опијати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 19 Oct 2022 20:11:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png опијати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ѕвездата на „Пријатели“ со шокантно признание: Две недели бев во КОМА, зависноста ќе ме чинеше живот https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dzvezdata-na-prijateli-so-shokantno-priznanie-dve-nedeli-bev-vo-koma-zavisnosta-kje-me-chineshe-zivot/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dzvezdata-na-prijateli-so-shokantno-priznanie-dve-nedeli-bev-vo-koma-zavisnosta-kje-me-chineshe-zivot/#respond Wed, 19 Oct 2022 20:11:58 +0000 https://kurir.mk/?p=747952

Ѕвездата на „Пријатели“ Метју Пери се отвори за неговата зависност од опијати и алкохол, што за малку ќе го чинеше живот. Актерот го призна ова во искрено интервју за магазинот People. Сега трезен, саканиот актер, познат по неговата хит улога како Чендлер Бинг, детално ја прикажува својата децениска борба. Кога имал 49 години, Пери доживеал руптура на дебелото црево поради употреба на опијати. „Лекарите му рекоа на моето семејство дека имам 2% шанси да живеам. Ме ставија на машина што прави целосна вентилација на срцето и белите дробови“, вели Пери. Додава дека дури две недели бил во кома, по што следело повеќемесечно болничко лекување. Тој имаше вкупно 14 операции, девет месеци користеше кеса за колостома и 15 пати беше на рехабилитација. Холивудската ѕвезда вели и дека решил да почека целосно да закрепне пред да ја раскаже својата приказна, бидејќи бил сигурен дека тоа ќе им помогне на многу луѓе. Метју пробал алкохол за прв пат кога имал само 13 години. Почнал да зема опиоиди во 1997 година, кога му биле препишани такви лекови за ублажување на болката по несреќа со авион. Истата година влезе во клиника за рехабилитација. На 24-годишна возраст, неговата зависност од алкохол почна да излегува на површина. Мислеше дека може да се справи, но „заглави во многу проблеми“ и тоа траеше 10 години. За време на неговите периоди на зависност, неговите колеги од „Пријатели“ беа „разбирливи и трпеливи“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dzvezdata-na-prijateli-so-shokantno-priznanie-dve-nedeli-bev-vo-koma-zavisnosta-kje-me-chineshe-zivot/feed/ 0
По КОВИД, светот го зафати епидемија со опијати, Заев ќе трие раце? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-kovid-svetot-go-zafati-epidemija-so-opijati-zaev-kje-trie-race/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-kovid-svetot-go-zafati-epidemija-so-opijati-zaev-kje-trie-race/#respond Thu, 27 May 2021 13:46:34 +0000 https://kurir.mk/?p=515716

По КОВИД сега светот го зафаќа епидемијата со опијати. Дали и нашата земја ќе биде зафатена од оваа епидемија? Дали премиерот Зоран Заев ќе трие раце од оваа епидемија и неговите блиски соработници кои имаат фабрики за марихуана? Имено, според последните истражувања повеќе од 90.000 Американци починаа од предозирање и бројката од октомври 2020-та година се зголеми за 30% на корисници кои користат опијати. За оваа проблематика на социјалните мрежи напиша и претседателот на комисијата за здравство при ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов. „Во САД после епидемијата на КОВИД-19 која постепено отстапува, нејзиното место го завзема епидемијата со опијати. Дали истото ни следи и нас, имајќи ја во предвид детерминираноста на Зоран Заев“, напиша Игор Николов на социјалните мрежи на 25.05.2021. За поврзаноста на опијати со премиерот Зоран Заев пишуваат и регионалните медиуми. „Актуелниот премиер Зоран Заев со доаѓање на власт проектот со опијати го надогради и прошири. Македонија дозволува продажба и извоз на масло од канабис, но не и извоз на цвет. Осушениот цвет на марихуана се продава на црн пазар како дрога“, пишува nspm.rs, а текстот е насловен „Пипците на Колувија во Северна Македонија“. „64 компании произведуваат цвет на марихуана, а и неколку произведуваат масло, легален пазар во Македонија е презаситен, бидејќи со целокупното производство не може да се преработи во масло, бидејќи има огромни количини на залихи. Во текот на изминатите пет месеци, македонската полиција во неколку наврати има запленето марихуана која е легално произведена, но криминалците се обидувале да ја изнесат нелегално од земјата“, се пишува во истиот текст. Еден од соработниците на Предраг Колувије е и актуелниот премиер Зоран Заев, односно неговите блиски роднини Трајче и Бобан Заев. Тие имаат удел во сопствеништвото на компанија за производство на медицински канабис „МАМ“ од Свети Николе и „Фарма Медика канабис“ од Валандово“, пишуваат во текстот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-kovid-svetot-go-zafati-epidemija-so-opijati-zaev-kje-trie-race/feed/ 0