македонија 27% од учениците и студентите вклучени во онлајн истражувањето се за онлајн модел, 41% сакаа да се вратат во клупа, додека 32 се за комбинирана модел на онлајн и физичка настава. Дури 21% од младите Срби, пак, повеќе сакаат да учат онлајн, 37% се за настава во училиштата, додека 42% посакуваат да имаат можност и за онлајн и за физичка настава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nad-70-otsto-od-uchenicite-vo-regionot-ne-sakaat-onlajn-nastava/feed/ 0
Полска враќа дел од учениците на онлајн настава https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-vrakja-del-od-uchenicite-na-onlajn-nastava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-vrakja-del-od-uchenicite-na-onlajn-nastava/#respond Fri, 28 Jan 2022 07:58:24 +0000 https://kurir.mk/?p=623779

Постарите ученици во Полска се враќаат на учење од далечина откако земјата објави рекорден пораст на случаи на новозаразени со коронавирус, втор ден по ред. Во изминатите 24 часа бројот на заболени е зголемен за 57.659, соопшти Министерството за здравство. Во истиот период во Полска, која има 38 милиони жители, починале 262 лица. Министерството за образование им наложи на учениците од петто одделение и погорните класови да останат дома. Првично предвиденото времетраење на мерката е еден месец. Полските власти, исто така, почнаа да обезбедуваат бесплатни тестови за коронавирус. Досега има 64 аптеки низ државата во кои граѓаните можат да ги искористат, изјави министерот за здравство Адам Неџелски; има и други објекти кои во моментов аплицираат за дозвола за извршување на такви активности.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-vrakja-del-od-uchenicite-na-onlajn-nastava/feed/ 0
СОНК бара две недели он лајн настава, додека не помине пикот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sonk-bara-dve-nedeli-on-lajn-nastava-dodeka-ne-pomine-pikot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sonk-bara-dve-nedeli-on-lajn-nastava-dodeka-ne-pomine-pikot/#respond Thu, 27 Jan 2022 13:43:22 +0000 https://kurir.mk/?p=623571

Министерството за образование и Владата треба да размислат за алтернативни методи на наставата во второто полугодие за учениците, додека бројот на заразени не падне и не се стабилизира епидемиолошката сосотојба во земјата, апелираат од СОНК. Според претседателот Јаким Неделков, сите се свесни дека омикрон-сојот побрзо и полесно се шири, но со оглед на минусните температури и на почитување на протоколите на проветрување на училниците, покрај ковид-19, може да има и ширење на грип, настинки и друго. Предлагаат првите две недели да се одвиваат онлајн, со оглед на тоа што за неа се веќе обучени наставниците. Иако потежок, овој начин е побезбеден велат од СОНК. Владата на вчерашната седница донесе одлука второто полугодие да започне на 1-ви февруари со физичко присуство и согласно протоколите за заштита од коронавирус. Одлуката е донесена по препорака на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sonk-bara-dve-nedeli-on-lajn-nastava-dodeka-ne-pomine-pikot/feed/ 0
Дали учениците и следниот месец ќе останат дома, ќе се знае до крајот на неделата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-uchenicite-i-sledniot-mesec-kje-ostanat-doma-kje-se-znae-do-krajot-na-nedelata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-uchenicite-i-sledniot-mesec-kje-ostanat-doma-kje-se-znae-do-krajot-na-nedelata/#respond Wed, 26 Jan 2022 12:19:23 +0000 https://kurir.mk/?p=623175

До крајот на неделата на седница на Влада ќе биде донесена одлука дали наставата во второто полугодие од 1 февруари ќе почне со физичко присуство или онлајн, а МОН ќе има состаноци со надлежните во здравство, соопшти денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири. – До крајот на неделата ќе имаме состаноци и пред почетокот на второто полугодие ќе се има и ставот на Комисијата за заразни болести и на Кризниот штаб. Ги имаме предвид и повиците од УНИЦЕФ, кое е за физичко присуство на настава, а и ние сите, и наставниот кадар, свесни сме за придобивките од физичкото присуство. И според податоците, во првото полугодие, имавме многу мал број на заразени деца. Нашата одлука ќе беше лесна ако ја имавме истата варијанта од вирусот како што беше во септември и октомври. Сега има нова варијанта, но и тоа не значи дека почетокот на второто полугодие со физичко присуство ќе го зголеми бројот на заразени, изјави Шаќири. Тој посочи дека градинките се постојано отворени, функционираат и други сектори, а за него како министер најважно е што децата одвај чекаат да почне учебната година. Шаќири нагласи дека е важно да се почитуваат здравствените мерки и дека за заштита и претпазливост од КОВИД-19 не треба да се мисли само во училиштата, туку е важно и однесувањето надвор од нив. – Не значи дека ако нема настава, повеќе ги почитуваме препораките отколку кога сме на настава, рече Шаќири на прес-конференција при посетата на Државниот универзитет во Тетово. Каква и да биде одлуката, рече тој, МОН ќе биде во постојана комуникација и секој ден ќе има средби со директорите на основните и на средните училишта ако наставата биде со физичко присуство. – До крајот на неделата ќе има конечна одлука и каква и таа да биде – физичка настава или онлајн, коментарите ќе бидат различни. Но, ќе се земат сите придобивки од двете варијанти, рече министерот за образование и наука. Поради влошената епидемиoлошка состојба и проценката дека земјата се наоѓа на врвот на КОВИД-заразата, Владата на седница на 17 јануари донесе одлука за одложување на второто полугодие кое наместо на 20 јануари треба да почне на 1 февруари. Одлуката за продолжениот зимски распуст за околу 255 илјади ученици Владата ја донесе по препорака на Главниот координативен кризен штаб, а на наредната седница го утврди и бројот на наставни денови во вонредни околности со кои учебната 2021/2022 година ќе заврши во редовниот термин – 10 јуни 2022. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-uchenicite-i-sledniot-mesec-kje-ostanat-doma-kje-se-znae-do-krajot-na-nedelata/feed/ 0
Учениците во Софија преминуваат на онлајн настава https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uchenicite-vo-sofija-preminuvaat-na-onlajn-nastava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uchenicite-vo-sofija-preminuvaat-na-onlajn-nastava/#respond Wed, 20 Oct 2021 14:17:09 +0000 https://kurir.mk/?p=582630

Учениците од петто до 12 одделение во Софија од утре ќе се префрлат на онлајн настава по налог на министерот за образование, соопштија општинските власти во главниот град на Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, за најмладите од прво до четврто одделение, оперативниот штаб во Софија предложи наставата да продолжи со физичко присуство до крајот на оваа недела. Во шест општини во софиската област – Ботевград, Своге, Сливница, Костинброд, Етрополе и Горна Малина, учениците, исто така, од утре ќе преминат на онлајн учење. Регистрираниот морбидитет во Софија на 14-дневна основа е 812 на 100.000 луѓе, истакна директорот на Софискиот здравствен инспекторат д-р Пенчев на состанокот на оперативниот штаб во главниот град на Бугарија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uchenicite-vo-sofija-preminuvaat-na-onlajn-nastava/feed/ 0
До 20 септември онлајн наставата за средношколците во Тетово и Гостивар https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/do-20-septemvri-onlajn-nastavata-za-srednoshkolcite-vo-tetovo-i-gostivar/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/do-20-septemvri-onlajn-nastavata-za-srednoshkolcite-vo-tetovo-i-gostivar/#respond Tue, 14 Sep 2021 17:01:00 +0000 https://kurir.mk/?p=563636

Наместо до 14 септември, во средните училишта во Тетово и Гостивар наставата ќе се одвива онлајн до 20 септември, како една од мерките за спречување на Ковид-19. Од владината прес-служба соопштија дека Владата на денешната 106. седница донесе одлука наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да продолжи да се изведува онлајн до 20 септември наместо до 14 како што беше планирано со претходната одлука.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/do-20-septemvri-onlajn-nastavata-za-srednoshkolcite-vo-tetovo-i-gostivar/feed/ 0
Состојбата со коронавирусот алармантна: Општина Маврово и Ростуше бара онлајн настава https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sostojbata-so-koronavirusot-alarmantna-opshtina-mavrovo-i-rostushe-bara-onlajn-nastava/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sostojbata-so-koronavirusot-alarmantna-opshtina-mavrovo-i-rostushe-bara-onlajn-nastava/#respond Sat, 28 Aug 2021 21:01:06 +0000 https://kurir.mk/?p=556093

Кризнот штаб на општина Маврово и Ростуше поради алармантата состојба со Ковид-19 на нејзиното подрачје, побара од надлежните наставата во сите училишта во општината да се одвива онлајн, во траење од еден месец. Во барањето доставено до Министерството за образовение и наука, Кризниот штаб на Владата на РСМ, до Комисијата за заразни болести и Министертвото за здравство, се наведува дека Кризниот штаб го доставува ова барање откако одговорните од Здравствениот дом „Русе Бошковски“ ја презентирале моментната состојба со Ковид-19 дека е вон контрола. -Врз основа на презентраните податоци, моментната состојба се оценува како алармантна, односно дека состојбата е вон контрола, вирусот е распространет во сите населени места на територијата на општината. Во моментот има над 500 активни случаи, но нивната бројка е многу повисока, бидејќи многу заразени кои иако се активни не се јавуваат на преглед во почетна фаза, стои во образложението на барањето. Се оценува дека за една мала општина, како што е Маврово и Ростуше, оваа бројка е „навистина драматична“, која со физичкото присуство на настава може да добие уште позагрижувачки размери. -Поради вака настанатата состојба бараме да се донесе одлука за следење на олјан настава во траење од еден месец за сите ученици од четирите основни и средното општинско училиште. На тој начин сметаме дека ширењето на вирусот ќе биде намалено, односно состојбата може да се следи и стави под конрола од страна на здравствените работници, стои во барањето на Кризниот штаб, потпишано од градоначалникот Медат Куртовски, кој во исто време раководи со штабот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sostojbata-so-koronavirusot-alarmantna-opshtina-mavrovo-i-rostushe-bara-onlajn-nastava/feed/ 0
Онлaјн настава и децата да не учат само од дигитални учебници, бараат граѓанските организации https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/onlajn-nastava-i-decata-da-ne-uchat-samo-od-digitalni-uchebnici-baraat-gragjanskite-organizacii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/onlajn-nastava-i-decata-da-ne-uchat-samo-od-digitalni-uchebnici-baraat-gragjanskite-organizacii/#respond Thu, 26 Aug 2021 12:27:42 +0000 https://kurir.mk/?p=555250

Без разлика дали наставата ќе биде со физичко присуство или настава на далечина, Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ денеска соопшти дека нема да ги пуштат своите деца во училиште да учат од новите програми. -Нашите деца нема да учат содржини за кои ние родителите не сме информирани и не сме дале согласност. Нашите деца нема да учат исклучиво и само од дигитални учебници, лаптопи, таблети и телефони, туку од учебници, изјави овластениот претставник на Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ Драгана Спасевска и додаде дека родителите мора да имаат право на избор. Претставниците на Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ симболично пред Министерството за образование и наука изразија револот пред, како што велат, т.н. реформи кои упорно се наметнуваат во образованието и ќе почнат од септември. Им порачаа на ресорното мнистерство и на министерката за образование и наука Мила Царовска дека со оваа постапка се кршат човековите, родителските и детските права загарантирани во Уставот и законите во земјава. Се крши правото на образование, загарантирано во договорите и конвенциите што земјава ги има ратификувано со ООН и се оди против европските регулативи и стандарди кои го уредуваат образованието и правото на образование. Се ограничува правото на избор на родителот за образование на неговото дете во негов најдобар интерес. Спасевска изјави дека во моментов се подготвуваат претставки до Уставен суд за оценување на уставноста на Законот за основно образование и Концепцијата за основно образование. Таа информира дека во меѓувреме ќе достават претставка и барање до Собранието за ставање суспензивно вето на законите и Концепцијата се до пресудата на Уставен суд за оценување на уставноста на овие акти. Посочи дека во моментов се подготвуваат измени и дополнувања на Законот за основно образование и ќе биде покрената граѓанската иницијатива за измена на овој закон. Нјавуваат дека доколку не успеат да ја стопираат оваа постапка и да го решат овој проблем национално, со надлежни национални институции, продолжуваат до Европскиот суд за човекови права во Стразбур и ќе побараат одговорност и санкции за надлежните. Спасевска напомена дека досега немале средба со министерката Царовска. Вели дека досега ништо од нивните доставени барања не е земено предвид, а надлежните остануваат глуви на нивните барања и најавуваат повеќе можни сценарија за почетокот на учебната година. Таа информира дека денеска ќе достават барање за работна средба со министерката Царовска и ја повикаа на јавна дебата, на соочување во било кое време и на било кој медиум. Бараат исполнување на нивните барања, а доколку не се случи тоа велат дека се подготвени на бојкот и протести во септември. Движењето за поддршка за онлајн наставата, пак, смета дека оваа учебна година онлајн наставата треба да се одржи по секоја цена поради огромниот број новозаразени со Ковид-19 во земјава, како и бројот на починати лица. Бараат онлајн настава за сите поради безбедносни причини, а родителите кои сакаат нивните деца да следат оналјн настава да се обратат до директорот со само едно писмо, без бирократски процедури. Да нема медицински и немедицински причини, туку само желба на родителот. Ана Глигорова од Движењето за поддршка за онлајн наставата потсети на последната одлука на Владата, донесена на 17 август, со која учениците од основните и средните училишта од 1 септември треба да почнат настава со физичко присуство. -Во една училница од 36 метри кавдратни, 30 или 32 деца кога ќе влезат тие немаат простор меѓу себе. За едно дете е потребно 13 метри кавадратни за да биде колку толку заштитено. Две деца и еден професор или наставник во училница, тоа е максимумот, изјави Глигорова пред Владата. Нагласи дека бараат да се промени одлуката на Владата во Службен весник. Одговорноста за ова, како што велат, лошо сценарио ќе ја има Владата заедно со Комисијата за заразни болести.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/onlajn-nastava-i-decata-da-ne-uchat-samo-od-digitalni-uchebnici-baraat-gragjanskite-organizacii/feed/ 0