опасност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Jan 2023 11:20:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png опасност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Гроси: Нуклеарната централа во Запорожје се уште е во опасност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grosi-nuklearnata-tsentrala-vo-zaporozhje-se-ushte-e-vo-opasnost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grosi-nuklearnata-tsentrala-vo-zaporozhje-se-ushte-e-vo-opasnost/#respond Fri, 20 Jan 2023 11:20:10 +0000 https://kurir.mk/?p=789685

Нуклеарната централа во Запорожје се уште е во опасна ситуација, изјави шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси. Гроси за Би-Би-Си изјави дека се обидува да преговара за безбедна зона околу централата, но нагласи дека ризикот останува. – Ние сме под огромна опасност. Постои нешто што можеме да направиме во врска со тоа. Тоа би бил голем чекор напред бидејќи е потребно високо ниво на политичка посветеност за да не се напаѓа електраната, рече Гроси, додавајќи дека е многу важно електраната да не се користи како „платформа за војската“. Гроси неодамна најави план за постојано присуство на МААЕ во сите украински нуклеарни централи. Шефот на МААЕ вчера во Киев се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски. – Му потврдив на претседателот Зеленски воспоставување на наши мисии за поддршка и помош во сите нуклеарни централи на Украина. Исто така, ги продолживме нашите дискусии за безбедносна и сигурна заштитна зона за Запорожје. Работата продолжува. Зоната е од суштинско значење за да се спречи нуклеарна несреќа, напиша Гроси на Твитер по средбата. ј]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grosi-nuklearnata-tsentrala-vo-zaporozhje-se-ushte-e-vo-opasnost/feed/ 0
Вашето тело ве предупредува на ОПАСНОСТ, а вие не сте ни свесни за тоа! Симптоми кои не смеете да ги занемарите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vasheto-telo-ve-predupreduva-na-opasnost-a-vie-ne-ste-ni-svesni-za-toa-simptomi-koi-ne-smeete-da-gi-zanemarite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vasheto-telo-ve-predupreduva-na-opasnost-a-vie-ne-ste-ni-svesni-za-toa-simptomi-koi-ne-smeete-da-gi-zanemarite/#respond Sat, 15 Oct 2022 10:10:25 +0000 https://kurir.mk/?p=745612

Стомакот е големо подрачје, а секоја болка може да биде предизвикана од повеќе причини – од бенигни до опасни. За подобар увид во можните последици, идентификувајте го точното место на вашата болка. Болката во стомакот е една од најчестите тегоби кои повремено ги погодува 90% од луѓето. Понекогаш нè плаши заради интензитетот, но самата јачина на болката не значи дека нејзината причина е сериозна и обратно – благите, но долготрајни болки може да значат хронична болест која треба да се лекува. Ако забележите болка во стомакот, во кој било дел, која трае подолго од 2 недели, појдете на лекар за да исклучите некоја посериозна дијагноза. Причина за итна посета на лекар е и долготрајната надуеност, долготрајно повраќање, пролив и крв во столицата. Болка во стомакот е секој вид болка која се чувствува во делот помеѓу градите и препоните. Со оглед на тоа дека стомакот зафаќа голем дел од телото, потребно е точно да се лоцира местото каде што боли за да може полесно да се открие причината. Пронајдете ја вашата болна точка на мапата и идентификувајте го нејзиното значење. 1.Жолчни камења, чир на желудникот, воспаление на панкреасот 2.Чир на желудникот, киселини во стомакот, лошо варење, воспаление на панкреасот, жолчни камења, епигастрична хернија (кила над папокот) 3.Чир на желудникот, чир на дванаесетпалечното црево, опструкција на жолчните патишта, воспаление на панкреасот 4.Камења во бубрезите, воспаление на мочните канали, запек, лумбална хернија – поместен диск во ‘рбетот 5.Воспаление на панкреасот, рана фаза на воспаление на слепото црево, чир на желудникот, воспаление на дебелото црево, воспаление на тенкото црево, кронова болест, умбиликална хернија (папочна кила) 6.Камења во бубрезите, дивертикуларната болест, запек, воспаление на дебелото црево 7.Воспаление на слепото црево, запек, карлична болка – гинеколошки проблеми (ендометриоза и др.), болка во препоните – ингвинална хернија (препонска кила) 8.Воспаление на мочните канали, воспаление на слепото црево, воспаление на дебелото црево, карлична болка – гинеколошки проблеми, дивертикуларна болест 9.Дивертикуларна болест, карлична болка – гинеколошки проблеми, болка во препоните – ингвинална хернија (препонска кила).]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vasheto-telo-ve-predupreduva-na-opasnost-a-vie-ne-ste-ni-svesni-za-toa-simptomi-koi-ne-smeete-da-gi-zanemarite/feed/ 0
Опасно е по живот: Родители, престанете да го правете ова кога вашето бебе е во количка! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/opasno-e-po-zivot-roditeli-prestanete-da-go-pravete-ova-koga-vasheto-bebe-e-vo-kolichka/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/opasno-e-po-zivot-roditeli-prestanete-da-go-pravete-ova-koga-vasheto-bebe-e-vo-kolichka/#respond Thu, 06 May 2021 08:30:14 +0000 https://kurir.mk/?p=506377

Најголем дел од родителите „фрлаат“ тетра пелена или ќебенце над бебешката количка во лето за да го заштитат нивното малечко од силните сончеви зраци, без да знаат дека таа постапка може да биде опасна по животот на детето. Дури и најтенката пелена ја спречува циркулацијата на воздухот и ја зголемува температурата во количката во опасни граници за бебињата, кои се многу почувствителни на топлина од поголемите деца и возрасните. Нивната телесна температура може да се зголеми 3-5 пати побрзо, што значи дека за нив е зголемен ризикот од топлотен удар, како и од Синдром на ненадејна смрт на новороденче (SIDS). Според шведскиот педијатар Сванте Норгрен, покривањето на количката не ја намалува температурата во неа, туку ја зголемува и создава топлина како во фурна. „Станува екстремно жешко во количката, нешто како термос. Исто така, има лоша циркулација на воздухот и тешко е да го набљудувате бебето со прекривка врз количката. Брзо станува неудобно и потенцијално опасно за детето“ – изјавил Сванте за весникот Svenska Dagbladet. Поттикнати од тврдењето на Норгрен, од весникот спровеле експеримент во Шведска за да проверат колку жешко може да стане во количката на бебето. Тие оставиле количка на сонце во периодот меѓу 11.30 и 13.00 часот. Без прекривка, температурата во количката била 22⁰C. Во следните 30 минути, тие ја покриле количката со тенка прекривка и температурата се зголемила на 34⁰C. А за еден час, температурата пораснала на 37⁰C. Треба да се земе предвид дека температурите во Шведска се пониски од нашите. Па, следниот пат кога ќе излегувате со вашето малечко во пролет или лето, можеби подобра варијанта е да поставите на количката чадор со УВ заштита, кој ќе му овозможи на воздухот да циркулира. Доколку сепак решите да ја покриете количката, отворете го задниот дел, каде што се наоѓа главчето на бебенцето. Експертите се едногласни дека во лето најдобро е бебињата и децата: Да не излегуваат надвор во периодот од 10 до 17 часот; Да бидат под сенка доколку температурите надвор се многу високи; Да пијат повеќе течности, особено вода; Да носат лесна облека во светли бои, а најдобро е таа да биде од памук; Да носат капа и очила за сонце; НИКОГАШ да не се оставаат сами во автомобил; Редовно да се проверуваат за зголемена телесна температура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/opasno-e-po-zivot-roditeli-prestanete-da-go-pravete-ova-koga-vasheto-bebe-e-vo-kolichka/feed/ 0
Зехофер: Во Германија е голема опасноста од исламски тероризам https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zehofer-vo-germanija-e-golema-opasnosta-od-islamski-terorizam/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zehofer-vo-germanija-e-golema-opasnosta-od-islamski-terorizam/#respond Fri, 06 Nov 2020 07:12:01 +0000 https://kurir.mk/?p=425655

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер во Бундестагот ја истакна акутната опасност од терористички напади со исламистичка заднина во Германија, но истовремено ги отфрли избрзаните барања за законски измени по терористичките напади. – Нивото на опасност од терористички напади во Германија е непроменето високо, рече министерот за внатрешни работи Зехофер за време на седница во Бундестагот посветена на заканите од исламскиот тероризам. Зехофер укажа на тоа дека само оваа година во Германија се регистрирани три терористички напади со исламистичка заднина, како и дека извршителот на нападот во Виена во понеделникот имал контакти со членови на исламистичката сцена и во Германија. – Преку случајот во Виена, имаме врски и со потенцијално опасни исламисти во Германија, рече Зехофер, не наведувајќи детали.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zehofer-vo-germanija-e-golema-opasnosta-od-islamski-terorizam/feed/ 0
Нова технологија – опасност од лажни, монтирани разголени видеоснимки https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nova-tehnologija-opasnost-od-lazni-montirani-razgoleni-videosnimki/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nova-tehnologija-opasnost-od-lazni-montirani-razgoleni-videosnimki/#respond Mon, 26 Oct 2020 09:59:40 +0000 https://kurir.mk/?p=420662

„Дипфејк“ технологијата, се чини, почна да ги покажува и своите темни страни, како што и многумина стравуваа… На интернет се појавија стручни лица, но и вештачка интелигенција која може да направи лажни, но совршено монтирани разголени снимки со чие било лице на нив. Се работи за малициозна вештачка интелигенција наречена „Дипнуд“ (DeepNude). Компанијата за дигитално разузнавање „Сензити“ објави извештај од 12 страници каде се говори за повеќе потврдени вакви случаи со видеомонтажи, како и опасноста од тоа на интернет и во интернет-подземјето да има уште десетици и стотици илјади видеа. – Ако кога било сте објавиле своја слика на социјалните мрежи, вие сте во опасност. Дури 70 отсто од лицата (на видеомонтажите) се на „обични“ непознати жени… Лажните голи видеоснимки се генерирани со помош на приватни слики објавени на социјалните мрежи, изјави Џорџо Патрини, генерален директор на „Сензити“. Жртвите на такви софистицирани видеофалсификати, најчесто жени, обично и не знаат за нив. „Дипнуд“ може да се користи за уцени, закани, но и едноставно – за креирање порносодржини со чие било лице, „залепено“ на нив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nova-tehnologija-opasnost-od-lazni-montirani-razgoleni-videosnimki/feed/ 0
Мицотакис: Опасноста од коронавирусот не помина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-opasnosta-od-koronavirusot-ne-pomina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-opasnosta-od-koronavirusot-ne-pomina/#respond Tue, 28 Jul 2020 07:46:38 +0000 https://kurir.mk/?p=382404

Сите заедно успешно се справивме со првиот бран на Ковид-19, но опасноста не помина и не треба сега, кога е лето, да се заборавиме, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку социјалните мрежи, објавувајќи ново видео со совети за заштита од коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис ги повика граѓаните да се придржуваат кон превентивните мерки, особено сега „кога Грција постепено се отвора за посетители“. -Опасноста од коронавирусот е се уште тука. И сега кога постепено ја отвораме Грција за посетители, треба да внимаваме уште повеќе. Веќе сите ги знаеме мерките на заштита од коронавирусот, но лесно е да се заборавиме. Ова не смееме да дозволиме да се случи, е дел од пораката во видеото со информативни совети, што Мицотакис го сподели на социјалните мрежи. Едноминутното видео ги потсетува Грците на основните мерки за лична заштита, често да ги мијат рацете, да не го допираат лицето, да го одржуваат потребното растојание, а доколку тоа не е можно, особено во затворени простори, да се користи маска. -Го спречуваме ширењето на коронавирусот, го заштитуваме општеството, остануваме безбедни, е пораката на крајот од видеото. (МИА)   ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-opasnosta-od-koronavirusot-ne-pomina/feed/ 0
Неверојатно! – Змија која има интересен трик за да се спаси од опасност (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/neverojatno-zmija-koja-ima-neverojaten-trik-za-da-se-spasi-od-opasnost-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/neverojatno-zmija-koja-ima-neverojaten-trik-za-da-se-spasi-od-opasnost-video/#respond Sat, 11 Jul 2020 09:38:12 +0000 https://kurir.mk/?p=373870

Научниците не можат да докажат како оваа змија го научила овој генијален трик за да се заштити од било каква закана. Таа наместо да напаѓа, глуми дека е мртва како што прават и други животни. Таа е „Источната зомби змија“. Природата има чудни примероци на флора и фауна, а оваа змија е дел од нив. Ја нарекуваат „зомби змија“, живее во Северна Америка, а официјаленo се нарекува  „Eastern hognose snake“. Кога е во опасност, за разлика од поголемиот дел змии, не напаѓа, туку се прави дека е мртва. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/neverojatno-zmija-koja-ima-neverojaten-trik-za-da-se-spasi-od-opasnost-video/feed/ 0
Костовски: Смилевски ги изложи Бутелчани на опасност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostovski-smilevski-gi-izlozi-butelchani-na-opasnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostovski-smilevski-gi-izlozi-butelchani-na-opasnost/#respond Mon, 01 Jun 2020 15:42:46 +0000 https://kurir.mk/?p=352467

Велимир Смилевски и Славјанка Петровска се во изолација, практично врвот на СДС Бутел е во излолација а само пред два дена оркестрирано не нападнаа дека ние од ВМРО Бутел не ги почитуваме препораките. Прашањето е, зошто свесно ги загрозувавте жителите на Бутел додека во ек на опасна пандемија водевте турбо кампања за пусти фотељи⁉️, прашува претседателот на ОК Бутел на ВМРО-ДПМНЕ Дарко Костовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostovski-smilevski-gi-izlozi-butelchani-na-opasnost/feed/ 0
Чибишев: Пред само две недели рековте опасноста е на највиско ниво, сега кога Заев сака брзи избори, вирусот волшебно го снема? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chibishev-pred-samo-dve-nedeli-rekovte-opasnosta-e-na-najvisko-nivo-sega-koga-zaev-saka-brzi-izbori-virusot-volshebno-go-snema/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chibishev-pred-samo-dve-nedeli-rekovte-opasnosta-e-na-najvisko-nivo-sega-koga-zaev-saka-brzi-izbori-virusot-volshebno-go-snema/#respond Mon, 04 May 2020 18:22:10 +0000 https://kurir.mk/?p=341587

Само пред две недели опасноста од епидемијата беше на најависоко можно ниво. Постоеше опасност бројот на заболени рапидно да расте и со тоа да го парализира Македонскиот здравствен систем со наплив на тешки болни кои ќе побаруваат висок степен на интенивна нега и лекување. Дури, за време на најголемиот христијански празник, Христовото воскресение Велигден, четири дена бевме во карантин. Сето тоа македонските граѓани послушно и дисциплинирано го испочитуваа и издржаа. И сега, одеднаш на волшебен начин опасноста помина, нема голем број на новозаразени и хоспитализирани, ситуацијата станува лефтерна. Затоа, Заев препорачува, да ја зграпчиме оваа прилика и да одиме на избори зошто на есен постои можност за повторна ескалација на епидемијата. Во тоа има безрезервна поддршка од најодговорниот, Министерот за здравство Филипче. Несриозно и неодговорно , драги мои. Плашите мечка со звечка. Власта е безвредна. Секој живот вреди! Фејсбук статус на доктор Андон Чибишев ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chibishev-pred-samo-dve-nedeli-rekovte-opasnosta-e-na-najvisko-nivo-sega-koga-zaev-saka-brzi-izbori-virusot-volshebno-go-snema/feed/ 0
Шпанија предупреди дека иднината на ЕУ е во опасност поради финансискиот одговор на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-predupredi-deka-idninata-na-eu-e-vo-opasnost-poradi-finansiskiot-odgovor-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-predupredi-deka-idninata-na-eu-e-vo-opasnost-poradi-finansiskiot-odgovor-na-kovid-19/#respond Wed, 08 Apr 2020 12:05:08 +0000 https://kurir.mk/?p=329169

Иднината на Европската унија е во опасност ако нема заедничко финансиско решение за справување со последиците од борбата против коронавирусот. На ова денеска предупредија двајцата шпански високи претставници откако европските министри за финансии не успеаја да постигнат договор за издавање заеднички обврзници. Портпаролот на Владата во Мадрид, Марија Хесус Монтеро, рече дека Европејците ќе започнат да ја губат довербата во ЕУ доколку не дејствува заедно во кризата што ја спореди со Втората светска војна. – Ни треба помош од други земји, и затоа и првично беше формирана Европската заедница, во тоа време по физичка војна, сега се бориме против епидемија, рече таа во интервју за телевизијата Антена 3. Министерот за земјоделство, Луис Планас, ја повтори оваа загриженост. – Ова е главно прашање во врска со иднината на Европската унија, рече тој за „Суд радио“. Сепак, двајцата исто така рекоа дека се оптимисти оти понатамошните преговори на крајот ќе дадат позитивни резултати, иако министрите за финансии на ЕУ ноќеска не успеаја да постигнат договор и ги прекинаа состаноците до утре. ј]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-predupredi-deka-idninata-na-eu-e-vo-opasnost-poradi-finansiskiot-odgovor-na-kovid-19/feed/ 0