опасна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Feb 2023 08:50:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png опасна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Здрави намирници кои може да бидат опасни по вашето здравје https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/zdravi-namirnitsi-koi-mozhe-da-bidat-opasni-po-vasheto-zdravje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/zdravi-namirnitsi-koi-mozhe-da-bidat-opasni-po-vasheto-zdravje/#respond Fri, 03 Feb 2023 08:50:58 +0000 https://kurir.mk/?p=795554

Иако храната може да биде лек за нашето тело, има некои намирници кои треба да ги консумираме во поголема количина бидејќи можат да направат поголема штета отколку корист. Храната може да биде лек за нашето тело, но исто така може да биде и отров. Она што го внесуваме во телото има влијание на нашето здравје, како позитивно, така и негативно. Исхраната е директно поврзана со нашето здравје, па затоа е многу важно што јадеме и пиеме бидејќи тоа влијае на нашиот организам. Со кои намирници треба да внимаваме: Брокула и зелка Ако имате проблеми со штитната жлезда, избегнувајте ги овие две намирници. Спанаќ и блитва Овие две намирници треба да ги избегнуваат луѓето коишто имаат проблеми со камен на бубрезите и зголемено ниво на калциум. Цимет Циметот содржи кумарин кој им штети на бубрезите и на црниот дроб, а во поголеми количини може да го зголеми и ризикот од рак. Сирење Сирењето не само што содржи заситени масни киселини кои се лоши за срцето, туку и содржи многу сол.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/zdravi-namirnitsi-koi-mozhe-da-bidat-opasni-po-vasheto-zdravje/feed/ 0
Албанската полиција разби опасна криминална банда https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-policija-razbi-opasna-kriminalna-banda/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-policija-razbi-opasna-kriminalna-banda/#respond Sat, 22 Sep 2018 11:40:33 +0000 https://kurir.mk/?p=104497

Албанската полиција разби опасна криминална банда, осомничена за повеќе тешки кривични дела што последните месеци се случија во северниот град Скадар. Уапсени се единаесет членови на групата „Бајри“, додека по двајца се трага. Повеќето од нив се упасени во Албанија, додека неколкумина во Холандија. Нивното апсење следуваше откако вчера полицијата во Тирана го уапси Енвер Бајри, кој се смета за водач на групата. - Истрагата околу активноста на групата почна пред шест месеци. Реализирани се десетици часови прислушкувања, размена на информации со партнерите, направени се многу анализи, вршена е контрола од воздух со дрон и постојано следење. Нашата полиција соработуваше со многу колеги, но најмногу со колегите од Холандија, изјави Арди Велиу, генерален директор на албанската полиција, соопштувајќи детали за акцијата насловена „Оаз“. Според него, како тешки кривични дела за кои се товари групата, документирани се две убиства случени во Скадар, неколку обиди за убиства, како и уцени на повеќе лица со изнуда на големи суми на пари. Групата „Бајри“ во соработка со други гриминални групи, во и надвор од Албанија, вршела и недозволена трговија со дрога во европските земји по што „заработените“ средства ги инвестирале во Албанија. Полицијата запленила и неколку парчиња оружје, додека како дел од истрагата, според Велиу, во Велипоја запленет е недвижен имот, хотел и ресторан, за кои постои основано сомнение дека се изградени од средства од криминални активности. Во Скадар во последните неколку месеци се случија шест убиства, две лица се исчезнати, а регистрирани се и повеќе случаи на киднапирања со барање откуп. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-policija-razbi-opasna-kriminalna-banda/feed/ 0
Најопасната река на светот изгледа како питомо поточе: Од неа е скоро неверојатно да излезете живи (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najopasnata-reka-na-svetot-izgleda-kako-pitomo-potoche-od-nea-e-skoro-neverojatno-da-izlezete-zivi-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najopasnata-reka-na-svetot-izgleda-kako-pitomo-potoche-od-nea-e-skoro-neverojatno-da-izlezete-zivi-video/#respond Tue, 17 Jul 2018 16:21:49 +0000 https://kurir.mk/?p=77907

Кога ќе ја погледнете реката Варф која тече низ Јоркшир, никогаш не би сте помислиле дека тоа е најопасната река на светот. Ако влезете според локалните жители, шансите да загинете се сто процентни. Тие одговорно тврдат дека никој никогаш не се извлекол од смртоносната прегратка на како што личи питомата рекичка. Во неа, како што кажува локалната легенда се удавило момче кое требало да стане крал на Шкотска, но длабочините го повлекле смеѓите води на реката која пробал да ја прескокне. Реката изгледа сосем нормално, широка и спора, а потоа се врти и тече вертикално место хоризонтално, па затоа станува тесна и неверојатно длабока. Под заоблените зелени и лизгави карпи кои го опкружуваат потокот се кријат метри и метри шуплив простор исполнет со вода која вас, ако влезете, заедно со карпите просто ве сомелува. Баш таа промена на ориентацијата од хоризонтала во вертикала го продлабочила тлото и карпите и така им овозможило на водните струи да дивеат, а тоа на површината да не се гледа. Нема точни бројки колку луѓе загинале во тоа мало парче река, но се знае дека ретко кое тело може да исплива, водата ги проголтува најголемиот број. Пред осум години во реката страдало дете, кое и покрај присуството на родителите само се лизнало во водата. И покрај тоа шумата која е покрај Стрид е многу популарна за пешачење, а на секои десетина метри има предупредување како станува збор за многу опасна вода, чиј изглед лаже и на која и покрај ништо не смеете да и се приближувате. Интересно е дека тоа не е единствен „Стрид“ во Велика Британија, но е најпознат поради убавината и опасноста. -Луѓето кога размислуваат за опасните реки гледаат брзината, пената и заглушувачката бука, а не нешто што изгледа како поточе меѓу карпи, вели еден од локалните жители. Своевремено имало да спуштат и камера во реката, но нема смисла затоа што водата е смеѓа и ништо не се гледа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najopasnata-reka-na-svetot-izgleda-kako-pitomo-potoche-od-nea-e-skoro-neverojatno-da-izlezete-zivi-video/feed/ 0