општина делчево – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Jun 2023 16:05:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png општина делчево – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Прогласена кризна состојба во Општина Делчево https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/proglasena-krizna-sostojba-vo-opshtina-delchevo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/proglasena-krizna-sostojba-vo-opshtina-delchevo/#respond Tue, 20 Jun 2023 16:05:46 +0000 https://kurir.mk/?p=847900

Прогласена кризна состојба во Општина Делчево, информираа од Општината. Оттаму велат дека одлуката е донесена на денешната седница на Владата, а причината за прогласувањето кризна состојба е заради поплави и справување со поплавите и последиците од нив. -Во Општина Делчево како последица од невремето настанаа оштетувања на патната инфраструктура и неколку поголеми свлечишта чијашто санација бара долгорочни решенија за кои е потребна државна помош, истакнаа од Општина Делчево. Претходно општинските служби доставија информации до Владата, а по прогласувањето на криза состојба, се очекува и потребната помош. Освен во Делчево кризна состојба од истите причини е прогласена и во Општина Крива Паланка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/proglasena-krizna-sostojba-vo-opshtina-delchevo/feed/ 0
Во Делчево активни две свлечишта, општината бара начин за нивно санирање https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-delchevo-aktivni-dve-svlechishta-opshtinata-bara-nachin-za-nivno-sanirane/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-delchevo-aktivni-dve-svlechishta-opshtinata-bara-nachin-za-nivno-sanirane/#respond Wed, 14 Jun 2023 11:31:43 +0000 https://kurir.mk/?p=845595

Во моментот во Делчево по невремето кое го зафати градот минатиот четврток има две активни свлечишта, од кои загрозени се неколку куќи на жители на Делчево. Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски информираше дека од таа причина локалната самоуправа со поддршка на ЦУК и други институции бара начин како правилно да се постапи на терен, со цел да не дојде до несакани последици по семејствата кои живеат во загрозените домови. -После невремето и поплавите во Делчево имаме две свлечишта при што загрозени се две куќи. Тоа се домови на истиот ендек кој го викаме Грозданец. Стабилноста таму се утврдува од статиката на куќите, испративме барања до ЦУК и други институции за да ни дадат насоки што и ние би можеле на тие свлечишта да направиме, бидејки станува збор за понор од околу 20 метри кој од куќите е оддалечен 10 и 20 метри. Како што кажав тоа се куќи на две страни од истиот ендек и затоа бараме препораки за да можеме навремено да реагираме за да не дојде до несакано рушење на куќите, вели Трајковски. Делчевскиот градоначалник очекува дека по праќањето на извештајот за првичните штети од невремето до Владата ќе следуваат и конкретни информации на кој начин ќе се одвива санирањето на штетите. -Го испратив извештајот за штетите, тој е разгледан на синоќешна седница на Влада, по што одлуките кои ќе ги носи Владата во наредните два три дена ќе бидат испратени до нас како локална самоуправа и ќе се постапи во најбрз можен рок. Значи се бара најбрзото решение да можат сите настанати штети во најбрз временски период да бидат санирани. За тоа ќе бидат потребни услуги од Македонија Пат или некое друго претпријатие да ги извршува работите, се со цел за да немаме некои постапки кои ќе се одолговлечат и затоа како што имам информација, од Владата се бара законска можност да задолжат јавно претпријатие кое ќе може да ги санира штетите, додаде Трајковски. Според Трајковски досегашната проценка на штетите е околу милион евра, средства кои најмнгу ќе бидат потребни за реконстуркции на оштетената пат на инфраструктура која најмногу настрада од невремето кое го зафати градот изминатиот четврток. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-delchevo-aktivni-dve-svlechishta-opshtinata-bara-nachin-za-nivno-sanirane/feed/ 0
Вонредна седница во Делчево за штетите од невремето https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vonredna-sednitsa-vo-delchevo-za-shtetite-od-nevremeto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vonredna-sednitsa-vo-delchevo-za-shtetite-od-nevremeto/#respond Fri, 09 Jun 2023 08:07:53 +0000 https://kurir.mk/?p=843926

Советот на Општина Делчево закажа вонредна седница поради големите штети предизвикани од невремето кое вчера го зафати Делчево. Како што информираше претседателот на Советот, Гоце Попов на седницата ќе биде предложена одлука за прогласување елементарна непогода од поплави во Делчево. На седнцата ќе биде доднесена одлука за формирање комисија за проценка на штети, а ќе биде објавен и јавен повик преку кој ќе се информираат граѓаните за постапката за пријавување штети. Воедно од утрово продолжија активностите за санирање на штетите на поплавените објекти. Екипи на Јавното комунално претпријатие интензивно таботат на расчистување на земјениот нанос на улиците, а во моментот на терен се и стручни екипи кои прават увид на оптетените коловози на неколку улици, со цел да се преземат мерки за итно санирање на штетите. Телефонскиот број 193 е и понатаму останува отворен за пријавување проблеми за интервенции од сттана на ТППЕ Делчево. Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски е во постојана координација со сите надлежни институции и притоа изрази благодарност за поддршката и помошта во опрема која пристигна од повеќе општини и истакна дека се преземат сите мерки за враќање на градот во нормала и санирање на штетите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vonredna-sednitsa-vo-delchevo-za-shtetite-od-nevremeto/feed/ 0
Парична помош од Општина Делчево за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/parichna-pomosh-od-opshtina-delchevo-za-nastradanite-od-zemjotresot-vo-turtsija-i-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/parichna-pomosh-od-opshtina-delchevo-za-nastradanite-od-zemjotresot-vo-turtsija-i-sirija/#respond Wed, 08 Feb 2023 18:44:57 +0000 https://kurir.mk/?p=798044

Делчевските советници на вонредна Седница ја усвоија одлуката со која Општина Делчево ќе додели парична помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. Советниците едногласно ја поддржаа Одлуката со која од Буџетот на Општината ќе се издвојат 120.000 денари, кои ќе се распределат по 60.000 денари на двете земји. Седницата со единствена точка на дневен ред за поддршка на настраданите во земјотресот во Турција и Сирија се одржа на иницијатива на градоначалникот на Делчево Горан Трајковски, кој истакна дека средствата ќе се уплатат на солидарниот фонд на Црвениот крст на РСМ.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/parichna-pomosh-od-opshtina-delchevo-za-nastradanite-od-zemjotresot-vo-turtsija-i-sirija/feed/ 0
Стојменовски: Ќе создадеме нов лик на Делчево како одржлив и урбан град и развиени села https://arhiva.kurir.mk/makedonija/stojmenovski-kje-sozdademe-nov-lik-na-delchevo-kako-odrzliv-i-urban-grad-i-razvieni-sela/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/stojmenovski-kje-sozdademe-nov-lik-na-delchevo-kako-odrzliv-i-urban-grad-i-razvieni-sela/#respond Thu, 14 Oct 2021 16:59:01 +0000 https://kurir.mk/?p=579153

Ова што го гледам пред мене вечерва е навистина величествена глетка. Ова е доказ дека е дојдено времето за напредок, време за пресврт, време за да се создаде нова иднина, сега! Делчево тоа го бара од нас, на Делчево тоа му го должиме“, истакна кандидатот за градоначалник на општина Делчево, Николчо Стојменовски вечерва на митингот. Стојменовски додаде дека е горд што може да види сплотен народ кој стои рамо до рамо, еден до друг, онака како што стоеле генерации Македонци пред клучните моменти кога се дефинирала историјата. Затоа што денеска заеднички создаваме почеток на една нова приказна за нашето Делчево. Тоа ќе биде приказна на заедништво, приказна на разбирање и толеранција, приказна за многу нови проекти, за успех на секој граѓанин на Делчево. - Вечерва не сакам да зборувам за лагите на оние во чии раце досега беше Делчево, со тие лаги живееме секој ден, постојано не мачат и многу добро ги знаеме. Затоа вечерва ќе зборуваме за иднина и за промени кои мора да се случат час поскоро. Добро се познаваме, и добро ја знаете мојата визија, знаете дека со овој тим на млади и способни луѓе ќе отвориме ново поглавје за развој на Делчево. Ќе создадеме широки можности за секого да ги реализира своите идеи и планови и сето тоа базирано на нашите знаења и напорна работа. Ќе го поддржиме прогресот и успехот на сите луѓе во Делчево. Ќе создадеме нов лик на Делчево како одржлив и урбан град и развиени села, нагласи Стојменовски. Стојменовски вечерва на граѓаните вети дека Делчево ќе биде општина која ќе има квалитетна вода за пиење во секое домаќинство, пред секој дом ќе се донесе модерна и современа улица. Знае како да се справи со отпадот и да се победи во борбата за обезбедување на здрава животна средина. Решен е општина Делчево да биде мал и ефикасен сервис за сите граѓани на Делчево и потенцијални инвеститори кои ќе отворат нови работни места во нашиот град и ќе ги подобрат платите на постојните вработени. - Ќе посветиме огромно внимание, знаење и енергија во суштинскиот локален економски развој на Делчево. Оваа планина Голак, оваа река Брегалница се наше непроценливо природно богатство, но пред се огромен потенцијал. Туристичкиот локалитет Голак ќе го добие реконструирано и функционално детско одмаралиште, подобрено водоснабдување и решени имотно-правни проблеми кои го кочеа неговиот развој. Ќе создадеме нова општинска индустриска развојна зона во Делчево со поволности за сите идни инвеститори. Ќе ја развиеме и докомплетираме постојната сервисна зона, рече Стојменовски. Стојменовски укажа дека секое село ќе го претвори во своевидна рурална развојна зона со серија мерки, субвенции и поволности за луѓето и бизнисите на село. - Долги години беше ветувана филтер станицата на брана Лошана. Дојдено е времето со знаење, со посветеност и ажурност таа да биде изградена. И не само тоа! Ќе го реконструираме главниот доводен цевковод на вода за пиење за град Делчево, при што ќе ги изградиме главните цевководи за селата Вирче, Град, Стамер, Ѕвегор. Селата Вирче, Ѕвегор и Бигла ќе добијат целосно нови водоводни мрежи, рече Стојменовски. Стојменовски додаде дека централното градско подрачје на Делчево ќе добие целосно нов урбан лик со изградба на градските улици, кејот на река Брегалница, нови мостови, паркинг места со особен акцент на градското зеленило во центарот на Делчево. - Но, решен сум уште од првиот ден после 17-ти октомври да се зафатам посветено да ги рализирам ветените проекти. За таа цел е потребна убедлива победа на 17-ти октомври! Победа за промена, победа за проекти, појасни Стојменовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/stojmenovski-kje-sozdademe-nov-lik-na-delchevo-kako-odrzliv-i-urban-grad-i-razvieni-sela/feed/ 0
Стојменовски: Нема веќе чекање за состаноци со општинската администрација, транспарентно трошење на народните пари, ќе го вратиме сјајот на Голак https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stojmenovski-nema-vekje-chekanje-za-sostanoci-so-opshtinskata-administracija-transparentno-troshenje-na-narodnite-pari-kje-go-vratime-sjajot-na-golak/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stojmenovski-nema-vekje-chekanje-za-sostanoci-so-opshtinskata-administracija-transparentno-troshenje-na-narodnite-pari-kje-go-vratime-sjajot-na-golak/#respond Mon, 11 Oct 2021 09:18:17 +0000 https://kurir.mk/?p=576933

Денес сме овде да извршиме мала презентација на дел од проектите, проекти кои се веќе сондирани и граѓаните очекуваат да бидат реализирани. Станува збор за првиот проект, јавна и транспарентна општинска самоуправа без дискриминација. Општина Делчево ќе биде отворена општина за сите луѓе. Нема веќе да држиме одредени граѓани изолирани од општинската администрација, ќе ги отклучиме заклучените врати на општинската администрација а долгите листи на чекање за состанок со службените лица ќе станат минато. Достапноста на секое службено лице на граѓаните на општина Делчево ќе биде на највисоко ниво, истовремено, општина Делчево ќе биде отворена за целокупната македонска јавност како и сите заинтересирани медиуми а особено внимание ќе насочиме кој јавна и транспарентна на единиците за локална самоуправа, изјави денеска за медиумите, Николчо Стојменовски, кандидат за градоначалник на Општина Делчево на ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека задолжително ќе воведат јавен и транспарентен систем за менаџирање на јавните буџетски пари и дека ќе овозможат јавен и транспарентен систем за верификација на успешноста на работата на службените лица. - Во постојана и интензивна комуникација со бизнис секторот ќе обезбедиме стабилен и долгорочен стратешки развој на општината Делчево. Вториот проект кој сакам да го презентирам денеска, е развој на туристичкиот локалитет Голак. Во наредните 4 години Голак ќе биде вратен од заборавот. Полека ќе почнеме да го враќаме сјајот на планината, но сега со нови проекти и нови идеи за негово развивање. Ќе направиме реконструкција и ќе го вратиме во функција детското одморалиште на планината Голак. Паралелно, ќе изработиме студија за водоснабдување на Голак, проекти за инфраструктура за водоснабдувањето за туристичкиот локалитет Голак и ќе разработиме основен проект за водоснабдување на Голак. Документација која е неопходна ќе започне со посериозни инвестиции, објасни Стојменовски. Кандидатот посочи и дека ќе ги реконструира и постојните каптажи на планината Голак и водоводните цевки за вода за пиење во туристичката населба Голак. - Паралелно со сето тоа, ќе го регулираме и имотно – правниот однос со градежните парцели од ДУП-от Голак и ставање на располагање на сите на сите заинтересирани инвеститори, додаде тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stojmenovski-nema-vekje-chekanje-za-sostanoci-so-opshtinskata-administracija-transparentno-troshenje-na-narodnite-pari-kje-go-vratime-sjajot-na-golak/feed/ 0
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Делчево доби поддршка од Хрватска https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kandidatot-na-vmro-dpmne-za-delchevo-dobi-poddrshka-od-hrvatska/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kandidatot-na-vmro-dpmne-za-delchevo-dobi-poddrshka-od-hrvatska/#respond Fri, 08 Oct 2021 11:20:37 +0000 https://kurir.mk/?p=575395

Кандидатот за градоначалник на Општина Делчево од ВМРО-ДПМНЕ, Николчо Стојменовски поддршка за кандидатурата доби и од Хрватска од својот колега Марио Кресингер. -На мојот колега Стојменовски му посакувам многу успех на изборите за градоначалник на општина Делчево, истакна Кресингер во видео пораката. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kandidatot-na-vmro-dpmne-za-delchevo-dobi-poddrshka-od-hrvatska/feed/ 0
Стојменовски: Квалитетна вода за пиење и развој на туристичкиот локалитет Голак https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stojmenovski-kvalitetna-voda-za-pienje-i-razvoj-na-turistichkiot-lokalitet-golak/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stojmenovski-kvalitetna-voda-za-pienje-i-razvoj-na-turistichkiot-lokalitet-golak/#respond Sun, 03 Oct 2021 14:21:02 +0000 https://kurir.mk/?p=572292

Ова предизборие е единствена можност во која можеме, заеднички да одлучиме за нашето Делчево. 17-ти октомври е денот кога сите заедно ќе одлучиме во кој правец ќе се развива нашата општина. Јас лично верувам во секој од вас дека ќе ја препознае вистинската опција која ќе донесе промени, проекти и победи, изјави на денешната прес конференција, Николчо Стојменовски, кандидат за градоначалник на општина Делчев. Тој истакна дека цврсто стои зад се она што го нудар во нивната предизборна програма, која е составена од проекти од сите области. -Обезбедуваме квалитетна вода за пиење за секој дом. Обезбедуваме сообраќајно поврзување за секој дом во Делчево и изградба на сите улици во централно градско подрачје. Развој на туристичкиот локалитет Голак.Сето она што претходно го споменав, ќе биде реализирано во наредните четири години со една единствена цел: подобар живот за секој од нас, посочи Стојменовски. Кандидатот повикува да се заокружи број 7, затоа што Делчево заслужува посветена работа, визија и успех. - Да го направиме секојдневието поведро, а иднината поизвесна. Делчево заслужува да биде успешна општина, затоа на 17-ти октомври заеднички да ја искористиме таа можност. Да заокружиме број 7 и да создадеме нова иднина за Делчево, додаде Стојменовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stojmenovski-kvalitetna-voda-za-pienje-i-razvoj-na-turistichkiot-lokalitet-golak/feed/ 0
Кандидатот за градоначалник на Делчево Стојменовски со поддршка од ветеринарните лекари во Израел https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kandidatot-za-gradonachalnik-na-delchevo-stojmenovski-so-poddrshka-od-veterinarnite-lekari-vo-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kandidatot-za-gradonachalnik-na-delchevo-stojmenovski-so-poddrshka-od-veterinarnite-lekari-vo-izrael/#respond Fri, 01 Oct 2021 18:27:23 +0000 https://kurir.mk/?p=571532

кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за општината Делчево, Николчо Стојменовски објави видео од поддршката од ветеринарните лекари во Израел. Во видеото се гледа како тие го поддржуваат Стојменовски за градоначалник на Делчево. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kandidatot-za-gradonachalnik-na-delchevo-stojmenovski-so-poddrshka-od-veterinarnite-lekari-vo-izrael/feed/ 0
Поддршка од Лондон и Украина за Николчо Стојменовски https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/poddrshka-od-london-i-ukraina-za-nikolcho-stojmenovski/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/poddrshka-od-london-i-ukraina-za-nikolcho-stojmenovski/#respond Tue, 28 Sep 2021 08:23:16 +0000 https://kurir.mk/?p=569291

Кандидатот за градоначалник на Општина Делчево од ВМРО-ДПМНЕ, Николчо Стојменовски преку социјалните мрежи му се заблагодари на лондончанецот Кертис кој му да пружи својата поддршка за изборите. -Кертис, ти благодарам за поддршката, навистина ми значи што твојата порака може да стаса до моите сограѓани. Навистина верувам дека Делчево и делчевчани во октомври ќе ја препознаат вистинската опција и ќе го заокружат бројот 7., напиша Стојменовски. Инаку, Кертис, како што вели е успешен претприемач од Лондон, Англија. -Октомври ќе биде клучен месец, не само за идниот успех на вашиот град, туку и за цела Македонија. Вие ја имате моќта да го изберете Николчо на претстојните избори, некој кого јас лично го знам со години од нашите успешни соработки тука во Лондон, кој е еден од главните финансиски градови во светот. Тој е единствената личност на која вие или јас можеме да му веруваме за да биде градоначалник на вашиот уважен град. Глас за Николчо е глас за вашата иднина, направете го вистинскиот избор на денот на изборите, им порача Кертис на жителите на Делчево. Преку видео порака, Стојменовски доби поддршка и од бизнисмени од Украина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/poddrshka-od-london-i-ukraina-za-nikolcho-stojmenovski/feed/ 0