ООУ „Киро Глигоров“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 May 2022 12:35:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ООУ „Киро Глигоров“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Фудбалското игралиште во ООУ „Киро Глигоров“ нема да се дава под закуп https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/fudbalskoto-igralishte-vo-oou-kiro-gligorov-nema-da-se-dava-pod-zakup/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/fudbalskoto-igralishte-vo-oou-kiro-gligorov-nema-da-se-dava-pod-zakup/#respond Mon, 30 May 2022 12:35:23 +0000 https://kurir.mk/?p=683585

Фудбалското игралиште во училишниот двор на ООУ „Киро Глигоров“, кое училиштето со договор го отстапи на користење на приватна компанија, ќе остане во постојната состојба и нема да се дава под закуп. Овој заклучок произлезе од денешната средба помеѓу градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и претставниците на компанијата која го имаше склучено договорот за отстапување на користење на игралиштето. Иако постапката за отстапување на фудбалското игралиште од страна на училиштето е целосно законска и преземени се сите неопходни чекори за склучување на договорот, игралиштето нема да се дава под закуп. „По одржаните состаноци и во консултација со органите на училиштето и закупецот на просторот, заеднички одлучивме игралиштето да го задржиме во постојната состојба, односно да се раскине договорот и да биде отворено цело време за да може децата слободно да го користат“, изјави градоначалникот Герасимовски. Мојата идеја, изјави Герасимовски, е да помогнеме и да најдеме решение за состојбите со зголемените режиски трошоци, но сепак примарен интерес е да овозможиме среќно детство и непречено користење на игралиштето на децата кои посетуваат настава во најубавото училиште во државата, гордоста на Општина Центар - ООУ „Киро Глигоров“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/fudbalskoto-igralishte-vo-oou-kiro-gligorov-nema-da-se-dava-pod-zakup/feed/ 0