опаѓање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 31 Oct 2022 12:17:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png опаѓање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Природен лек: Чај против опаѓање на косата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/priroden-lek-chaj-protiv-opagjanje-na-kosata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/priroden-lek-chaj-protiv-opagjanje-na-kosata/#respond Mon, 31 Oct 2022 12:17:39 +0000 https://kurir.mk/?p=753215

Копривата е една од најдобрите и најделотворните лековити билки. Целото растение е лековито, така што се користи и коренот, и листовите и семето. Копривата е богата со разни корисни состојки, калциум, фосфор, железо, витамин Ц, А, Б2 и К, каротин, пантотенска киселина и др. Копривата е најпозната како средство за прочистување на крвта и зголемување на бројот на црвените крвни зрнца. Во народната медицина се користи и за други цели како регулирање на нивото на шеќер во крвта, против заболувања на јетрата, слезинката и жолчката, против грчеви и чиреви на желудникот, за белодробни заболувања, за лечење на болести предизвикани од вирузи и бактерии и т.н. Копривата одлично делува на косата, го спречува нејзиното опаѓање и го поттикнува растот. Тинктурата од коприва посебно благотворно делува на секој тип на коса. Ако ја миете косата со чај од коприва, таа ќе биде убава и бујна, ќе го спречите паѓањето и прекумерното мрсење. 4 до 5 раце свежа или сува коприва се преливаат со 5 литра вода и се варат на тивок оган додека водата не зоврие. Се остава да стои 5 минути и потоа се користи за миење на косата. Ако се користи корен од коприва, една полна рака се остава да отстои во ладна вода преку ноќта, и наредниот ден се загрева на тивок оган додека водата не зоврие. Потоа се остава да отстои десетина минути, па се мие косата. Користете благ и квалитетен шампон и на крај убаво измијте ја косата со чајот од коприва. Исто така, одличен лек против опаѓање на косата ќе добиете и ако копривата ја смешате со жалфија и чичков корен. 25 г. коприва, 25 г. жалфија, 25 г. чичков корен се прелеваат со 3 литра вода и се варат додека водата не зоврие. Се остава да се излади, се прецедува и потоа се мие косата. Можеби најпознатиот лек од коприва против опаѓање на косата е тинктурата од коприва и алкохол, која навистина дава одлични резултати. Се подготвува едноставно: 100 грама корен од коприва убаво се мие и се става да отстои во 1 литар ракија или 70% алкохол 8 дена. Шишето ставете го на сонце. После тоа се прецедува во друго чисто шише се додаваат неколку капки рицинусово масло. Масирајте го коренот на косата секој втор ден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/priroden-lek-chaj-protiv-opagjanje-na-kosata/feed/ 0
Ѓаволското око од Македонија: Единствена структура во светот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjavolskoto-oko-od-makedonija-edinstvena-struktura-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjavolskoto-oko-od-makedonija-edinstvena-struktura-vo-svetot/#respond Tue, 22 Sep 2020 16:06:26 +0000 https://kurir.mk/?p=406881

Нашата земја е богата со интересни природни реткотсти, некои ги нема ниту на едно друго место во светот. А, имаме и таинствени места кои се исполнти со мистика и легенди. Локалитетот Цоцев Камен се наоѓа на 25 км западно од градот Кратово, на надморска височина од околу 400 м, помеѓу селата Коњух на запад и Шопско Рударе на исток, во близина на маалото Цоцевци, по кого и го добил името. Цоцев Камен е вулканска карпа која со својата специфична структура и облик се издвојува од околината. Висока е околу стотина метри и опкружена со вулкански карпи и пештери во кои се скриени трагите на живот од праисторијата. Станува збор за неолитска населба во која населението се занимавало со земјоделство и лов. Многуте видливи остатоци и предметите пронајдени во близина говорат дека карпата била духовно светилиште. Се верува дека карпата е користена за посебни ритуали, според вдлабнатините во неа, во вид на катно поставени пештери, со платоа пред нив, со камен престол, седишта, остатоци од скалила и со базени за ритуално капење. Тука биле изведувани ритуални танци со принесување жртви на боговите на виното и плодноста. Во една пештера има со црвена боја нацртани симболи на човечки, животински, геометриски и недефинирани мотиви. Источно од карпата се забележуваат исправени камења, односно мегалити или ориенти по кои се одредувала сончевата и месечевата позиција. На врвот на карпата е престолот, свртен кон исток, од каде се набљудувале сонцето, месечината и ѕвездите. Опсерваторијата се одржувала од каменото време, па во неолитот и во бронзеното време. Светилиштето се смета дека згаснало неколку века по новата ера. Вредноста на Цоцев Камен е откриена во 1971 г. Не постојат цврсти научни докази дали станува збор за праисториска мегалитска опсерваторија. Некои истражувачи сметаат дека е единствен локалитет во светот кој има и светилиште и жртвеник и опсерваторија. Постои легенда за „ѓаволското око“ на Цоцев Камен која вели дека луѓето кои живееле во пештерите биле многу сложни и работливи. На врвот живеел ѓаволот кој им наредувал, но тие не го слушале. Кога се појавиле парите, ѓаволот им рекол: „Досега јас одлучував кој да живее, а кој да се отепа, а отсега парите ќе ве командуваат и ќе ве отепуваат.“ А постои и едно пророштво, кое сѐ уште не е потврдено, дека Цоцев Камен крие огромно богатство: „Цоцев Камен е шуплив откај реката и кога врата ќе се отвори, за Македонија ќе има доволно. Копачи нема да ја отворат, туку голема вода и ќе се открие што оставил цар Македон.“ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjavolskoto-oko-od-makedonija-edinstvena-struktura-vo-svetot/feed/ 0
УНВТО: Светскиот туризам до крајот на годинава може да опадне до 80 отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unvto-svetskiot-turizam-do-krajot-na-godinava-moze-da-opadne-do-80-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unvto-svetskiot-turizam-do-krajot-na-godinava-moze-da-opadne-do-80-otsto/#respond Thu, 07 May 2020 15:48:03 +0000 https://kurir.mk/?p=343137

Меѓународниот туризам е погоден од пандемијата на коронавирусот, а до крајот на годинава бројот на меѓународни пристигнувања на туристи би можел да се намали за дури 80 проценти, проценува Агенцијата за туризам на ООН. Во првиот квартал, бројот на меѓународни туристички пристигнувања поради пандемијата веќе опадна за 22 проценти, или 67 милиони, според новиот туристички барометар на Светската туристичка организација на ООН (УНВТО). Само во март, тој беше намален за 57 проценти бидејќи многу земји воведоа ограничувања за движење и патувања. Падот на пристигнувањата во првите три месеци од оваа година значи 80 милијарди американски долари изгубен извоз, покажува студијата на УНВТО. Состојбата во туристичкиот сектор може уште повеќе да се влоши, велат од Агенцијата. Доколку се укинат ограничувањата за патувања на почетокот на јули, бројот на туристи може да падне за 58 проценти оваа година, тврди УНВТО. Ако, пак, бидат укинати на почетокот на септември, тие би паднале 70 проценти, а доколку траат до почетокот на декември, тие ќе се намалат за 78 проценти. Доколку се исполнат ваквите предвидувања, приходите на милиони луѓе кои живеат од туризмот ќе бидат доведени во прашање, велат авторите на студијата. – Светот се соочува со невидена здравствена и економска криза, изјави генералниот секретар на УНВТО, Зураб Пололикашвили. „Туризмот е сериозно засегнат и милиони работни места се изложени на ризик во сектор што е меѓу најинтензивните во економијата“, заклучува УНВТО во студијата. паг/]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unvto-svetskiot-turizam-do-krajot-na-godinava-moze-da-opadne-do-80-otsto/feed/ 0