општина аеродорм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 May 2023 18:43:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png општина аеродорм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОПШТИНА АЕРОДРОМ ПРОТИВ ЦЕНЗУРИРАЊЕТО НА ГОЦЕ- Градоначалникот Муцунски закажа средба со родителите https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-protiv-tsenzuriraneto-na-gotse-gradonachalnikot-mutsunski-zakazha-sredba-so-roditelite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-protiv-tsenzuriraneto-na-gotse-gradonachalnikot-mutsunski-zakazha-sredba-so-roditelite/#respond Tue, 16 May 2023 18:28:27 +0000 https://kurir.mk/?p=834963

Општина Аеродром е против било каква цензура и ќе свика средба со родителите и вработените во градинката Срничка за да се разгледа случајот на менување на програмата за завршна прослава во градинката, за кој пишуваше Плусинфо – реагира Општината во соопштение. Како што пишувавме Управниот одбор на градинката „Срничка“ на 15 мај одржал седница на која решил од програмата за завршната приредба да се исфрли песната „Нешто ќе те питам бабо”, во која се пее за македонскиот револуционер Гоце Делчев, без да се наведени причини за тоа. „Во однос на објавата во вашиот медиум поврзана со работата на Детската градинка „Срничка”, најпрво дозволете да информираме дека согласно Законот за заштита на децата, детските градинки работат независно и во согласност со годишната програма. Во нивната работа на ниту еден начин не се меша општината, напротив за истата одговара раководното лице (директорот) и управниот одбор, кој е составен од членови предложени и избрани од неколку државни институции. Правото и слободата на изразување се гарантирани во Уставот и во таа насока, потенцираме дека Општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски не поддржуваат и нема да поддржат цензура во било каква форма. Напротив, во изминатиот период Општина Аеродром покажа високо ниво на транспарентност и почитување на правото на говор и изразување. Во насока на целосно решавање на проблемот, градоначалникот Муцунски за овој веќе петок закажа средба со родителите на засегнатите дечиња од посочената детска градинка, на која ќе се разгледа и дискутира за споменатиот проблем. На крајот потенцираме дека, обезбедување на квалитетна предучилишна грижа е во фокусот на Општина Аеродром и нема да дозволиме на било кој начин да се фрли сенка на овие напори и истите да се стават во втор план“ – се вели во реакцијата на Општина Аеродром.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-protiv-tsenzuriraneto-na-gotse-gradonachalnikot-mutsunski-zakazha-sredba-so-roditelite/feed/ 0
Аеродром добива нов парк од 5.700м2 https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/aerodrom-dobiva-nov-park-od-5-700m2/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/aerodrom-dobiva-nov-park-od-5-700m2/#respond Fri, 01 Apr 2022 07:33:23 +0000 https://kurir.mk/?p=656731

Општина Аеродром ќе добие нов парк од 5.700 квадратни метри во Реонски центар Аеродром, значаен придонес во неговата изведба и уредување ќе биде обезбеден од страна на Шведска, а ќе го спроведе канцеларијата на УНДП. Шведска претставува најголем билатерален донатор меѓу ЕУ-земјите во нашата држава. Во посета на Аеродром вчера беше шведската амбасадорка Кристин Форсгрен Бенгтсон, која заедно со градоначалникот Тимчо Муцунски направија прошетка низ општината и обиколка на локацијата на која ќе биде поставен овој парк. Градоначалникот Муцунски на амбасадорката ѝ презентираше некои од врвните приоритети за развој на општината во наредниот период, меѓу кои највисоко место зазема и заложбата за чиста и здрава животна средина. Оваа заложба се потврдува со тоа што предвидениот парк се наоѓа на локација на која до неодамна беа предвидени градежни маркици за изградба на станбени објекти, а по иницијатива на градоначалникот беа пренаменети во парк кој ќе зафаќа површина од 5.700м2.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/aerodrom-dobiva-nov-park-od-5-700m2/feed/ 0