опера – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 16 Jul 2023 09:12:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png опера – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Лидија од Македонија“ во Национална опера и балет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/lidija-od-makedonija-vo-natsionalna-opera-i-balet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/lidija-od-makedonija-vo-natsionalna-opera-i-balet/#respond Sun, 16 Jul 2023 09:35:50 +0000 https://kurir.mk/?p=857117

Македонската опера „Лидија од Македонија“ од композиторот Ристо Аврамовски ќе биде изведена вечерва во Националната опера и балет со почеток во 20 часот. Диригент на претставата е Иван Еминовиќ, режисер Пламен Карталов (Бугарија), обновата на режијата е на Трајко Јордановски, сценографијата е на Панче Минов, а костимографијата на Елена Дончева. Во главните улоги ќе настапат Наде Талевска Спасовска во улогата на Лидија, Игор Дурловски во улогата на Павле, Драган Ампов во улогата на Силас, Марјан Николовски / Никола Стојчевски во улогата на Тимотеј, Васко Здравков во улогата на Ангелот човек, Ана Ројдева Талевска / Катерина Стојановска -Асиа, Александра Лазаровска – Василевски / Елена Голомеова – Агиа и Марика Поповиќ / Соња Пендовска Мадевска – Дина. Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет. Операта „Лидија од Македонија“ е опера во два дела. Создадена е во 2001 година, по нарачка од тогашниот Македонски народен театар. Либретото го направиле Гиј Шелеи и Дора Петрова (Франција) во препев на Лилјана и Јордан Плевнеш. Се работи за првата покрстена жена на европскиот простор од свети апостол Павле, која се викала Лидија и била од Македонија. Се обработуваат настани што се случиле во тоа време и претставува библиска тема. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/lidija-od-makedonija-vo-natsionalna-opera-i-balet/feed/ 0
Операта „Кавалерија рустикана“ вечер во НОБ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/operata-kavalerija-rustikana-vecher-vo-nob/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/operata-kavalerija-rustikana-vecher-vo-nob/#respond Fri, 11 Nov 2022 06:32:44 +0000 https://kurir.mk/?p=758862

Во Националната опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведена операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи во режија на Џандоменико Вакари од Италија. Ќе настапат солистите Благица Поп Томова, Зоран Сотиров, Борис Трајанов, Николина Јаневска и Марика Поповиќ, хорот и оркестарот на НОБ. Диригент е Иван Еминовиќ, сценограф Зоран Николовски, костимограф Елена Дончева, концерт-мајстор Јане Бакевски, хор-мајстор – Ѓургица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска. -„Кавалерија рустикана“ е меѓу најомилените и најизведуваните оперски наслови до ден-денес на светските оперски сцени. Операта раскажува трагична приказна за љубовниот триаголник, за традицијата која се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата…, наведува НОБ во најавата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/operata-kavalerija-rustikana-vecher-vo-nob/feed/ 0
Изведба на оперската претстава „Аида“ и промоција на монографијата „50 години Мајски оперски вечери“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izvedba-na-operskata-pretstava-aida-i-promocija-na-monografijata-50-godini-majski-operski-vecheri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izvedba-na-operskata-pretstava-aida-i-promocija-na-monografijata-50-godini-majski-operski-vecheri/#respond Tue, 31 May 2022 06:03:24 +0000 https://kurir.mk/?p=683950

Во фоајето на Националната опера вечерва ќе се одржи промоцијата на монографијата „50 години Мајски оперски вечери“ од д-р Александар Трајковски. Монографијата го обработува петдеценискиот развоен пат на единствената оперска манифестација во регионов и пошироко. Промотор на монографијата е м-р Весна Малјановска. Вечер со почеток во 20 часот, оперската претстава „Аида“ од Џузепе Верди, традиционално ќе го затвори 50. јубилејно издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Спојот на традицијата со визуелната иновација, преточена преку футуристичката виртуелна сценографија ќе ја одведат публиката на патување низ древниот Египет раскажувајќи приказна за љубовта. „Аида“, магичното ремек-дело на Џузепе Верди ќе се изведе под диригентската палка на Оливер Балабурски, уметник со кариера од над 28 години. Во продукција на театарот Карло Феличе од Џенова, Италија, претставата на сцената на Националната опера и балет ја пренесе и адаптира Дејан Прошев. Кореографијата е на Луиза Балдинети (Италија), концерт-мајстор е Климент Тодороски, а хор – мајстори се Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска. Улогите ги толкуваат: Сања Керкез од Србија (Аида), Виталиј Ковалчук од Украина (Радамес), Сања Анастасија од Србија (Амнерис), Владимир Саздовски (Рамфис), Игор Дурловски (Фараон), Отар Накашидзе од Грузија (Амонсаро), Катерина Стојановска (Главна свештеничка), Дејан Стоев (Гласник), балетски солист Ивана Коцевска, хорот и оркестарот на Националната опера и балет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izvedba-na-operskata-pretstava-aida-i-promocija-na-monografijata-50-godini-majski-operski-vecheri/feed/ 0
„Турандот“ во Националната опера и балет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/turandot-vo-nacionalnata-opera-i-balet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/turandot-vo-nacionalnata-opera-i-balet/#respond Wed, 09 Feb 2022 06:53:04 +0000 https://kurir.mk/?p=628934

Операта „Турандот“ од Џакомо Пучини вечер ќе биде изведена во Националната опера и балет. Диригент е Бисера Чадловска, а режијата, сценографијата и костимографијата се на Џанкарло дел Монако. Кореографијата е на Саша Евтимова, а концерт мајстор – Јане Бакевски. Настапува врвна домашна солистичка екипа: Весна Ѓиновска Илкова, Ѓорѓи Цуцковски, Злата Тошевска, Владимир Саздовски, Јане Дунимаглоски, Дејан Стоев, Диме Петров, Мирослав Антовски, хорот, оркестарот и балетскиот ансмбл на Националната опера и балет. „Турандот“ е опера во три чина од Џакомо Пучини. Напишана е по либретото на Џузепе Адами и Ренато Симони, а базирана на адаптацијата на Фридрих Шилер на драмата „Турандот“ од Карло Гоци. Пучини умира недовршувајќи ја операта, која што подоцна е завршена од Франко Алфано. Одликувајќи се со „невообичаен“ музички материјал, во кој предничи иновативната употреба на хорот и оркестарот, стилот на Пучини во ова оперско дело е особено препознатлив во широките, експресивни мелодии. „Турандот“ изобилува со моменти на восхитувачка мелодиска убавина, која особено доаѓа до израз во незаборавната тенорска арија, една од најубавите во оперската литература, „Никој не спие“(Nessun dorma).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/turandot-vo-nacionalnata-opera-i-balet/feed/ 0
Изведена прва опера во Туркменистан по 19 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izvedena-prva-opera-vo-turkmenistan-po-19-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izvedena-prva-opera-vo-turkmenistan-po-19-godini/#respond Wed, 20 Nov 2019 07:12:54 +0000 https://kurir.mk/?p=266340

Туркменистан, авторитарната и затворена земја во Централна Азија, синоќа ја поздрави својата прва странска опера, Палјачи, по скоро 19-годишна забрана заради која таа уметничката форма ја сметаше за некомпатибилна со туркменскиот менталитет. Националниот театар во Ашгабат беше полн со гледачи за оваа позната опера од италијанскиот композитор Руџер Леонкавало. Во рамки на „меѓународен фестивал на културата“ беа одржани и други претстави. Режисерот на операта Даниеле де Плано прецизираше дека операта „Паљачи“ се прикажува како дел од програмата за културна размена меѓу Италија и поранешна советска република. „Се надевам дека ова е почеток на новата пат направен од најблиските врски помеѓу Туркменистан и операта, особено италијанската опера“, додаде тој. Првиот претседател на независен Туркменистан, Сапарамурат Нијазов, кој почина во 2006 година, забрани странски опери и балети во 2001 година, во обид да ја заштити туркменската култура. Туркменистанците сметаат дека тие форми на уметност се тесно поврзани со периоди на руска и советска доминација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izvedena-prva-opera-vo-turkmenistan-po-19-godini/feed/ 0
По скандалозните обвинувања, Пласидо Доминго си поднесе оставка https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/po-skandaloznite-obvinuvanja-plasido-domingo-si-podnese-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/po-skandaloznite-obvinuvanja-plasido-domingo-si-podnese-ostavka/#respond Thu, 03 Oct 2019 08:21:42 +0000 https://kurir.mk/?p=247378

Оперската ѕвезда Пласидо Доминго поднесе оставка од местото генерален директор на Операта во Лос Анџелес по обвинувањата за сексуално вознемирување. Во соопштението издадено вчера, Доминго вели дека обвинувањата создале „атмосфера во која мојата спсобност за работа во оваа куќа која толку многу ја сакам, беше загрозена“. Управниот одбор наведе дека Доминго настапил повеќе од 300 пати во 31 улога. На позицијата генерален директор тој беше од 2003 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/po-skandaloznite-obvinuvanja-plasido-domingo-si-podnese-ostavka/feed/ 0
Евакуирана познатата опера во Сиднеј https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuirana-poznatata-opera-vo-sidnej/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuirana-poznatata-opera-vo-sidnej/#respond Tue, 23 Apr 2019 09:50:46 +0000 https://kurir.mk/?p=190198

Познатата опера во Сиднеј е евакуирана, а околните улици се затворени, поради истекување на гас во зградата. Според австралиските медиуми евакуирани се над 500 луѓе од зградата на операта, а на лице место веднаш пристигнале противпожарни екипи и спасувачки тимови. Исто така константно се мери нивото на гас во воздухот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuirana-poznatata-opera-vo-sidnej/feed/ 0
„Турандот“ на Пучини во МОБ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/turandot-na-puchini-vo-mob/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/turandot-na-puchini-vo-mob/#respond Fri, 01 Mar 2019 07:11:10 +0000 https://kurir.mk/?p=169675

Операта „Турандот“, епската кинеска бајка на Џакомо Пучини во режија на Џанкарло дел Монако,  вечер од 20 часот е повторно на сцената на Македонската опера и балет. Во насловната улога е сопранистката Весна Ѓиновска-Илкова, а во солистичката екипа се и: Ѓорѓи Цуцковски, Сандра Митровска, Владимир Саздовски, Момчил Караиванов од Бугарија, Кристијан Антовски, Дејан Стоев, Диме Петров, Марјан  Николовски. Настапуваат хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ. Режисерот Дел Монако е и сценограф и костимограф на претставата, диригент е Иван Еминовиќ, а кореографијата е на Саша Евтимова. „Турандот“ е опера во три чина. Пучини починал и не ја недовршил и подоцна е  завршена од Франко Алфано. Напишана е по либретото на Џузепе Адами и Ренато Симони, а базирана на адаптацијата што  ја направил Фридрих Шилер на драмата „Турандот“ од Карло Гоци. МОБ посочува дека оваа опера на Пучини се одликува со музички материјал во кој предничи иновативната употреба на хорот и оркестарот. -„Турандот“ изобилува со моменти на восхитувачка мелодиска убавина, која особено доаѓа до израз во незаборавната тенорска арија „Никој не спие“ (Nessun dorma), една од најубавите во оперската литература, наведува МОБ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/turandot-na-puchini-vo-mob/feed/ 0
Вердиевата „Аида“ ги затвора 46. Мајски оперски вечери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/verdievata-aida-gi-zatvora-46-majski-operski-vecheri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/verdievata-aida-gi-zatvora-46-majski-operski-vecheri/#respond Thu, 31 May 2018 06:00:10 +0000 https://kurir.mk/?p=60339

Со операта „Аида“ на Џузепе Верди вечер ќе завршат 46. Мајски оперски вечери. Во насловната улога на операта, со која традиционално се затвора фестивалот, годинава ќе настапи  сопранистката Ана Лукреција Гарсија од Венецуела. Режисер е Дејан Прошев, кореограф Снежана Филиповска, а диригент Бисера Чадловска. Во приказната за љубовниот триаголник меѓу робинката Аида, командирот на војската Радамес и принцезата Амнерис ќе учествуваат и Валтер Фракаро од Италија и Софија Јанелидзе од Грузија. Во останатите улоги се првенците на МОБ - Владимир Саздовски, Невен Силјановски, Марјан Јовановски, Александара Лазаровска Василевски и Марјан Николовски. На оперската изведба ќе претходи  ретроспектива на достигнувања во оперската уметност на примадоната Данка Фирфова по повод 100 години од нејзиното раѓање. Таа е доајен и една од најмаркантните личности во музичката историја на Македонија, која припаѓа во редот на првите македонски драмски сопрани. Мајските оперски вечери годинава беа во знакот на 160 години од раѓањето на италијанскиот композитор Џакомо Пучини и се одржаа под мотото „Го славиме Пучини“. Фестивалот почна на 9 мај со неговата опера „Боеми“, а беа изведени и „Тоска“ и „Турандот“. На годинашните Вечери гостуваше и претставата „Змејот од Босна“ од Националната опера на Босна и Херцеговина и имаше два гала-концерта - „Балетски бисери“ и „Пучини&Росини“, како и придружна програма со изложби и промоции на книги. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/verdievata-aida-gi-zatvora-46-majski-operski-vecheri/feed/ 0