општина дебар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 17 Dec 2021 10:47:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png општина дебар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Владата одобри: Објекти во Дебар ќе добијат нови имиња од личности и настани од албанската историја и култура https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vladata-odobri-objekti-vo-debar-kje-dobijat-novi-iminja-od-lichnosti-i-nastani-od-albanskata-istorija-i-kultura/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vladata-odobri-objekti-vo-debar-kje-dobijat-novi-iminja-od-lichnosti-i-nastani-od-albanskata-istorija-i-kultura/#respond Fri, 17 Dec 2021 10:47:47 +0000 https://kurir.mk/?p=609725

Владата на седницата одржана на 14 месецов го разгледала барањето на Општина Дебар, со Предлог-списокот и дала согласност на списокот на имиња на улици, плоштади и други инфраструктурни објекти, објави на својот профил на Фејсбук дебарскиот градоначалник Хекуран Дука. – Владата на Република Северна Македонија, го одобри Предлог-списокот со имиња на улици во градот Дебар, доставен од Општина Дебар за одобрување. Конечно имаме причина да се радуваме на оваа долгоочекувана и посакувана добра вест. Честитки за сите дебрани и со среќа. На пример, улицата 22 декември сега ќе го носи името Јосиф Багери итн., напиша Дука, објавувајќи и примерок од известувањето. Советот на Општина Дебар, Предлог-список за нови имиња на улиците, плоштадите, населбите и мостовите ја усвои на 29 април годинава, со запазување и на принципот на гласање според Бадентер. Во списокот повеќе ги нема имињата на улиците поврзани со поранешна Југославија (ЈНА, 22 декември, Едвард Кардељ…), но и на првоборци и учесници во НОВ (Видое Смилевски-Бато, дебраните Здравко Чочковски, Таса Мартиновска…). Остануваат досегашните имиња на улиците Илинден, Гоце Делчев, Никола Карев, на дебарските народни херои Ибе Паликуќа и Лиман Каба, како и првоборци Павле Џиковски и Зија Мерсоски. Најголем број од имињата се на личности и настани од албанската историја и култура и Албанци од Дебар. Трите плоштади ќе го носат името Скендербег и Илирија, како и до сега, додека третиот плоштад ќе се именува Елез Исуфи (национален стратег по потекло од Пешкопеја – Албанија). Мостот Рајчица се преминува во Дебарски Мост, додека Мелнички Мост во Мостот на Радика. Нови имиња ќе добијат населбите Венец еден (Уранику), Венец два (Пенестија) и населбата Депласт (Мост Селам). Инцијатива за промена на имињата, првпат, Советот на општината поведе во 1996 а потоа и во 2010, но овие иницијативи не беа реализирани до крај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vladata-odobri-objekti-vo-debar-kje-dobijat-novi-iminja-od-lichnosti-i-nastani-od-albanskata-istorija-i-kultura/feed/ 0
Четворица од загинатите патници во сообраќајната несреќа во Бугарија се од Дебар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvorica-od-zaginatite-patnici-vo-soobrakjajnata-nesrekja-vo-bugarija-se-od-debar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvorica-od-zaginatite-patnici-vo-soobrakjajnata-nesrekja-vo-bugarija-se-od-debar/#respond Tue, 23 Nov 2021 13:09:04 +0000 https://kurir.mk/?p=598816

Меѓу загинатите патници од Македонија во автобуската несреќата што се случи во Бугарија се и четворица жители на општина Дебар. Од општина Дебар неофицијално потврдуваат дека станува збор за С.М.(1971) и неговата сопруга З.М.(1973) од Дебар и сопружниците Е.Р. (1980) и А.Р.(1984) од село Косоврасти и додаваат дека сепак чекаат официјална потврда од надлежните. С.М. и Е.Р. биле вработени во Одделението за внатрешни работи во Дебар. На социјалните мрежи веќе се изразува сочувство до нивните семејства.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvorica-od-zaginatite-patnici-vo-soobrakjajnata-nesrekja-vo-bugarija-se-od-debar/feed/ 0
Во Дебар затворени гласачките места https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-debar-zatvoreni-glasachkite-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-debar-zatvoreni-glasachkite-mesta/#respond Sun, 14 Nov 2021 18:37:38 +0000 https://kurir.mk/?p=595469

Во Дебар заврши гласањето во вториот круг од локалните избори каде во трката за градоначаник се Хекуран Дука од ДУИ, поддржан од СДСМ со коалицијата и Беким Поцеста од Алијансата за Албанците/Алтернатива, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. Според Општинската изборна комисија до 18:30 часот, правото на глас го оствариле 8.534 граѓани или 44,46 отсто од вкупно запишаните 19.211. Кандидатот за градоначалник Дука го оствари правото на глас на гласачкото место 0537 во општинското основно училиште „Саит Најдени“. – На најдемократски начин го избираме патот на напредокот, ЕУ, САД, НАТО. Дебар со ДУИ е во најсигурни раце. Со масовната поддршка што ќе ни ја дадат граѓаните, продолжуваме со успешните проекти за доброто на општината и на неговите граѓани, напиша попладнево Дука на „Фејсбук“. Кандидатот Поцеста го оствари правото на глас на гласачкото место 0544/1 во општинското основно училиште „Пенестија“. -Судбината на нашиот град денес е во рацете на секој негов граѓанин. Дајте ја вашата одлука масовно. Да покажеме одлучност, одговорност и достоинство. Ништо не е поважно од слободната волја изразена преку гласање. Денес се решава иднината, денес доаѓа промената. Смиреност и разумност. Дебар пред сè, напиша Поцеста на „Фејсбук“ по гласањето. Во првиот изборен круг и повтореното гласање во едно гласачко место, од вкупно запишаните гласачи, правото го остварија околу 42 отсто, а блага предност, според добиените гласови, имаше Поцеста. И двајцата по професија се лекари. Дука е специјалист уролог, вработен во Општата болница со проширена дејност во Дебар. Тој во изминатите две и пол години беше градоначалник на Дебар, кога ја доби довербата од граѓаните на вонредните избори, по смртта на тогашниот градоначалник Ружди Љата. Поцеста е специјалист кардиолог, вработен во Клиниката за кардиологија во Скопје, каде во еден период беше и директор. Во првиот круг беа избрани новите советници во 15 – члениот совет. Шест обезбеди ДУИ, пет Алијансата за Албанците/Алтернатива, а по две советнички места имаат СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-debar-zatvoreni-glasachkite-mesta/feed/ 0
Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-debar-se-zgolemuva-izleznosta-na-glasachite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-debar-se-zgolemuva-izleznosta-na-glasachite/#respond Sun, 14 Nov 2021 15:13:56 +0000 https://kurir.mk/?p=595425

Во попладневните часови се зголемува процентот на излезност на гласањето на денешниот втор круг за градоначалник на Дебар. Според Рилинд Хаса, претседател на Општинската изборна комисија до 15 часот правото на глас го оствариле 29 отсто од вкупниот број запишани во единствениот избирачки список, што е за четири проценти повеќе од првиот изборен круг. -Од вкупно запишаните 19.211 гласачи правото го оставриле 5.561 граѓани или 29 отсто, што е четири проценти повеќе споредено со првиот круг. Тогаш до 15 часот правото на глас го остварија 4.784 или 25 отсто, изјави Хаса за МИА. Додаде дека до сега поднесени се девет приговори за заштита на личното избирачко право и истите се прифатени. Според него членови на ОИК вршат редовно обиколки на избирачките места со цел увид во работата на избирачките одбори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-debar-se-zgolemuva-izleznosta-na-glasachite/feed/ 0
До 11 часот: 8,2 отсто излезност на изборите во Дебар https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/do-11-chasot-8-2-otsto-izleznost-na-izborite-vo-debar/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/do-11-chasot-8-2-otsto-izleznost-na-izborite-vo-debar/#respond Sun, 14 Nov 2021 12:21:59 +0000 https://kurir.mk/?p=595326

Гласањето во вториот круг за избор на градоначалник на општина Дебар се одвива тековно, без проблеми, со зголемена излезност на гласачите споредено со првиот круг. – Изборниот ден минува без проблеми. Излезноста се зголемува, така што правото на глас (до 11 часот) го имаат остварено 1.578 граѓани или 8,2 проценти од вкупното гласачко тело. Во првиот круг, до 11 часот гласаа 1.293 лица, изјави потпретседателка на Општинската изборна комисија – Дебар, Јованка Јосифовска. До 11 часот, како што соопшти Државната изборна комисија, поднесени се два приговора за заштита на личното избирачко право и двата се прифатени. Во оваа Општина во единствениот избирачки список се запишани се 19.211 лица со право на глас или 805 повеќе споредено со последните локални избори во 2017 година. Се гласа на 27 гласачки места.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/do-11-chasot-8-2-otsto-izleznost-na-izborite-vo-debar/feed/ 0
До 9 часот во Дебар 2,5 отсто излезност https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/do-9-chasot-vo-debar-2-5-otsto-izleznost/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/do-9-chasot-vo-debar-2-5-otsto-izleznost/#respond Sun, 14 Nov 2021 09:29:57 +0000 https://kurir.mk/?p=595244

Гласањето во вториот круг за избор на градоначалник на Дебар се одвива непречено на сите 27 гласачки места во Општината, при што до 9 часот гласале 2,5 проценти од запишаните избирачи. Споредно со првиот круг, излезноста до 9 часот е поголема за 0,75 процентни поени. – До 9 часот правото на глас го остварија 480 граѓани, што е 2,5 отсто од вкупно запишаните 19.211 во единствениот избирачки список. Во првиот круг до 9 часот правото на глас го искористија 342 гласачи или 1,75 отсто, информира потпретседателка на Општинската изборна комисија – Дебар, Јованка Јосифовска. Таа додава дека изборниот ден минува без проблеми и како Комисија очекуваат така да биде до неговото завршување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/do-9-chasot-vo-debar-2-5-otsto-izleznost/feed/ 0
Втор круг од изборите за градоначалник на Дебар https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vtor-krug-od-izborite-za-gradonachalnik-na-debar/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vtor-krug-od-izborite-za-gradonachalnik-na-debar/#respond Sun, 14 Nov 2021 08:24:06 +0000 https://kurir.mk/?p=595204

Во Општина Дебар, каде денеска се спроведува втор круг од изборите за градоначалник, гласачките места се отворени навреме и гласањето се одвива непречено. – Гласачките места се отворени во седум часот. Гласањето во Општина Дебар се спроведува во 27 гласачки места, од кои 22 се во градот, две во село Могорче и по едно во селата Џепиште, Горно и Долно Косоврасти. Во единствениот избирачки список се запишани 19.211 лица, а во првиот круг гласаа околу 42 отсто, изјави претседателот на Општинската изборна комисија – Дебар, Рилинд Хаса. Вчера, додава тој, своето граѓанско право на глас го остварија 60 болни и изнемоштени лица. Дебар е единствена општина во земјава, каде денеска се спроведува втор круг на локалните избори. Во првиот круг ниту еден од кандидатите не го обезбеди потребниот цензус за победа, а на 31 октомври беше повторено гласањето во едно гласачко место.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vtor-krug-od-izborite-za-gradonachalnik-na-debar/feed/ 0
Во Дебар за вториот круг за гласање пријавени 75 болни и изнемоштени лица https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-debar-za-vtoriot-krug-za-glasanje-prijaveni-75-bolni-i-iznemoshteni-lica/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-debar-za-vtoriot-krug-za-glasanje-prijaveni-75-bolni-i-iznemoshteni-lica/#respond Mon, 08 Nov 2021 12:01:34 +0000 https://kurir.mk/?p=592607

За вториот круг од гласањето за градоначалник до Општинската изборна комисија во Дебар барање за остварување на правото на глас доставиле 75 болни и изнемоштени лица. Според претседателот на комисијата, Рилинд Хаса, ова е вкупната бројка на оние кои се пријавиле претходно, кога сè уште не беше одлучено за прегласување на едно гласачко место во Дебар и на оние кои се пријавиле минатата недела. -Од вкупната бројка, 58 се од првиот рок и за нив веќе е одлучено, што значи дека нивното загарантирано уставно право на глас ќе го остварат во сабота на 16 ноември. Останатите 17 барања се доставени минатата недела и доставените барања со документација ги немаме разгледано, рече Хаса, за МИА. Во првиот изборен круг беа пријавени 21 болно и изнемоштено лице, едно барање не беше прифатено а правото на глас го остварија 20 лица. Ниту за првиот, ниту за вториот изборен круг, до комисијата не е пријавено ниту едно заразено лице со Ковид-19 или во изолација. Во Единствениот избирачки список во оваа општина запишани се 19.211лица, а се гласа на 27 гласачки места. Во првиот круг правото на глас го оствариле 8.046 или 41,88 отсто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-debar-za-vtoriot-krug-za-glasanje-prijaveni-75-bolni-i-iznemoshteni-lica/feed/ 0
До 13 часот во Дебар излезноста 14,5 %, а во Центар Жупа 12% https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/do-13-chasot-vo-debar-izleznosta-14-5-a-vo-centar-zupa-12/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/do-13-chasot-vo-debar-izleznosta-14-5-a-vo-centar-zupa-12/#respond Sun, 17 Oct 2021 12:43:34 +0000 https://kurir.mk/?p=580710

Изборниот ден во општините Дебар и Центар Жупа тече без проблеми, со зголемен процент на излезност. -До 13 часот во општина Дебар правото на глас го искористиле 2.781 лице или 14,5 отсто од вкупно запишаните 19.211 во единствениот избрачки список. Во сите 27 избирачки места изборниот ден минува без проблеми а поголема излезност очекуваме во следните попладневи часови, изјави за МИА, Саит Абазоски, од ОИК-Дебар. Споредено со изборите во 2017 година, кога излезноста во 13 часот била 17,9 таа сега е помала за 3,4 отсто. Претседателот на ОИК-Центар Жупа, Неџип Илјаз, информираше за МИА, дека правото на глас до 13 часот го освариле 910 граѓани или 12 отсто. На сите 16 избирачки места гласањето се одвива нормалано. Споредено со изборите во 2017 годна, кога излезноста во оваа општна била 20 отсто, сега е за осум отсто помала.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/do-13-chasot-vo-debar-izleznosta-14-5-a-vo-centar-zupa-12/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи Беким Поцеста за градоначалник на Дебар https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vmro-dpmne-kje-go-poddrzi-bekim-pocesta-za-gradonachalnik-na-debar/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vmro-dpmne-kje-go-poddrzi-bekim-pocesta-za-gradonachalnik-na-debar/#respond Sun, 03 Oct 2021 11:21:12 +0000 https://kurir.mk/?p=572202

На претстојните локални избори што ќе се одржат на 17 октомври, ВМРО-ДПМНЕ настапува со кандидатска листа за советници, додека за градоначалник на Дебар ќе го подржи Беким Поцеста, кандидат на Алијансата за Албанците-Алтернатива, потврди за МИА, Алмедин Шаиноски, претседател на Општинскиот комитет на партијата за Дебар. -За членови на Советот на општината имаме наша кандидатска листа, на која се вредни млади луѓе, професионалци и интелектуалци, кои се способни да се носат со одговорноста и подготвени се успешно да реализираат проекти кои ќе донесат промени. Носител е Асип Первизоски, магистер по безбедност. За градоначалник ќе го поддржиме кандидатот на Алијасата за Албанците-Алтернатива, Беким Поцеста, познат лекар кардиолог, додаде Шаиноски. Тој информираше дека за време на посета на Дебар генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајковски покрај другото имал средба со Поцеста. -Оствари средба со граѓани, ги слушна нивните реални проблеми кои го загрижуваат обичниот човек. Тој се сретна и со кандидатот за градоначалник Беким Поцеста. Ветуваме дека сите заедно рамо до рамо, рака за рака ќе се бориме да ги донесеме промените, да ги реализираме проектите и да се гордееме на победите, рече Шаиноски. Посочи дека заедно со носителот на листата и предложените кандидати за советници и партиски активнисти продолжуваат со средби со граѓани од врата до врата, како во градот така и во населените места.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vmro-dpmne-kje-go-poddrzi-bekim-pocesta-za-gradonachalnik-na-debar/feed/ 0