опомена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Oct 2021 09:49:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png опомена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Ги преминавте границите“ – австрискиот претседател со опомена до канцеларот Курц https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gi-preminavte-granicite-avstriskiot-pretsedatel-so-opomena-do-kancelarot-kurc/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gi-preminavte-granicite-avstriskiot-pretsedatel-so-opomena-do-kancelarot-kurc/#respond Thu, 07 Oct 2021 09:49:45 +0000 https://kurir.mk/?p=574588

Претседателот на Австрија, Александар ван дер Белен, ја предупреди Народната партија на Австрија (ОВП) за канцеларот Себастијан Курц, која по претресот на просториите на Обвинителството за економски криминал и корупција, го нападна судството. „Обвинението дека судството е еднострано, покажува непочитување на уставните институции на Австрија“, подвлече Ван дер Белен. Тој реагираше на изјавите на пратеникот на ОВП, Андреас Хангер, кој зборуваше за левичарски ќелии во Обвинителството за економски криминал и корупција. Канцеларот Курц, исто така, зборуваше за „измислени обвинувања“ според системот за користење на дел од СМС пораките и нивно ставање во погрешен контекст со цел како што рече, конструирање кривични обвиненија. Претседателот Ван дер Белен рече дека граѓаните биле сведоци на многу необичен и тежок чин. Тој потсети дека биле извршени неколку претреси во просториите и дека Обвинителството спроведува истрага во нова насока. „Задачата на судството е да ги испита сомнежите, без оглед на статусот на лицето“, подвлече тој. Рече дека е важно да се биде свесен за основата на владеењето на правото, а тоа е принципот на поделба на власта. Во моментов, додаде тој, се знае само дека се води истрага и дека е право на секој човек да го каже своето мислење, но да се даваат општи обвинувања против судството е незаконско преминување на границите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gi-preminavte-granicite-avstriskiot-pretsedatel-so-opomena-do-kancelarot-kurc/feed/ 0
Синдикатите со опомена пред тужба до Министерството за култура https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatite-so-opomena-pred-tuzba-do-ministerstvoto-za-kultura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatite-so-opomena-pred-tuzba-do-ministerstvoto-za-kultura/#respond Tue, 18 Aug 2020 13:12:45 +0000 https://kurir.mk/?p=392220

Од Синдикатот на културата информираат дека заедно со СОНК испратиле опомена за тужба до Министерството за култура поради прекршување на колективниот договор. – Имено со член 130, одредбите за плата од членови 65 и 66 требаше да стапат на сила најдоцна до 1 јули, а според член 63 платата се исплатува најдоцна до 10-ти во месецот. Иако по состанокот во Владата на 6 јули, Министерството за култура на својата веб-страна објави дека ќе ги почитува одредбите и дури испрати и допис до институциите со налог за пресметка на платите согласно колективниот договор, сепак до ден денешен платата не е исплатена во институциите од културата – велат синдикатите во допис до медиумите. Оттука потсетуваат дека со член 131 од Колективниот договор за култура повеќе не важат одредбите за плата од досегашните колективни договори на ниво на установи така што не постои ниту една друга опција за законска исплата на платите во културата освен во согласност со гранскиот Колективен договор. Велат дека членството на нивните синдикати одамна го изгубило трпението и повеќе не верува во способноста на Министерството за култура да ги почитува нивните работнички права. – Речиси 20 години Министерството ги манипулира вработените, ги гази нивните права и тивко ја убива културата. Во 2020 година, во време на светска пандемија, Министерството за култура, јасно го покажа своето вистинско лице и наместо како сервис на јавниот интерес во културата се покажа како негов гробар. Речиси 70 отсто од програмата на институциите не е реализирана поради тоа што Министерството не подготви протоколи ниту стратегија за функционирање. Уметниците и стручните лица се целосно блокирани во својата работа и своето творештво. Библиотеките, театрите, филхармонијата и НОБ се куќи на духови, а голем дел од музеите и центрите за конзервација едвај функционираат. Културата е речиси мртва и сега последниот удар доаѓа со непочитување на правата на вработените и прекршување на Колективниот договор – велат синдикатите. Тие го опоменуваат Министерството за култура дека доколку не го почитува договорот и најдоцна до 25 август не ги исплатат јулските плати, ќе почнат колективен судски спор согласно Законот за работните односи. Исто така, ги опоменуваат сите директори на институциите во културата дека доколку ги прекршат одредбите за плата од колективниот договор, исто така против нив ќе поведат индивидуални судски спорови. Синдикатите порачаа дека најдоброто решение е Министерството за култура да се вразуми и да не ја изложува државата на дополнителни трошоци во време на сериозна закана од економска криза.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatite-so-opomena-pred-tuzba-do-ministerstvoto-za-kultura/feed/ 0