општина дебрца – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 25 Jun 2023 14:01:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png општина дебрца – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Општина Дебрца објави повик за пријавување на штетите од вчерашното невреме https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-debrtsa-objavi-povik-za-prijavuvane-na-shtetite-od-vcherashnoto-nevreme/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-debrtsa-objavi-povik-za-prijavuvane-na-shtetite-od-vcherashnoto-nevreme/#respond Sun, 25 Jun 2023 14:01:47 +0000 https://kurir.mk/?p=849459

Општина Дебрца објави повик го граѓаните дека штетите на нивните земјоделски култури настанати како последица на невремето што вчера го зафати регионот можат да ги пријават до 7 јули. Барањата за пријава на штети граѓаните можат да ги подигаат во Архивата на Општината или да се преземат од општинската интернет-страница и пополнети да ги достават до Архивата. Покрај барањето потребно е да се достават и копија од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од барателот, доказ за основ на користење на земјиштето за насадите (копија од имотен лист или копија од решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ или копија од договор за закуп). Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, веднаш по вчерашното невреме посочи дека предизвиканите штети на земјоделските насади се стопроцентни, дека градот за неколку минути ја однесе во неповрат сета мака на земјоделците. „Уште сега со сигурност можам да кажам дека штетите на земјоделските култури се стопроцентни. Општината ќе ги спроведе сите стандардни постапки за пријавување на штетите, а процената како што кажав не е ни потребна, стонастотна е“, објави Ногачески уште вчера на неговиот фејсбук-профил. Тој упати повик до Владата и Министерството за земјоделство да обезбедат средства од интервентниот фонд за земјоделство за обесштетување на земјоделците, апелирајќи системско решавање на проблемот со осигурувањето на земјоделските култури од елементарни непогоди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-debrtsa-objavi-povik-za-prijavuvane-na-shtetite-od-vcherashnoto-nevreme/feed/ 0
ФОТО: 100 процентни штети на земјоделските култури во Дебрца по силното невреме https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-100-protsentni-shteti-na-zemjodelskite-kulturi-vo-debrtsa-po-silnoto-nevreme/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-100-protsentni-shteti-na-zemjodelskite-kulturi-vo-debrtsa-po-silnoto-nevreme/#respond Sat, 24 Jun 2023 12:40:07 +0000 https://kurir.mk/?p=849292

Охридско-струшкиот регион денеска беше зафатен од силно невреме проследено со интензивни врнежи од дожд и град. На моменти, градот беше со големина на орев, што предизвика штети, особено на овошките и посевите. Се огласи и градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, кој истакна дека штетите врз земјоделските култури се огромни. - Уште сега со сигурност можам да кажам дека штетите на земјоделските култури се 100 процентни. Општината ќе ги спроведе сите стандардни постапки за пријавување на штетите, а проценка како што кажав не е ни потребна, 100-постотна е, објави Ногачески на својот фејсбук-профил. Тој ги повика Владата и Министерството за земјоделство да обезбедат средства од Интервентниот фонд за земјоделство за обештетување на земјоделците, апелирајќи системско решавање на проблемот со осигурувањето на земјоделските култури од елементарни непогоди кои, како што забележа, поради климатските промени ќе бидат се почести. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-100-protsentni-shteti-na-zemjodelskite-kulturi-vo-debrtsa-po-silnoto-nevreme/feed/ 0
Претрес во село во општина Дебрца, приведено едно лице, пронајдено оружје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretres-vo-selo-vo-opshtina-debrca-privedeno-edno-lice-pronajdeno-oruzje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretres-vo-selo-vo-opshtina-debrca-privedeno-edno-lice-pronajdeno-oruzje/#respond Sat, 17 Sep 2022 11:47:09 +0000 https://kurir.mk/?p=734093

На 16.09.2022 во 15:50 часот во с.Слатински Чифлик, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Ќ.П.(61) од с.Слатински Чифлик. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка калибар 12 мм и 23 куршуми за ловечка пушка калибар 12 мм. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretres-vo-selo-vo-opshtina-debrca-privedeno-edno-lice-pronajdeno-oruzje/feed/ 0
Општина Дебрца распиша јавен повик за пријавување штети од невремето со град https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-debrca-raspisha-javen-povik-za-prijavuvanje-shteti-od-nevremeto-so-grad/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-debrca-raspisha-javen-povik-za-prijavuvanje-shteti-od-nevremeto-so-grad/#respond Tue, 31 May 2022 12:02:20 +0000 https://kurir.mk/?p=684231

Општина Дебрца објави јавен повик за пријавување штети на земјоделските производи предизвикани од невремето со град, што на 28 мај ја зафати нејзината територија. -Граѓаните кои имаат материјални штети на овошните насади предизвикани од атмосферската непогода – град да пријават до Комисијата за процена на штети на општина Дебрца, најдоцна до 15 јуни годинава, информира Општината. Покрај барање за пријавување штета на земјоделските насади, потребни се копии од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од барателот, трансакциска сметка и доказ за користење на земјиштето за насадите, односно копија од решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ, од имотен лист или од договор за закуп.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-debrca-raspisha-javen-povik-za-prijavuvanje-shteti-od-nevremeto-so-grad/feed/ 0
Во Охрид до 13 часот излезноста на изборите е 23 отсто, во Дебрца 29 проценти https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-ohrid-do-13-chasot-izleznosta-na-izborite-e-23-otsto-vo-debrca-29-procenti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-ohrid-do-13-chasot-izleznosta-na-izborite-e-23-otsto-vo-debrca-29-procenti/#respond Sun, 17 Oct 2021 12:50:54 +0000 https://kurir.mk/?p=580726

Гласањето на Локалните избори во Охрид и во Дебрца се одвива тековно, со одредени технички потешкотии кога се работи за идентификација на граѓаните со биометриските апарати. До 13 часот во Охрид на гласање излегле 23,5 отсто од граѓаните со право на глас, додека во Дебрца излезноста е 29 проценти. Кога станува збор за гласањето во Дебрца, во текот на изборниот процес поради техничка грешка на биометрискиот уред прекин на изборниот процес е регистриран на избирачкото место 1315 во Ново Село. Даниела Којчиноска Мартиноска, претседателот на ОИК Дебрца, изјави дека поради настанатиот прекин на избирачкиот процес гласањето на тоа избирачко место ќе биде продолжено за два часа колку што траел прекинот во гласањето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-ohrid-do-13-chasot-izleznosta-na-izborite-e-23-otsto-vo-debrca-29-procenti/feed/ 0
Пиши бриши тендери: Општина Дебрца поништила јавна набавка за да склучи нов договор за два и пол пати поголема цена https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pishi-brishi-tenderi-opshtina-debrca-ponishtila-javna-nabavka-za-da-skluchi-nov-dogovor-za-dva-i-pol-pati-pogolema-cena/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pishi-brishi-tenderi-opshtina-debrca-ponishtila-javna-nabavka-za-da-skluchi-nov-dogovor-za-dva-i-pol-pati-pogolema-cena/#respond Thu, 22 Nov 2018 09:19:41 +0000 https://kurir.mk/?p=130670

Многу нелогичности при делењето тендери на јавните институции. По серијата објави за сомнителни и скандалозни јавни набавки доаѓаме и до еден интересен случај од Општина Дебрца. Имено на 20 март годинава Општина Дебрца распишува тендер за изнајмување на механизација за потребите на општината. Во прилог на договорот објавени се и цените кои ги понудила компанијата ДД Мутиш со вкупна цена од 1700 денари од час и за кои е потпишан договорот на 18 април годинава. Но, на 2 мај истата фирма доставува до градоначалникот на Општина Дебрца известување за неможност за исполнување на договорни обврски и раскинување на договор. Како што е наведено во известувањето причината е несериозното негативно наддавање на другите учесници при што се постигнати енормно ниски цени.   По само два дена Општина Дебрца го поништува тендерот и распишува нов. При повторувањето на тендерот „зделката“ ја добива истата компанија „ДД Мутиш“ но овој пат со драстично повисоки цени.     Така за разлика од претходниот тендер со кој за еден час работа компанијата требало да наплаќа 1700 денари за час со новиот тендер Општина Дебрца ќе плаќа 4400 денари за еден час ангажирање на механизација.   Останува нејасно како е дојдено до овие поголеми суми и каде се компаниите што учествувале на претходниот тендер и кои понудиле пониски цени и поради нив биле постигнати драстично пониски цени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pishi-brishi-tenderi-opshtina-debrca-ponishtila-javna-nabavka-za-da-skluchi-nov-dogovor-za-dva-i-pol-pati-pogolema-cena/feed/ 0
Советот на Општина Дебрца не прифаќа депонија во селото Годивје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-opshtina-debrca-ne-prifakja-deponija-vo-seloto-godivje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-opshtina-debrca-ne-prifakja-deponija-vo-seloto-godivje/#respond Fri, 13 Apr 2018 12:59:05 +0000 https://kurir.mk/?p=40181

Советот на Општина Дебрца едногласно одби да даде согласност на предлогот на Владата за основање регионална депонија во атарот на селото Годивје за одлагање и преработка на отпадот од населените места во Југозападниот плански регион. Градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески на денешната прес-конференција истакна дека Советот како претставнички орган на граѓаните на Дебрца не е против Проектот на Министерството за животна средина и просторно планирање за воспоставување на интегриран и финансиски самооддржлив систем за управување  со отпад во Југозападниот плански регион, ниту би бил против преземањето на ингеренциите од страна на Владата на Република Македонија во сосема други околности, туку само во целост ја почитува волјата на граѓаните на Дебрца, изразена преку референдумската одлука, односно јасно изразената волја против предложеното решение. - Ниту Советот на општината, ниту градоначалникот немаат право да ја дерогираат волјата на граѓаните, изразена преку најдемократскиот облик на лично изјаснување. За граѓаните на Дебрца, но и за пошироката стручна јавност која ја консултиравме, решението за регионална депонија да го бараат во срцето на Дебрца, не може да се оправда со ниту еден сериозен факт, а најмалку со игнорирање на нејзините жители, истакна Ногачески. Тој забележа дека сите документи за воспоставување регионален систем за управување во Југозападниот плански регион биле донесени во крајно нетранспарентна постапка, без да се слушнат мислењата на засегнатите страни, стручната јавност, еколошките организации и граѓаните. -  Во нив го нема мислењето на ЈНУ Хидробиолошкиот Завод Охрид, Управата за заштита на културното наследство, Комисијата за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион, Националната комисија за УНЕСКО. И самите документи еден со друг се во колизија. Во Регионалниот план за управување на отпад, изработен во 2016 година, на страница 276 и 277, како локација за депонијата се предлага затворениот рудник за лигнит во Осломеј, Кичево, ( Дебрца воопшто не се споменува), а во другите документи, изработени во 2017 година се предлага Годивје, Дебрца, нагласи тој. Ногачески нагласи дека во време на силни акции за заштита на планетата Земја и кампањи за враќање на луѓето во руралните средини, заради нивната чиста и здрава природна средина, со проект како депонија во Дебрца  се загрозува еден од малкуте преостанати еколошки чисти региони во Македонија. -  Во  нашата стратешката определба и визија за Дебрца нема место за проектот што го предлага Министерството за животна средина и просторно планирање, туку за идеи кои го промовираат еко капацитетот на Дебрца, како што се развојот на рурален туризам, здравствен и рекреативен туризам, производство на органска храна, рече Ногачески повикувајќи го Министерството за животна средина и просторно планирање да отвори нова дебата и расправа по прашањето што би била транспарентна, со вклученост на сите засегнати страни. Тој ги повика и членовите на Советот и градоначалникот на општина Охрид јавно да се произнесат по прашањето, со потсетување дека Дебрца е главната порта за влез во Охрид, Дебрца се белите дробови на градот. Инаку, граѓаните на Дебрца планираат идната седмица да одржат и протест против плановите за депонија во Годивје, предупредувајќи дека ќе го блокираат сообраќајот на магистралниот пат што води кон Охрид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-opshtina-debrca-ne-prifakja-deponija-vo-seloto-godivje/feed/ 0