општа болница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 15 May 2023 13:12:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png општа болница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Општата болница со проширена дејност од Кочани ја намалила задолженоста за над 81 отсто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opshtata-bolnitsa-so-proshirena-dejnost-od-kochani-ja-namalila-zadolzhenosta-za-nad-81-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opshtata-bolnitsa-so-proshirena-dejnost-od-kochani-ja-namalila-zadolzhenosta-za-nad-81-otsto/#respond Mon, 15 May 2023 13:12:13 +0000 https://kurir.mk/?p=834385

Општата болница со проширена дејност од Кочани отплатила поголем дел од заостанатите обврски кон различни доверители, со што ја намалила задолженоста за над 81 отсто. Од затекнатите долгови во 2017 година, во износ од околу 28 милиони денари, на почетокот на мај годинава неподмирени останале близу 5,3 милиони денари, од кои најмногу кон Институтот за трансфузиона медицина и Медицинскиот факултет од Скопје, а помал дел за гориво за возилата на итната помош. -Според податоците добиени од Министерството за здравство, во моментот имаме остварување од 82 отсто од финансиските средства што ги добиваме од Фондот за здравство, што е еден од највисоките проценти на ниво на држава. За да се обезбеди заштеда на средствата, во нашата здравствена установа во изминатите неколку години не е исплатена ниту една дневница за службено патување, нема трошоци за репрезентација, а внатрешните членови на Управниот одбор работат без надоместок. И покрај недостигот на медицински персонал, успешно се справуваме со сите задачи и предизвици, а заедно со кадровското доекипирање, еден од приоритетите ни е да обезбедииме финансиска стабилност и навремено подмирување на тековните и другите обврски, истакна Александар Серафимов, директор на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани. Менаџментот и медицинскиот персонал добиле позитивни оценки за работењето и при ненајавената контролна посета на болницата, што пред десетина дена ја направил министерот за здравство Фатмир Меџити. По обиколката на сите болнички одделенија и Итната медицинска помош не биле упатени никакви забелешки. Општата болница од Кочани го очекува враќањето од специјализција на 16 млади лекари, кои треба да го надополнат недостигот на одделенијата за интерни болести, хирургија, гинекологија, педијатрија и другите оддели, како и во новиот Центар за ментално здравје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opshtata-bolnitsa-so-proshirena-dejnost-od-kochani-ja-namalila-zadolzhenosta-za-nad-81-otsto/feed/ 0
Maлолетник фатен како краде во болница во Куманово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/maloletnik-faten-kako-krade-vo-bolnica-vo-kumanovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/maloletnik-faten-kako-krade-vo-bolnica-vo-kumanovo/#respond Mon, 04 Apr 2022 09:44:15 +0000 https://kurir.mk/?p=658108

На 03.04.2022 во 05.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода малолетник од Куманово. Тој бил затекнат во објект на Општата болница Куманово, при обид да изврши кривично дело „тешка кражба“, а претходно веќе извршил кражба во деловен објект на ул.„Трета македонска ударна бригада“, при што одзел пари и различни предмети. Кај него биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/maloletnik-faten-kako-krade-vo-bolnica-vo-kumanovo/feed/ 0
Болницата во Кичево во колапс https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolnicata-vo-kichevo-vo-kolaps/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolnicata-vo-kichevo-vo-kolaps/#respond Sat, 28 Jul 2018 13:17:02 +0000 https://kurir.mk/?p=82140

И покрај најавите за реконструкција и опремување на болниците низ државава, Општата болница во Кичево е во хаос. Граѓаните не можат да добијат соодветна здравствена грижа бидејќи или нема апарати или условите се несоодветни. Граѓаните обвинуваат дека ниту здравствениот кадар не си ја работи работата зошто нема основни апарти потребни за секојдневно функционирање. Упатените во здравството велат дека дел од апаратите како ехо, а и оние на рентген, не работат. Не се извршуваат никакви операции хируршки, гинеколошки не се подготвени ниту за порордување со царски рез, а не се прават ниту други потребни гинеколошки интервенции кои се особено важни за здравјето на жената. Дополнително на ова нема ниту инфектолог, дел од нив се префлени во други градови. Колку за илустрација единствениот анестезиолог е префлен на работа во Битола. Единствената грижа коментираат упатените е само како да се згрижи партискиот кадар, а не оној што реално недостасува за граѓаните да добијат соодветна медицинска грижа. Надежите на граѓаните на Кичево дека ќе биде завршена новата болница, не се остварија, а тие и понатаму ќе мораат здравствените услуги да ги добиваат во болничка зграда изградена пред 90 години и каде што ни минимум не се задоволени стандардите за една здравствена установа. Се што беше започнато да се прави е целосно стопирано. Или како што сведочат пациентите „згора на се и чекалниците личат на вистински отпад за стар мебел и други предмети“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolnicata-vo-kichevo-vo-kolaps/feed/ 0