општина гостивар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 04 Sep 2023 08:17:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png општина гостивар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Прифатилиште за жртвите на семејно насилство во Гостивар, локацијата ќе остане тајна https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/prifatilishte-za-zhrtvite-na-semejno-nasilstvo-vo-gostivar-lokatsijata-ke-ostane-tajna/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/prifatilishte-za-zhrtvite-na-semejno-nasilstvo-vo-gostivar-lokatsijata-ke-ostane-tajna/#respond Mon, 04 Sep 2023 08:17:46 +0000 https://kurir.mk/?p=874275

Советот на општина Гостивар едногласно ја изгласа одлуката за почеток со работа на Прифатилиштето за жртвите на семејно насилство. Со ова прифатилиште ќе раководи невладината организација „Етика“, која беше избрана од Општинската комисија по јавен оглас, додека општина Гостивар за оваа намена издвои 1.200.000 денари. Поради заштита на жртвите на семејно насилство, локацијата на овој центар останува тајна, додека ова прифатилиште е на над 100 метри квадратни и таму ќе може да се сместат до 8 жртви на семејно насилство. -Како општество треба да се обединиме и да го спречиме насилството и да им помогнеме на жртвите на семејно насилство, додека семејното насилство е неприфатливо и како такво мора да се бориме против насилството, велат од општина Гостивар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/prifatilishte-za-zhrtvite-na-semejno-nasilstvo-vo-gostivar-lokatsijata-ke-ostane-tajna/feed/ 0
Општина Гостивар ја промовираше паралелката за ученици со посебни потреби https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-gostivar-ja-promovirashe-paralelkata-za-uchenici-so-posebni-potrebi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-gostivar-ja-promovirashe-paralelkata-za-uchenici-so-posebni-potrebi/#respond Thu, 20 Oct 2022 12:40:04 +0000 https://kurir.mk/?p=748430

Во ОУ „Единство“ во Гостивар денеска беше промовирана новозавршената посебна паралелка за ученици со посебни потреби. Во оваа паралелка седум редовни ученици од ова училиште посетуваат настава кај специјалисти од областа во индивидуални часови од 45 минути. На промоцијата учествуваше и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари. -Како општина Гостивар се обврзавме дека ќе се грижиме за секој ученик и тоа го докажуваме на дело со создавање можности за инклузивно учење во секое училиште дури и во услови на криза, рече градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари. Лицата со посебни потреби остануваат приоритет на општина Гостивар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-gostivar-ja-promovirashe-paralelkata-za-uchenici-so-posebni-potrebi/feed/ 0
Почна гласањето во Гостиварско https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochna-glasanjeto-vo-gostivarsko/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochna-glasanjeto-vo-gostivarsko/#respond Sun, 31 Oct 2021 08:25:39 +0000 https://kurir.mk/?p=588461

Вториот круг од седмите локални избори во две гостиварски општини започна на сите избирачки места. -Во општина Гостивар денес се изјаснуваат 81.083 избирачи на 121 избирачко место. Во текот на вчерашниот ден гласаа три лица кои се во домашен притвор и 123 немоќни и болни, информираа од ОИК Гостивар. -Во општина Врапчиште на 39 избирачки места, правото на глас денес можат да го искористат 26.383 граѓани. Вчера гласаа 44 лица кои претходно се пријавија во ОИК, информираше претседателот на комисијата Бесник Амети. Денеска нема гласање за градоначалник во Маврово-Ростуше бидејќи не беше исполнет законскиот цензус на гласање во првиот круг од изборите да излезат најмалку една третина од запишаните гласачи во Избирачкиот список. Членови на Советот се избрани бидејќи за нив не е потребен цензус, а нови избори за градоначалник ќе се организраат откако ДИК ќе ја извести Владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochna-glasanjeto-vo-gostivarsko/feed/ 0
Во општина Гостивар денеска гласаат 123 болни и немоќни лица https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-opshtina-gostivar-deneska-glasaat-123-bolni-i-nemokjni-lica/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-opshtina-gostivar-deneska-glasaat-123-bolni-i-nemokjni-lica/#respond Sat, 30 Oct 2021 11:54:07 +0000 https://kurir.mk/?p=588150

Вториот на гласање за градоначалник на локалните избори во општина Гостивар започна со изјаснување на 123 граѓани кои претходно се пријавија како болни и немоќни. Барањата на седум лица, комисијата ги одбила. Правото на глас ќе го искористат и три лица кои се наоѓаат во домашен притвор. Од ОИК Гостивар информираат дека подготовките за спроведување на вториот круг од локалните избори 2021 се завршени и се работи на распределување на избирачките материјали до избирачките одбори. Во избирачкиот список има во Општина Гостивар имаат 81.083 граѓани кои ќе гласаат на 121 избирачко место.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-opshtina-gostivar-deneska-glasaat-123-bolni-i-nemokjni-lica/feed/ 0
Алијанса: Го имаме мнозинството во Советот на Општина Гостивар https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/alijansa-go-imame-mnozinstvoto-vo-sovetot-na-opshtina-gostivar/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/alijansa-go-imame-mnozinstvoto-vo-sovetot-na-opshtina-gostivar/#respond Thu, 28 Oct 2021 18:28:08 +0000 https://kurir.mk/?p=587353

Постигнат е договор за мнозинство во Советот на Општина Гостивар, информираа денес од партијата Алијанса за Албанците, од каде нагласуваат дека мнозинството ќе го сочинуваат избраните членови на новиот Совет од: Алијанса за Албанците-Алтернатива, ВМРО-ДПМНЕ, ДПТМ, БЕСА и ДСР, кои се вкупно 19. Гостиварскиот совет брои 31 советник. Според гласањето во првиот круг на Локалните избори, Алијанса за Албанците-Алтернатива има 10 советници, ДУИ-9, ВМРО-ДПМНЕ- 4, ДПТМ- 3, СДСМ-3, БЕСА и ДСР по 1 советничко место.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/alijansa-go-imame-mnozinstvoto-vo-sovetot-na-opshtina-gostivar/feed/ 0
Димовски: Од одлуката на 17-ти октомври, зависи дали ќе продоложи иселувањето од Гостивар или конечно младите генерации ќе ја гледаат иднината тука https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dimovski-od-odlukata-na-17-ti-oktomvri-zavisi-dali-kje-prodolozi-iseluvanjeto-od-gostivar-ili-konechno-mladite-generacii-kje-ja-gledaat-idninata-tuka/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dimovski-od-odlukata-na-17-ti-oktomvri-zavisi-dali-kje-prodolozi-iseluvanjeto-od-gostivar-ili-konechno-mladite-generacii-kje-ja-gledaat-idninata-tuka/#respond Sat, 02 Oct 2021 19:21:38 +0000 https://kurir.mk/?p=572046

Главна водилка за мене, како носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “Oбнова за Македонија”, ќе биде реализација, на квалитетна локална политика и програма. Како носител на советничката листа, максимално ќе се заложам, во програмата за реализација на буџетот на општина Гостивар, соодветно место да заземат проектите, утврдени како приоритетни во програмските цели на ВМРО-ДПМНЕ, рече Гоце Димовски, носител на советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар. Како тим, вели Димовски, нудиме одлична програма, во која е утврдена визијата во каков град сакаме да живееме, и која ги опфаќа сите проблеми на гостиварчани, нудејќи соодветни решенија. - Програмата е усогласена, со програмата на кандидатот за градоначалник Арбен Таравари, подржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “Обнова за Македонија”. Сите ние дишеме ист воздух, пиеме иста вода, јадеме иста храна, споделуваме исти проблеми, па затоа, заеднички ќе изнајдеме и решенија за сите проблеми. Иднината е сега, и на овие избори, секој од нас има можност да одлучи за неа, рече Димовски. Тој посочи дека целта е Гостивар, да биде град за сите луѓе, уреден и опремен за достоинствен живот, во духот на традиционалните вредности, прекрасно место за живеење, каде што сите ќе си ја планираме нашата иднина и иднината за нашите поколенија. - Град, во кој ќе се креираат можности за просперитет, во духот на меѓуетничкиот соживот, меѓусебната почит и толеранција. Град, во кој ќе се споделуваат заедничките вредности, без разлика на верската и националната припадност. Овие локални избори, нема да бидат само обични избори. Ова се избори, во кои ќе треба да се одлучи помеѓу перспективата и уназадувањето, помеѓу работниците и неработниците, помеѓу идејата и безидејноста, кажа Димовски. Димовски порача дека од одлуката на 17-ти октомври, зависи дали ќе продоложи иселувањето или конечно младите генерации ќе ја гледаат иднината тука. - На 17-ти октомври не избирате господари, туку слуги, слуги кои ќе работат исклучиво во ваш интерес, заклучи Димовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dimovski-od-odlukata-na-17-ti-oktomvri-zavisi-dali-kje-prodolozi-iseluvanjeto-od-gostivar-ili-konechno-mladite-generacii-kje-ja-gledaat-idninata-tuka/feed/ 0
Таравари јавно ги повика Царовска и Заев да ги вратат укинатите паралелки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-javno-gi-povika-carovska-i-zaev-da-gi-vratat-ukinatite-paralelki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-javno-gi-povika-carovska-i-zaev-da-gi-vratat-ukinatite-paralelki/#respond Wed, 22 Sep 2021 18:17:03 +0000 https://kurir.mk/?p=567026

Општина Гостивар бара да се продолжи со настава на турски јазик во три паралелки во гимназијата и Министерството за образование и наука да ја повлече одлуката за укинување на една паралелка во прва година. Ваквиот заклучок дојде по средбата на наставниците од средното општинско училиште и градоначалникот на општина Гостивар. Градоначалникот Арбен Таравари на прес-конференција по средбата побара од ресорната министерка да го спроведува законот поеднакво, како и во други општини каде се толерира помал број на ученици во една паралелка. -Револтот е оправдан, бидејќи според нашите информации и во други градови има ученици запишани со помал број поени, исто како што е случајот во Гостивар. Ако може да се прогледа низ прсти во други општини, може и во Гостивар, Министерката во директен разговор покажа ригидност и рече дека мора да важат законите, ако сме држава. Па, ако сме држава нека важат законите за сите. Не може во Гостивар да се испраќаат инспекции, да прават кривични пријави за мене и директорот на гимназијата, а за истите работи да се замижува, рече Таравари. Наставниците од гостиварската гимназија кои трет ја бојкотираат наставата излегоа со оценка дека одлуката на Министерството за образование за кратење на паралелката, е бизарна и е мотивирана со етничка дискриминација. -Нашиот став останува ист, бидејќи таквата одлука да важи само за нас, за гимназијата во Гостивар. Доколку биде потребно, правдата ќе ја бараме и надвор од институциите на државата, рече Аким Дико, помошник директор во гимназијата Гостивар и нагласи дека бојкотот ќе продолжи до исполнување на нивните барања. Во гостиварската гимназија настава по турски јазик има од прва до четврта година има со 250 ученици и 28 професори и таа е во прекин од петокот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-javno-gi-povika-carovska-i-zaev-da-gi-vratat-ukinatite-paralelki/feed/ 0
Гостивар: 9,9 милиони евра од Владата, нема цент за општината – Владата продолжува да ја дискриминира општина Гостивар https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gostivar-9-9-milioni-evra-od-vladata-nema-cent-za-opshtinata-vladata-prodolzuva-da-ja-diskriminira-opshtina-gostivar/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gostivar-9-9-milioni-evra-od-vladata-nema-cent-za-opshtinata-vladata-prodolzuva-da-ja-diskriminira-opshtina-gostivar/#respond Wed, 16 Jun 2021 11:20:49 +0000 https://kurir.mk/?p=524271

Од 9,9 милиони евра средства за реализација на инфраструктурни проекти од програмата ТАВ-Македонија, Гостивар не доби ниту цент. Владата рече дека продолжува да работи за правичен регионален развој, но на терен работи поинаку, се вели во реакцијата на Општина Гостивар. Со 9,9 милиони евра ќе се финансира изградба на водоводни мрежи, канализација, реконструкција на патишта и образовни институции. Од Општината велат дека иако Гостивар се натпреваруваше со повеќе проекти, никој од нив не беше прифатен од Владата. Гостивар е вклучен со 30 милиони денари за болницата! Единствена општина каде се инвестира во болница, институција која не е во надлежност на Општината и за која треба да се грижи Министерството за здравство. Со овој гест, централната власт сака да го направи Гостивар лош во пресрет на локалните избори затоа што наводно во единствената урбана општина предводена од албанската опозиција, недостасуваат инвестиции. -Гостиварци не сакаат асфалт, водовод и предизборна канализација, бидејќи сите нивни потреби и покрај препреките од Владата се задоволени. Успешно го лансиравме и со тоа го завршивме четиригодишниот мандат. Подготвени сме со гостиварци и ќе освоиме уште еден успешен мандат, порачуваат од Општина Гостивар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gostivar-9-9-milioni-evra-od-vladata-nema-cent-za-opshtinata-vladata-prodolzuva-da-ja-diskriminira-opshtina-gostivar/feed/ 0
Прилеп бара дополнителни рестриктивни мерки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prilep-bara-dopolnitelni-restriktivni-merki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prilep-bara-dopolnitelni-restriktivni-merki/#respond Fri, 27 Nov 2020 06:34:58 +0000 https://kurir.mk/?p=435071

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски и Општинскиот кризен штаб од Главниот кризен штаб бараат заострување на мерките и воведување дополнителни рестриктивни мерки за заштита од пандемијата со Ковид-19, кои ќе се однесуваат на целата територија на општината заради крајно влошената и загрижувачка ситуација. Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари, пак, има дилема околу воведувањето карантин, бидејќи цени дека тоа би имало тешки последици врз локалната економија на Гостивар, но, како лекар, смета дека воведувањето ваква рестриктивна мерка е неопходна. – Она што е особено загрижувачки и алармантно е дека во последните дваесетина дена драстично и рапидно се зголемува бројот на новозаразени, хоспитализирани и, за жал, починати лица. Со цел да ја превенираме и запреме ваквата застрашувачка тенденција на ширење на заразата, Општинскиот кризен штаб од Главниот кризен штаб бара заострување на мерките и воведување дополнителни рестриктивни мерки, кои ќе се однесуваат на целата територија на Општина Прилеп, рече вчера Јованоски. Одговор, нагласи, се очекува за еден ден, а во меѓувреме се засилуваат локалните мерки, прво за помош на медицинскиот персонал во инфективното одделени, каде од денеска како што најави ќе ротираат тимови од матичните лекари во две смени. Гостиварскиот градоначалник Таравари вчера порача дека има дилема која се создава од функцијата градоначалник и професијата лекар. -Како градоначалник не сум за карантин единствено заради финансискиот опстанок на граѓаните. А како лекар недвојбено е и јасно е, уште утре треба да побараме од Министерството за здравство и Владата карантин за Гостивар. Нашата општина нема големи фабрички капацитети, тука луѓето егизстираат од мали бизниси, дуќани за трговија, кафулиња и работниците главно заработуваат на дневници. Би било погубно тие бизниси да се затворат на еден месец, бидејќи ние немаме државни резерви за такви намени, рече Таравари. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, пак, најави дека од понеделник дополнителни 12 лекари и 20 медицински сестри ќе ги засилат воените екипи кои и во моментов помагаат во здравството за справување со пандемијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prilep-bara-dopolnitelni-restriktivni-merki/feed/ 0
Општина Гостивар донираше хигиенски препрати и заштитни маски за градската општа болница https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-gostivar-donirashe-higienski-preprati-i-zashtitni-maski-za-gradskata-opshta-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-gostivar-donirashe-higienski-preprati-i-zashtitni-maski-za-gradskata-opshta-bolnica/#respond Thu, 19 Nov 2020 11:21:45 +0000 https://kurir.mk/?p=431706

Заштитни маски, препарати за дезинфекција и производи за хигиена се дел од последната донација која општина Гостивар ја предаде на општата болница „Ферид Мурад“. Донацијата во вредност од 30 илјади денари ја примија вработените во инфективното одделение, а во неа имаше и околу 2000 заштитни маски. – Ова е време кога секој треба да помогне колку што може. Општина Гостивар веќе донираше опрема за потребите на болницата и денес донираме хигиенска опрема и маски за здравствениот персонал. Се надевам дека ќе им требаат што е можно помалку. Од почетокот на кризата со коронавирус, дониравме средства кои им помагаа на ранливите семејства со помош на локални институции и компании, на што сме многу благодарни. Ова е клучен чин на општествена одговорност во овие тешки моменти, рече секретарот на општина Гостивар Назми Јусуфи. Раководителот на инфективното одделение, Ратко Наумоски, неодамна оцени дека состојбата со заболени е исклучително тешка и дека покрај недостиг на места за сместување на болни имаат потреба од дополнителни заштитни средства. Во инфективното одделение со потешки симптоми се лекуваат 30 пациенти, а останатите одделенија уште дваесетина. Последниве денови, бројот на заболени од Ковид 19 во Гостивар значително расте. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани рекордни 84 позитивни случаи, а минатата недела бројката достигна речиси 300 нови. Во гостиварско активни се над 660 лица кои со решенија од Државниот здравствен и санитарен инспекторат се во изолација и им се врши контрола. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-gostivar-donirashe-higienski-preprati-i-zashtitni-maski-za-gradskata-opshta-bolnica/feed/ 0