општина чаир – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Aug 2023 07:28:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png општина чаир – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Казнети 109 возачи во општина Чаир https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kazneti-109-vozachi-vo-opshtina-chair/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kazneti-109-vozachi-vo-opshtina-chair/#respond Fri, 04 Aug 2023 07:28:17 +0000 https://kurir.mk/?p=863213

Вчера (03.08.2023) во периодот од 16:30 до 23:30 часот спроведена е засилена акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на општина Чаир во Скопје. При контролата санкционирани се 109 возачи, од кои 41 мерка за возење повеќе од дозволената брзина, 15 санкции возачи на мотоцикл кои не користеле заштитна кацига за време на возење, седум мерки за возење без возачка дозвола, 22 санкции за непрописно паркирани возила... -Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kazneti-109-vozachi-vo-opshtina-chair/feed/ 0
Претседателката на Косово Вјоса Османи-Садриу ја посети општина Чаир https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelkata-na-kosovo-vjosa-osmani-sadriu-ja-poseti-opshtina-chair/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelkata-na-kosovo-vjosa-osmani-sadriu-ja-poseti-opshtina-chair/#respond Thu, 27 Apr 2023 14:18:09 +0000 https://kurir.mk/?p=828369

Претседателката на Косово Вјоса Османи - Садриу денеска ја посети општина Чаир, каде беше откриена таблата со новото име на улицата „Ибрахим Ругова“, во чест на поранешниот косовски претседател. Како што информира општина Чаир, на настанот присуствуваа градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу и Теута Ругова, ќерка на претседателот Ибрахим Ругова. Градоначалникот Ганиу изјави дека оваа улица се наоѓа во една од најстарите населби и многу блиску до Скопското кале. -Ибрахим Ругова, токму ова име ќе стои во личните документи на стотици граѓани на општина Чаир. Ова е најмалото нешто што ние можеме да го направиме за некој како доктор Ибрахим Ругова, човек кој до последниот момент од неговиот живот дишеше за Косово, конкретно и за Албанците воопшто. Тој беше идеолошкиот архитект, кој со својата мирољубива филозофија ја дизајнираше иднината на Косово, како независна држава, со вистинска дипломатска соработка со Соединетите Американски Држави и земјите од Европската Унија, рече Ганиу. Додаде дека името на Ибрахим Ругова ќе стои заедно со 66-те нови имиња кои неодамна се поставија на улиците во општина Чаир. Косовската претседателка Вјоса Османи - Садриу ја посети и Старата скопска чаршија, каде се сретна со локалните еснафи. Заедно со градоначалникот Ганиу положија цвеќе кај споменикот на Скендербег и на Хасан Приштина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelkata-na-kosovo-vjosa-osmani-sadriu-ja-poseti-opshtina-chair/feed/ 0
Делови од Чаир и Илинден утре ќе останат без струја https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/delovi-od-chair-i-ilinden-utre-ke-ostanat-bez-struja/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/delovi-od-chair-i-ilinden-utre-ke-ostanat-bez-struja/#respond Mon, 24 Apr 2023 06:45:51 +0000 https://kurir.mk/?p=826778

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 25.04.2023 година (вторник) без електрична енергија ќе останат: -во периодот од 08:30 до 12:00 часот, корисниците од улиците „Никола Малешевски“, „Благоја Паровиќ“ и „Роналд Реган“. (општина Чаир) -во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од селата Мршевци и Ајватовци, како и дел од корисниците од село Бучинци. (општина Илинден)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/delovi-od-chair-i-ilinden-utre-ke-ostanat-bez-struja/feed/ 0
Расчистена долгогодишна дива депонија и одложени над 20 кубни метри кабаст отпад во пролетната акција во Чаир https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/raschistena-dolgogodishna-diva-deponija-i-odlozeni-nad-20-kubni-metri-kabast-otpad-vo-proletnata-akcija-vo-chair/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/raschistena-dolgogodishna-diva-deponija-i-odlozeni-nad-20-kubni-metri-kabast-otpad-vo-proletnata-akcija-vo-chair/#respond Thu, 21 Apr 2022 15:21:20 +0000 https://kurir.mk/?p=666645

Град Скопје заедно со јавните претпријатија и во координација со Општина  Чаир успешно  ја  спроведуваат работната пролетна акција на територија на оваа општина. Во рамките на големата акција за генерално чистење на општината Чаир, ЈП Комунална хигиена ја исчисти долгогодишната дива депонија лоцирана на улицата Архиепископ Доситеј. Од оваа локација, отстранети се 10 кубни метри отпад. Од почетокот на акцијата за чистење на општината Чаир, во специјалните садови што ЈП Комунална хигиена ги постави на шест локации во оваа скопска општина беа одложени над 20 кубни метри кабаст отпад коишто се подигнати и транспортирани од страна на екипите на претпријатието. Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ рачно и машински ги исчистија булеварите и улиците, а направија и дезинфекција на контејнерите на јавните површини. Екипите на ЈП „Улици и патишта“ ги санираа ударните дупки на булеварите и улиците. На булеварот Христијан Тодоровски Карпош  и на улиците Џон Кенеди и Цветан Димов санирани се ударни дупки со вкупна површина од 105 квадратни метри. На улицата Цветан Димов се санирани и уредени жардиниерите околу дрвјата, а со цел ослободување на дел од дрвјата направено е проширување со ископ на бекатонот и прередување. Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот во овој дел од градот, екипите на ЈП „Улици и патишта“ извршија контрола на сообраќајната сигнализација при што исправени се сообраќајните знаци на булеварот Христијан Тодоровски Карпош, а на крстосницата на улицата Џон Кенеди со улица Цветан Димов  извршена е демонтажа на оштетен семафорски столб и монтиран е нов семафорски столб со возачка и пешачка латерна и истиот е пуштен во работа. Во рамките на акцијата е извршена контрола и обиколка на светлосната сигнализација на семафоризираните крстосници во општината и заменети се оштетените делови на семафорите на 7 крстосници. Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ реализираа голем број активности за уредување на зеленилото на булеварите Крсте Мисирков, Цветан Димов, Христијан Тодоровски Карпош, Македонско косовска бригада, како и на улиците Втора македонска бригада и Кемал Сејфула. На овие улици и булевари се искосени тревните површини и уредени дрворедите, а беа собрани лисја, хартии и отпадоци. Во рамките на оваа акција на ЈП „Паркови и зеленило“ искосија околу 100.000 квадратни метри тревна површина и собраа 10 полни камиони со отпадоци. Екипите на ЈП Водовод и канализација, во рамките на работните активности од пролетната акција на булеварите Крсте Мисирков, Македонско косовска бригада, Крсте Мисирков, Никола Карев и на улицата Цветан Димов извршија контрола на 55 шахти, рачно се исчистени 29 шахти, 177 сливници, а извршено е и перење и на канализационите линии со цистерни вакуум и прочистување со цистерна притисок. Град Скопје заедно со јавните претпријатија и во координација со Општина Чаир пролетната акција ја спроведува од 18-ти април до 22-ри април на територијата на целата општина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/raschistena-dolgogodishna-diva-deponija-i-odlozeni-nad-20-kubni-metri-kabast-otpad-vo-proletnata-akcija-vo-chair/feed/ 0
Започна големата пролетна акција на Град Скопје и градските претпријатија во општина Чаир https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zapochna-golemata-proletna-akcija-na-grad-skopje-i-gradskite-pretprijatija-vo-opshtina-chair/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zapochna-golemata-proletna-akcija-na-grad-skopje-i-gradskite-pretprijatija-vo-opshtina-chair/#respond Mon, 18 Apr 2022 15:45:02 +0000 https://kurir.mk/?p=664850

Градот Скопје заедно со градските јавни претпријатија и во координација со Oпштина Чаир од денеска ја реализираат големата пролетна работна акција на подрачјето на општина Чаир. Екипите координирано до крајот на оваа недела ќе спроведуваат активности за рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците, дезинфекција на контејнерите, собирање кабаст отпад, санирање на оштетувања на коловозите, обновување и поставување на сообраќајната сигнализација, садење нови садници и уредување на зеленилото, санации на пријавени дефекти и проблеми од граѓаните, целосно чистење на атмосферските и фекалните линии, како и прочистување на дождовните сливници на булеварите и на градските улици. Во големата пролетна работна акција во Чаир на терен координирано работат екипи на градските јавни претпријатија: Комунална хигиена, Паркови и зеленило, Водовод и канализација, Улици и патишта и Дрисла. Екипите на ЈП Комунална хигиена на целата територија спроведуваат активностите за рачно и машинско метење и миење на булеварите и на улиците, како и миење и дезинфекција на контејнерите и на микролокациите на кои се поставени. Во рамките на оваа голема акција, ЈП Комунална хигиена постави и специјални садови за кабаст отпад на неколку локации, каде што граѓаните ќе можат да го остават, по што тој бесплатно ќе биде подигнат и транспортиран на соодветна локација од ова градско претпријатие. Жителите на општина Чаир својот кабаст отпад ќе можат да одложат на следниве локации: 1. Булевар Цветан Димов, на крстосницата со улица Коста Абрашевиќ; 2. Улица Ферид Мурад, до училиштето „Цветан Димов“, кај Топлана Север; 3. Улица Крсте Асенов бр. 5 (до чајџилница „Пајтон“); 4. Улица Втора македонска бригада, на крстосницата со улица Дижонска (кај контејнерите); Со пролетната акција на ЈП Паркови и зеленило во општина Чаир ќе биде опфатено зеленилото по должината на булеварите Крсте Мисирков, Цветан Димов, Христијан Тодоровски-Карпош, како и на улиците Македонско-косовска бригада, Втора македонска бригада и Кемал Сејфула. Екипите од Секторот дрвореди по Решенијa издадени од Секторот за комунални работи на Град Скопје, реализираа кастрење на 30 дрвја на булеварот Цветан Димов на потегот од Јаја-пашина џамија до маркетот Веро. Исто така, на посочената локација преостанатите екипи го средуваа зеленилото, односно косеа тревна површина и собираа откос, кастреа грмушки, собираа лисја, хартија и отпадоци. Јавното претпријатие Водовод и канализација во општина Чаир за време на акцијата ќе работи на булеварите Крсте Мисирков, Цветан Димов, Никола Карев и на улицата Македонско-косовска бригада. Екипите на терен ќе вршат рачно чистење на сливници, рачно чистење на шахти (атмосферски и фекални) и миење со цистерна со вакуум и цистерна под притисок на атмосферските и фекалните сливници и шахти. Денеска на булеварот Никола Карев извршена е контрола на 15 шахти, рачно се исчистени седум шахти, 80 сливници, миење на канализациона линија од140 метри со цистерна со вакуум и прочистување на 170 метри со цистерна под притисок. ЈП Улици и патишта во текот на акцијата во Чаир ќе работат на булеварите Христијан Тодоровски Карпош и Цветан Димов, како и на улиците Џон Кенеди и Лазар Трповски. Екипите на ЈП Улици и патишта денеска ги санираа оштетувањата во асфалтот (со претходно машинско гребење) на булеварот Христијан Тодоровски Карпош, кај општинската зграда на Чаир, со површина од 40 квадратни метри. На овој булевар е извршена контрола и обнова на недостатоците на вертикалната сигнализација, а исправени се и четири сообраќајни знаци. Јавното претпријатие Дрисла во рамките на пролетната акција во Чаир ќе го прима, складира и депонира комуналниот отпад, градежниот шут и другите видови отпад што ќе се собира на територијата на општината. Пролетната акција во општина Чаир почна денеска, 18 април, и ќе трае до 22 април, а потоа екипите на јавните претпријатија ќе продолжат со работа во наредната општина што е планирана, каде што на терен ќе ги продолжат активностите на точно утврдени локации по примерот на општина Кисела Вода, Карпош, Аеродром, Гази Баба и општина Чаир.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zapochna-golemata-proletna-akcija-na-grad-skopje-i-gradskite-pretprijatija-vo-opshtina-chair/feed/ 0
Арсовска: Преку едукативни активности за најмладите да влијаеме за заштита на животната средина https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-preku-edukativni-aktivnosti-za-najmladite-da-vlijaeme-za-zashtita-na-zivotnata-sredina/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-preku-edukativni-aktivnosti-za-najmladite-da-vlijaeme-za-zashtita-na-zivotnata-sredina/#respond Tue, 22 Mar 2022 12:30:34 +0000 https://kurir.mk/?p=651359

Во рамките на одбележувањето на Деновите на екологијата за 2022 година, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, заедно со директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Зуди Енузи, денеска присуствуваа на еколошка работилница и едукативни игри за рециклирање и селектирање на отпадот во детската градинка „Снежана“, во скопската општина Чаир. Околу 100 дечиња беа вклучени во едукативните активности што се одвиваа во матичниот објект на оваа детска градинка и имаа можност да научат на кој начин да постапуваат со отпадот и колку е значајна неговата примарна селекција. Градоначалничката Арсовска ја поздрави акцијата и истакна дека ваквите едукативни активности за најмладите се потребни од коишто преку едукативни игри можат да научат како да го селектираат отпадот. На дечињата од градинката „Снежана“ градоначалничката Арсовска и директорот Енуз им поделија пакетчиња со едукативни сликовници за заштита на животната средина. Градот Скопје ги поддржува активностите кои ја подигаат свеста во однос на екологијата и во наредниот период ќе бидат поттикнати нови идеи и нови еколошки активности во средните училишта во градот Скопје, се со цел да ја сочуваме животната средина и чистиот воздух.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-preku-edukativni-aktivnosti-za-najmladite-da-vlijaeme-za-zashtita-na-zivotnata-sredina/feed/ 0
Санкционирани 144 возачи во Чаир https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/sankcionirani-144-vozachi-vo-chair/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/sankcionirani-144-vozachi-vo-chair/#respond Sun, 20 Mar 2022 18:24:46 +0000 https://kurir.mk/?p=650306

МВР информира дека денеска, во периодот од 10.00 до 16.00 часот, во спроведена акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на општина Чаир, биле санкционирани 144 возачи. Од 114 санкционирани возачи, 41 возач е казнет за возење со брзина над дозволената, 28 возеле без возачка дозвола, 13 користеле мобилен телефон, пет возеле со истечена важност на сообраќајната дозвола. -Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, апелираат од МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/sankcionirani-144-vozachi-vo-chair/feed/ 0
ПЛАЧ И ЛЕЛЕЦИ ВО ЧАИР – дури 11 жртви живееле во иста зграда, а пет деца оделе во исто училиште, општината подготвува 16 погреби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/plach-i-leleci-vo-chair-duri-11-zrtvi-ziveele-vo-ista-zgrada-a-pet-deca-odele-vo-isto-uchilishte-opshtinata-podgotvuva-16-pogrebi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/plach-i-leleci-vo-chair-duri-11-zrtvi-ziveele-vo-ista-zgrada-a-pet-deca-odele-vo-isto-uchilishte-opshtinata-podgotvuva-16-pogrebi/#respond Wed, 24 Nov 2021 13:26:49 +0000 https://kurir.mk/?p=599332

Во Македонија денес е втор ден на жалост по страшната трагедија на автопатот Струма во која животот го загубија 45 лица од кои 12 се деца. Телевизијата „OnAir.bg“ денес направи прилог од скопски Чаир каде животот го загубија 16 лица. „Во оваа зграда живеат две семејства кои загубија вкупно 11 членови, сите пет деца од оваа зграда идеа во исто училиште“, раскажува во прилогот репортерот. Во прилогот наставниците од основното училиште „Исмаил Ќемали“ низ солзи раскажуваат дека во еден клас имало и по повеќе смртни случаи. Во Чаир инаку ќе има 16 погреби, а општината се обидува да им помогне на семејствата, вели градоначалникот за бугарскиот медиум. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/plach-i-leleci-vo-chair-duri-11-zrtvi-ziveele-vo-ista-zgrada-a-pet-deca-odele-vo-isto-uchilishte-opshtinata-podgotvuva-16-pogrebi/feed/ 0
Општина Чаир: Близу 20.000 евра парична помош за семејствата на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-chair-blizu-20-000-evra-parichna-pomosh-za-semejstvata-na-zaginatite-vo-avtobuskata-nesrekja-vo-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-chair-blizu-20-000-evra-parichna-pomosh-za-semejstvata-na-zaginatite-vo-avtobuskata-nesrekja-vo-bugarija/#respond Wed, 24 Nov 2021 12:04:52 +0000 https://kurir.mk/?p=599301

Советот на општина Чаир денеска на вонредна седница одлучи да им се додели парична помош на семејствата чии роднини го загубија животот во трагичната несреќа што се случи завчера во Бугарија. Советот едногласно ја одобри одлуката средствата предвидени за украсување на територијата на општина Чаир за новогодишните празници да бидат распределени за семејствата на загинатите во трагичната несреќа во Бугарија. -Тоа значи дека од сметката 425990, програма Е0 одбиваме 1.200.000 денари и истите ги додаваме на сметката 412110 програма А0, постојани резерви, изјави градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Советот на општината формираше и комисија со претставници од сите партии во Советот на општина Чаир и еден вработен од општинската администрација кои ќе одлучуваат за распределбата на овие средства. -Се надеваме дека со овој наш денешен чин ќе придонесеме во ублажување на болката на членовите на семејството кои ги загубија своите роднини во трагичната несреќа. Нека им е лесна земјата на оние што ги загубија животите, а нивните роднини, пријатели, колеги нека живеат и нека се сеќаваат на нив, изјави Ганиу.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-chair-blizu-20-000-evra-parichna-pomosh-za-semejstvata-na-zaginatite-vo-avtobuskata-nesrekja-vo-bugarija/feed/ 0
Велковски до Шилегов: Немање идеја и креативност води до паушално решение и глупост, Чаир не е општина за експеримент https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/velkovski-do-shilegov-nemanje-ideja-i-kreativnost-vodi-do-paushalno-reshenie-i-glupost-chair-ne-e-opshtina-za-eksperiment/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/velkovski-do-shilegov-nemanje-ideja-i-kreativnost-vodi-do-paushalno-reshenie-i-glupost-chair-ne-e-opshtina-za-eksperiment/#respond Sun, 20 Jun 2021 12:14:27 +0000 https://kurir.mk/?p=525721

Немање идеја и креативност води до паушално решение и глупост. Кога имате реален проблем, а тоа е несомнено сообраќајниот метеж на ул.Цветан Димов во Општина Чаир, улица која служи за влез на жителите од општините Чаир, Бутел, Чучер и Сандево и делумно за Шуто Оризари. Движењето на оваа улица во ударните часови за одење на работа и за враќање од работа е навистина отежнато и има голема фрекфенција на автомобили и поради тоа оваа делумно кратка делница се вози повеќе од предвиденото, пишува Координатор на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Чаир Ѓоко Велковски на Фејсбук. -Пред повеќе од 1 година, незнаејки како да го решат проблемот градските власти на чело со Петре Шилегов решаваат да постават бетонски блокови долж едната половина од самата улица, и даваат изјава дека со ова ќе се регулира сообраќајот, односно дека ќе се намали гужвата од оваа улица. После една година ништо не се промени сеуште имаме сообраќаен метеж на оваа улица и наместо тоа да го признаат Петре Шилегов и градските власти тие пред само неколку дена поставија нови бетонски блокови кон вториот дел од улицата Цветан Димов и без притоа повторно да направат соодветна проценка и анализа за тоа дека најмалку 30.000 жители на населено место Гази Баба нема да можат да влезат во својата населба од улицата Цветан Димов како што предвидувал самиот сообраќаен режим со години наназад. Да не зборуваме за потребата од итна медицинска помош, од противпожарно возило, полициска патрола, сите овие треба да одат до едниот или другиот крај на улицата Цветан Димов, зависно каде треба да интервенираат, а за сите овие служби секоја секунда е значајна и значајна е за жителите на општина Чаир. Доколку седнел некој и реално го разгледа проблемот на улицата Цветан Димов веднаш ќе забележи дека не е проблемот во исклучувањето и уклучувањето на возилата кои доаѓаат од споредните улици, ниту толку голем е проблем од пешаците кои преминуваа преку оваа улица, туку најголем проблем преставуваат паркираните возила на десните коловозни лента од двете страни на самата улица и со тоа остануваат по една коловозна лента за возење, и затоа проблемот за решавање на оваа ситуација треба да го бараат токму тука. Значи потребна е постојана интервенција од полициски службеници и веднаш да биде разгледана можноста за проширување на оваа улица со по уште една коловозна лента со што би се отворила можност за максимална проодност на целиот капацитет на возила кои поминуваа на оваа улица. Меѓутоа наместо да размислуваат за вистинскиот начин на решавање на овој проблем, од немање на вистинска идеја се изведува некое квази решение кое реално повеќе не навредува нас чаирчани отколку што реално имаме корист. Петре Шилегов уште еднаш те предупредуваат жителите на Општина Чаир, дека ние ниту сме општина за експеримент, ниту општина за потсмев. Бараме и ние како дел од градот Скопје да бидеме сериозно сватени и разбрани и секоја интервенција во нашата општина да биде во согласност со нашите потреби и барања. Одамна овие жители знаат за вашата неспособност и немањето на идеја за решавање на нашите проблеми, време е да го признаете ова и да не ја барате повеќе поддршката на овие граѓани, подвлекува Велковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/velkovski-do-shilegov-nemanje-ideja-i-kreativnost-vodi-do-paushalno-reshenie-i-glupost-chair-ne-e-opshtina-za-eksperiment/feed/ 0