операциони сали – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 Feb 2023 14:07:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png операциони сали – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се отвораат операционите сали во прилепската болница, наодите се негативни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-otvoraat-operatsionite-sali-vo-prilepskata-bolnitsa-naodite-se-negativni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-otvoraat-operatsionite-sali-vo-prilepskata-bolnitsa-naodite-se-negativni/#respond Mon, 27 Feb 2023 14:07:30 +0000 https://kurir.mk/?p=805686

Од утре се отвораат операционите сали во прилепската болница и продолжуваат со оперативната програма. Одлуката ја донесе Комисијата за интрахоспитални инфекции при болницата. Оттаму информираат дека добиле негативни наоди од 150-те земени примероци од салите и персоналот, но со корекција на одредени состојби. - Врз основа на добиените негативни наоди од Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија, Комисијата за спречување на интрахоспитални инфекции донесе одлука од утре, 28 февруари 2023 година болничките одделенија во Општата болница со проширена дејност од Прилеп да продолжат со оперативните програми притоа почитувајќи ги принципите за асепса, дезинфекција и стерилизација, стои во одлуката на Комисијата. Салите беа затворени пред 10-тина дена по случајот со прилепската пациентка, на која по зафат во гинеколошкото одделение ѝ се искомплицира состојбата и почина на скопските клиники. Инспекторатот направи вонреден надѕор и ја задолжи болницата да врши месечен бактериолошки мониторинг и будно да се следи состојбата со интрахоспитални инфекции. - Државниот санитарен и здравствен инспекторат со решение ја задолжи прилепската болница да врши месечен, наместо квартален бактериолошки мониторинг во одделите со висок ризик. Да назначи овластен лекар за координација на работата на комисијата, следење на состојбата со интрахоспитални инфекции, контрола на спроведување на мерките од Програмата за Интрахоспитални инфекции и следење на резистенција на одредени причинители на заразни болести, информираше деновиве Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Прилепското обвинителство има отворено предмет за лекувањето на тројца пациенти, а сѐ уште се чека на резултатите од обдукцијата на прилепската пациентка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-otvoraat-operatsionite-sali-vo-prilepskata-bolnitsa-naodite-se-negativni/feed/ 0
Операционите сали во прилепската болница остануваат затворени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/operatsionite-sali-vo-prilepskata-bolnitsa-ostanuvaat-zatvoreni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/operatsionite-sali-vo-prilepskata-bolnitsa-ostanuvaat-zatvoreni/#respond Wed, 22 Feb 2023 12:58:51 +0000 https://kurir.mk/?p=803694

Седми ден се затворени операциските сали во гинеколошкото, хируршкото и ортопедското одделение во прилепската болница. Минатата недела 52-годишна пациентка по интервенција на гинеколошкото одделение и по компликации, по еден ден е препратена на скопските клиники каде починала. Од четвртокот се затворени салите, а во петокот Државниот санитарен и здравствен инспекторат направил вонреден инспекциски надзор по информации од прилепскиот Центар за јавно здравје. Од Министерството за здравство, а и од Комисијата за интрахоспитални инфекции при болницата потврдија дека во примерок на хемокултура од починатата пациентка е пронајдена бактеријата стафилоколус епидермидис. Пријавена е интрахоспитална инфекција. - Од земениот примерок за хемокултура во ЈЗУ Центар за јавно здравје-Прилеп е добиен позитивен изолат на Staphylococcus epidermidis. Пријавена е интрахоспитална инфекција. Во ЈЗУ ОБ со проширена дејност „Борка Талески“-Прилеп се затворени операциските сали од 16 февруари. Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор на ден 17.2.2023 по добиена информација од ЦЈЗ-Прилеп. Причините за смртта сè уште не се познати. Се чека извештај од патоанатомскиот наод. Телото е предадено за обдукција на Институт за патологија. Од одделението за епидемиологија на Центар за јавно здравје Прилеп извршен е епидемиолошки увид по појава на случај на пациентка кај која е извршена интервенција на одделот за гинекологија после кој се јавиле симптоми на сепса. Земени се примероци од нежива средина, испироци од раце на вработен здравствен персонал, извршени се вонредни здравствено-хигиенски прегледи, по што е препорачано затворање на операциските сали до добивање на резултатите од земените примероци. Итните хируршки интервенции се вршат во блиските регионални болници, стои во информацијата од Министерството за здравство. Се огласи и Комисијата за интрахоспитални инфекции при прилепската болница. - Кај пациентката по протокол се земени три последователни хемокултури од кои во првата хемокултура е најдено присуство на Staphylococcus epidermidis, а останатите две се негативни. По протокол уште пред добивањето на наодот од Микробиологија емпириски е отпочната комбинирана антимикробна терапија која беше соодветна на добиениот антибиограм од првата хемокултура. Наодот им беше соопштен на Клиниките на терцијарно ниво каде пациентката беше трансферирана и на кои беше ординирана и проширена соодветна антимикробна и останата терапија. Се чека обдукцискиот наод од Институтот за патологија, соопшти Комисијата. Операциските сали во болницата во Прилеп остануваат затворени додека Комисијата за интрахоспитални инфекции не ги заврши сите испитувања. Од прилепскиот Центар за Јавно здравје очекуваат до петок да бидат готови резултатите од бројните примероци земени од салите и од персоналот. Засега само се знае дека бактеријата е пронајдена во примерокот за хемокултура од пациентката која почина на скопските клиники, а за причините за нејзината смрт ќе се чека обдукцискиот наод.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/operatsionite-sali-vo-prilepskata-bolnitsa-ostanuvaat-zatvoreni/feed/ 0