општина арачиново – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 06 Jun 2023 12:17:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png општина арачиново – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тројца арачиновци оставија 160 соселани без струја – жители велат „ги знаеме кои се, прават што сакаат“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trojtsa-arachinovtsi-ostavija-160-soselani-bez-struja-zhiteli-velat-gi-znaeme-koi-se-pravat-shto-sakaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trojtsa-arachinovtsi-ostavija-160-soselani-bez-struja-zhiteli-velat-gi-znaeme-koi-se-pravat-shto-sakaat/#respond Tue, 06 Jun 2023 12:17:41 +0000 https://kurir.mk/?p=842716

Тројца арачиновци присвоиле клучен извод за струја и оставиле 160 соседи без електрична енергија. Веќе шести ден по ред не може да се поправи дефект на извод на дистрибутивната мрежа на ЕВН, а од компанијата велат дека ги користат сите правни мерки со цел успешно решавање на ситуацијата. Додаваат и дека се обратиле и до МВР и очекуваат наскоро да го санираат дефектот, велат од ЕВН за Телма. Според жителите на селото, дефектот го предизвикале познати лица кои во селото прават што сакаат. И претходно биле познати по разни злоупотреби и кражби на електрична енергија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trojtsa-arachinovtsi-ostavija-160-soselani-bez-struja-zhiteli-velat-gi-znaeme-koi-se-pravat-shto-sakaat/feed/ 0
Општинската администрација на Арачиново од денеска нема да работи поради „безбедносни причини“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opshtinskata-administratsija-na-arachinovo-od-deneska-nema-da-raboti-poradi-bezbednosni-prichini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opshtinskata-administratsija-na-arachinovo-od-deneska-nema-da-raboti-poradi-bezbednosni-prichini/#respond Thu, 25 May 2023 09:46:47 +0000 https://kurir.mk/?p=838508

Информативна служба на Општина Арачиново ги информира граѓаните дека општинската администрација од денеска нема да работи поради „безбедносни причини“. - Се извинуваме што нема да можеме да вршиме услуги и законски обврски кон граѓаните, но ваквата мерка главно е преземена поради безбедноста на вработените во општинската администрација, но и на граѓаните кои се обраќаат до Општината, се наведува во објавата на официјалната Фејсбук страници на Општина Арачиново. Во објавата се додава дека ваквата одлука е донесена откако „по втор пат е нарушена безбедноста на вработените во општинската администрација и градоначалникот“, Ридван Ибрахими. - Таквата одлука е против нашата волја и желба, но е неизбежна, се додава во објавата, во која се посочува дека за следното решение за работењето на локалната самоуправа граѓаните ќе бидат навремено информирани. МВР вчера соопшти дека полициски службеници во вторникот го привеле 69-годишниот арачиновец Р.А., постапувајќи по пријава на градоначалникот Ибрахими, кој во СВР Скопје пријавил дека додека тој не бил присутен во општинската зграда, приведениот пред други присутни лица упатувал закани по неговиот живот. Според Ибрахими, заканите биле изречени „во врска со предмет за доделување на користење на земјиште“. Од МВР информираа дека по документирањето на случајот против приведениот ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста” по член 144 став 4 од Кривичниот законик. Ибраими лани во септември во полицијата пријавил дека бил цел на физички напад. Според тогашното соопштение на МВР, на 13 септември 2022 година во 09:46 часот Ибрахими пријавил дека бил физички нападнат од неколку лица. Како што објавија тогаш дел од медиумите на албански јазик во земјава, Ибрахими тврдеше дека напаѓачите ги предводел член на семејството на поранешниот градоначалник на Арачиново, Брахим Ајвази. - Причините за нападот беа нереализирање на нивните лични и деловни барања. Прво бараа именувањата на директори на основните училишта да се вршат според нивните желби, без исполнување на никакви законски критериуми, за да можат преку нив полесно да ги остварат своите цели. Намерите на оваа група одат на штета на жителите на Општината, заканувајќи се и уценувајќи ги вработените кои ги извршуваат своите обврски, изјави Ибрахими по инцидентот во септември. Ајвази беше градоначалник на Арачиново од 2013 до 2017 година, а Ибрахими ја извршува градоначалничката функција од ноември 2021 година. И двајцата се членови на ДУИ. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opshtinskata-administratsija-na-arachinovo-od-deneska-nema-da-raboti-poradi-bezbednosni-prichini/feed/ 0
Додека општините штедат, општина Арачиново потрошила 5-пати повеќе струја! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-opshtinite-shtedat-opshtina-arachinovo-potroshila-5-pati-povekje-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-opshtinite-shtedat-opshtina-arachinovo-potroshila-5-pati-povekje-struja/#respond Tue, 22 Nov 2022 11:30:49 +0000 https://kurir.mk/?p=764661

Три општини во државава, во време на енергетска криза, трошеле повеќе струја од лани. Зголемувањето на потрошената струја во октомври годинава, во однос на истиот месец лани, имало во Арачиново за 474 проценти, што значи дека потрошувачката е речиси 5 пати поголема. Во Студеничани зголемувањето е 11 проценти, а во Лозово е 12 проценти. – Од 81 општина , 65 општини во октомври постигнале заштеда од најмалку 15 отсто, од нив 12 општини постигнале заштеда поголема од 50 проценти. Шеснаесет општини не успеале да заштедат повеќе од 15%, а само три имале поголема потрошувачка во 2022 – рече министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес конференција. На новинарско прашање дали ќе има казни за тие што не штеделе струја, тој рече дека за општините има само препорака за заштеда на струја од само 15 проценти, потенцирајќи дека има поделеност меѓу централната и локалната власт. Најмногу заштеди имала Општина Новаци – 76 проценти, Општина Штип -72 проценти и Општина Сопиште 70 проценти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-opshtinite-shtedat-opshtina-arachinovo-potroshila-5-pati-povekje-struja/feed/ 0
Физички напaднат градоначалникот на Општина Арачиново https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fizichki-napadnat-gradonachalnikot-na-opshtina-arachinovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fizichki-napadnat-gradonachalnikot-na-opshtina-arachinovo/#respond Tue, 13 Sep 2022 12:55:27 +0000 https://kurir.mk/?p=732153

Од Министерството за внатрешни работи за МИА потврдија дека денеска физички бил нападнат градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими. – На 13.09.2022 во 09:46 часот во СВР Скопје, градоначалникот на општина Арачиново пријавил дека бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираа за МИА од МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fizichki-napadnat-gradonachalnikot-na-opshtina-arachinovo/feed/ 0
Иако не плаќа данок на имот Арачиново може да добие 554.000 евра за инфраструктура https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/iako-ne-plakja-danok-na-imot-arachinovo-moze-da-dobie-554-000-evra-za-infrastruktura/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/iako-ne-plakja-danok-na-imot-arachinovo-moze-da-dobie-554-000-evra-za-infrastruktura/#respond Mon, 15 Mar 2021 15:03:57 +0000 https://kurir.mk/?p=482722

Општините во Македонија ќе може да добијат од 500.000 до 2 милиони евра за реконструкција и санација на локалните улици и патишта. За оваа намена се обезбедени 70 милиони евра, а проектот се релизира со помош на Светска банка. Секоја општина со проектна документација може да аплицира за пари за реконструкција и санација на локалните патишта, а кај оние што аплицирале во првата фаза, работите на терен треба да почнат на крајот од месецов. Со овој проект се обезбедуваат подобри услови за живеење, локален економски развој, подобра комуникација меѓу граѓаните и побезбеден сообрачај – информира министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Паричниот износ што може да го добие секоја општина зависи од нејзината големина, бројот на населението, бројот на возилата, односно според прецизно утврдена методологија. Одговарајќи на новинарско прашање, дали и колку пари може да добие Арачиново и покрај тоа што таму, како што се обелодени, има нула наплата на данок на имот, министерот Бочварски изјави дека според таа методологија и на оваа општина и следуваат 554.000 евра. -Ова е износот што следува отако Општината Арачиново ќе достави проектна документација. Еве јас ја користам можноста да апелирам до граѓаните да плаќаат данок, затоа што колку има поголема наплата, толку и подобра инфраструктура ќе имаат. Но, и во Арачиново живеат луѓе и заслужуваат добри улици и нив им следуваат пари во рамките на овој проект, изјави Бочварски. Тој потенцира дека е објавен втор повик за градежни работи за подобрување на инфраструктурата во општините согласно нивните изработени проекти. Во втората фаза се опфатени 21 општина и Градот Скопје кои до Министерството за транспорт и врски доставиле комплетна техничка документација. Опфатени се 35 патишта со вкупна должина од 35,5 километри и со проценета вредност од околу 7 милиони евра. Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации за наплата на данок за имот за 2017, 2018 и 2019 година покажа дека Општина Арачиново е единствената општина која воопшто не наплаќа данок за имот. Тоа предизвика негативни реакции во јавноста, особено поради одлуката на Владата на 11 декември 2020 година да го помогне Арачиново со 500.000 евра неповратна помош.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/iako-ne-plakja-danok-na-imot-arachinovo-moze-da-dobie-554-000-evra-za-infrastruktura/feed/ 0
Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала миризливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradonachalnichkata-na-arachinovo-so-sluzbeni-pari-kupuvala-mirizlivi-svekji-pileshki-gradi-i-drveni-lazici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradonachalnichkata-na-arachinovo-so-sluzbeni-pari-kupuvala-mirizlivi-svekji-pileshki-gradi-i-drveni-lazici/#respond Tue, 15 Jan 2019 15:28:23 +0000 https://kurir.mk/?p=152554

Цигари, влажни марамици, миризливи свеќи, корпа за печење мафини, решо, дрвени лажици, чајник, се дел од работите кои општината Арачиново ги купувала со буџетот за репрезентација, кој најчесто е предвиден за службени ручеци, посети на странски делегации и работни состаноци, пишува Макфакс. До ноември минатата година, општината Арачиново потрошила околу 7 илјади евра по ресторани и кафеани, но голем дел од трошоците немаат допирна точка со репрезентација. Па така, редовно во општината се купувале кроасани „севн дејс“, влажни марамчиња, миризливи свеќи од лаванда,ванила, портокал, релаксирачки освежувачи за простор, кремови за раце… Општината трошела и за овошје, се купувале банани, ананас, киви. Од парите за репрезентација се издвојувало и за средства за чистење стакло, ламинат, доместос, влажни марамчиња, солна киселина, брисачи за стакло. Но, не се застанало тука, па општината решила да се поднови и во делот на домаќинството – минатата година во јануари Арачиново се подновило со решо, дрвена лажица, чајник, тацни и лажици за чај, корпа за печење мафини и 5 алуминиумски овали. Градоначалничката на Арачиново, Миликије Халими не дала образложение зошто на тој начин се трошеле парите од буџетот на општината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradonachalnichkata-na-arachinovo-so-sluzbeni-pari-kupuvala-mirizlivi-svekji-pileshki-gradi-i-drveni-lazici/feed/ 0