опаѓа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 20 May 2020 07:43:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png опаѓа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Опаѓа бројот на починати од коронавирус во Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/opagja-brojot-na-pochinati-od-koronavirus-vo-turcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/opagja-brojot-na-pochinati-od-koronavirus-vo-turcija/#respond Wed, 20 May 2020 07:43:13 +0000 https://kurir.mk/?p=348126

Во Турција во изминатите 24 часа од коронавирус починале 28 лица, со што продолжи трендот на опаѓање на бројот на починати, додека бројот на новозаразените се зголеми за 1.022, рече министерот за здравство Фахретин Коца. Тој на својот профил на Твитер наведе дека вкупниот број на починати е 4.199, а од 11 март има вкупно 151.615 заразени, пренесува АП. Министерот исто така соопшти дека има намалување на бројот на пациенти на одделенијата за интензивна нега, додека бројот на излечени се зголеми на 112.895. Во тек е четиридневна забрана за патување во 15 турски провинции, вклучувајќи го и Истанбул. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот изјави дека се надева оти националната забрана за движење, што ќе биде воведена за време на Рамазанскиот бајрам ќе биде последна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/opagja-brojot-na-pochinati-od-koronavirus-vo-turcija/feed/ 0
Во Иран олеснети рестриктивните мерки, бројот на починати и понатаму паѓа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-iran-olesneti-restriktivnite-merki-brojot-na-pochinati-i-ponatamu-pagja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-iran-olesneti-restriktivnite-merki-brojot-na-pochinati-i-ponatamu-pagja/#respond Thu, 23 Apr 2020 17:14:41 +0000 https://kurir.mk/?p=336284

Животот во Иран полека се враќа во нормални текови откако се олеснети рестриктивните мерки воведени во борбата против коронавирусот. Дневниот пораст на бројот на починати од Ковид-19 во земјата во претходните 24 часа беше под 100. Откако Владата одлучи да ги ублажи мерките воведени со цел борба против епидемијата, во Иран се отворени продавниците, пазарите и парковите, а повторно е воспоставен и меѓуградскиот сообраќај. Училиштата и универзитетите се уште се затворени, а јавните собирања се забранети. Во последните 24 часа во Иран од Ковид-19 починале уште 90 луѓе, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 5.481. Од 14 април бројот на смртни случаи во Иран на дневно ниво не надминува 100. Вкупниот број на заразени во земјата изнесува 87.026, соопшти Министерството за здравство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-iran-olesneti-restriktivnite-merki-brojot-na-pochinati-i-ponatamu-pagja/feed/ 0
Во Србија продолжува да опаѓа бројот на заразени и да се зголемува бројот на оздравени https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-prodolzuva-da-opagja-brojot-na-zarazeni-i-da-se-zgolemuva-brojot-na-ozdraveni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-prodolzuva-da-opagja-brojot-na-zarazeni-i-da-se-zgolemuva-brojot-na-ozdraveni/#respond Wed, 22 Apr 2020 14:11:49 +0000 https://kurir.mk/?p=335663

Србија досега има евидентирано 7114 заразени лица со коронавирус, 134 починати и 1025 излечени лица, јави дописникот на МИА од Белград. Во изминатите 24 часа, тестирани се 3.281 лица, од кои бројот на позитивни на вирусот и понатаму се намалува и тој изнесува 224 лица, со што вкупно во Србија со Ковид 19 заразени се 7.114 лица, изјави на владината прес конференција министерот за здравство Златибор Лончар. Вкупниот број тестирани лица заклучно со денес во Србија изнесува 48.636 лица, а досега се излечени 1.025 пациенти. Се намалува и бројот на хоспитализирани во Ковид болниците, каде се сместени 3266 пациенти, од кои со влошена клиничка слика на респиратор се ставени -103 лица. Во изминативе 24 часа регистрирани се четири нови смртни случаи, тројца мажи и една жена, со што вкупниот број на починати се искачи на 134 лица, со процент на смртноста од 1,88 отсто, изјави Лончар. Се намалува и вкупниот број на здравствени работници кои се позитивни на вирусот во Србија и тој изнесува 622 лица, од кои 420 се наоѓаат на болничко лечење. Во геронтолошките центри позитивни на вирусот се 493 лица, како и 111 вработени. Членот на кризниот штаб и директор на Инфективната клиника во Клиничкиот центар во Белград, д-р Горан Стевановиќ, денешните резултати ги оцени како добри, кои влеваат надеж. -Ова се добри резултати, благодарејќи пред се на мерките. Имаме се помалку заболени, но не смееме да се залажуваме, бидејќи работата сеуште не е завршена. Уште е потребен временски период за да се одржи ваквата состојба, како и понатамошно спроведување на мерките, изјави Стевановиќ. Премиерката Ана Брнабиќ изјави денес дека по пандемијата со коронавирусот, фокусот на Србија ќе остане на натамошно зајакнување на здравствениот систем, особено на е-здравството и целокупната дигитализација на здравствениот систем. Денеска и во наредните денови учениците од завршните одделенија прават онлајн проба на малата матура. Во Србија која се наоѓа во седмата недела од борбата со коронавирусот, денес е на сила полицискиот час кој трае од 18 до 5 часот, а се најавува дека следниот викенд тој ќе биде скратен и ќе трае од сабота од 13 часот до понеделник во 5 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-prodolzuva-da-opagja-brojot-na-zarazeni-i-da-se-zgolemuva-brojot-na-ozdraveni/feed/ 0
Во Србија опаѓа бројот на заразени од коронавирус, се зголемува бројот на оздравени https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-opagja-brojot-na-zarazeni-od-koronavirus-se-zgolemuva-brojot-na-ozdraveni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-opagja-brojot-na-zarazeni-od-koronavirus-se-zgolemuva-brojot-na-ozdraveni/#respond Tue, 21 Apr 2020 14:35:33 +0000 https://kurir.mk/?p=335127

Србија досега има евидентирано 6.890 заразени лица со коронавирус, 130 починати и 977 излечени лица, јави дописникот на МИА од Белград. Во изминатите 24 часа, тестирани се 3.543 лица, од кои бројот на позитивни на вирусот се намалува и тој изнесува 260 лица, со што вкупно во Србија со Ковид 19 заразени се 6.890 лица, изјави на владината прес конференција министерот за здравство Златибот Лончар. Вкупниот број тестирани лица заклучно со денес во Србија изнесува 45.355 лица, а досега се излечени 810 пациенти. Се намалува и бројот на хоспитализирани во Ковид болниците, каде се сместени 3.660 пациенти, како и бројот на пациенти со влошена клиничка слика кои се ставени на респиратор-101 лице. Во изминативе 24 часа регистрирани се пет нови смртни случаи, двајца мажи и три жени, со што вкупниот број на починати се искачи на 130 лица, изјави Лончар. Вкупниот број на здравствени работници кои се позитивни на вирусот во Србија изнесува 656 лица, од кои 430 се наоѓаат на болничко лечење. Во Социјалните установи и домовите за стари лица, позитивни на вирусот се 489 лица, како и 98 вработени. На прес конференцијата на владиниот кризен штаб, на која од денес со одлука на владата се вратија новинарите, на прашање за коментар на изјавата на СЗО дека најтешкиот период со епидемијата допрва престои, епидемиологот Предраг Кон кажа дека „не верува да вирусот во Србија ќе исчезне за време на летниот период и дека СЗО ова го порачува пред се за земјите од јужната хемисфера“ , додека министерот Лончар изјави дека Србија ќе мора да се прилагоди да живее со вирусот. -Ќе мора да живееме со коронавирусот и не постои ниту една земја која се има вратено на периодот пред кризата. СЗО не може да предвиди, а наше е да направиме се за да ја сузбиеме пандемијата со воведените мерки, со носењето маски, ракавици, со хигиена и одржување на дистанца, и така да се прилагодиме на вирусот и да функционираме, кажа Лончар. Србија од денес ги ублажи мерките со кои полицискиот час е пократок и тој ќе важи од 18 до 5 часот, а пензионерите ќе можат да го изберат своето време за прошетка од половина час помеѓу 18 часот и 1 часот наутро, во вторник, петок и недела, најмногу шестотини метри од местото на живеење. Од денес се отвораат и зелените пазари на отворен и затворен простор со задолжителна примена на сите мерки на заштита, како и автомеханичарските и вулканизерски дуќани, чевларите, кројачите, дуќаните за хемиско чистење, училиштата за обука на возачи, книжарниците, продавниците за продажба на моторни возила, велосипеди, на техничка стока и градежен материјал. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-opagja-brojot-na-zarazeni-od-koronavirus-se-zgolemuva-brojot-na-ozdraveni/feed/ 0
Опаѓа бројот на заразени и смртни случаи од Ковид-19 во Германија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/opagja-brojot-na-zarazeni-i-smrtni-sluchai-od-kovid-19-vo-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/opagja-brojot-na-zarazeni-i-smrtni-sluchai-od-kovid-19-vo-germanija/#respond Sun, 19 Apr 2020 09:08:10 +0000 https://kurir.mk/?p=334273

Во Германија, уште 2.458 лица се заразени со коронавирусот, со што вкупниот број достигна 139.897 лица, соопшти Институтот Роберт Кох. Најновите податоци покажуваат дека бројот на заразени лица се намалува, по четиридневен континуиран раст. Исто така, намален е и бројот на смртни случаи. Според најновите податоци од Институтот Роберт Кох, пријавени се уште 184 смртни случаи, со што вкупниот број на починати достигна 4,294. Вчера имаше 242 смртни случаи, а во петокот 299 . Според универзитетот Џонс Хопкинс, Германија има стапка на смртност од 3,1 процент, додека Белгија има највисока стапка на смртност во светот, со 14,3 проценти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/opagja-brojot-na-zarazeni-i-smrtni-sluchai-od-kovid-19-vo-germanija/feed/ 0