ОПМ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 30 Aug 2023 10:59:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ОПМ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОПМ: Сметките за струја се високи, а наплатата на вода е паушална https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opm-smetkite-za-struja-se-visoki-a-naplatata-na-voda-e-paushalna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opm-smetkite-za-struja-se-visoki-a-naplatata-na-voda-e-paushalna/#respond Wed, 30 Aug 2023 10:51:03 +0000 https://kurir.mk/?p=872474

Вкупно 37 отсто од граѓаните се незадоволни од наплатата на вода, а 62 процента не се задовлони од испораката на електрична енергија, покажува најновото истражување на Организацијата на потрошувачи (ОПМ). Според претседателката на ОПМ, Маријана Лончар Велкова, до ОПМ стигнале поплаки од станари на згради кои воопшто не добивале сметки за вода. -Има поплаки и за висината на сметките за струја, но и за пресметковниот период за кој се однесува сметката. Симптоматично е и читањето на водомерите. Граѓаните очекуваат да се отчитуваат, тие не се отчитуваат, наплатата е паушална, но затоа, секој граѓанин има можност од својот струјомер да прочита и даде барање за корекција на сметката. Имавме поплаки од цели згради дека сметките за вода не им стасуваат на луѓето во сандачињата. Тоа е еден од проблемите. Како сакате да си ги плаќаме сметките ако не знаеме колку да платиме. Самите граѓани, особено повозрасната категорија, се јавуваат и кажуваат колку им е водомерот, иако не е отчитан. И тоа така ноншалантно се прифаќа поради што навистина сме загрижени, изјави Лончар Велкова. Според неа, иако биле изгаснати светлата низ повеќето општини, граѓаните секако плаќале струја. Тие искажале незадоволство и од јавниот превоз, а немаат, како што рекле, и доверба дека нешто конкретно ќе се превземе и ќе се реши. -Вкупно 60 проценти од испитаниците се незадоволни од испорака на услуги од јавните препријатија. Потребно е точно дефинирање на јавните услуги за да се обезбеди подобра услуга. Имаме голем проблем со јавните услуги, и на локално, општинско, но и на централно ниво. Ова е проблематична област, а граѓаните за неа одвојуваат голем дел од семејниот буџет. Притоа, нема систем за заштита. Давателите на услуги мора да им овозможат на граѓаните приговор и треба да бидат опоменати или казнети ако не го исполнуваат тоа правило. Приговорот може да го овозможат и онлајн и директно кај нив, во службените простории, нагласи Лончар пред презентацијата на Прирачникот за енергетска сиромаштија во земјава, осврнувајќи се на новиот закон за потрошувачи. Со новиот закон, како што информира, опфатен е „ранливиот потрошувач“ кој, меѓу другото, не треба да се исклучува од системот за време на грејната сезона. Но, Владата треба, а се уште не донела, како што рече Лончар, подзаконски акт, за да се дефинира „ранливиот потрошувач“. Во законот се дефинираат правата на „ранливиот потрошувач“ во однос на добивањето јавни услуги, а има и посебен сегмент - „потрошувачки приговор“ кој може да се однесува за се што е поврзано со давателите на јавните услуги. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opm-smetkite-za-struja-se-visoki-a-naplatata-na-voda-e-paushalna/feed/ 0
ОПМ бара замрзнување на цените на основните прехранбени производи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/opm-bara-zamrznuvane-na-tsenite-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/opm-bara-zamrznuvane-na-tsenite-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi/#respond Wed, 30 Aug 2023 10:24:50 +0000 https://kurir.mk/?p=872455

Да се замрзнат цените на основните прехранбени производи, бара Организацијата на потрошувачи (ОПМ). Како што изјави денеска претседателката на ОПМ, Маријана Лончар Велкова, храната одзема голем дел од буџетот на секое семејство, а нејзиното поскапување оди исклучиво на товар на граѓаните (потрошувачите). Според Лончар Велкова, Комисијата за заштита на конкуренција би требало да реагира за да види дали има некакво здружување на трговците по толкавото, како што истакна, „плафонирање“ на цените од нивна страна. -Знаеме дека замрзнувањето на цените е популистичка мерка и дека имаме пазарна економија, но во вакви ситуации не треба да се чека, треба да се излезе со точна проценка и да се преземат мерки зашто се оди на товар и на штета на потрошувачот. За основните намирници мислам дека не треба ни да се зборува. Поради високите цени, многу граѓани купуваат производи со помал квалитет или со помала нутритивна вредност, а пристапот до основните прехранбени производи е елементарно човеково право. Потрошувачот мора да има пристап до основните потрошувачки добра, особено храната - млеко, сирење, путер,..., нагласи Лончар Велкова, одговорајќи на новинарски прашања пред презентацијата на Прирачникот за енергетска сиромаштија во земјава. Бизнисот е против замрзнување на цените. Смета дека има други мерки со кои државата би можела да интервенира за да го ублажи ценовниот шок и во овој контекст предлага намалување на даноците или активирање на стоковните резерви. И министерот за економија Крешник Бектеши смета дека има други механизми, како што е, посочи вчера, утврдувањето маржи за одредени производи. Според него, во услови на неосновано неконтролирани зголемувања на цените, можеби е најдобро да се оди и поригорозно, дури и со забрана за вршење дејност на некои трговци. Но, сепак, какви мерки ќе се преземат, ќе зависи од анализите на надлежните институции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/opm-bara-zamrznuvane-na-tsenite-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi/feed/ 0
ОПМ ќе ја претстави можноста за стекнување сертификатна марка „Фер со потрошувачот“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opm-kje-ja-pretstavi-moznosta-za-steknuvanje-sertifikatna-marka-fer-so-potroshuvachot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opm-kje-ja-pretstavi-moznosta-za-steknuvanje-sertifikatna-marka-fer-so-potroshuvachot/#respond Thu, 29 Sep 2022 05:39:10 +0000 https://kurir.mk/?p=738799

Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) денеска организира промотивен настан во рамки на проектот „Партнерството помеѓу граѓанските организации ја подобрува довербата на потрошувачите, животната средина и конкуренцијата!“, финансиран од Шведската меѓународна агенција за развој и соработка и Балканската мрежа за развој на граѓанското општество. -Целта за организирање на промотивниот настан е презентирање на можноста за сертифицирање и стекнување со сертификатната марка „Фер со потрошувачот“ (Consumer friendly certificate), преку остварување на критериумите во поглед на заштита на потрошувачите и животната средина, соопшти ОПМ. Проектот се спроведува преку ConWeb – мрежа на национални потрошувачки организации на Југоисточна Европа која ја сочинуваат Центарот за заштита на потрошувачите на Црна Гора, Организацијата на потрошувачите на Македонија и Националната организација на потрошувачите на Србија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opm-kje-ja-pretstavi-moznosta-za-steknuvanje-sertifikatna-marka-fer-so-potroshuvachot/feed/ 0
Граѓаните се жалат на измами при купување на социјалните мрежи, ОПМ апелира да се внимава од каде се купува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/gragjanite-se-zalat-na-izmami-pri-kupuvanje-na-socijalnite-mrezi-opm-apelira-da-se-vnimava-od-kade-se-kupuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/gragjanite-se-zalat-na-izmami-pri-kupuvanje-na-socijalnite-mrezi-opm-apelira-da-se-vnimava-od-kade-se-kupuva/#respond Sun, 20 Feb 2022 08:36:06 +0000 https://kurir.mk/?p=633788

Ковид пандемијата ги смени навиките за купување кај граѓаните. Сè почесто се купува онлајн преку социјалните мрежи кои се преплавени со евтини понуди за облека, апарати за домаќинство и мебел, но чести се и поплаките дека купениот производ не одговара со оној што се нуди, а нема можност ниту да се замени. Во групите на социјалните мрежи секојдневно може да се најдат поплаки од граѓани дека им бил доставен оштетен или сосема поинаков производ од понудениот, а потоа кога бараат замена или враќање на парите, се блокирани од страна на онлајн продавачот. Во текот на минатата година, Организацијата на потрошувачи (ОПМ), евидентирала дека околу 15 проценти од вкупно добиените поплаки се однесуваат токму на измамите при онлајн продажбата. Поплаките главно се однесувале на неисполнување на техничките карактеристики, производ во друга боја и големина од бараниот, оштетен производ или, пак, неиздавање на гаранција и упатство за употреба за техничките апарати. – Во ОПМ секојдневно пристигнуваат поплаки од потрошувачи кои се измамени при онлајн продажбата. Со појавата на КОВИД-19 и сè помасовното користење на онлајн просторот за купување на производи и услуги, кое што е и веќе тренд во последните години, влијае на тоа и потрошувачите кај нас сè повеќе да купуваат преку онлајн продавници, а како резултат на тоа се зголеми и бројот на оштетени потрошувачи кои што се жалат во ОПМ, велат од ОПМ во изјава за МИА. Проблемот, посочуваат од ОПМ, е во тоа што купувачите не знаат дали купуваат од легални или нелегални онлајн продавници бидејќи на социјалните мрежи секој може да отвори профил. Затоа препорачуваат секогаш кога се купува преку социјалните мрежи, потрошувачите да бидат особено внимателни и да проверат дали онлајн понудата е од регистрирана фирма, дали продавачот нуди можност за плаќање преку трансакција и дали при испораката на производот доставува фискална сметка или сметко-потврда. – Проблемот е што купувачите кога купуваат преку интернет не знаат дали купуваат од легални или од нелегални онлајн продавници. Најчесто, нелегалните продавници имаат свој профил на социјалните мрежи, телефон, адреса (кои и во најголем случај се непостоечки). При онлајн купувањето, особено доколку станува збор за купување од социјалните мрежи, потребно е потрошувачите однапред да утврдат дали таа продавница е регистрирана фирма, дали има седиште, физичка продавница или пак е регистрирана онлајн продавница, дали продавачот нуди можност за плаќање преку трансакција, преку уплатница во банка и за нарачката им испраќа валидна потврда на е-маил, дали при испорака на производот им доставува фискална сметка/фактура или сметко-потврда. Продавачите кои не се регистрирани не издаваат фискална сметка, гарантен лист, фактура и друга техничка документација за одреден технички производ или бела техника, истакнуваат од ОПМ. Апелираат граѓаните да бидат особено внимателни при купувањето преку социјалните мрежи затоа што нема механизам со кој би се спречило некој да отвори профил и да нуди производи онлајн. Во случај на злоупотреба на личните податоци на потрошувачот, треба веднаш да се пријави во Министерството за внатрешни работи. – Кај нас сè уште немаме некој конкретен механизам со кој би се спречиле некои лица да прават профили на социјалните мрежи и да продаваат производи, скриени зад некој лажен профил или назив на некој онлајн шоп. Од таа причина потрошувачите се тие кои што треба да внимаваат при купувањето од онлајн продавниците, бидејќи измамата од овие т.н. фиктивни продавачи кои се застапени на социјалните мрежи е голема и понатаму имаат тешкотии за заштита на своите права. Во случај да им бидат злоупотребени нивните лични податоци, банкарски картички и слично, ќе треба веднаш да пријават во Министерството за внатрешни работи – Сектор за компјутерски криминал и Агенција за заштита на личните податоци, појаснуваат од ОПМ. Од Министерството за внатрешни работи на прашање на МИА за информација за број на пријави за измама при интернет купување и нелегална продажба од страна на лажни трговци и онлајн страници во изминатите две години, изјавија дека минатата година се регистрирани шест кривични дела „компјутерска измама” за кои се пријавени пет сторители. – Во врска со Вашето барање, кое се однесува на податоци за сторени кривични дела „компјутерска измама” Ве известуваме за следново – Во 2020 година регистрирани се три кривични дела со непознат сторител, а во 2021 година регистрирани се шест кривични дела за кои се пријавени пет сторители, стои во информацијата доставена до МИА. Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ на прашањето како можат граѓаните да се заштитат при ваквите кривични дела, колку траат процесите и кој е најчестиот исход, вели дека кривични дела преку интернет имало многу малку, односно „скоро и да немало”. – Нема одговорност, единствено и најдобро да се заштитат е да не ги даваат своите лични податоци и да се ограничат на бројот на луѓе кои навистина ги познаваат, вели Давидовиќ. Во однос на судската пракса за измами преку интернет трговија, тој вели дека до сега немало посебни предмети. – До сега имало поплаки за квалитетот и за големината која преку интернет не можете да ја видите, но, некои посебни предмети немало, особено кривични. Кривичните дела преку интернет особено ги нема, немало ни постапки, најчести предмети се оние каде има навреди и клевети кои завршуваат со граѓанска одговорност во граѓанскиот суд, вели Давидовиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/gragjanite-se-zalat-na-izmami-pri-kupuvanje-na-socijalnite-mrezi-opm-apelira-da-se-vnimava-od-kade-se-kupuva/feed/ 0
Организацијата на потрошувачите на Македонија е против покачување на електричната енергија од 7,4 проценти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/organizacijata-na-potroshuvachite-na-makedonija-e-protiv-pokachuvanje-na-elektrichnata-energija-od-7-4-procenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/organizacijata-na-potroshuvachite-na-makedonija-e-protiv-pokachuvanje-na-elektrichnata-energija-od-7-4-procenti/#respond Sat, 01 Aug 2020 17:38:12 +0000 https://kurir.mk/?p=384899

Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) е против покачувањето на електричната енергија од 7,4 проценти која ја утврди Регулаторната Комисија за енергетика и водни услуги, бидејќи, според нив, доаѓа во време кога граѓаните се најтешко погодени од корона кризата. – Во настанатата кризна ситуација за голем број потрошувачи не се доведува во прашање само нивното здравје, туку и нивната економска безбедност, од причина што голем дел од нив ги загубија своите работни места или им се намалија приходите. Пресметките за покачување на цената на електричната енергија треба пред се да се засноваат на потребата од намалување на оперативните и фиксните трошоци на енергетските компании кои потрошувачите не треба да ги субвенционираат за тие да продолжат да работат неефикасно, се вели во соопштението од ОПМ. Регулаторната комисија, сметаат од Организацијата на потрошувачите на Македонија, требаше да спроведе стручна дебата со сите заинтересирани страни па дури потоа да предложи соодветно решение кое нема да биде на штета на граѓаните преку покачувањето на струјата на ваков начин, ненадејно и без соодветни консултации. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/organizacijata-na-potroshuvachite-na-makedonija-e-protiv-pokachuvanje-na-elektrichnata-energija-od-7-4-procenti/feed/ 0
Граѓаните да внимаваат со „брзите кредити“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/gragjanite-da-vnimavaat-so-brzite-krediti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/gragjanite-da-vnimavaat-so-brzite-krediti/#respond Sat, 12 Jan 2019 07:55:14 +0000 https://kurir.mk/?p=151243

Секој корисник има право предвреме, кога сака, целосно или делумно да го врати банкарскиот потрошувачки кредит. Притоа, според Законот за потрошувачки кредити, точно се знае колку банката може да го „напенали“. Но, до Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ) многу често стигнуваат поплаки од граѓани. Велат дека банките им наплаќаат 30 отсто од целата сума на крадитот што решиле предвреме да го исплатат, а според Законот максималната „казна“ е 0,5 до еден процент. -Многу често се случува банките да наплатат огромна ставка пенали со што е директно оштетен потрошувачот. Според Законот, кредиторот има право да наплати пенал од еден процент за кредит кој има повеќе од една година, а 0,5 процент за кредит кој има помалку од една година. Ако сте во третата година од враќање на вашиот кредит, а ви  останале уште две години, банката смее да ви наплати само еден процент од вкупната вредност на кредитот. Ние добиваме поплаки дека наплаќаат 30 проценти од целата вредност на кредитот. Ако станува збор за мал кредит од 300 евра не е многу пари, но ако се работи за 100 или 200 илјади денари, тогаш е веќе дискутабилно, вели Стефан Момиќ од ОПМ. Според него, друг, исто така многу чест проблем е откажувањето од договорот за потрошувачки кредити. Можете да се откажете од потрошувачкиот кредит во рок од 14 дена иако сте потпишале договор  -Дали потрошувачот има право да се откаже од кредитот без да изнесува причина? Да. Ако утре одлучите да одите во банка за да земете кредит, задутре можете да го поништите барањето. Исто како кај секој производ. Ваше право е, без никаква наведена причина, во рок од 14 дена да се откажете од земањето крдит. Но, според нашата анализа, оваа ставка е многу често скриена од страна на кредиторот. Банката не ја дава оваа опција, не ја наведува. Затоа и потрошувачот не е свесен дека може да се откаже од земање на кредитот. Практично, се искористува неговата неинформираност, нагласува Момиќ. Новокомпонирани финансиски друштва ги искористуваат граѓаните Во последно време се поактуелни стануваат т.н. брзи кредити. За да ги заштити потрошувачите, ОПМ конкретно за овој сегмент поттикна измени на Законот за потрошувачки кредити. -Измените се реакција на малите, новокомпонирани финансиски друштва кои најчесто се со странски управители, а се дојдени од некоја друга земја во Македонија и притоа нашле дупка во Законот. Сега го искористуваат обичниот граѓанин. Со брзите кредити што ги нудат, не се опфатени луѓето со високи примања, туку оние „обичните“ кои немаат никаков поим во врска со потрошувачките кредити. За земање вакви кредити потребна е само лична карта. Се бараат и примања, но има и такви кои не бараат. Дупката во законот е тоа што за кредит до 200 евра не е потребна никаква кредитна анализа. Институцијата во таков случај не влегува во никаков ризик. Таа е осигурана. Од друга страна, ви нуди кредит со нула проценти камата, што е нереално. Но, на таа нула отсто камата, вкупните трошоци во форма на провизија и потпишување договор, изнесуваат до 200 проценти од кредитот. Затоа ние инсистираме на промена на овој Закон, објаснува Момиќ. Со законските измени се бара да се ограничат овие вкупни трошоци, да не може да изнесуваат 200 проценти, туку да бидат максимум 55 отсто. -Во ваков случај, на овие новокомпонирани институции нема да им се исплати да влезат во таков ризик. Сега, со 200 до 300 проценти тие се обезбедени и од десет луѓе двајца да им ги покријат тие средства, се доволни, вели Момиќ. Граѓаните може да побараат помош од ОПМ Ако потрошувачот е оштетен, а земал кредит од банка, треба да ја извести Народната банка, ако кредитот му е земен од некое финансиско друштво како овие за брзи кредити, треба да го извести Министерството за финансии, додека пак, ако кредиторот е од трговско друштво, односно продавница, тогаш треба да се извести Државниот пазарен инспекторат. -Најпаметно е секој оштетен потрошувач да се обрати до ОПМ каде бесплатно ќе добие совет, каде да се обрати и кои се неговите права, наместо да троши енергија, шетајќи по институции, потенцира Момиќ. ОПМ апелира пред да се земе кредит да се размисли дали е тоа навистина потреба или желба. Доколку се земе, внимателно да се читат условите и договорот. Информира и дека постои алатка т.н. Финансиски калкулатор на која може да се споредат сите видови кредити од сите банки и да се одбере најсоодветниот, наместо да се оди од банка во банка и да се прашува. -Најдобро е никогаш да не се задолжуваме кај неовластени даватели на кредити. Институцијата што дава кредит треба да е етаблирана на пазарот, да постојат информации за неа, да има искуства од други клиенти. Ако земете кредит, тогаш најдобро е договорот да го имате во писмена форма. Инсистирајте на тоа, порачува Момиќ од ОПМ. Мирјана Чакарова (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/gragjanite-da-vnimavaat-so-brzite-krediti/feed/ 0