општина Градско – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Apr 2023 16:10:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png општина Градско – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Општина Градско започна проектот за зајакнување на општинските Совети-фаза 2 https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-opshtina-gradsko-zapochna-proektot-za-zajaknuvane-na-opshtinskite-soveti-faza-2/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-opshtina-gradsko-zapochna-proektot-za-zajaknuvane-na-opshtinskite-soveti-faza-2/#respond Thu, 06 Apr 2023 16:10:06 +0000 https://kurir.mk/?p=821137

Во наредните 15 месеци, Општина Градско ќе работи на подобрување на капацитетите за транспарентно, одговорно и квалитетно испорачување на локалните услуги за граѓаните, во рамките на проектот „Зајакнување на општинските Совети-фаза 2“. Како што информираат од Општина Градско, втората фаза од проектот за зајакнување на општинските Совети е финансиран од Швајцарската влада и Министерство за локална самоуправа, а ја спроведува и ко-финансира UNDP MK во соработка со национални и локални партнери. Преку оваа програма Општина Градско обезбеди грант од 30 илјади до 50 илјади долари, за проект кој ќе го изберат жителите на општината, како и 10 илјади до 12 илјади долари кои ќе бидат наменети за дигитална алатка за поголема транспарентност и отчетност. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-opshtina-gradsko-zapochna-proektot-za-zajaknuvane-na-opshtinskite-soveti-faza-2/feed/ 0
Во Градско почна изградбата на систем за водоснабдување со питка вода https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-gradsko-pochna-izgradbata-na-sistem-za-vodosnabduvane-so-pitka-voda/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-gradsko-pochna-izgradbata-na-sistem-za-vodosnabduvane-so-pitka-voda/#respond Tue, 07 Mar 2023 10:15:40 +0000 https://kurir.mk/?p=809014

Започнува со реализација проектот “Изградба на систем за подобрување на водоснабдување со питка вода за Градско со два цефководи” со средства од Европска инвестициона банка во висина од 12.757.482,00 денари, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Општина Градско, Киро Нацков. Изведувач на градежните работи е Друштвото за градежни работи, производство, трговија и услуги МИНТ – Инженеринг.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-gradsko-pochna-izgradbata-na-sistem-za-vodosnabduvane-so-pitka-voda/feed/ 0
Црквата „Св. Атанасиј“ во Свеќани доби позитивното мислење од општина Градско https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/crkvata-sv-atanasij-vo-svekjani-dobi-pozitivnoto-mislenje-od-opshtina-gradsko/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/crkvata-sv-atanasij-vo-svekjani-dobi-pozitivnoto-mislenje-od-opshtina-gradsko/#respond Wed, 20 Jul 2022 13:42:25 +0000 https://kurir.mk/?p=707982

Oпштина Градско даде позитивно мислење на предлогот за донесување решение за прогласување на црквата „Св. Атанасиј“ во напуштеното село Свеќани за значајно културно наследство, донесен од Управата за заштита на културното наследство, орган во состав на Министерството за култура. -Со позитивното мислење дадено од Општина Градско ова културно добро се става во соодветна категорија, со што добива посебен режим на заштита и се обезбедува негово соодветно управување и одржување. Ова наше културно наследство претставува неспорно сведоштво од значење за историјата на селото Свеќани и општина Градско, појаснуваат од Општина Градско. Како што информира за МИА историчарот на уметноста, советник конзерватор од Управата за заштита на културно наследство Дарко Николовски станува збор за законска процедура со која повторно се прави ревалоризација со која се одредува вредноста во која категорија е оваа црква. Со законот, кој е од пред 15 години, повторно се прави ревалоризација со цел да се категоризира овој споменик на културата, кој е значајно културно наследство, од локални вредности. Николовски појаснува дека на пример црквата „Св.Софија“ во Охрид е од исклучително значење, која е највисока категорија, потоа има споменици од национално значење и од локално значење во која е сместена и оваа црква во село Свеќани. -Оваа црква правно е заштитена и добива и категорија и според тоа може да бараат средства од државата за нејзина заштита. Ако тоа не е направено не можете за тоа да побарате средства од Министерството за култура, појасни Николовски. Николовски информира дека во црквата има фрески и дека е од 17 век. Појасни дека пред неколку години тие имале проект, кој за жал не се реализирал. -Со проектот беше предвидено во олтарниот дел, каде има остатоци од 17 век, од Богородица со Христос и архиереите и имавме намера тоа да се отвори за да се презентира автентичен состав, но за жал од разни причини до сега не е реализиран, појасни Николовски. Миља Стефановска која била вклучена во овој проект од Управата за заштита на културното наследство за МИА информира дека таа го направила овој правен акт за ревалоризација, каде оваа црква се прогласува за значајно културно наследство. -Во оваа црква е вреден живописот во олтарот којшто потекнува од 17 век и затоа и понатаму треба да се истражува. Целта е да се отвори некој живопис бидејќи се знае дека одоздола има друг живопис. Воедно треба нешто и од архитектурата да се среди, како прередување на ќерамиди, на покривот и дрвена конструкција и слично. Црквата е покриена со оригинални камени плочи од 17 век. До сега на неа со архитектура ништо не е работено, но поради временски услови и течење на вода привремено е покриена од свештениците со најлони, што го увидов и јас пред околу три месеци кога бев таму. Тоа треба да се смени, се со цел да се заштити оваа вредно културно наследство, појасни Стефановска. „Св. Атанасиј“ е православна црква во село Свеќани, Општина Градско и припаѓа на Велешкото архиерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ-ОА. Прогласена е за културно наследство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/crkvata-sv-atanasij-vo-svekjani-dobi-pozitivnoto-mislenje-od-opshtina-gradsko/feed/ 0
Нацков: Се надеваме на поголема поддршка за Градско како мултикултурна општина и следната влада на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nackov-se-nadevame-na-pogolema-poddrshka-za-gradsko-kako-multikulturna-opshtina-i-slednata-vlada-na-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nackov-se-nadevame-na-pogolema-poddrshka-za-gradsko-kako-multikulturna-opshtina-i-slednata-vlada-na-vmro-dpmne/#respond Thu, 16 Dec 2021 13:09:04 +0000 https://kurir.mk/?p=609320

Општина Градско денеска одблежува 25 години од нејзиното постоење. На одбележувањето на денот на општината присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан МИцкоски. -Сакам да ви се заблагодарам за присуството на 25-годишнината од постоењето на општина Градско во независна суверена Република Македонија. За нас ова беше голема чест и присуството на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, господин проф. д-р. Христијан Мицкоски, изјави денеска градоначалникот на општина Градско Киро Нацков. -Ние денеска прославуваме 25 години од нашето постоење, релативно млада и мала општина. Но, тука во центарот на Македонија претпоставувам дека маме прилично големо значение заради нашата местоположба, заради структурата на населението, заради нашиот мултикултурен аспект кој што го поседуваме, заради културите кои што се испреплетуваат тука во изминатиов временски период . Па, се надевам со новата Влада на професорот Христијан Мицкоски која што ќе биде во наредната 2022 година ќе имаме поголема поддршка и како општина и како население во сите наши проекти кои што ни се предвидени за реализација во наредниот период. Се надевам дека со нови луѓе, со нови сили ќе направиме повеќе и за општината, ќе направиме повеќе и за Македонија, рече Нацков. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nackov-se-nadevame-na-pogolema-poddrshka-za-gradsko-kako-multikulturna-opshtina-i-slednata-vlada-na-vmro-dpmne/feed/ 0
Во општините Градско и Чашка изборите во фер и демократска атмосфера https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-opshtinite-gradsko-i-chashka-izborite-vo-fer-i-demokratska-atmosfera/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-opshtinite-gradsko-i-chashka-izborite-vo-fer-i-demokratska-atmosfera/#respond Sun, 17 Oct 2021 15:10:48 +0000 https://kurir.mk/?p=580863

Во општина Градско од регистрираните 3.113 избирачи на 11 избирачки места до 15:30 часот на гласање излегле 1.295 гласачи или 41,60 проценти од регистрираните на Единствениот избирачки список, посочи за МИА Мери Седмакова, претседател на ОИК Градско. Таа појасни дека изборите се одвиваат во фер и демократска атмосфера, а проблемот со апаратите за читање отпечаток од прст од утринските часови, набрзо бил надминат. Во општина Чашка од регистрирани 6.174 гласачи на 31 избирачко место до 15:00 часот гласале 40 проценти од гласачите, истакна за МИА Марјан Јовановски, секретар на ОИК Чашка. Изборите се одвиваат во фер и демократска атмосфера без инциденти, информира Јовановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-opshtinite-gradsko-i-chashka-izborite-vo-fer-i-demokratska-atmosfera/feed/ 0
Во Велес до 19 часот излезност од 48,28 отсто, Општина Градско со 54,86 и Општина Чашка со 57,7 проценти https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-veles-do-19-chasot-izleznost-od-48-28-otsto-opshtina-gradsko-so-54-86-i-opshtina-chashka-so-57-7-procenti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-veles-do-19-chasot-izleznost-od-48-28-otsto-opshtina-gradsko-so-54-86-i-opshtina-chashka-so-57-7-procenti/#respond Wed, 15 Jul 2020 18:26:54 +0000 https://kurir.mk/?p=376647

Од вкупно 45 989 гласачи регистрирани на Единствениот избирачки список до 19 часот гласале 48,28 отсто или 22 203 гласачи на 84 избирачки места во Општина Велес. Како што информираат од ОИК, на сите 84 гласачки места гласањето се одвива во мир и демократска атмосфера и без инциденти. Во Општина Градско од вкупно 3136 гласачи на 11 избирачки места до 19 часот на гласање излегле 54,86 проценти или 1721 гласач. Како што информира за МИА Елена Смилкова, член ОИК Градско, на сите избирачки места гласањето се одвива во фер и демократска атмосфера и без инциденти. – Во Општина Чашка од вкупно 6 101 гласач на 30 избирачки места до 19 часот гласале 57,7 проценти од гласачите или 3512, информира за МИА Марјан Јовановски, претседател на ОИК Чашка. Тој посочи дека во сите избирачки места во Општина Чашка, изборите се одвиваат во фер и демократска атмосфера и без инциденти. Воедно од сите ОИК – Велес, Градско и Чашка ги повикуваат граѓаните кои се уште не гласале да го остварат своето граѓанско право на глас на избирачките места, кои се отворени до 21 часот вечерва. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-veles-do-19-chasot-izleznost-od-48-28-otsto-opshtina-gradsko-so-54-86-i-opshtina-chashka-so-57-7-procenti/feed/ 0