опрема – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
Најнови вестиFri, 25 Nov 2022 17:37:34 +0000mk-MK
hourly
1 https://wordpress.org/?v=6.3.3https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.pngопрема – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
3232ЕУ ќе обезбеди дополнителна опрема за производство на електрична енергија во Украина
https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-kje-obezbedi-dopolnitelna-oprema-za-proizvodstvo-na-elektrichna-energija-vo-ukraina/
https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-kje-obezbedi-dopolnitelna-oprema-za-proizvodstvo-na-elektrichna-energija-vo-ukraina/#respondFri, 25 Nov 2022 17:37:34 +0000https://kurir.mk/?p=766674ЕУ ќе и обезбеди на Украина повеќе од 200 трансформатори и генератори на струја, соопшти денеска претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен по телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Поголемиот дел од техничките средства се донации од Латонија и Литванија, а во пратката ќе бидат вклучени и дел од залихите на ЕУ, складирани во Романија.
Во објавата на Фон дер Лајен се вели дека Еврокомисијата ќе ја олесни распределбата на донации од компании и организации кои сакаат да и помогнат на Украина да се справи со ефектите од руските воздушни напади врз цивилната инфраструктура. Донациите се очекува првично да бидат насочени кон Полска.
Претседателката на ЕК ги окарактеризира руските воздушни напади како сурови и намерно насочени кон инфраструктурата. Таа вели дека ЕУ се обидува да помогне во обновувањето на греењето и електричната енергија во Украина што е можно повеќе. ]]>ЕУ ќе и обезбеди на Украина повеќе од 200 трансформатори и генератори на струја, соопшти денеска претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен по телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Поголемиот дел од техничките средства се донации од Латонија и Литванија, а во пратката ќе бидат вклучени и дел од залихите на ЕУ, складирани во Романија.
Во објавата на Фон дер Лајен се вели дека Еврокомисијата ќе ја олесни распределбата на донации од компании и организации кои сакаат да и помогнат на Украина да се справи со ефектите од руските воздушни напади врз цивилната инфраструктура. Донациите се очекува првично да бидат насочени кон Полска.
Претседателката на ЕК ги окарактеризира руските воздушни напади како сурови и намерно насочени кон инфраструктурата. Таа вели дека ЕУ се обидува да помогне во обновувањето на греењето и електричната енергија во Украина што е можно повеќе. ]]>https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-kje-obezbedi-dopolnitelna-oprema-za-proizvodstvo-na-elektrichna-energija-vo-ukraina/feed/0Поставена нова сообраќајна и санирана оштетената опрема во Градскиот парк
https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/postavena-nova-soobrakjajna-i-sanirana-oshtetenata-oprema-vo-gradskiot-park/
https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/postavena-nova-soobrakjajna-i-sanirana-oshtetenata-oprema-vo-gradskiot-park/#respondThu, 28 Jul 2022 08:01:12 +0000https://kurir.mk/?p=711183Екипите на ЈП Улици и патишта, по налог на Град Скопје, во текот на изминативе денови активно работат на уредување на сообраќајната и на урбаната опрема во Градскиот парк. Санирани и обоени се сите рампи во паркот, а поставени се и нови кај Сточарскиот институт и пред хотел „Канет“.
Санирани се оштетените заштитни столпчиња пред бараките на Град Скопје, кај мостовите и поставени се нови на влезот од Градскиот парк.
Рампите и заштитните столпчиња треба да го спречат непрописното паркирање и воопшто пристапот на возилата во пешачкиот дел од Градскиот парк.
Екипите на ЈП Улици и патишта поставија и држачи за велосипеди кај лавиринтот во првиот дел од Градски парк, каде што е обновена и ризлата на патеките, а една патека околу лавиринтот е асфалтирана.
Во првиот дел од Градски парк санирана е оградата на мостот, а при крај се активностите за санација и на плочникот околу споменикот Гоце Делчев.
Екипите и во наредните денови ќе ги продолжат активностите во Градскиот парк, со обновување на ризлата на пешачки патеки во првиот дел и со санација на сите оштетени елементи кои ќе бидат пријавени.]]>Екипите на ЈП Улици и патишта, по налог на Град Скопје, во текот на изминативе денови активно работат на уредување на сообраќајната и на урбаната опрема во Градскиот парк. Санирани и обоени се сите рампи во паркот, а поставени се и нови кај Сточарскиот институт и пред хотел „Канет“.
Санирани се оштетените заштитни столпчиња пред бараките на Град Скопје, кај мостовите и поставени се нови на влезот од Градскиот парк.
Рампите и заштитните столпчиња треба да го спречат непрописното паркирање и воопшто пристапот на возилата во пешачкиот дел од Градскиот парк.
Екипите на ЈП Улици и патишта поставија и држачи за велосипеди кај лавиринтот во првиот дел од Градски парк, каде што е обновена и ризлата на патеките, а една патека околу лавиринтот е асфалтирана.
Во првиот дел од Градски парк санирана е оградата на мостот, а при крај се активностите за санација и на плочникот околу споменикот Гоце Делчев.
Екипите и во наредните денови ќе ги продолжат активностите во Градскиот парк, со обновување на ризлата на пешачки патеки во првиот дел и со санација на сите оштетени елементи кои ќе бидат пријавени.]]>https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/postavena-nova-soobrakjajna-i-sanirana-oshtetenata-oprema-vo-gradskiot-park/feed/0Поставена нова парковска опрема кај езерцата во вториот дел од Градскиот парк
https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/postavena-nova-parkovska-oprema-kaj-ezercata-vo-vtoriot-del-od-gradskiot-park/
https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/postavena-nova-parkovska-oprema-kaj-ezercata-vo-vtoriot-del-od-gradskiot-park/#respondTue, 05 Jul 2022 14:17:31 +0000https://kurir.mk/?p=700441Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ по налог на Град Скопје поставија новата парковска опрема кај езерцата во вториот дел од Градскиот парк, се вели во соопштението од прес-службата на Град Скопје.
-Новиот парковски елемент целосно се вклопува во природниот амбиент, придонесува за збогатување на содржините во паркот и е вистинско место за пријатен престој на отворено. Видиковецот е изработен од дрвени елементи и е покриен со шиндра. Одржувањето на зеленилото, уредувањето нови зелени површини и поставувањето нова парковска опрема е само дел од активностите што деновиве ги изведува ЈП „Паркови и зеленило“ во Градскиот парк, а нивните екипи се особено активни во неговиот втор дел. Во градскиот парк продолжува и реконструкцијата на средишните пешачките патеки која ја врши ЈП „Улици и патишта“, а ќе продолжи и во наредниот период, со цел да се обноват со нов асфалт вкупно 3.000 квадратни метри, истакнуваат од градот.
Во наредниот период службите од Градот Скопје ќе извршат обнова на оштетената урбана опрема во градскиот парк, ќе се обноват нефункционалните чешми за пиење на вода и фонтани, како и ќе се изврши дополнително зазеленување на постоечките тревници, додават од таму.]]>Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ по налог на Град Скопје поставија новата парковска опрема кај езерцата во вториот дел од Градскиот парк, се вели во соопштението од прес-службата на Град Скопје.
-Новиот парковски елемент целосно се вклопува во природниот амбиент, придонесува за збогатување на содржините во паркот и е вистинско место за пријатен престој на отворено. Видиковецот е изработен од дрвени елементи и е покриен со шиндра. Одржувањето на зеленилото, уредувањето нови зелени површини и поставувањето нова парковска опрема е само дел од активностите што деновиве ги изведува ЈП „Паркови и зеленило“ во Градскиот парк, а нивните екипи се особено активни во неговиот втор дел. Во градскиот парк продолжува и реконструкцијата на средишните пешачките патеки која ја врши ЈП „Улици и патишта“, а ќе продолжи и во наредниот период, со цел да се обноват со нов асфалт вкупно 3.000 квадратни метри, истакнуваат од градот.
Во наредниот период службите од Градот Скопје ќе извршат обнова на оштетената урбана опрема во градскиот парк, ќе се обноват нефункционалните чешми за пиење на вода и фонтани, како и ќе се изврши дополнително зазеленување на постоечките тревници, додават од таму.]]>https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/postavena-nova-parkovska-oprema-kaj-ezercata-vo-vtoriot-del-od-gradskiot-park/feed/0Здолништа, зимски и летни панталони – полицајците добија нова облека
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdolnishta-zimski-i-letni-pantaloni-policajcite-dobija-nova-obleka/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdolnishta-zimski-i-letni-pantaloni-policajcite-dobija-nova-obleka/#respondThu, 17 Mar 2022 07:52:25 +0000https://kurir.mk/?p=648606Деновиве во магацините на Министерството за внатрешни работи испорачани се вкупно 16.000 парчиња летни и зимски панталони и здолништа за припадниците на полицијата, со вредност од 31.008.559 денари со вклучен ДДВ, а по претходно распишана јавна набавка на униформи за 2021 година.
Испорачаните парчиња вклучуваат по 6452 машки зимски и летни панталони, по 758 женски зимски и летни панталони и по 790 зимски и летни здолништа, а согласно динамиката на испорака очекуваме пристигнување на високи специјални чизми и ремени со кои ќе се комплетираат испораките од спроведените јавни набавки на униформа во 2021 година.
Периодов во магацините на МВР пристигнаа и 8.000 парчиња зимски јакни за припадниците на полицијата, за коишто распределбата започна на 11.03.2022.
]]>Деновиве во магацините на Министерството за внатрешни работи испорачани се вкупно 16.000 парчиња летни и зимски панталони и здолништа за припадниците на полицијата, со вредност од 31.008.559 денари со вклучен ДДВ, а по претходно распишана јавна набавка на униформи за 2021 година.
Испорачаните парчиња вклучуваат по 6452 машки зимски и летни панталони, по 758 женски зимски и летни панталони и по 790 зимски и летни здолништа, а согласно динамиката на испорака очекуваме пристигнување на високи специјални чизми и ремени со кои ќе се комплетираат испораките од спроведените јавни набавки на униформа во 2021 година.
Периодов во магацините на МВР пристигнаа и 8.000 парчиња зимски јакни за припадниците на полицијата, за коишто распределбата започна на 11.03.2022.
]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdolnishta-zimski-i-letni-pantaloni-policajcite-dobija-nova-obleka/feed/0Хипомед донираше апарати и опрема во болници низ Македонија
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hipomed-donirashe-aparati-i-oprema-vo-bolnici-niz-makedonija/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hipomed-donirashe-aparati-i-oprema-vo-bolnici-niz-makedonija/#respondSat, 14 Nov 2020 11:11:34 +0000https://kurir.mk/?p=429415Компанијата Хипомед - медицинска опрема Скопје донираше медицински апарати и опрема за неколку болници во Македонија со кои ќе го олесни лекувањето на пациентите со Ковид 19. Опремата веќе е испорачана до здравствените установи и е ставена во функција.
Донацијата се состои од регулатори за кислородна терапија, пулсоксиметри, дезинфекциони столбови, апарат за препознавање вени и брза пункција кај мали дечиња и кислородни хауби.
„Оваа донација е само дел од низата со кои Хипомед ќе ги поддржува медицинските установи. Свесни сме дека и во овие моменти секоја помош претставува сериозна поддршка за клиниките кои се под постојан притисок на пандемијата. Се надеваме дека со оваа активност малку ќе им го олесниме товарот и дека ова ќе биде поттик и за други компании да ја покажат својата хуманост и да помогнат во соочување со оваа ситуација. Според нас нема поважна работа од здравјето на човекот“, велат од тимот на Хипомед медицинска опрема.
Вкупната вредност на дадената донација е околу 6.000 евра.]]>Компанијата Хипомед - медицинска опрема Скопје донираше медицински апарати и опрема за неколку болници во Македонија со кои ќе го олесни лекувањето на пациентите со Ковид 19. Опремата веќе е испорачана до здравствените установи и е ставена во функција.
Донацијата се состои од регулатори за кислородна терапија, пулсоксиметри, дезинфекциони столбови, апарат за препознавање вени и брза пункција кај мали дечиња и кислородни хауби.
„Оваа донација е само дел од низата со кои Хипомед ќе ги поддржува медицинските установи. Свесни сме дека и во овие моменти секоја помош претставува сериозна поддршка за клиниките кои се под постојан притисок на пандемијата. Се надеваме дека со оваа активност малку ќе им го олесниме товарот и дека ова ќе биде поттик и за други компании да ја покажат својата хуманост и да помогнат во соочување со оваа ситуација. Според нас нема поважна работа од здравјето на човекот“, велат од тимот на Хипомед медицинска опрема.
Вкупната вредност на дадената донација е околу 6.000 евра.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hipomed-donirashe-aparati-i-oprema-vo-bolnici-niz-makedonija/feed/0Лозановска до Филипче: Каде е заштитната опрема на здравствените работници, приморани се сами да си купуваат за да се заштитат
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lozanovska-do-filipche-kade-e-zashtitnata-oprema-na-zdravstvenite-rabotnici-primorani-se-sami-da-si-kupuvaat-za-da-se-zashtitat/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lozanovska-do-filipche-kade-e-zashtitnata-oprema-na-zdravstvenite-rabotnici-primorani-se-sami-da-si-kupuvaat-za-da-se-zashtitat/#respondWed, 28 Oct 2020 15:00:28 +0000https://kurir.mk/?p=421745Пратеничката Олга Лозановска од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ денес на комисиската седница за здравство посочи дека здравствените работници се оставени сами на себе, тие се приморани да си купуваат заштитна опрема ако сакаат да се заштитат и да не се заразат од КОВИД-19. Очигледно е дека министерството за здравство не им обезбедува доволно опрема на здравствените работници, па затоа тие луѓе и заболуваат од вирусот. Наместо здравствените работници да ги лекуваат граѓаните, тие се заразуваат од корона вирусот и тоа поради неспособноста на оваа власт.
„Се поголем број има на заразени здравствени работници и тоа имам информација од Клиничка болница Битола. Па затоа ќе ве прашам каде е заштитата на здравствените работници вметната во овој Закон? Каде е скрининг тестирањето на здравствените работници, кои што биле во контакт со инфицирани пациенти со КОВИД-19? Затоа, што инфектолозите се комплетно заштитени, меѓутоа останатите здравствени работници од една страна треба да се однесуваат со пациентите како да се КОВИД позитивни, а од друга страна немаат комплетна здравствена заштита“, нагласи Лозановска.
Лозановска додаде дека на здравствените работници им се дава една маска за дежурство од 24 часа. Срамота е здравствени работници сами да си купуваат заштитна опрема за да не се заразат со КОВИД-19.
„Конкретен пример, имаме пациент на Интерно кој што е хоспитализиран со направен тест КОВИД и е позитивен, и префрлен на Инфективно одделение. А, персоналот кој што го третирал тој пациент, ниту е тестиран, ниту е изолиран“, појасни Лозановска.
Лозановска потсети дека во Македонија има доста голем број и на асинтоматски пациенти.
„Ќе ве молам, треба да ги заштитиме здравствените работници затоа што ќе нема кој да ги лекува граѓаните“, замоли Лозановска.]]>Пратеничката Олга Лозановска од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ денес на комисиската седница за здравство посочи дека здравствените работници се оставени сами на себе, тие се приморани да си купуваат заштитна опрема ако сакаат да се заштитат и да не се заразат од КОВИД-19. Очигледно е дека министерството за здравство не им обезбедува доволно опрема на здравствените работници, па затоа тие луѓе и заболуваат од вирусот. Наместо здравствените работници да ги лекуваат граѓаните, тие се заразуваат од корона вирусот и тоа поради неспособноста на оваа власт.
„Се поголем број има на заразени здравствени работници и тоа имам информација од Клиничка болница Битола. Па затоа ќе ве прашам каде е заштитата на здравствените работници вметната во овој Закон? Каде е скрининг тестирањето на здравствените работници, кои што биле во контакт со инфицирани пациенти со КОВИД-19? Затоа, што инфектолозите се комплетно заштитени, меѓутоа останатите здравствени работници од една страна треба да се однесуваат со пациентите како да се КОВИД позитивни, а од друга страна немаат комплетна здравствена заштита“, нагласи Лозановска.
Лозановска додаде дека на здравствените работници им се дава една маска за дежурство од 24 часа. Срамота е здравствени работници сами да си купуваат заштитна опрема за да не се заразат со КОВИД-19.
„Конкретен пример, имаме пациент на Интерно кој што е хоспитализиран со направен тест КОВИД и е позитивен, и префрлен на Инфективно одделение. А, персоналот кој што го третирал тој пациент, ниту е тестиран, ниту е изолиран“, појасни Лозановска.
Лозановска потсети дека во Македонија има доста голем број и на асинтоматски пациенти.
„Ќе ве молам, треба да ги заштитиме здравствените работници затоа што ќе нема кој да ги лекува граѓаните“, замоли Лозановска.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lozanovska-do-filipche-kade-e-zashtitnata-oprema-na-zdravstvenite-rabotnici-primorani-se-sami-da-si-kupuvaat-za-da-se-zashtitat/feed/0Боксерка федерација додели опрема на сите активни клубови во Македонија
https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/bokserka-federacija-dodeli-oprema-na-site-aktivni-klubovi-vo-makedonija/
https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/bokserka-federacija-dodeli-oprema-na-site-aktivni-klubovi-vo-makedonija/#respondWed, 26 Aug 2020 08:59:20 +0000https://kurir.mk/?p=395553Во време на криза и пандемија, Боксерската федерација на Македонија, додели опрема на 27 активни клубови, членки на федерацијата.
-БФМ се грижи за развојот на боксот во државата, со цел унапредување на боксерскиот спорт, на активните клубови им додели спортска опрема за тренинг. Опремата се состои од вреќи, ракавици за тренинг, суспензори, заштитни гуми за заби, ластици и јажиња за вежбање, средство за дезинфекција, велат од Федерацијата.
Клубови кои добија опрема од БФМ:
БК АПЕРКАТ, БК УНИВЕРЗАЛЦИ, БК ЧАИР, БК ТЕРНИПЕ, БК ШКУПИ, БК ЈОРДАН МИЈАЛКОВ, БК ЦЕНТАР, БК 10-60, БК НОКАУТ, БК БАРГАЛА, БК ПИНК ПАНТЕР ТИМ, БК ФАМ. ДЕМИРОВИ, БК БОРЕЦ, БК АС, БК ПЕЛИСТЕР 2007, БК АЛЕКСО ОГНЕНОВСКИ, БК СИНДИ, БК ШКЕНДИЈА НО ЛИМИТ, БК ШКЕНДИЈА БОКС, БК ФАЈТЕР ИЛЕРИ, БК КУМАНОВО 84, БК ВОЛВС АРЕНА, БК ГОЛДЕН ФИСТ, БК ИЛИНДЕН, БК ЧИГРА БОКС И БК МЕДИТЕРАН .]]>Во време на криза и пандемија, Боксерската федерација на Македонија, додели опрема на 27 активни клубови, членки на федерацијата.
-БФМ се грижи за развојот на боксот во државата, со цел унапредување на боксерскиот спорт, на активните клубови им додели спортска опрема за тренинг. Опремата се состои од вреќи, ракавици за тренинг, суспензори, заштитни гуми за заби, ластици и јажиња за вежбање, средство за дезинфекција, велат од Федерацијата.
Клубови кои добија опрема од БФМ:
БК АПЕРКАТ, БК УНИВЕРЗАЛЦИ, БК ЧАИР, БК ТЕРНИПЕ, БК ШКУПИ, БК ЈОРДАН МИЈАЛКОВ, БК ЦЕНТАР, БК 10-60, БК НОКАУТ, БК БАРГАЛА, БК ПИНК ПАНТЕР ТИМ, БК ФАМ. ДЕМИРОВИ, БК БОРЕЦ, БК АС, БК ПЕЛИСТЕР 2007, БК АЛЕКСО ОГНЕНОВСКИ, БК СИНДИ, БК ШКЕНДИЈА НО ЛИМИТ, БК ШКЕНДИЈА БОКС, БК ФАЈТЕР ИЛЕРИ, БК КУМАНОВО 84, БК ВОЛВС АРЕНА, БК ГОЛДЕН ФИСТ, БК ИЛИНДЕН, БК ЧИГРА БОКС И БК МЕДИТЕРАН .]]>https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/bokserka-federacija-dodeli-oprema-na-site-aktivni-klubovi-vo-makedonija/feed/0Министерство за здравство отвори посебни сметки за донации, може да се донираат пари и опрема
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-zdravstvo-otvori-posebni-smetki-za-donacii-moze-da-se-doniraat-pari-i-oprema/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-zdravstvo-otvori-posebni-smetki-za-donacii-moze-da-se-doniraat-pari-i-oprema/#respondTue, 31 Mar 2020 10:27:59 +0000https://kurir.mk/?p=324819Министерството за здравство преку соопштение им се заблагодарува на сите кои досега со донаци во парични средства и добра дадоа поддршка во напорите на институциите за справување со состојбата со Ковид-19 во земјата.
Со оглед на бројните прашања и интересот за донации, Министерството, како што се посочува, има отворено наменски донациски сметки.
За директна финансиска помош во парични донации за набавка на стоки, добра и услуги кои се потребни заради заштита на населението на Република Македонија од коронавирусот средствата може да се уплатуваат на:
Во денари:
Сметка бр. 1900100434 785 K2;
Депонент на: НБРМ;
Приходна шифра бр. 744311;
Програма бр. 10;
Цел на дознака: „финасиска помош – КОВИД19“.
Во американски долари:
Correspondent bank details:
CITIBANK NA NEW YORK
Address: 111 WALL STREET NEW YORK
NY 10043
SWIFT BIC: CITI US 33
Bank details:
NATIONAL BANK OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA
Address: Bl. „Kuzman Josifovski Pitu” br. 1
1000 Skopje
Republic of North Macedonia
SWIFT: NBRM MK 2X
Final beneficiary:
IBAN: MK07100701000006669
Name: Ministerstvo za zdravstvo
Details of payment (:70):
Во Евра:
Correspondent bank details:
DEUTSCHE BUNDESTBANK ZENTRALE
Address:
Wilhelm Epstein Strasse 14,
Frankfurt am Main
GERMANY
SWIFT BIC: MARK DE FF
Bank details:
NATIONAL BANK OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA
Address: Bl. „Kuzman Josifovski Pitu” br. 1
1000 Skopje
Republic of North Macedonia
SWIFT BIC: NBRM MK 2X
Final beneficiary:
IBAN: MK07100701000006669
Name: Ministerstvo za zdravstvo
Details of payment:
За сите поединци или компании кои се заинтересирани да донираат заштитна опрема, медицинска опрема или медицински помагала или материјали, како и било какви други средства, добра и услуги кои се потребни за справување со коронавирусот, тоа може да го направат во директна соработка со одговорните од Министерството за здравство. За таа цел, Министерството за здравство има изработено листа на приоритети за набавки која може да се побара преку е-маил адресата на одговорното лице: [email protected].mk .
Тука можат да се добијат конкретни инструкции за постапката за донација, стои во соопштението.]]>Министерството за здравство преку соопштение им се заблагодарува на сите кои досега со донаци во парични средства и добра дадоа поддршка во напорите на институциите за справување со состојбата со Ковид-19 во земјата.
Со оглед на бројните прашања и интересот за донации, Министерството, како што се посочува, има отворено наменски донациски сметки.
За директна финансиска помош во парични донации за набавка на стоки, добра и услуги кои се потребни заради заштита на населението на Република Македонија од коронавирусот средствата може да се уплатуваат на:
Во денари:
Сметка бр. 1900100434 785 K2;
Депонент на: НБРМ;
Приходна шифра бр. 744311;
Програма бр. 10;
Цел на дознака: „финасиска помош – КОВИД19“.
Во американски долари:
Correspondent bank details:
CITIBANK NA NEW YORK
Address: 111 WALL STREET NEW YORK
NY 10043
SWIFT BIC: CITI US 33
Bank details:
NATIONAL BANK OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA
Address: Bl. „Kuzman Josifovski Pitu” br. 1
1000 Skopje
Republic of North Macedonia
SWIFT: NBRM MK 2X
Final beneficiary:
IBAN: MK07100701000006669
Name: Ministerstvo za zdravstvo
Details of payment (:70):
Во Евра:
Correspondent bank details:
DEUTSCHE BUNDESTBANK ZENTRALE
Address:
Wilhelm Epstein Strasse 14,
Frankfurt am Main
GERMANY
SWIFT BIC: MARK DE FF
Bank details:
NATIONAL BANK OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA
Address: Bl. „Kuzman Josifovski Pitu” br. 1
1000 Skopje
Republic of North Macedonia
SWIFT BIC: NBRM MK 2X
Final beneficiary:
IBAN: MK07100701000006669
Name: Ministerstvo za zdravstvo
Details of payment:
За сите поединци или компании кои се заинтересирани да донираат заштитна опрема, медицинска опрема или медицински помагала или материјали, како и било какви други средства, добра и услуги кои се потребни за справување со коронавирусот, тоа може да го направат во директна соработка со одговорните од Министерството за здравство. За таа цел, Министерството за здравство има изработено листа на приоритети за набавки која може да се побара преку е-маил адресата на одговорното лице: [email protected].mk .
Тука можат да се добијат конкретни инструкции за постапката за донација, стои во соопштението.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-zdravstvo-otvori-posebni-smetki-za-donacii-moze-da-se-doniraat-pari-i-oprema/feed/0Нова опрема за царинската лабораторија
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-oprema-za-carinskata-laboratorija/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-oprema-za-carinskata-laboratorija/#respondWed, 22 Jan 2020 06:38:26 +0000https://kurir.mk/?p=292955На Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје денеска ќе биде промовирана новата опрема за царинската лабораторија набавена со помош на Програмата ИПА 2013.
На промоцијата обраќање ќе имаат министерката за финасии Нина Ангеловска, евоамбасадорот Самуел Жбогар и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски.
Опремата е наменета за анализа на акцизни стоки, производи од хемиската индустрија и други стоки кои се контролираат од аспект на избегнати давачки или подлежат на забрани или ограничувања.]]>На Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје денеска ќе биде промовирана новата опрема за царинската лабораторија набавена со помош на Програмата ИПА 2013.
На промоцијата обраќање ќе имаат министерката за финасии Нина Ангеловска, евоамбасадорот Самуел Жбогар и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски.
Опремата е наменета за анализа на акцизни стоки, производи од хемиската индустрија и други стоки кои се контролираат од аспект на избегнати давачки или подлежат на забрани или ограничувања.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-oprema-za-carinskata-laboratorija/feed/0Владата ќе се слика за 36.000 евра
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-kje-se-slika-za-36-000-evra/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-kje-se-slika-za-36-000-evra/#respondWed, 19 Dec 2018 16:15:25 +0000https://kurir.mk/?p=142471Владата склучила договор за набавка на фотоопрема од над 2,2 милиони денари. Договорот е склучен со фирмата „Пикс плус траде“ ДООЕЛ. Станува збор за набавка на опрема за секторот за односи со јавност кој работи на покривање настани во и надвор од Владата, а се поврзани со активностите на Владата со министерствата и на премиерот, пренесе Макфакс.
Во договорот потпишан од генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, не пишува за каква фотоопрема станува збор.
Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, вели дека за оваа сума набавени се два фотоапарати и еден професионален рачен камкодер, мала стабилизирана камера, како и придружна опрема за истите.
Извори за „Макфакс“ тврдат дека станува збор за едни од најпрофесионалните фотоапарати каков што засега има само еден фоторепортер во земјава, а истиот чини околу 6 илјади евра.
За владината пиар-служба имаше големи реакции во јавноста уште од почетокот на нејзиното основање, со оглед на обемноста на кадарот, чија основна задача е да ги промовира владините политики. Дел фотографи и новинари од медиумите реагираа дека владината пиар-служба им го зема лебот, со оглед на тоа што Владата до медиумите испраќа готови, новинарски подготвени текстови и фотографии од настани, а со тоа се демотивираат редакциите да вработуваат фоторепортери и буквално чекаат на готово комплетно напишани текстови и фотографии од настани.
Фотографии од владините настани се објавуваат на „Фејсбук“, „Инстаграм“, Flickr, на веб-страницата на Владата, а се испраќаат и на електронската пошта на медиумите.]]>Владата склучила договор за набавка на фотоопрема од над 2,2 милиони денари. Договорот е склучен со фирмата „Пикс плус траде“ ДООЕЛ. Станува збор за набавка на опрема за секторот за односи со јавност кој работи на покривање настани во и надвор од Владата, а се поврзани со активностите на Владата со министерствата и на премиерот, пренесе Макфакс.
Во договорот потпишан од генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, не пишува за каква фотоопрема станува збор.
Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, вели дека за оваа сума набавени се два фотоапарати и еден професионален рачен камкодер, мала стабилизирана камера, како и придружна опрема за истите.
Извори за „Макфакс“ тврдат дека станува збор за едни од најпрофесионалните фотоапарати каков што засега има само еден фоторепортер во земјава, а истиот чини околу 6 илјади евра.
За владината пиар-служба имаше големи реакции во јавноста уште од почетокот на нејзиното основање, со оглед на обемноста на кадарот, чија основна задача е да ги промовира владините политики. Дел фотографи и новинари од медиумите реагираа дека владината пиар-служба им го зема лебот, со оглед на тоа што Владата до медиумите испраќа готови, новинарски подготвени текстови и фотографии од настани, а со тоа се демотивираат редакциите да вработуваат фоторепортери и буквално чекаат на готово комплетно напишани текстови и фотографии од настани.
Фотографии од владините настани се објавуваат на „Фејсбук“, „Инстаграм“, Flickr, на веб-страницата на Владата, а се испраќаат и на електронската пошта на медиумите.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-kje-se-slika-za-36-000-evra/feed/0