ООН – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 22 Oct 2023 19:01:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ООН – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Османи утре во Њујорк со обраќање пред Советот за безбедност на ООН https://arhiva.kurir.mk/svet/region/osmani-utre-vo-nujork-so-obrakane-pred-sovetot-za-bezbednost-na-oon/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/osmani-utre-vo-nujork-so-obrakane-pred-sovetot-za-bezbednost-na-oon/#respond Sun, 22 Oct 2023 19:01:41 +0000 https://kurir.mk/?p=892005

Претседателката на Косово, Вјоса Османи отпатува денеска за Њујорк, каде што утре ќе го претставува Косово пред Советот за безбедност на Организацијата на обединетите нации, јави дописникот на МИА од Приштина. Беким Купина, советник на косовската претседателка, изјави дека Османи, во овој периодичен извештај за случувањата во Косово, се очекува да зборува за последните политичко-безбедносни случувања во земјата, со фокус на „терористичкиот напад на северот на државата на 24 септември“. Од претседателскиот кабинет соопштија дека Османи ќе зборува и за посветеноста на косовските институции на мирот, безбедноста и стабилноста во регионот, како и на блиската соработка со сојузниците и партнерите. Пред состанокот на СБ на ООН, се очекува Османи да се сретне и да се координира со дел од претставниците на сојузничките земји. Советот за безбедност на ООН ќе расправа за новиот шестмесечен извештај за ситуацијата во Косово, кој го опфаќа периодот од 19 март до 18 септември 2023 година. Србија на оваа средба ќе биде претставувана од премиерката Ана Брнабиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/osmani-utre-vo-nujork-so-obrakane-pred-sovetot-za-bezbednost-na-oon/feed/ 0
Османи во посета на САД, ќе се обрати пред Советот за безбедност на ООН https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-vo-poseta-na-sad-ke-se-obrati-pred-sovetot-za-bezbednost-na-oon/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-vo-poseta-na-sad-ke-se-obrati-pred-sovetot-za-bezbednost-na-oon/#respond Wed, 03 May 2023 07:15:12 +0000 https://kurir.mk/?p=829989

Во рамки на одбележувањето 30 години од рамковниот договор ОБСЕ-ОН, претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи од денеска е во посета на САД. Како што соопшти МНР, на покана од Претседателството на Швајцарија со Советот за безбедност на ОН, утре Османи ќе се обрати пред Советот, при што ќе ги претстави активностите и приоритетите од Програмата за Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, а со оглед на значајниот јубилеј ќе се осврне и на соработката и партнерството на ОБСЕ со ООН и на заедничките цели за зајакнување на сеопфатната безбедност во регионот на ОБСЕ, особено во областите на спречување конфликти и управување со кризи. Османи ќе има работен состанок со министерот за надворешни работи на Швајцарија, Игнацио Касис. Швајцарија овој месец го презеде ротирачкото Претседавање со Советот за безбедност на Обединетите нации. Во рамки на одбележување на 3-ти мај, Светскиот ден на слободата на медиумите, Османи ќе има видео обраќање на настанот „Дали може да има безбедност без слобода на медиумите?“ организиран од канцеларијата на претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми и Претседателството на Северна Македонија со ОБСЕ. Во својство на Претседавач со ОБСЕ, министерот Османи ќе има состанок и со шефовите на Постојаните мисии на земјите-членки на ЕУ. Посетата на Соединетите Американски Држави Османи ќе ја продолжи во Вашингтон, како дел од владината делегација која ќе ја предводи претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-vo-poseta-na-sad-ke-se-obrati-pred-sovetot-za-bezbednost-na-oon/feed/ 0
ООН ги доведува во прашање причините на Москва за суспендирање на договорот за жито https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oon-gi-doveduva-vo-prashanje-prichinite-na-moskva-za-suspendiranje-na-dogovorot-za-zito/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oon-gi-doveduva-vo-prashanje-prichinite-na-moskva-za-suspendiranje-na-dogovorot-za-zito/#respond Mon, 31 Oct 2022 18:26:38 +0000 https://kurir.mk/?p=753421

Обединетите нации ги доведуваат во прашање наведените причини на Москва за суспендирање на договорот за жито со Украина. „Кога бродовите на Иницијативата (за договорот за жито) не се во областа, коридорот нема посебен статус, изјави координаторот на ОН за итна помош Мартин Грифитс на денешниот состанок на Советот за безбедност на ОН во Њујорк. – Тоа не обезбедува ниту покритие, ниту заштита за офанзивни или одбранбени воени дејствија. Не може да се користи како штит или засолниште. Ниту е забранета зона, појаснува Грифитс. Ноќта на наводните напади немаше товарни бродови во коридорот, додаде тој. Во саботата, Русија го суспендираше договорот за извоз на жито од Украина, постигнат со посредство на Турција и ОН. Москва како причина ги наведе нападите со беспилотни летала на Киев врз нејзината Црноморска флота, тврдејќи дека Украина ја искористила заштитата на коридорот за овие напади.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oon-gi-doveduva-vo-prashanje-prichinite-na-moskva-za-suspendiranje-na-dogovorot-za-zito/feed/ 0
Заев: Вредностите на ООН остануваат вечни и актуелни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-vrednostite-na-oon-ostanuvaat-vechni-i-aktuelni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-vrednostite-na-oon-ostanuvaat-vechni-i-aktuelni/#respond Sun, 24 Oct 2021 13:35:30 +0000 https://kurir.mk/?p=584634

Вредностите на организацијата на Обединетите нации остануваат вечни и актуелни, пишува премиерот Зоран Заев, на својот фесјбук профил по повод 24 октомври денот на основање на ООН. – Во времето во коешто живееме, време на глобални безбедносни, климатски и здравствени закани, вредностите на кои се издигна организацијата на Обединетите нации – мир, развој, човекови права и еднакви шанси за сите, остануваат актуелни и вечни вредности, пишува премиерот Заев. Нашата држава според премиерот Заев, го дава својот активен придонес во остварувањето Милениумските цели за одржлив развој на Обединетите нации. Тоа е цивилизациска, хуманистичка и човечка обврска која е многу посилна од законската и која произлегува од ратификацијата на декларациите на Обединетите нации. – На денешен ден, на 24 октомври 1945 година, кога светот започна да ги залекува раните од тукушто завршената катастрофална Втора светска војна, со објавата на Повелбата на народите се роди организацијата на Обединетите нации. Организација, која на сите народи им донесе надеж за подобра иднина и за мир во светот. И денеска 76 години подоцна Обединетите нации и сите нејзини агенции, сите луѓе вклучени во програмите на организацијата на народите, сѐ уште ја одржуваат и ја шират таа иста надеж дека секој конфликт има мирна разрешница и дека секое прашање од животна важност за сите луѓе на светот, има одговор кога сите народи се обединети, вели Заев. Тоа се вредности околу кои се обединуваат сите прогресивни сили во светот и кои повикуваат и денеска кога славиме 76 години од основањето на ОН, да продолжиме да ги шириме надежта и уверувањето дека заедно имаме одговор на сите современи предизвици и дека никој нема да биде запоставен, додава Заев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-vrednostite-na-oon-ostanuvaat-vechni-i-aktuelni/feed/ 0
ОН: Во Сирија се уапсени, киднапирани или исчезнати над 100 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-vo-sirija-se-uapseni-kidnapirani-ili-ischeznati-nad-100-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-vo-sirija-se-uapseni-kidnapirani-ili-ischeznati-nad-100-lica/#respond Thu, 08 Aug 2019 07:26:36 +0000 https://kurir.mk/?p=227542

За време на осумгодишниот конфликт во Сирија,  повеќе од 100.000 луѓе се уапсени, киднапирани или исчезнати, соопшти потсекретарката на ОН за политички прашања Розмари Ди Карло, додавајќи дека за тоа во голема мерка е одговорна сириската влада. Таа, исто така, ги повика завојуваните страни да го прифатат повикот на Советот за безбедност на ОН и да ги ослободат сите оние кои биле произволно приведени или уапсени, како и да им дадат на семејствата информации за своите најблиски, како што налага меѓународното право. Ди Карло ја повтори поканата на генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш -ситуацијата во Сирија да биде разгледана од страна на Меѓународниот кривичен суд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-vo-sirija-se-uapseni-kidnapirani-ili-ischeznati-nad-100-lica/feed/ 0