онлајн трансакција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 12 Nov 2021 10:43:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png онлајн трансакција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонците онлајн во просек купуваат еднаш до два пати во три месеци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedoncite-onlajn-vo-prosek-kupuvaat-ednash-do-dva-pati-vo-tri-meseci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedoncite-onlajn-vo-prosek-kupuvaat-ednash-do-dva-pati-vo-tri-meseci/#respond Fri, 12 Nov 2021 10:43:59 +0000 https://kurir.mk/?p=594555

Ковид пандемијата значајно ја промени структурата на онлајн трансакции кои ги прават Македонците и ако претходно повеќе се купуваше од надвор, сега се повеќе се свртеа локално и повеќе се купува од домашни продавници, што е охрабрувачки и во полза на домашните е-трговци, порача Нина Ангеловска од Асоцијацијата за е-трговија пред почетокот на Четвртата конференцијата за е-трговија, која оваа година, под мотото „Ready, Set, Grow“, што се организира во хибриден формат во Скопје. – Ако пред две години структурата беше само околу 40 проценти кон дома, сега 74 проценти од вкупната вредност е кон домашни трговци. Што се однесува до растот, минатата година имавме трицифрен раст во трансакциите кон домашни е-трговци, а сега тој раст во првото полугодие изнесува 77 проценти, изјави Ангеловска. Таа нагласи дека од податоците во Годишната анализа за е-трговија, која секоја година ја изработува Асоцијацијата за е-трговија, може да се заклучи дека македонскиот е-купувач во просек купува во три месеци еднаш до два пати, што е најмалку споредено со сите земји од Европа. – Значи најретко купуваме онлајн или над 70 проценти од населението прави само една до две нарачки во три месеци. Најчестиот износ на нарачката е до 50 евра, исто како, што прават и соседните земји со што сме на дното во Европа по однос на висината на нарачките што ги прават. Се работи за помали трансакции. Најчесто се купува облека, спортска опрема…, што е исто и на ниво на Европа. Меѓутоа, Македонците најмалку од земјите во регионот и од Балканот купуваат онлајн мебел, производи за домаќинство и најмалку прават онлајн нарачки за храна, односно од ресторани, рече Ангеловска. Македонците на интернет покрај тоа што купуваат онлајн, потенцира, се први во употреба на интернетот за социјални медиуми, односно за прикачување слики, текстови, лично креирани содржини и тоа драстично пред сите други земји во Европа. – Ние сме меѓу последните заедно со земјите од регионот во користење на е-банкарство и не може да кажеме дека бележиме некој значаен прогрес во индексите за мерење на потенцијалот за развој на електронска трговија, и за мрежна подготвеност. Подготвени сме, меѓутоа имаме уште многу работа. Ние како Асоцијација сме свесни дека има бројни пречки и предизвици, продолжуваме и понатаму да работиме со многу ентузијазам за да ја промениме и да креираме поповолна клима за е-трговијата, а најважно да го искористиме овој исклучителен момент којшто го имаме за да ја забрзаме трансформацијата кон дигитално општество, рече Ангеловска. Ако се споредиме со сите земји од регионот, потенцира таа, можеби е забележителен прогресот на Косово по однос на интернет пенетрација, која изнесува 96 проценти со што е близу до развиените земји, додека ние имаме 81 и е на исто како ниво во претходната година. Главниот офицер за податоци во естонската Влада, От Велсберг посочи дека во Естонија повеќе од луѓето продолжуваат да ја користат е-трговијата и да пазарат онлајн што е нешто што дефинитивно го користат и се повеќе компании. – Дигиталните плаќања и фактури веќе ги користат повеќе од 70 отсто од компаниите и сметам дека полека ќе се откажат од плаќањето во кеш, нешто зашто луѓето сметаа дека е нешто од што никогаш нема да се откажеме. Само е прашање на време кога сите ние единствено ќе користиме само платежни и кредитни картички и слични нешта,посочи Велсберг. Илир Реџа, претставникот од германското Министерство за економски развој и соработка и Германската организација за меѓународна соработка (ГИС), посочи дека е-трговијата е голема можност за земјите од Западен Балкан. – Веруваме дека е-трговијата е голема можност за земјите од Западен Балкан особено што сметаме дека сега е вистинското време за интер регионална соработка меѓу компаниите и асоцијациите што ги поддржуваме. Исто така, го поддржуваме и подобрувањето на правните рамки за соработка, бидејќи увидовме дека се уште има многу законски пречки што се голем проблем компаниите да работат регионално во областа на е-трговијата, рече Реџа. На денешната конференција има пет теми кои ќе бидат организирани во вкупно 13 панел презентации, три панел сесии и еден неформален разговор. Учествуваат 28 домашни и странски говорници од вкупно 10 држави. Ќе се зборува за дигитализацијата и дигитална нација, за безбедни иновативни е-плаќања, како Ковид-19 ја промени е-трговијата и колку од овој раст е задржан во регионот и европските земји.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedoncite-onlajn-vo-prosek-kupuvaat-ednash-do-dva-pati-vo-tri-meseci/feed/ 0
Македонците во просек трошат по 20 евра за онлајн трансакција кај домашните трговци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-vo-prosek-troshat-po-20-evra-za-onlajn-transakcija-kaj-domashnite-trgovci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-vo-prosek-troshat-po-20-evra-za-onlajn-transakcija-kaj-domashnite-trgovci/#respond Tue, 08 Jan 2019 11:14:36 +0000 https://kurir.mk/?p=149653

Трансакции во вредност од 100 милиони евра се направени со платежни картички за купување онлајн во првите три квартали од минатата година, или за 28 проценти  повеќе на истиот период 2017 година. Поединечните трансакции во овој период бележат уште поголем тренд на раст, од 39 проценти, покажува денеска објавеното истражување на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Најголем дел од направените онлајн купувања, односно 63 проценти, биле потрошени за купувања од странски е-трговци или скоро 63,34 милиони евра, наспроти 31,15 милиони евра остварени кон домашните е-трговци кои се 33 проценти. Четири проценти или 3,8 милиони евра од вредноста на трансакциите остварени кон домашни е-трговци се направени од иматели на странски платежни картички. Направените онлајн купувања од имателите на македонски платежни картички кон домашните е-трговци забележува раст од 51 процент во однос на истиот период од 2017 година, додека странците во Македонија потрошиле за 82 проценти повеќе онлајн кај домашните е-трговци. Во податоците од НБРМ за онлајн остварени трансакции се бројуваат и трансакциите за плаќања на сметки за вода, струја, телефон што се реализирани онлајн со платежни картички. Според истражувањето, онлајн купувањата кон домашните продавачи се менува во позитивен правец за македонските е-продавници. Македонските граѓани трошат просечно 19,7 евра на една онлајн трансакција кога купуваат дома, додека 31,5 евра кога купуваат од странски е-трговци. Можеби зголемената онлајн понуда од домашните е-трговци ќе придонесе кон поголема заинтересираност за онлајн купување од домашните трговци. – Зголемената и подобра понуда од е-трговците, подобрено искуство и поголеми можности за купувачите се клучни за зголемување на интересот на граѓаните за онлајн купување. Големите компании, исто така, треба да го стават во фокус овој канал за продажба првенствено заради придобивките кои ги овозможува е-трговијата, а со тоа и значајно ќе влијаат и придонеснуваат кон раст на е-пазарот,  смета Нина Ангеловска, претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Воглавно, како што укажува, недостига едукација и доверба, а таа ја градат најмногу домашните компании со нивните понуди, процеси, поддршка за купувачите и целокупно добро искуство кое ќе ги пресретне и надмине очекувањата на купувачите. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-vo-prosek-troshat-po-20-evra-za-onlajn-transakcija-kaj-domashnite-trgovci/feed/ 0