онлајн учење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 17 Nov 2020 14:26:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png онлајн учење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Онлајн учење, тестирање со физичко присуство- знае ли Царовска каде оди образовниот процес https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/onlajn-uchenje-testiranje-so-fizichko-prisustvo-znae-li-carovska-kade-odi-obrazovniot-proces/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/onlajn-uchenje-testiranje-so-fizichko-prisustvo-znae-li-carovska-kade-odi-obrazovniot-proces/#respond Tue, 17 Nov 2020 14:26:40 +0000 https://kurir.mk/?p=430760

Поради пандемијата од КОВИД-19 учебната година започна со многу проблеми. Најпрво учебната година започна месец дена покасно од вообичаеното, образовниот процес се одвива преку онлајн платформа за која учениците се жалеа дека не е доволно ефикасна и уште многу други недостатоци. Пред само неколку дена излезе информација дека Министерството образование организира тестирање во училиштата за да може да се формираат првичните оценки. Како што дознавме од родители и ученици оцените за првото тромесечје требало да бидат утврдени во 20 ноември. -Моето дете е шесто одделение. Од вчера до петок секој ден имаат закажано тестирање за да може наставниците да ги оформат оцените за првото тромесечје. Кај повеќето родители се појави прашањето како може училиштата да закажат тестирање кога нашите деца следат настава од дома и не смеат да имаат физичко присуство, ни раскажа родители. Други родители кои исто така ни ја посочија истата информација велат дека со ова што го прави Министерството за образование и наука само се покажува дека не може преку онлјан учење да се оценат нашите деца и дека учењето на далечина не ги дало позитивни резултати. -Имам дете кое е осмо одделение. При крајот на неделата им беше посочено дека од 15 ноември до 20 ноември ќе им се врши тестирање во училиштата за да ги добијат првите оценки од оваа учебна година. Како може да се дозволи такво нешто кога нашите деца следат настава од дома, не со физичко присуство. Дали ова само покажува дека онлјан учењето не ги даде планираните резултати?, ни посочи друг родител. Имено министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска во своето гостување на телевизија 24 посочи дека е донесен посебен протокол и упатство за оценување не учениците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/onlajn-uchenje-testiranje-so-fizichko-prisustvo-znae-li-carovska-kade-odi-obrazovniot-proces/feed/ 0
ОК ВМРО-ДПМНЕ ШТИП: Нефункционална национална платформа, ученици оставени сами на себе, професори кои се соочуваат со непознавање на системот… https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ok-vmro-dpmne-shtip-nefunkcionalna-nacionalna-platforma-uchenici-ostaveni-sami-na-sebe-profesori-koi-se-soochuvaat-so-nepoznavanje-na-sistemot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ok-vmro-dpmne-shtip-nefunkcionalna-nacionalna-platforma-uchenici-ostaveni-sami-na-sebe-profesori-koi-se-soochuvaat-so-nepoznavanje-na-sistemot/#respond Fri, 16 Oct 2020 12:09:47 +0000 https://kurir.mk/?p=417215

Нефункционална национална платформа, ученици оставени сами на себе, професори кои се соочуваат со непознавање на системот... Вака изгледа нашето образование три недели после почетокот на учебната година. Образовниот процес започна, а учениците и наставниците се‘ уште се соочуваат со проблеми, за кои очигледно Владата нема план како да најде решение. Скапата платформа се‘ уште не е целосно функционална, а наставниците беа ставени пред свршен чин за краток период да се снаоѓаат како да ја одржуваат он лајн наставата, стои во соопштението на ОК ВМРО-ДПМНЕ ШТИП Затоа, ја прашуваме локалната самоуправа, како одговорна за образованието во Штип: Дали секое дете располага со електронски уред за следење на он лајн наставата, или „ги пушта низ вода“ социјално необезбедените граѓани, па ќе бара физичко присуство за тие деца?Зошто скапата платформа, се‘ уште не е комплетно во функција? Колку наставниците се подготвени соодветно да реагираат на високото ниво на информатичка писменост на учениците? Дали наставниците знаат што се случува позади празните прозорчиња со иницијали на учениците, или се‘ е оставено на одговорност на поединецот? Проблемите со текот на времето се наталожуваат, а истите ќе ескалираат при првото оценување и проверка на знаење кај учениците. Кој ќе понесе одговорност за оваа несериозност во образованието во учебната 2020/2021 година?, прашуваат тие.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ok-vmro-dpmne-shtip-nefunkcionalna-nacionalna-platforma-uchenici-ostaveni-sami-na-sebe-profesori-koi-se-soochuvaat-so-nepoznavanje-na-sistemot/feed/ 0
И денеска падна националната платформа за онлајн-учење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-deneska-padna-nacionalnata-platforma-za-onlajn-uchenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-deneska-padna-nacionalnata-platforma-za-onlajn-uchenje/#respond Tue, 29 Sep 2020 08:35:30 +0000 https://kurir.mk/?p=409924

И денеска падна националната платформа за онлајн-учење уште пред вклучувањето на сите ученици. Пред 10 часот платформата покажува ерор, што значи дека се уште не може да го издржи наглото оптоварување. И вчера се појави истиот проблем. Од Министерството за ообразование и наука (МОН) вчера соопштија дека се прават постојани тестирања кои ќе продолжат и во наредните денови откако падна системот и платформата www.schools.mk. -Тестирањето е дел од постапката за постигнување на целосна функционалност на платформата, и во тест фазата се детектираат и надминуваат сите предизвици. Со цел да обезбедиме целосно функционална платформа до почетокот на учебната година тестирањата продолжуваат и во наредните денови. Во моментов се прават сите подготовки, тестирања и оптимизации на платформата, информираше вчера МОН кое викендов соопшти дека платформата е достапна за користење од учениците и родителите. Платформата треба да ја користат околу 250.000 ученици и 25 000 наставници на пет наставни јазици. МОН ја креираше во соработка со ФИНКИ и со помош на комората за ИТ-технологии – МАСИТ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-deneska-padna-nacionalnata-platforma-za-onlajn-uchenje/feed/ 0