општина босилово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 16 Dec 2022 17:31:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png општина босилово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Манчев: Општина Босилово ја наследив во тешка состојба и големи долгови, но со домаќинско работење имаме тренд на намалување https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/manchev-opshtina-bosilovo-ja-naslediv-vo-teshka-sostojba-i-golemi-dolgovi-no-so-domakjinsko-rabotenje-imame-trend-na-namaluvanje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/manchev-opshtina-bosilovo-ja-naslediv-vo-teshka-sostojba-i-golemi-dolgovi-no-so-domakjinsko-rabotenje-imame-trend-na-namaluvanje/#respond Fri, 16 Dec 2022 17:31:37 +0000 https://kurir.mk/?p=776781

Повеќе инвестиции за изградба на патната инфраструктура ќе биде фокусот во работата на Општина Босилово во идната 2023 година. Ова го изјави градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев на регионалната средба на градоначалниците од Југоисточниот регион од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. - Општината ја затекнав во исклучително тешка финансиска состојба, каде минатата година Општината имаше долг од околу 400.000 евра, 300.000 евра долг имаше комуналното јавно претпријатие „Огражден“ и околу 100.000 евра долг на основните училишта. Во моментов долговите бележат тренд на намалување и покрај тоа што се соочуваме со инфлација и една тешка економска и енергетска криза. За наредната 2023 година, Манчев истакна дека имаат готови или е во завршна фаза 11 проекти со кои ќе се изградат нови локални патишта или рехабилитираат дел од постоечките. - Во идната 2023 година ќе имаме изградба на 4 локални патишта со поддршка на Светската банка, каде ќе се изградат патиштата Еднокуќево - Босилово, крак Иловица, како и крак Штука. Во соработка со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе биде изградена пешачка патека во должина од 1 километар, на брегот на реката Струмица во населено место Босилово. Во соработка со општина Ново Село и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе биде изграден локалниот пат Бориево-Колешино во долина од околу 4,5 километри, додека преку Програмата за прекугранична соработка ќе бидат бетонирани 2 одводни канали, еден во село Босилово и еден во село Бориево – додаде Манчев. Регионалната средба беше организирана од страна на Комисијата за локална, Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт и Комисијата за финансии при ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/manchev-opshtina-bosilovo-ja-naslediv-vo-teshka-sostojba-i-golemi-dolgovi-no-so-domakjinsko-rabotenje-imame-trend-na-namaluvanje/feed/ 0
Околу 150 барања пристигнале до Комисијата за проценка на штети во Општина Босилово https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/okolu-150-baranja-pristignale-do-komisijata-za-procenka-na-shteti-vo-opshtina-bosilovo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/okolu-150-baranja-pristignale-do-komisijata-za-procenka-na-shteti-vo-opshtina-bosilovo/#respond Fri, 24 Jun 2022 12:11:31 +0000 https://kurir.mk/?p=695209

Околу 150 барања пристигнале до Комисијата за проценка на штети од елементарни непогоди при Општина Босилово по невремето проследено со град кое ја зафати мината недела и предизвика штета на посевите. Според градоначалникот Ристо Манчев, најмногу штети има во атарите на селата Сарај и Гечерлија на посевите на отворено. – Комисијата веќе излегува на терен и се прават првите проценки и согласно на тоа на крајот ќе знаеме колкава е штетата и според нашите надлежности ќе постапиме понатаму, рече градоначалникот Манчев. Додава дека граѓаните најмногу штети пријавиле кај пиперката од сортата „куртовска капија“, зелка, пченка и други култури, но имало и големи штети и кај овошните насади.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/okolu-150-baranja-pristignale-do-komisijata-za-procenka-na-shteti-vo-opshtina-bosilovo/feed/ 0
Манчев: Исчистени најмалку 10 депонии и започната акција на пошумување, Босилово започна да наликува на модерна и чиста општина https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/manchev-ischisteni-najmalku-10-deponii-i-zapochnata-akcija-na-poshumuvanje-bosilovo-zapochna-da-nalikuva-na-moderna-i-chista-opshtina/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/manchev-ischisteni-najmalku-10-deponii-i-zapochnata-akcija-na-poshumuvanje-bosilovo-zapochna-da-nalikuva-na-moderna-i-chista-opshtina/#respond Wed, 02 Mar 2022 13:31:19 +0000 https://kurir.mk/?p=639486

Голема е честа, но уште поголема е одговорноста да се извршува функцијата Градоначалник на општина Босилово. Одговорноста е голема затоа што потребите, барањата и очекувањата на граѓаните се големи, а нашите реални можности се ограничени. Но, тоа не не демотивира, напротив, дополнително не мотивира да го вложиме целиот свој капацитет, целото свое знаење и заедно со граѓаните да изградиме модерна и економски развиена општина Босилово, истакна Ристо Манчев, градоначалник на општина Босилово при своето обраќање на регионалниот отчет „Промени што носат иднина - 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“. Манчев додаде дека во изминативе 100 дена заедно со својот тим успеале да реализираат 6 поголеми и поголем број на помали проекти, два проекти се во фаза на изградба, а за два е потпишан договор и се очекува нивна реализација во наредниот период. „Конкретно, во изминатите 100 дена во општина Босиловосе реализираа следниве 6 поголеми проекти: • Изградба - асфалтирање на улица во населено место Дрвош во должина од 560 метри; • Изградба - асфалтирање на улица, со потпорен ѕид, во населено место Моноспитово, во должина од 650 метри и ширина на коловозот од 4 метри; • Изградба на бунар со пумпна станица, за водоснабдување на населено место Дрвош; • Изградба на пропуст во Иловица во должина од 30 метри; • Чистење на најмалку десетина диви депонии за отпад на територијата на општина Босилово; • Чистење на одводен канал во Босилово и санирање на дел од критичните точки на река Струмица“, појасни Манчев. Манчев посочи дека во изминатите 100 дена, општина Босилово започна со изградба на повеќенаменско спортско игралиште во Моноспитово и во Робово. Изградбата на двете повеќенаменски игралишта се очекува во најбрзо време да биде завршена. „Покрај наведеното, можам да кажам дека во општина Босилово во изминатите 100 дена се реализираа поголем број на помали, но секако важни проекти за граѓаните на општина Босилово, а тоа се: - Тампонирање на улици и локални патишта во повеќе населени места; - Изградба на септичка јама и одводна мрежа во градинката во Босилово, партерно уредување на дворот и секако обезбедување на дополнителна опрема и инвентар во градинката; - Опремување и уредување на кабинети по природни науки во основното училиште „Кирил и Методиј“ – Иловица; - Реновирање на простории за пензионерите во Турново; - и многу други помали проекти“, рече Манчев. Манчев укажа дека во изминатите 100 дена, се започна и со реорганизација на локалното комунално претпријатие, каде има значително подобрување на јавната чистота, осветлувањето, замена и одржување на урбаната опрема, одржување на сообраќајната инфраструктура, итн. Иако комуналното претпријатие се затекна во една потешка финансиска состојба, со големи обврски и неисплатени плати, Манчев може да каже дека и во комуналното претпријатие има тренд на подобрување на состојбите, но секако чесно е да се каже дека состојбата во комуналното претпријатие сеуште е многу тешка. „Како градоначалник на општина Босилово, улогата на локалната самоуправа, не ја гледам само во изградба на инфраструктурата. Локалната самоуправа треба да учествува во процесот на градење на општествени вредности и ова е многу важно за развојот на нашите општини. Затоа во изминатите 100 дена општина Босилово беше партнер и поддржувач во организација на голем број на јавни настани и манифестации: - Акција за пошумување; - Крводарителска акција; - Хуманитарна акција за помош на ранливи групи; - Кампања за безбедност во сообраќајот; - Турнир во мал фудбал; - Проекција на филмови; и други настани и манифестации, истакна Манчев. Манчев на регионалниот отчет посочи дека 100 дена од новата локална самоуправа поминаа. Во наредниот период се продолжува со работа, труд и посветеност. Во овие 100 дена, веќе се направија првите чекор, се продолжува понатака. Чесно, транспарентно, домакински и одговорно. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/manchev-ischisteni-najmalku-10-deponii-i-zapochnata-akcija-na-poshumuvanje-bosilovo-zapochna-da-nalikuva-na-moderna-i-chista-opshtina/feed/ 0
„Домаќински и одговорно“ се работи во општина Босилово: Градоначалникот Ристо Манчев даде отчет за првите 100 дена https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/domakjinski-i-odgovorno-se-raboti-vo-opshtina-bosilovo-gradonachalnikot-risto-manchev-dade-otchet-za-prvite-100-dena/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/domakjinski-i-odgovorno-se-raboti-vo-opshtina-bosilovo-gradonachalnikot-risto-manchev-dade-otchet-za-prvite-100-dena/#respond Thu, 17 Feb 2022 13:39:09 +0000 https://kurir.mk/?p=632708

Потребите, барањата и очекувањата на граѓаните се големи, а нашите реални можности се лимитирани.  Ваквата состојба не нѐ демотивира, напротив,  дополнително не поттикнува да го вложиме целиот свој капацитет и знаење и неуморно да работиме за остварување на нашата заедничка цел – модерна  и економски  развиена општина Босилово. Во изминатите сто дена покажавме како се работи домакински и одговорно, посветено, чесно и транспарентно, без предрасуди и поделби, со позитивна енергија и меѓусебно почитување. За сто денa успеавме да реализираме 6 поголеми и поголем број на помали проекти, два проекти се во фаза на изградба, а за два е потпишан договор и се очекува нивна реализација во наредниот период. Конкретно, во општина Босилово,  во изминатите сто дена  се реализирани следниве поважни проекти:
  • Асфалтирање на улица во населено место Дрвош во должина од 560 метри
  • Изградба – асфалтирање на улица, со потпорен ѕид, во населено место Моноспитово, во должина од 650 метри и ширина на коловозот од 4 метри.
  • Изградба на бунар со пумпна станица, за водоснабдување на населено место Дрвош.
  • Изградба на пропуст во Иловица во должина од 30 метри.
  • Чистење на најмалку десетина диви депонии за отпад на териоријата на општина Босилово
  • Чистење на одводен канал во Босилово и санирање на дел од критичните точки на река Струмица.
Во изминатите сто дена, општина Босилово започна со изградба на повеќенаменско спортско игралиште во Моноспитово и во Робово.  Двете повеќенаменски игралишта се финансираат преку средства обезбедени од буџетот на општина Босилово за 2022 година, нивната изградба е во тек, и се очекува во најбрзо време да биде завршена. Покрај наведеното, во изминатите сто дена, во општина Босилово, беа реализирани повеќе помали проекти како што се:
  • Тампонирање на улици и полски патишта во Петарлинци, Сарај, Старо Балдовци, Босилово, Моноспитово и други
  • Изградба на септичка јама и одводна мрежа во градинката во Босилово и секако обезбедување на дополнителна опрема и инвентар во градинката
  • Опремување и уредување на кабинети по природни науки во основното училиште „Кирил и Методиј“ – Иловица.
  • Реновирање на простории за пензионерите во Турново
  • Набавено е, преку донација,  патничко моторно возило „ Цитроен  Ц4“ за потребите на општинската администрација во Босилово, и др.
Онаа што е најважно, патот за развој на општина Босилово постепено, но сигурно се трасира. Во тој контекст важно е да се потенцира дека општина Босилово потпиша Договор за партнерство,  со општина Ново Село и Центарот за развој на Југоисточен плански регион со кој договор се предвидува реализација на еден од најкрупните проекти во изминатите години, а тоа е изградба на локалниот пат  Бориево – Колешино. Проектирана вредност на инвестицијата е 26.497.310 денари, и овие денови ќе започне постапката за јавна набавка односно тендерирање,  а потоа  и изградба на наведениот патен правец. Исто така, потпишан е договор со Н. Е амбасадорот на Јапонија, Хиронори Савада со кој што договор Јапонија ќе обезбеди ново  возило за собирање смет за  општина Босилово во износ од 67.820 евра без ДДВ. Во изминатите сто дена, општина Босилово започна и со реорганизација на локалното комунално претпријатие, каде има значително подобрување на јавната чистота, осветлувањето, замена и одржување на урбаната опрема, одржување на собраќајната инфраструктура, итн.  Но, мора да се  потенцира дека сеуште има голем простор за подобрување на услугите на комуналното претпријатие. Манчев истакна дека како  градоначалник на општина Босилово, улогата на локалната самоуправа,  не ја гледа  само во изградба на инфраструктурата. Општината. т.е локалната самоуправа според Манчев треба активно да учествува во процесот на градење на општествени вредности.  Согласно тоа, општина Босилово, во изминатите сто дена беше партнер, поддржувач и организатор на повеке општествени активности како што се:
  • Акција за пошумување во која беа засадени 650 дрвца
  • Крводарителска акција и хуманитарна акција за помош на ранливи групи
  • Кампања за безбедност во сообраќајот
  • Турнир во мал фудбал,
  • Проекција на филмови
  • Новогодишни настани и манифестации, и др.
Општина Босилово, во изминатите сто дена е отворена за граѓаните, со секојдневни бројни средби. Нашата комуникација со граѓаните не само што ќе продолжи, туку и ќе се интензивира во наредниот период. Во наредниот период продолжуваме со работа, труд и посветеност. Продолжуваме со реализација на проекти.  Пред нас се сериозни предизвици. Покрај големите долгови, економската и енергетската криза, пред нас се сериозни предизвици затоа што голем дел од граѓаните на општина Босилово имаат проблеми со водоснабдувањето, затоа што не е изградена канализациона мрежа во ниедно населено место,  имаме сериозен проблем со третманот на отпадот,  училишните згради се руинирани, имаме многу  неасфалтирани улици по населените места,  одводните канали се затрупани а полските патишта ископани –  истакна Ристо Манчев градоначалник на општина Босилово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/domakjinski-i-odgovorno-se-raboti-vo-opshtina-bosilovo-gradonachalnikot-risto-manchev-dade-otchet-za-prvite-100-dena/feed/ 0
Водата се повлекува од поплавеното подрачје во Босилово, општината ќе им помогне на поплавените https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vodata-se-povlekuva-od-poplavenoto-podrachje-vo-bosilovo-opshtinata-kje-im-pomogne-na-poplavenite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vodata-se-povlekuva-od-poplavenoto-podrachje-vo-bosilovo-opshtinata-kje-im-pomogne-na-poplavenite/#respond Tue, 14 Dec 2021 11:54:39 +0000 https://kurir.mk/?p=608303

Водата полека се повлекува од триесетината објекти и голема површина земјиште кои од вчера се под вода на влезот во селото Турново, во општина Босилово. Таму се излеаја реките Струмица и Турија, а водата навлезе во повеќе објекти. Целосно се поплавени фудбалскиот терен, соблекувалните и спортската сала на ФК „Турново“, објектот на Ветеринарната станица и дваесетина куќи и помошни објекти. Од ФК „Турново“ информираа дека е направен испуст за истекување на водата во реката Турија и очекуваат во наредните денови, доколку нема нови врнежи, таа да истече од поплавените објекти. – Поднесовме барање до Општина Босилово за утврдување на штетата, а ќе поднесеме и барања за помош до ФФМ и Агенцијата за млади и спорт. Според нашите првични проценки штетата е над 50 илјади евра, но поголема е штетата што нашите фудбалери и 120 деца од помладите категории не можат да тренираат, велат од ФК „Турново“. Градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев вели дека состојбата со поплавите полека се нормализира и дека Општината презема се што е во нејзини ингеренции да им се помогне на поплавените. Инаку, влезот во селото Турново со години се поплавува при обилни врнежи и излевање на реката Струмица. Жителите велат дека многу пати досега барале да се реши овој проблем, но досега ништо не било преземено.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vodata-se-povlekuva-od-poplavenoto-podrachje-vo-bosilovo-opshtinata-kje-im-pomogne-na-poplavenite/feed/ 0
ДВАЕСЕТИНА КУЌИ ПОД ВОДА – се излееја реките во општина Босилово, поплавени и неколку објекти и ниви https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dvaesetina-kukji-pod-voda-se-izleeja-rekite-vo-opshtina-bosilovo-poplaveni-i-nekolku-objekti-i-nivi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dvaesetina-kukji-pod-voda-se-izleeja-rekite-vo-opshtina-bosilovo-poplaveni-i-nekolku-objekti-i-nivi/#respond Mon, 13 Dec 2021 13:07:24 +0000 https://kurir.mk/?p=607832

Триесетина објекти и голема површина земјиште се под вода на влезот во селото Турново, во Општина Босилово, каде се излееја реките Струмица и Турија. Водата е навлезена во повеќе објекти, а целосно се поплавени фудбалскиот терен, соблекувалните, спортската сала на ФК „Турново“, објектот на Ветеринарната станица и дваесети куќи и помошни објекти. Според Томислав Тимовски, вработен во фудбалскиот клуб, проблемот со поплавите е заради излевањето на реката Струмица. -Реката при секои поголеми дождови се излева во атарот на Општина Босилово, на влезот во селото Турново. Голема е штетата и според нашите први проценки е на 50 илјади евра, рече Тимовски. Градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев вели дека и покрај тоа што вчера интервенирала механизацијата на повеќе критични точки, сепак водите од реката поплавиле повеќе објекти и земјоделски површини. -Поплавени се неколку деловни објекти и дваесетина куќи. Моментално има намалување на водостојот на реките и не очекуваме влошување. Будно ја следиме состојбата и подготвени сме да дејствуваме, рече градоначлникот Манчев. Според него недостасува систем за редовно чистење и одржување на речните корита и одводните канали, но обилните врнежи предизвикале надоаѓање на голема количина вода која ги надминала капацититети на сливните подрачја во Општината. Влезот во селото Турново, во Општина Босилово, веднаш до магистралниот пат што води кон граничниот премин Ново Село на македонско-бугарската граница, личи на вистинско езеро, а според жителите на Турново среќна околност е што излевањето не поминува врз магистралата, туку под неа и водата истекува од другата страна на овој патен правец. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dvaesetina-kukji-pod-voda-se-izleeja-rekite-vo-opshtina-bosilovo-poplaveni-i-nekolku-objekti-i-nivi/feed/ 0
Во општина Босилово започнаa aктивностите за изградба на спортското игралиште во с. Робово https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-opshtina-bosilovo-zapochnaa-aktivnostite-za-izgradba-na-sportskoto-igralishte-vo-s-robovo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-opshtina-bosilovo-zapochnaa-aktivnostite-za-izgradba-na-sportskoto-igralishte-vo-s-robovo/#respond Tue, 07 Dec 2021 17:13:17 +0000 https://kurir.mk/?p=605441

Вчера започнаа почетните активности за изградба на спортско игралиште во с.Робово, стои во Фејсбук објавата на општина Босилово. - Ако временските услови дозволат се очекува во најбрзо време да биде завршено и пуштено во употреба. Општина Босилово ќе продолжи да го подржува спортот и спортските активности и во наредниот период, информираат од општина Босилово. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-opshtina-bosilovo-zapochnaa-aktivnostite-za-izgradba-na-sportskoto-igralishte-vo-s-robovo/feed/ 0
Во тек се последни подготовки за ставање во функција на градинката „Среќни Насмевки“ во Босилово https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-tek-se-posledni-podgotovki-za-stavanje-vo-funkcija-na-gradinkata-srekjni-nasmevki-vo-bosilovo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-tek-se-posledni-podgotovki-za-stavanje-vo-funkcija-na-gradinkata-srekjni-nasmevki-vo-bosilovo/#respond Thu, 02 Dec 2021 12:25:53 +0000 https://kurir.mk/?p=603036

Изградба на септичка јама, одводна мрежа и набавка на додатна опрема за потребите на градинката. Во тек се последни подготовки за ставање во функција на градинката „Среќни Насмевки“ во Босилово, информираат од општина Босилово. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-tek-se-posledni-podgotovki-za-stavanje-vo-funkcija-na-gradinkata-srekjni-nasmevki-vo-bosilovo/feed/ 0
КУРИР ИНТЕРВЈУ: Манчев со низа проекти ќе го направи Босилово модерна и развиена општина https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kurir-intervju-manchev-so-niza-proekti-kje-go-napravi-bosilovo-moderna-i-razviena-opshtina/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kurir-intervju-manchev-so-niza-proekti-kje-go-napravi-bosilovo-moderna-i-razviena-opshtina/#respond Wed, 10 Nov 2021 12:10:28 +0000 https://kurir.mk/?p=593620

Градоначалникот на општина Босилово, Ристо Манчев веднаш по превземањето на функцијата се фати за работа. Во интервју за КУРИР открива кои се неговите приоритети и какви проекти ќе реализира за своите сограѓани. КУРИР: Пред да ја донесете одлуката да се кандидирате за градоначалник оценивте дека Босилово не се развива со потребната динамика и интензитет, а во некои области дури и назадува. Сега, откако ја презедовте функцијата што си поставивте како Ваш приоритет? Манчев: За да може општина Босилово да биде модерна и развиена општина, неопходно е истовремено и паралелно да се дејствува во повеќе области. Спортот, културата, образованието, екологијата се области кои беа целосно запоставени во изминатиот период и на кои ќе се посвети сериозно внимание во наредниот период. Меѓутоа како приоритети се издвојуваат решавањето на проблемот со водоснабдувањето, дивите депонии и јавната хигена и подобрување на инфраструктурата во општината. Сите овие проблеми не може да се решат преку ноќ, но работиме посветено и ангажирано и за неколку месеци граѓаните ќе ја почувствуваат разликата. КУРИР: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски на сите градоначалници им препорача да започнат со реализација по 3 капитални проекти во првите 100 дена.  Кои ќе бидат вашите? Манчев: Во првите 100 дена во општина Босилово ќе бидат реализирани неколку проекти и тоа: изградба на локални улици во должина од околу 1200 метри, изградба на две спортски игралишта, изградба на пумпна станица за водоснабдување во населено место Дрвош, што претставува само прв чекор кон решавање на проблемот со водоснабдувањето во оваа населено место, а ќе  започне и процесот на  изградба на водоснабдителен систем во Гечерлија. Правиме големи напори во овој период да започне и реконструкција на локалниот патен правец Еднокуќево- Босилово кој што сега е во многу лоша состојба и кои што мора да биде брзо  реконструиран. КУРИР: Една четвртина од граѓаните на општина Босилово немаат вода за пиење, што е срамно за 21  век. Какви проекти имате во програмата за решавање на овој голем проблем? Манчев: Проблемот со водоснабдувањето е горлив проблем во повеќе населени места во општина Босилово. Како што веќе потенцирав, во населено место Дрвош, изградбата на бушотина со пумпна станица е во завршна фаза, но оваа е само прв чекор, понатаму ќе продолжиме со изградба на останатите сегменти од водоснабдителниот систем во Дрвош. Наредниот период ќе започнеме со изградба на водоснабдителен систем и во Гечерлија, но најсложен е проблемот со браната Иловица и решавањето на овој проблем во населените места Иловица и Штука. Во моментот започнавме акција за елиминирање на нелегалните приклучоци на вода,  но оваа е само еден мал дел од проблемот. Неопходно е да се изгради нова водоводна мрежа, а уште посуштински е да се обезбедат дополнителни количини на вода во браната и да се подобри квалитетот на водата во браната.   Моменталниот квалитет на водата во браната е многу  лош и самиот процес на преработка на водата е тежок и скап а во летниот период има и голем недостаток на вода. Веќе покренавме одредени иницијативи оваа прашање да се издигне на повисоко ниво и да започне процесот на решавање на овој проблем  бидејки оваа претставува многу сериозен проблем а досега не се преземени никакви мерки во насока на негово решавање. КУРИР: Какви проекти планирате да реализирате за младите во општина Босилово? Манчев: Младите мора да бидат активно вклучени во креирање на општествениот живот во Босилово.  Затоа  ќе го ставиме во функција локалниот младински совет преку кои младите ќе може активно да креираат политики и мерки на локално ниво и преку кои ќе учествуваат во реализација на повеќе домашни и меѓународни проекти. Општествениот активизам во Босилово  мора да го издигнеме на многу повисоко ниво. За таа цел ќе бидат организирани повеќе акции и манифестации од различни области – екологија, култура, спорт и др.  а паралелно со тоа  работиме и  на подобрување на инфраструктурата како што е изградба на спортски игралишта, а исто така просторните капацитете на објектите кои што се во сопственост на општината ќе бидат подготвени и ставени во функција на поддршка на невладините и младинските организации и младинските иницијативи кои ќе бидат покренати во општина Босилово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kurir-intervju-manchev-so-niza-proekti-kje-go-napravi-bosilovo-moderna-i-razviena-opshtina/feed/ 0
Барбутов: Граѓаните на Босилово се целосно разочарани од работата на градоначалникот Зоран Зимбаков, а голем дел од неговите ветувања не се исполнети https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/barbutov-gragjanite-na-bosilovo-se-celosno-razocharani-od-rabotata-na-gradonachalnikot-zoran-zimbakov-a-golem-del-od-negovite-vetuvanja-ne-se-ispolneti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/barbutov-gragjanite-na-bosilovo-se-celosno-razocharani-od-rabotata-na-gradonachalnikot-zoran-zimbakov-a-golem-del-od-negovite-vetuvanja-ne-se-ispolneti/#respond Thu, 17 Oct 2019 15:45:46 +0000 https://kurir.mk/?p=253065

Граѓаните од општина Босилово се целосно разочарани од работата на градоначалникот Зоран Зимбаков. Голем дел од неговите ветувања не се исполнети ниту пак нивнта реализација е започната. Неговата програма е неверојатно обемна и во најголем дел со нереални проекти и задачи, ова денеска преку прес-конференција го истакна Трајче Барбутов од ВМРО-ДПМНЕ. -Во досегашното двегодишно работење на актуелниот градоначалник бележиме многу нереализирани ветувања, односно големи лаги предвидени во неговата програма во однос на роковите за нивна реализација. Нереализирани проекти од областа на образованието и спортот: Изградба на спортско игралиште во с. Моноспитово и во други населени места до 2019 година, замена на азбестни кровови на училишта, организирање на кујна за исхрана на ученици од подрачни училишта, користење на алтернативни извори на енергија за училиштата. Во делот на локални патишта, изградба на локален пат Иловица – Дрвош 2019, изградба на локален пат Ст. Балдовцин – Дрвош 2019 година, реконструкција на дел од локалниот пат Дрваош – Хамзали 2019г. Сето ова е нереализирано. Од областа на комуналните дејности, изградба на отворен пазар во с. Босилово како клучен проект за 2019, бетонирање на атмосферски канал во с.Босилово за 2018, уништена, оштетена и необновена урбана опрема : клупи за седење, канделабди, корпи за отпадоци, дислокација на доводен цевковод за водата за пиење за с.Босилово од ХС „Иловица“ на локалниот пат Босилово – Радово за 2018 и ова е нереалзиирано, рече Барбутов. Тој додава дека бележиме проблеми со кои актуелниот градоначалник не може да се справи и за истите да изнајде трајно решение за хроничен недостиг на вода за пиење во текот на целиот летен период во населеното место Дрвош, намален притисок и немање на доволни количини на вода за пиење во летниот период во повеќе населени места. -Градоначалникот Зоран Зимбаков не ги реализира сите овие проекти, но успеа да ја асфалтира улицата каде што живее самиот тој и каде поминува само неговиот автомобил. Друга улица која успеа да ја асфалтира во општината во својот досегашен мандат е улицата каде што живее актуелниот претседател на Советот и поранешен претседател на О.О. на СДСМ  во с.Иловица. Градоначалникот на општината е на ПРАВ ПАТ – за останатите граѓани на општината: кал, прав и дупки по улиците. Почитувани, дојде живот само за нив, вели Барбутов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/barbutov-gragjanite-na-bosilovo-se-celosno-razocharani-od-rabotata-na-gradonachalnikot-zoran-zimbakov-a-golem-del-od-negovite-vetuvanja-ne-se-ispolneti/feed/ 0