опасада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 22 Nov 2020 11:44:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png опасада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Етиопската војска подготвува опасада на градот Мекеле во Тиграј https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etiopskata-vojska-podgotvuva-opasada-na-gradot-mekele-vo-tigraj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etiopskata-vojska-podgotvuva-opasada-na-gradot-mekele-vo-tigraj/#respond Sun, 22 Nov 2020 11:44:15 +0000 https://kurir.mk/?p=432779

Етиопската војска најави дека ќе го опколи градот Мекеле, главниот град на провинцијата Тиграј, со тенковски единици и го предупреди локалното население дека градот ќе биде под артилериски оган. Денешните извештаи во локалните медиуми наведуваат дека претставникот на етиопската армија, полковник Деџена Цагаје, оценил дека следната фаза на конфликтот е клучна. – Со тенкови ќе го опколиме Мекеле, ќе ги завршиме борбите во планинските области и ќе напредуваме на бојното поле, изјави полковникот Цегаје за државниот медиумски сервис. Конфликтот во Тиграј избувна на 4 ноември, кога силите на Народноослободителниот фронт на Тиграј извршија ненадеен напад врз позициите на етиопската армија. Двете страни потврдија дека етиопската армија го зазела градот Адиграт, 116 километри северно од Мекеле. – Досега напаѓавме само позиции на бунтовници, но тоа наскоро ќе се промени. Сакаме да испратиме порака до граѓаните на Мекеле да се спасат од артилериски напади и да се ослободат од бунтовниците. Припадниците на бунтовничките сили користат цивили како штитови и граѓаните мора да се изолираат од нив. После тоа, веќе нема да има милост, соопштија од етиопската војска. Во меѓувреме, командантот на бунтовничкиот Народноослободителен фронт на Тиграј, Дебрецион Габримајкл, изјави дека неговите сили на јужниот фронт стојат цврсто на позициите и дејствуваат околу Адиграт на север. Портпаролот на етиопската армија Редван Хусеин изјави дека бунтовниците ги онеспособиле локалните патишта, урнале мостови и минирале патишта во јужната провинција Тиграј, но тоа не ги спречило федералните сили да напредуваат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etiopskata-vojska-podgotvuva-opasada-na-gradot-mekele-vo-tigraj/feed/ 0