општина аеродром – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 13:36:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png општина аеродром – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Митески: Зелената обврзница со која треба да се реализира изградбата на градинки и училишта во Аеродром седи во фиока на Ковачевски https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/miteski-zelenata-obvrznitsa-so-koja-treba-da-se-realizira-izgradbata-na-gradinki-i-uchilishta-vo-aerodrom-sedi-vo-fioka-na-kovachevski/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/miteski-zelenata-obvrznitsa-so-koja-treba-da-se-realizira-izgradbata-na-gradinki-i-uchilishta-vo-aerodrom-sedi-vo-fioka-na-kovachevski/#respond Thu, 02 Nov 2023 13:36:18 +0000 https://kurir.mk/?p=895840

Нема крај на опструкциите и штетата која СДСМ и политичките партии од власта ја прават на државата. Република Македонија освен што ја има најнеспособната влада во Европа, граѓаните за жал мора да бидат жртва и да ги трпат последиците на дневнополитичките игри на деструктивната СДСМ и Ковачевски, а кои имаат цел да го закочат развојот, новите проекти и новите инвестиции во општините, каде градоначалниците се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вели Дејан Митески, претседател на Совет во Општина Аеродром. -Еден од многуте такви примери е Општината Аеродром, каде пред две години ВМРО-ДПМНЕ победи убедливо на изборите и по долг временски период на стагнација, конечно започна да работи и да инвестира во општината. Уште по првата година успеавме да го вратиме и воспоставивме концептот „Општина за граѓаните“ и преку реализација на инфраструктурни и капитални проекти да најдеме решение за најголемиот дел од проблемите со кои се соочуваа тие. Но, граѓаните треба да знаат дека, како резултат на политичката ароганција, владата на СДСМ остана воздржана, односно воопшто не ја разгледа иницијативата на општина Аеродром, за обезбедување средства преку „Зелената обврзница“, која требаше да обезбеди пари за изградба на две нови детски градинки, доградба и надградба на две основни училишта, нов плоштад и нови улици, рече тој. „Единствен виновник поради што не започна изградбата на новите капитални објекти во Аеродром е токму владата на Република Македонија и премиерот Ковачевски, кои водејќи грижа за сопствената политичка агенда, а за сметка на граѓаните во Аеродром решија на многу перфиден и крајно безобразен начин да ги закочат овие проекти. Буквално иницијативата за издавање „Зелена обврзница“ со која требаше да се финансираат овие проекти, со месеци стои во фиоката на Ковачевски кој повеќе од очигледно, смета дека децата од Аеродром не заслужуваат да учат во нови училишта и да растат во нови градинки“ - рече Митески. -Проектот „Зелена обврзница“ беше поздравен од комерцијалните банки и приватните компании, а концептот на кој се заснова реализацијата на инфраструктурните проекти, доби позитивни оценки и од меѓународните партнери на Општина Аеродром. И покрај тоа што оваа обврзница е со многу поповолни каматни стапки од обврзниците кои издава државата, веројатно, само Ковачевски и неговите советници кои се платени токму од нашите пари, сметаат дека Аеродром не заслужува нови капитални проекти кои ќе се финансираат од општински средства. На крајот дозволете ми да потенцирам дека новите детски градинки и новите училишта се реална потреба во една од најголемите и најнаселени општини во Македонија и тие мора да почнат да се градат што поскоро. Ние сме целосно подготвени, а следната година, веднаш по промената на власта, ќе започнат активностите за реализација на овие капитални инвестиции. Во меѓувреме, го повикуваме премиерот Ковачевски да најде решение, или пак да даде одговор на стотици семејства чии дечиња со години чекаат ред за упис во детска градинка во Аеродром, вели тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/miteski-zelenata-obvrznitsa-so-koja-treba-da-se-realizira-izgradbata-na-gradinki-i-uchilishta-vo-aerodrom-sedi-vo-fioka-na-kovachevski/feed/ 0
Општина Аеродром поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје за согорување отпад на отворен простор, надвор од границите на општината https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-aerodrom-podnese-krivichna-prijava-do-ojo-skopje-za-sogoruvane-otpad-na-otvoren-prostor-nadvor-od-granitsite-na-opshtinata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-aerodrom-podnese-krivichna-prijava-do-ojo-skopje-za-sogoruvane-otpad-na-otvoren-prostor-nadvor-od-granitsite-na-opshtinata/#respond Thu, 02 Nov 2023 10:40:03 +0000 https://kurir.mk/?p=895727

Општина Аеродром во текот на вчерашниот ден до Основното јавно обвинителство од Скопје достави кривична пријава против непознат сторител. Кривичната пријава се однесува за согорување отпад на отворен простор на територија надвор од границите на општината. Истата е поднесена согласно член 70 од Законот за амбиентален воздух, по претходен надзор од страна на инспекциските служби и по претходна пријава од страна на граѓаните за непријатен мирис кој се чувствува на територијата на општината. Законот за амбиентален воздух предвидува обврска за инспекциските служби да поднесат кривична пријава до надлежните судови за поведување на кривична, односно прекршочна постапка, доколку при вршењето надзор се утврди основа за тоа. Со оглед на фактот дека станува збор за кривично дело свесно сторено од страна на непознат сторител и на територија на друга општина, Општина Аеродром смета дека целосно се исполнети условите за кривичен прогон за конкретното кривично дело, а притоа очекуваме Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство согласно своите законски надлежности да постапат по доставената кривична пријава и истата во најкраток рок да ја процесираат до надлежните судски органи. Грижата за здравјето на граѓаните, како и одржувањето на здрава и чиста животна средина останува приоритет на Општина Аеродром. Апелираме за почитување на законите и одговорност кон околината, а нашите служби и во иднина ќе преземаат активности кои се во согласност со законот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-aerodrom-podnese-krivichna-prijava-do-ojo-skopje-za-sogoruvane-otpad-na-otvoren-prostor-nadvor-od-granitsite-na-opshtinata/feed/ 0
Реакција од општина Аеродром: Деструктивната СДСМ зад себе остави повеќе прес-конференции отколку реализирани проекти за Аеродром https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reaktsija-od-opshtina-aerodrom-destruktivnata-sdsm-zad-sebe-ostavi-poveke-pres-konferentsii-otkolku-realizirani-proekti-za-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reaktsija-od-opshtina-aerodrom-destruktivnata-sdsm-zad-sebe-ostavi-poveke-pres-konferentsii-otkolku-realizirani-proekti-za-aerodrom/#respond Tue, 31 Oct 2023 13:45:12 +0000 https://kurir.mk/?p=894960

Доколку енергијата која СДСМ ја троши за прес-конференции полни со лаги и дезинформации ја потрошеа за реализација на проекти и инвестиции за граѓаните, денес немаше да биде политичката партија со најнизок рејтинг помеѓу граѓаните во Македонија. Четири години власт без никакви резултати и двегодишна работа како безгласна опозиција во советот на Општина Аеродром, беа доволни за СДСМ конечно да го покаже своето вистинско лице пред граѓаните и да покаже дека е политичка партија која ја интересираат само личните интереси, фамилијарните бизниси и тендер зделките, ова денеска преку реакција до јавноста го истакнуваат од општината Аеродром. „Смешно е за проекти и развој да говори политичката партија која 4 години не реализираше ниту еден капитален проект за Аеродром, а воедно претставува пример за корумпирано и криминално владеење кое донесе сиромаштија и економска криза во државата. Наместо да држат прес-конференции полни со дезинформации, СДСМ треба да даде одговор за тоа зошто нивната влада свесно го кочи почетокот на изградба на две детски градинки, доградба и надградба на две основни училишта, како и изградбата на новиот плоштад зад ТЦ „Капитол“. Ќе беше зачудувачки доколку СДСМ, наместо да ја лаже јавноста, дадеше одговор зошто ги намали дотациите за основното образование, а министерката за труд и социјална политика од редовите на таа партија одговореше зошто владата не презема ништо за решавање на проблемот со капацитетите во детските градинки во Аеродром. Граѓаните на Општина Аеродром се свесни и знаат дека доколку има политички субјект на кој му пречат новите проекти во Аеродром, тоа дефинитивно е СДСМ и доколку постојат политичари кои направиле се за да стагнира развојот на општината, тоа дефинитивно се премиерот, министрите и пратениците од најдеструктивната политичката партија во историјата на Македонија“, велат од општината. Од Аеродром додаваат дека на крајот дозволете да напоменеме дека и покрај сите опструкции од централна власт, општината две години континуирано и активно работи на реализација на нови проекти и инвестиции. Аеродром и во услови на економска криза предизвикана од неспособноста на централната власт, се менува, раззеленува и разубавува. Граѓаните од секоја населба добиваат нови улици, сообраќајници, паркови и игралишта, а дечињата учат во нови и модерни училишта. Опструкциите и пречките го покажуваат вистинското лице и деструктивниот карактер на оваа политичка партија, но нема да дозволиме тие да го спречат понатамошниот развој на општината и реализацијата на проекти од интерес за граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reaktsija-od-opshtina-aerodrom-destruktivnata-sdsm-zad-sebe-ostavi-poveke-pres-konferentsii-otkolku-realizirani-proekti-za-aerodrom/feed/ 0
Муцунски: Сеќавањата за Игор никогаш нема да бледнеат, а со бистата поставена од страна на општина Аеродром споменот ќе живее вечно https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mutsunski-sekavanata-za-igor-nikogash-nema-da-bledneat-a-so-bistata-postavena-od-strana-na-opshtina-aerodrom-spomenot-ke-zhivee-vechno/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mutsunski-sekavanata-za-igor-nikogash-nema-da-bledneat-a-so-bistata-postavena-od-strana-na-opshtina-aerodrom-spomenot-ke-zhivee-vechno/#respond Tue, 24 Oct 2023 11:20:13 +0000 https://kurir.mk/?p=892499

Денеска во Долно Лисиче официјално беше откриена бистата посветена на загинатиот бранител Игор Драганов кој животот го загуби пред 16 години, бранејќи ја татковината. На настанот присуствуваа градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, претседателот на советот, Дејан Митески, како и претставници на советот и на општината. Станува збор за спомен обележје изработено и поставено од страна на општината, а на иницијатива на семејството на Игор. Градоначалникот Муцунски во своето обраќање потенцираше дека бистата ќе биде вечен спомен кон незаборавот на Игор и едно од малкуте дела на почит што општината и државата му ги должат на човекот кој загина бранејќи ја Македонија. „Сите ние сме свесни за фактот дека овој споменик нема да ја намали болката на семејството или да ја надомести загубата за државата и неговите блиски, но ова треба да биде вечниот спомен кој никогаш нема бледнее и каде ќе се потсетуваме на храброста на човекот кој со својот херојски чин стана дел од бранителите на државата и со тоа доби место помеѓу најсилните, најхрабрите и најпочитуваните“, потенцираше Муцунски во обраќањето. На настанот свое обраќање имаа и претставници на Министерството за внатрешни работи, Здружението на загинати бранители и членови на семејството на Игор Драганов. По неговото завршување делегациите положија свежо цвеќе, а од страна на учениците од ПОУ „Гоце Делчев“ беше изведен пригоден рецитал. Денешното откривање на спомен бистата е уште една потврда дека Општина Аеродром не го заборава придонесот за бранителите на Македонија и понатаму, согласно законските прописи ќе презема активности нивниот придонес за државата да биде соодветно испочитуван.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mutsunski-sekavanata-za-igor-nikogash-nema-da-bledneat-a-so-bistata-postavena-od-strana-na-opshtina-aerodrom-spomenot-ke-zhivee-vechno/feed/ 0
Општина Аеродром се вклучува во кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-se-vkluchuva-vo-kampanata-kreni-glas-protiv-vrsnichkoto-nasilstvo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-se-vkluchuva-vo-kampanata-kreni-glas-protiv-vrsnichkoto-nasilstvo/#respond Fri, 20 Oct 2023 09:46:23 +0000 https://kurir.mk/?p=891131

Општина Аеродром со осумте основни училишта се вклучува во општествено-одговорната и едукативна кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничкото насилство“. Учениците, но и родителите, ќе добијат едукативен материјал преку кој што ќе можат подобро да се запознаат со проблемот со булингот и неговите различни форми, а во секое од училиштата ќе се одржи и работилница на темата. За успешна реализација на овие активности „Макпетрол“ и Општина Аеродром вчера потпишаа меморандум за соработка. „На мое големо задоволство, вчера потпишавме меморандум за соработка со „Макпетрол“, со кој Општина Аеродром и сите 8 основни училишта на нашата територија се вклучуваат во кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“. Само со заеднички ангажман можеме да ги охрабриме и поттикнеме младите да бидат одговорни граѓаните, да промовираат емпатија, разбирање и поддршка, а училиштата да бидат место за дебата, а не насилство“, истакна градоначалникот Муцунски. Ученици, наставници, како и претставници на стручните служби ќе учествуваат во работилници преку кои што ќе се споделат знаења и искуства кои што би можеле да ја подобрат ситуацијата и да придонесат во решавање на проблемот со врсничкото насилство. Работилниците ќе се одржат во „Лазо Ангеловски“, „Љубен Лапе“, „Александар Македонски“, „Блаже Конески“, „Браќа Миладиновци“, „Ѓорѓија Пулевски“, „Гоце Делчев“ и „Димитар Македонски“. „Врсничкото насилство е проблем од огромни размери што може да предизвика последици за сегашните, но особено, за идните генерации. Целта на нашата кампања, како и на активностите што се дел од неа, како работилниците, е да ги пренесе ваквите знаења и искуства и тие да им дадат поддршка на тие на кои што им е најпотребна“, истакна Марија Јосифовска-Спасовска, член на Управниот одбор и директор во „Макпетрол“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-se-vkluchuva-vo-kampanata-kreni-glas-protiv-vrsnichkoto-nasilstvo/feed/ 0
Општина Аеродром се вклучува во општествено одговорната кампања „Крени глас против врсничкото насилство“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-se-vkluchuva-vo-opshtestveno-odgovornata-kampana-kreni-glas-protiv-vrsnichkoto-nasilstvo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-se-vkluchuva-vo-opshtestveno-odgovornata-kampana-kreni-glas-protiv-vrsnichkoto-nasilstvo/#respond Thu, 19 Oct 2023 14:33:40 +0000 https://kurir.mk/?p=890862

Општествено одговорната и едукативна кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничкото насилство“ и Општина Аеродром денеска потпишаа меморандум за соработка. Како што е наведено во соопштението, учениците, но и родителите, ќе добијат едукативен материјал преку којшто ќе можат подобро да се запознаат со проблемот со булингот и неговите различни форми, а во секое од училиштата ќе се одржи и работилница на темата. - Врсничкото насилство е проблем од огромни размери што може да предизвика последици за сегашните, но особено, за идните генерации. Се работи за феномен којшто бара опсежен пристап, односно за чие што решавање е пресудно да се користат знаењата и искуствата на психотерапевтите кои што директно работат со случаи на булинг, без разлика дали се во прашање извршители или жртви. Стручните лица се тие што можат да придонесат во изнаоѓање долгорочни решенија, тие имаат капацитет да обезбедат помош што би била од суштинско значење за сите што се соочиле со врсничкото насилство. Целта на нашата кампања, како и на активностите што се дел од неа, како работилниците, е да ги пренесе ваквите знаења и искуства и тие да им дадат поддршка на тие на кои што им е најпотребна, вели Марија Јосифовска-Спасовска, член на Управниот одбор и директор во „Макпетрол“. Оттаму потенцираат дека ученици, наставници, како и претставници на стручните служби ќе учествуваат во работилници преку кои што ќе се споделат знаења и искуства кои што би можеле да ја подобрат ситуацијата и да придонесат во решавање на проблемот со врсничкото насилство. Работилниците ќе се одржат во „Лазо Ангеловски“, „Љубен Лапе“, „Александар Македонски“, „Блаже Конески“, „Браќа Миладиновци“, „Ѓорѓија Пулевски“, „Гоце Делчев“ и „Димитар Македонски“. - Овој меморандум за соработка е од големо значење за Општина Аеродром бидејќи носи можност за вклучување на различни сектори во адресирање на овој проблем и покажува грижа за најмладите. Драго ми е што кампањата е иницирана од приватна компанија која е посветена на општествената одговорност, но и која прави напори во своите активности да ги вклучи единиците на локалната самоуправа, училиштата и другите засегнати страни. Само со заеднички ангажман можеме да ги охрабриме и поттикнеме младите да бидат одговорни граѓаните, да промовираат емпатија,  разбирање и поддршка, а училиштата да бидат место за дебата, а не насилство. Овие кампањи се од огромно значење за едуцирање на младите луѓе, но и пошироката јавност за негативните ефекти кои врсничкото насилство ги има врз децата и младите луѓе и за жал и на општеството во целина, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски. Со цел да укаже на исклучителното значење на оваа тема, но и да понуди пат како постепено да се дојде до решение, „Макпетрол“ ја отпочна општествено одговорната и едукативна кампања „Крени глас против врсничкото насилство“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-se-vkluchuva-vo-opshtestveno-odgovornata-kampana-kreni-glas-protiv-vrsnichkoto-nasilstvo/feed/ 0
„Островска“ доби нов повеќенаменски комплекс https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ostrovska-dobi-nov-povekenamenski-kompleks/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ostrovska-dobi-nov-povekenamenski-kompleks/#respond Thu, 12 Oct 2023 11:42:24 +0000 https://kurir.mk/?p=888061

Денес на „Островска“ во населбата Лисиче, со обраќање на градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и претседателот на советот, Дејан Митески и изведување на музички точки подготвени од учениците од ООУ „Лазо Ангеловски“ официјално беше пуштен во употреба Новиот повеќенаменски комплекс на повеќе од 2500 квадратни метри површина, денеска беше пуштен во употреба во населбата Лисиче. Станува збор за инвестиција реализирана со средства од буџетот на Општина Аеродром која опфати изведба на ново игралиште за фудбал, кошарка и ракомет со најсовремена подлога, ново детско катче, партерно уредување на просторот, како и останати содржини за забава и рекреација. Локацијата која отсекогаш била заборавена и оставена како депонија, денес е претворена во модерен и современ комплекс со содржини наменети за сите генерации. Повеќенаменскиот комплекс е заокружување на двегодишните активности за унапредување на инфраструктурата и условите за живот во овој дел од Аеродром, информираат од Општината. Градоначалникот Тимчо Муцунски во својот говор истакна дека е особено горд за овие инвестиции кои овозможуваат нови содржини за граѓаните, но и претставуваат доказ за посветеноста и развојот на општината во сите населени места. -Токму тука од Лисиче, сакам да испратам јасна порака дека актуелното општинско раководство, членовите на советот на Општина Аеродром, директорите на детските градинки и основните училишта, сите ние сме силно посветени да реализираме што повеќе проекти, да завршиме што повеќе инвестиции и секогаш кога тоа е можно да излеземе во пресрет за граѓаните. Затоа што сите ние сакаме Аеродром да биде модерна, зелена, урбана и чиста општина, со која секој од нас ќе биде горд, истакна Муцунски во своето обраќање. Тој нагласи дека во изминатиот период во овој дел од општината реализирани се голем број проекти: асфалтирање на улици, нови спортски игралишта, детски катчиња и сообраќајни решенија. Притоа најави дека до крајот на годината започнува реконструкција на подрачното училиште „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче, а привршува и изведбата на новиот спортски комплекс во Долно Лисиче. Претседателот на советот Дејан Митески во своето обраќање потенцираше дека спортското игралиште е резултат на решеноста на општинското раководство да ги подобри условите за спортување, со што дечињата во овој дел од Аеродром ќе имаат иста можности за спорт и рекреацијата како другите дечињата од општината. Митески најави уште многу инвестиции и проекти во периодот што следи. Упатувајќи честитки до граѓаните на Општина Аеродром и Лисиче, официјалниот настан заврши со разгледување на новиот комплекс и музички точки изведени од страна на дечињата од основното училиште „Лазо Ангеловски“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ostrovska-dobi-nov-povekenamenski-kompleks/feed/ 0
Мицкоски: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да испорача 11,5 милиони евра годишно директно од буџетот за капитални проекти во општина Аеродром https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-idnata-vlada-na-vmro-dpmne-planira-da-isporacha-11-5-milioni-evra-godishno-direktno-od-budhetot-za-kapitalni-proekti-vo-opshtina-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-idnata-vlada-na-vmro-dpmne-planira-da-isporacha-11-5-milioni-evra-godishno-direktno-od-budhetot-za-kapitalni-proekti-vo-opshtina-aerodrom/#respond Thu, 12 Oct 2023 10:52:59 +0000 https://kurir.mk/?p=888038

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштање во употреба на нов спортски комплекс во населба Лисиче. -Јас само ги охрабрувам само така да продолжат, исто така улогата и на пратеникот којшто доаѓа од општина Аеродром, кој што во рамките на Парламентот при секој буџет доставува амандмани, амандмани кои што за жал повторно ќе кажам поради игнорантскиот однос на оваа влада на СДСМ и ДУИ никогаш не биле до сега усвојувани. Но, добра вест е што за неколку месеци од денеска ќе имаме нова влада, влада на ВМРО-ДПМНЕ која што за разлика можеби од тоа што се случувало во изминатите во повеќе 3 децении има намера да води конзервативна кампања односно не сакаме да ветуваме премногу, да ветуваме чуда бидејќи никој денеска не е чудотворец. Сакаме тоа што ќе го ветиме и да го испорачаме бидејќи во минатото имало многу ветувања, тие ветувања предизвикуваат големи очекувања, а потоа кога тие очекувања нема да се испорачаат тогаш има и големи разочарувања, а како резултат на тие разочарувања денеска имаме и многумина наши сограѓани кои што за жал се селат од Македонија и од ден на ден Македонија станува се попразна и се попуста, а држава без народ полека престанува и гасне и престанува да биде држава, истакна Мицкоски. Посочи дека носечки проекти на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат капитални за потребите на граѓаните директно во општините низ Македонија. -И не како што тоа го прави оваа влада која што ги блокира општинските обврзници, како што кажа и Тимчо, за капитални проекти, за капитални инвестиции, две градинки, доградба на две училишта и така натаму, ние планираме да бидеме влада која што ќе биде влада на целата територија во Македонија, за сите граѓани, за сите општини без разлика дали тоа се од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА или се независни градоначалници. Планираме да бидеме влада која што ќе испорача до 250 милиони евра годишно директно од буџетот во општини капитални проекти. Овде за општина Аеродром се предвидени околу 11,5 милиони евра годишно или тоа е некаде до 46 милиони евра за еден четиригодишен мандат. Цениме дека на тој начин сите оние потреби на аеродромци, не само во форма на оваков тип на објекти, спортски игралишта, детски игралишта и така натаму, туку и ова кое што и денеска се блокира, а тоа се овие две градинки кои што се потребни, доградбата на овие две училишта, едно средно училишта, плоштадот позади Капитол и уште многу други проекти кои што се дел од овој проект ќе бидат испорачани, ќе бидат реализирани и цениме дека на тој начин ќе го подобриме квалитетот на живот на нашите сограѓани и дека на тој начин барем една од причините која што сега ја наведуваат нашите сограѓани зошто ја напуштаат Македонија ќе биде елиминирана односно ќе имаат навистина пристојни европски услови за живот. Така што уште еднаш ќе ми дозволите да честитам и на Тимчо, на советниците, на луѓето кои што се дел од администрацијата во општина Аеродром, кои што придонесоа денеска да сведочиме на еден ваков прекрасен објект и да посакам нормално многу дечиња овдека да другаруваат, спортуваат и да го поминуваат денот, нагласи Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-idnata-vlada-na-vmro-dpmne-planira-da-isporacha-11-5-milioni-evra-godishno-direktno-od-budhetot-za-kapitalni-proekti-vo-opshtina-aerodrom/feed/ 0
Муцунски: Спортско-рекреативен комплекс во Долно Лисиче на површина од 1000м2 https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mutsunski-sportsko-rekreativen-kompleks-vo-dolno-lisiche-na-povrshina-od-1000m2/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mutsunski-sportsko-rekreativen-kompleks-vo-dolno-lisiche-na-povrshina-od-1000m2/#respond Thu, 28 Sep 2023 08:59:51 +0000 https://kurir.mk/?p=882640

На простор од 1000 квадратни метри, жителите на Долно Лисиче во Општина Аеродром добиваат нови и современи содржини за спорт и рекреација, проект со кој продолжува рамномерниот развој и реализацијата на проекти во сите населени места во Аеродром. Инвестицијата се наоѓа на старото игралиште во ова населено место и опфаќа изведба на ново фудбалско игралиште со вештачка трева, ново кошаркарско игралиште, како и детско катче. Целиот простор ќе биде опремен со нови реквизити, трибини и урбана опрема. „Со продолжување на континуираниот процес за обнова на спортската инфраструктура и инвестициите во спортските игралишта и катчиња наменети за децата, со задоволство креираме нови површини на различни локации, површини кои на моја голема радоста ја враќаат живоста на сите маала во Аеродром, кои создаваат нови можности за раст и развој на дечињата, како и за унапредување и промоција на спортот“, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот Тимчо Муцунски. Изведбата на новиот простор е целосно финансирана со средства на Општина Аеродром и со неговата реализација уште еднаш ги потврдуваме нашите заложби за рамномерен развој, нови проекти, инвестиции и содржини. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mutsunski-sportsko-rekreativen-kompleks-vo-dolno-lisiche-na-povrshina-od-1000m2/feed/ 0
Муцунски: Сите дечиња треба да имаат иста стартна точка и еднаков пристап барем кога е во прашање образованието, затоа општина Аеродром реализира низа проекти https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mutsunski-site-dechina-treba-da-imaat-ista-startna-tochka-i-ednakov-pristap-barem-koga-e-vo-prashane-obrazovanieto-zatoa-opshtina-aerodrom-realizira-niza-proekti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mutsunski-site-dechina-treba-da-imaat-ista-startna-tochka-i-ednakov-pristap-barem-koga-e-vo-prashane-obrazovanieto-zatoa-opshtina-aerodrom-realizira-niza-proekti/#respond Wed, 27 Sep 2023 07:08:56 +0000 https://kurir.mk/?p=882126

„Ова е година каде што имаме рекордно најниски дотации од страна на централната власт во делот на образованието на Аеродром. И практично дотациите стигнуваат до таму да веќе не се ни доволни да се покријат и платите за вработените во училиштата. Додека во минатото дотациите покривале и режиски трошоци за училиштата, дури и инвестиции, итн.“, нагласи градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски во утринската емисија на Алфа телевизија. Муцунски додаде дека негова обврска како градоначалник е да го направи тоа што централната власт не го прави, а тоа е обезбедување на поквалитетен наставен или образовен процес. „Низа поволности за учениците, прво почнавме од процесот на подготовка за учебната година и редовно ја даваме таа субвенција, тој еднократен надоместок од 3.500 денари за секое запишано прваче на територија на општина Аеродром. И потоа почнавме со реализација и на успешните проекти кои што ги спроведуваме. Првиот и успешен долгогодишен проект е проектот за бесплатни униформи на учениците, претходната недела ги доделивме униформите. Втора година по ред на сите ученици во 4-то одделение, одделение кога се влегува во фазата на дигитализација на основното образование и им доделивме бесплатен таблет. И над 900-тини ученици добија висококвалитетен таблет, кој што останува во нивна сопственост. И секако еден од проектите кој што најмногу ме радува и кој што покажа позитивни бенефити е бесплатното пливање за првачиња и за дечињата со посебни потреби без разлика кое одделение се“, појасни градоначалникот на општина Аеродром. Муцунски рече дека проектот за бесплатно пливање се реализира во базенот кој што се наоѓа во зградите на Џевахир. Во комуникација со наставниците за физичко образование се организира превозот и се обезбедува целокупната опрема за пливање за дечињата. „Сметам дека сите дечиња треба да имаат иста стартна точка и еднаков пристап барем кога е во прашање образованието“, нагласи тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mutsunski-site-dechina-treba-da-imaat-ista-startna-tochka-i-ednakov-pristap-barem-koga-e-vo-prashane-obrazovanieto-zatoa-opshtina-aerodrom-realizira-niza-proekti/feed/ 0