оператори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 23 Jun 2020 11:00:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png оператори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 АЕК постапува за прекршувањето на ЗЕК од операторите, можат да реагираат и граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aek-postapuva-za-prekrshuvanjeto-na-zek-od-operatorite-mozat-da-reagiraat-i-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aek-postapuva-za-prekrshuvanjeto-na-zek-od-operatorite-mozat-da-reagiraat-i-gragjanite/#respond Tue, 23 Jun 2020 11:00:31 +0000 https://kurir.mk/?p=361423

За прекршените одредби од Законот за електронски комуникации со прекинот на емитувањето на ТВ прогамите од страна на операторите постапува Агенцијата за електронски комуникации како надлежна институција, а постои можност и за реакција од граѓаните со поплака до АЕК, вели министерот за инфирматичко општетсво и администрација Дамјан Манчевски. Одговарајќи на новинарско прашања денеска на прес-конференција Манчевски потенцираше дека со завчерашниот едночасовен прекин на реемитувањето на ТВ програмите беа прекршени одредбите од Законот  за електронски комуникации за што е надлежна Агенцијата за електронски ккомуникации. -Според моите информации таму се постапува  и ќе бидат спроведени сите мерки коишто  се согласно законот.  Тоа е во однос на реакциите на институциите. Граѓаните секогаш како претплатници за било што сметаат дека е прекршување на условите  од претплатничкиот договор што тие го имаат со операторите исто така може да се обратат до АЕК каде што има посебен сектор за поплаки од страна на  корисниците коишто ги процесуираат  овие поплаки.  Се работи за две реакции една институционална и таа не исклучува и е во тек и втората е онаа што граѓаните  дополнитлено сами можат да ја покренат, наведе Манчевски. Кабелските оператори завчера го прекинаа емитувањето на ТВ програмите во траење од еден час во знак на протест од, како што соопштија, наметнати неуставни обврски во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги да гарантираат за авторските права на програмите кои само ги реемитуваат и за тоа да сносат кривична и материјална одговорност. Петте национални телевизии  оценија дека прекинот на програмите е самоволие и тешко кривично дело.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aek-postapuva-za-prekrshuvanjeto-na-zek-od-operatorite-mozat-da-reagiraat-i-gragjanite/feed/ 0
Владата попушти пред притисокот на операторите, продолжен рокот за пререгистрација на програмите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-popushti-pred-pritisokot-na-operatorite-prodolzen-rokot-za-preregistracija-na-programite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-popushti-pred-pritisokot-na-operatorite-prodolzen-rokot-za-preregistracija-na-programite/#respond Tue, 23 Jun 2020 10:24:51 +0000 https://kurir.mk/?p=361392

Владата на вчерашната седница донесе измени и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредна состојба, со која се утврдува дека временскиот период во кој операторите беа должни да извршат пререгистрација на програмските сервиси кои ги реемитуваат, од 60 дена е продолжен на 150 дена.

Овој рок, како што соопштија под Владата, е продолжен со цел да ја исполнат обврската и да ја достават соодветно пропишаната документација до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги која треба да ја прибават од странски радиодифузери. Дополнително, а заради обезбедување на соодветни услови за информирање на јавноста во овој период на прогласена пандемија, со оваа Уредба е определена обврска за задолжително реемитување на програмските сервиси кои се веќе пријавени кај надлежниот регулатор од страна на операторите. На ред се приватните ТВ медиуми...
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-popushti-pred-pritisokot-na-operatorite-prodolzen-rokot-za-preregistracija-na-programite/feed/ 0
Манчевски за денеска најави средби за прекинот на ТВ програмите од операторите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manchevski-za-deneska-najavi-sredbi-za-prekinot-na-tv-programite-od-operatorite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manchevski-za-deneska-najavi-sredbi-za-prekinot-na-tv-programite-od-operatorite/#respond Mon, 22 Jun 2020 10:25:12 +0000 https://kurir.mk/?p=360775

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски најави дека во текот на денов ќе има средби со засегнатите страни во однос на исклучувањето на емитувањето на телевизиските канали што го направија синоќа операторите. Според Манчевски, новите настани и информации му даваат оптимизам за надминување на проблемот. -Во текот на денот ќе имаме комуникација на оваа тема со сите заинтересирани страни. Јас би почекал во текот на денот да видиме како ќе се одвива ситуцијата. Јас и вчера напишав на Фејсбук и издадовме соопштение од Министерството дека се работи за прекршување на членови од Законот за електронски комункации.  Без разлика денес ќе оствариме неколку средби со заинтересираните страни за да видиме што и да се случува да не биде на грбот на граѓаните како што тоа беше вчера,  изјави Манчевски при посетата на канцеларијата „Една точка за услуги“ во Тетово што денеска и официјално почнува со работа. Манчевски потенцираше дека Агенцијата за електронски комуникации како регулаторно тело е надлежно за евентуални постапки кон операторите што вчера го исклучија емитувањето на телевизиските канали]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manchevski-za-deneska-najavi-sredbi-za-prekinot-na-tv-programite-od-operatorite/feed/ 0
Операторите најавија времен прекин на телевизиските програми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/operatorite-najavija-vremen-prekin-na-televiziskite-programi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/operatorite-najavija-vremen-prekin-na-televiziskite-programi/#respond Fri, 19 Jun 2020 13:01:45 +0000 https://kurir.mk/?p=359901

Македонските оператори денеска соопштија дека од 21 јуни (недела) времено ќе го прекинат реемитувањето на сите ТВ програми, освен на МРТВ, во знак на протест поради, како што посочуваат, наметнати неуставни обврски во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги. – Ја информираме јавноста дека сме принудени да почнеме со времени прекини во реемитувањето на сите телевизиски програми, освен јавниот сервис МРТ од 21 јуни, 2020. Ова се должи на измената на законската и подзаконската регулатива во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги, со која на операторите им се наметнуваат неуставни обврски. На овој начин сакаме да го подигнеме нивото на свесност за сериозноста на ова прашање кај пошироката јавност, особено нашите крајни корисници кои ќе бидат најмногу погодени од актуелното законско решение. И покрај сите напори, реакции и отвореност за соработка, во интерес на корисниците, состојбата со реемитување на телевизиски канали нема решение туку сѐ повеќе се комплицира, се наведува во соопштението, а одлуката за времени прекини ја поддржале сите оператори кои се дел од Здружението на ИКТ при Стопанската комора на Македонија. – Причината за ваквиот чекор е усвојувањето на измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни услуги по скратена и нетранспарентна постапка, без претходна консултација и расправа. Со овој Закон, на сите оператори им се наметнува обврска да гарантираат за авторските права на програмите кои само ги реемитуваат и за тоа да сносат кривична и материјална одговорност. Реемитувањето на програми и авторските права е согласно ЕУ стандардите и е веќе уставно регулирано со закон. Дополнително, на 29.05.2020, во време на вонредна состојба, донесена е Уредба со која законот е надополнет со уште една обврска на штета на операторите и корисниците која го доведува во прашање натамошното реемитување на телевизиски содржини преку нашата јавна електронска комуникациска мрежа. Оваа Уредба им наметнува обврска на операторите за пререгистрација на веќе регистрираните странски канали во рок од 60 дена, се навдува во соопштението. Сите оператори, се додава, по истекот на овој период, односно на 08.08.2020 ќе треба да ги исклучат странските канали кои ги реемитуваат, поради регулативата која од една страна бара нивна пререгистрација под нови услови без оправдани причини, а од друга страна бара изјави со кои под морална и кривична одговорност операторите би одговарале за нешто за што немаат законска должност ниту пак моќ да го контролираат. – Со оглед на сериозноста на ситуацијата, сметаме дека треба да бидеме транспарентни кон корисниците и јавноста и да алармираме за потенцијалната можност за целосно згаснување на платформите за реемитување на програмските содржини од 8.08.2020 година. Како и до сега отворени сме за соработка и понудивме предлог за измена Законот и на подзаконските акти кои доколку се прифатат ќе добиеме прифатливо решение што ќе го превенира потенцијалниот медиумски и информативен мрак, наведуваат операторите. Сите корисници кои ќе бидат афектирани од оваа одлука ќе бидат обештетени со соодветно намалување на месечната претплата, најавуваат операторите, кои додаваат дека ќе преземат сè во наша моќ да се најде решение, со што ќе се избегнат натамошни штети и ќе се заштитат корисниците и целата јавност. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/operatorite-najavija-vremen-prekin-na-televiziskite-programi/feed/ 0
ИНРЕКОМ: Манчевски наложува операторите да воведат медиумски мрак во ек на пандемија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inrekom-mioa-nalozuva-operatorite-da-vovedat-mediumski-mrak-vo-ek-na-pandemija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inrekom-mioa-nalozuva-operatorite-da-vovedat-mediumski-mrak-vo-ek-na-pandemija/#respond Wed, 01 Apr 2020 10:40:19 +0000 https://kurir.mk/?p=325495

Институтот за развој на електронски комуникации најостро реагира на дописот од страна на Министерството за информатичко општество и администрација, а воедно и целосно го осудува обидот за воведување на медиумски мрак. Недозволиво е во ек на пандемија и препораки од домашните власти и светските организации да се остане дома, Министерот за информатичко општество да бара операторите да ги исклучат каналите што ги нудат бесплатно на своите корисници, нешто што е првенствено направено за добробит на граѓаните кои остануваат дома за време на изолацијата наметната од корона-вирусот. Иронично, иако Министерството на почетокот од дописот ги поздравува добрите намери на операторите со кои им помагаат на граѓаните да останат дома, на крајот упатува индиректна закана до операторите во која се вели дека доколку ситуацијата остане иста односно не се исклучат каналите, Владата ќе донесе уредба (со законска сила н.з.) со цел да се промени праксата или во превод ќе ги примора операторите да ги исклучат каналите. Скандалозните законски измени на Законот за АВМУ, донесени пред самораспуштање на Собранието, ги предизвикаа сите оператори да упатат протест преку најава за исклучување на сите канали освен МРТ, по што следуваа преговори со Владата. За штетните одредби од овој Закон и далекусежните последици од истиот, ИНРЕКОМ предупреди пред самораспуштање на македонското Собрание ги повика народните избраници да не ги донесуваат законските измени со кои се воведоа правила кои не беа применливи во пракса. Повеќе за коментарот, на следниот линк. Од дописот на МИОА, се наметнува прашањето, дали Владата злоупотребувајќи ја вонредната состојба која им дава надлежност за донесување на одлуки со Законска сила, сега покажува мускули кон операторите кои претходно легитимно протестно се заканија со исклучување на сите канали? Дали Владата свесно или несвесно работи на штета на граѓаните како крајни корисници кои треба да останат дома во време кога царува пандемијата на КоВид-19?! Институтот бара Владата и Министерството да покажат рацио и да не преземаат чекори кон донесување на уредби со што операторите би биле приморани да ги исклучат каналите. Ваквата одлука не е ништо повеќе од начин за пресметка со операторите, а индиректно и нивните корисници. Нешто што е невидена пракса во светот во вонредни околности. ИНРЕКОМ упатува препорака до самите оператори, постапките кои ќе ги повлечат да бидат во интерес на нивните корисници, да продолжат со збогатување на промотивните периоди со што корисниците би можеле да уживаат во бесплатните канали кои им се понудени, со цел да останат дома, во духот на кампањата #СедиСиДома. Дополнителен апел од страна на ИНРЕКОМ до самите оператори е да го пролонгираат исклучувањето на услугите во случај на неплатени обврски и побарувања кон претплатниците. За крај, го потсетуваме Министерството за информатичко општество, дека македонските медиуми веќе добија одредени олеснувања и финансиски средства од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, а повторното актуализирање на фамата околу наводните нерегулирани авторски и сродни права да биде оставена за некои помирни времиња после прогласената кризна состојба. ИНРЕКОМ уште еднаш потенцира дека законските измени не се применливи во пракса и истите треба повторно да претрпат измени низ дијалог со сите засегнати страни, но пред сè и низ примери во другите европски земји, бидејќи сегашното законско решение го нема во ниту една земја членка на ЕУ, семејство кон кое се стремиме. Финално, разочаруваат приоритетите кои МИОА ги реализира во ек на пандемија, наместо нивниот креативен фокус да биде ставен во насока на подобрување на брзината и достапноста на услугите кои тие ги нудат на граѓаните, но и создавање на подобри услови за работа на сите субјекти чие работење зависи од нивната регулатива. Интегрален текст од објавата на ИНРЕКОМ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inrekom-mioa-nalozuva-operatorite-da-vovedat-mediumski-mrak-vo-ek-na-pandemija/feed/ 0
Од понеделник медиумски мрак во Македонија: Операторите ќе прекинат со реемитување на домашните и странските канали, освен на МТВ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-ponedelnik-mediumski-mrak-vo-makedonija-operatorite-kje-prekinat-so-reemituvanje-na-domashnite-i-stranskite-kanali-osven-na-mtv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-ponedelnik-mediumski-mrak-vo-makedonija-operatorite-kje-prekinat-so-reemituvanje-na-domashnite-i-stranskite-kanali-osven-na-mtv/#respond Thu, 27 Feb 2020 14:58:15 +0000 https://kurir.mk/?p=309600

Здружението на информатичко-комуникациските технологии, кое ги обединува сите оператори, донесе заклучок да го прекине реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали на 2 март 2020 година, вечерта на полноќ. Операторите ќе продолжат со реемитување на каналите на јавниот сервис: МТВ1, МТВ2 и Собранискиот канал. Како општествено одговорни компании и имајќи ја предвид сериозноста на ова прашање, операторите по средбите со државниот врв се согласија да го одложат датумот за прекин за 2 март 2020 година на полноќ, за да остават простор за изнаоѓање законско решение во интерес на граѓаните. Ваквиот заклучок на членките на Здружението на ИКТ е последица на последните измени на Законот за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги (ЗААВМУ), што Собранието на РСМ ги донесе на 16.02.2020 година, на денот на распуштањето, по скратена и нетранспарентна постапка и без претходна јавна расправа. Имено, законските измени на операторите им наметнуваат обврска да гарантираат за авторските права на програми кои тие не ги произведуваат, туку само ги реемитуваат и за тоа да сносат материјална и кривична одговорност за туѓи дејствија. Поради тоа, ваквата законска обврска за операторите претставува состојба на виша сила и е неприменлива затоа што операторите кои реемитуваат програма не можат да имаат ниту контрола, ниту одговорност за тоа дали се регулирани авторските права за сите поединечни програми што ги создаваат и емитуваат телевизиите. Операторите се принудени да го прекинат реемитувањето на програмските содржини за да избегнат прекршување на Законот поради активности кои не се под нивно влијание. На 21.02.2020 година повеќе оператори поднесоа заедничка Иницијатива до Уставниот суд за поништување на спорните одредби како неуставни и побараа донесување на времена мерка со која веднаш ќе се одложи примената на усвоените законски измени, поради нивна неуставност. Во изминатите неколку денови Здружението на ИКТ ги информираше Претседателот на државата, претседателот на Собранието, претседателот на Владата, ресорните министри во Владата, АЕК, АВМУ, дипломатскиот кор, Делегацијата на ЕУ во земјава, Европската комисија, странските и домашните радиодифузери и домашната и меѓународната јавност, а беа одржани и средби во Владата и Собранието, со цел да се изнајде решение за ваквата ситуација, согласно регулативата. Здружението на ИКТ потенцираше дека споменатите законски измени се спротивни на ЕУ-директивите и на сите основни принципи на радиодифузната дејност и медиумската политика утврдени од страна на ЕУ, за што Здружението има добиено и писмено мислење од страна на Делегацијата на ЕУ во земјава. Операторите се заинтересирани и подготвени, како и до сега, да го вложат целиот свој капацитет и знаење, во изнаоѓање на прифатливо решение во најкраток рок, со што би се избегнале натамошни штети за целата јавност. Во целиот период, пред и после донесувањето на законските измени, Здружението на ИКТ укажуваше на штетноста од ваквите измени и ги искористи сите механизми пред сите релевантни домашни и странски институции. Сепак, и покрај подготвеноста на Здружението да биде партнер во процесот на дефинирање на законските решенија кои ќе бидат во интерес на сите страни, а пред сè на корисниците, измените на Законот беа донесени на сосема спротивен начин. Заклучокот за прекин на реемитувањето на телевизиските канали ќе биде на сила сѐ додека надлежните институции не изнајдат прифатливо решение со кое ќе се стават вон правна сила спорните законски одредби кои го оневозможуваат нормалното работење на целата индустрија. Како резултат на неспроведливоста на Законот, а со цел корисниците на ТВ услугите да не бидат оштетени, операторите нема да наплатуваат за ТВ услуги за периодот додека трае прекинот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-ponedelnik-mediumski-mrak-vo-makedonija-operatorite-kje-prekinat-so-reemituvanje-na-domashnite-i-stranskite-kanali-osven-na-mtv/feed/ 0
Во време кога викаат дека “блескаме“ ќе се случи медиумски мрак: Зошто власта удира и по медиумите? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-vreme-koga-vikaat-deka-bleskame-kje-se-sluchi-mediumski-mrak-zoshto-vlasta-udira-i-po-mediumite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-vreme-koga-vikaat-deka-bleskame-kje-se-sluchi-mediumski-mrak-zoshto-vlasta-udira-i-po-mediumite/#respond Tue, 25 Feb 2020 16:48:04 +0000 https://kurir.mk/?p=308694

Македонија се враќа низ времето. Операторите ќе прекинат со реемитување на домашните и странски ТВ канали. За гледање же ни остане само МРТВ. Додека од власта велат дека “блескаме“, ни подготвуваат медиумски мрак! Партијата на Зоран Заев, по којзнае кој пат удира по медиумите! Реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали преку македонските оператори ќе биде прекинато, едногласно одлучи Здружението на информатичко-комуникациски технологии, каде што се обединети сите оператори. Операторите ќе го пренесуваат само јавниот сервис – МТВ1, МТВ2 и Собранискиот канал. Ваквата одлука на Здружението на информатичко-комуникациски технологии се должи на новите измени на Законот за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги (ЗААВМУ), што Собранието на Македонија го донесе на 16.02.2020 година, на денот на распуштањето, по скратена и нетранспарентна постапка и без претходна јавна расправа, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од Здружението за информатичко-комуникациски технологии. -За оваа принудна одлука, да се прекине реемитувањето на домашните и странските ТВ канали, Здружението на информатичко-комуникациски технологииги информираше Претседателот на Македонија, претседателот на Собранието, претседателот на Владата, ресорните министри во Владата, АЕК, АВМУ, дипломатскиот кор, Делегацијата на ЕУ во земјава, Европската комисија, странските и домашните радиодифузери и домашната и меѓународната јавност.  Причината за ваквиот чекор се законските измени со кои на операторите им се наметнува обврска да гарантираат за авторските права на програми кои тие не ги произведуваат, туку само ги реемитуваат и за тоа да сносат материјална и кривична одговорност. Ваквата обврска дефинирана со Законот е спротивна на ЕУ-Директивите и на сите основни принципи на радиодифузната дејност и медиумската политика утврдени од страна на ЕУ, за што Здружението има добиено и писмено мислење од страна на Делегацијата на ЕУ во земјава. Истовремено, ваквата законска обврска за операторите претставува состојба на виша сила и е неприменлива затоа што операторите кои реемитуваат програма не можат да имаат ниту контрола, ниту одговорност за тоа дали се регулирани авторските права за сите поединечни програми што ги создаваат и емитуваат телевизиите. Здружението на информатичко-комуникациски технологииподнесе барање до Уставниот суд за донесување на  времена мерка со која ќе се одложи неговата примена, заради неуставност, додаваат од здружението. На Македонија се заканува медиумски мрак. За прв пат во историјата на земјава доаѓа ваква закана. -И во изминатиот период, Здружението на информатичко-комуникациски технологииукажуваше на штетноста од ваквите измени и ги искористи сите механизми пред сите релевантни домашни и странски институции. Сепак, и покрај подготвеноста на Здружението да биде партнер во процесот на дефинирање на законските решенија кои ќе бидат во интерес на сите страни, а пред сè на корисниците, измените на ЗААВМУ беа донесени на сосема спротивен начин. Одлуката за прекин на реемитувањето на телевизиските канали ќе биде на сила сѐ додека надлежните институции не изнајдат прифатливо решение со кое ќе се стават вон сила спорните законски одредби. Како резултат на неспроведливоста на Законот, а со цел корисниците на ТВ услугите да не бидат оштетени, операторите нема да го наплатат користењето на ТВ услугите за периодот додека трае прекинот, потенцираат од здружението. Власта на екс-премиерот Заев и актуелниот премиер Оливер Спасовски, удира по медиумите. Зошто е тоа така, треба да одговорат сами.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-vreme-koga-vikaat-deka-bleskame-kje-se-sluchi-mediumski-mrak-zoshto-vlasta-udira-i-po-mediumite/feed/ 0