општина илинден – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 28 Oct 2023 15:04:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png општина илинден – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски: Вложувањата во спортот и образованието се приоритет на локалната власт во Општина Илинден https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mitskoski-vlozhuvanata-vo-sportot-i-obrazovanieto-se-prioritet-na-lokalnata-vlast-vo-opshtina-ilinden/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mitskoski-vlozhuvanata-vo-sportot-i-obrazovanieto-se-prioritet-na-lokalnata-vlast-vo-opshtina-ilinden/#respond Sat, 28 Oct 2023 15:04:39 +0000 https://kurir.mk/?p=894025

При денешната посета на Општина Илинден, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека во оваа општина продолжуваат инвестициите. -Населеното место Кадино добива фудбалско игралиште, детско игралиште, како и нов кров во основното општинско училиште Ристо Крле. Вложувањата во спортот и образованието се приоритет на локалната власт и градоначалникот Александар во општина Илинден. Важно е да имаме нови училишта. Важно е младите да останат во Македонија, објави Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mitskoski-vlozhuvanata-vo-sportot-i-obrazovanieto-se-prioritet-na-lokalnata-vlast-vo-opshtina-ilinden/feed/ 0
Инсталирана фотоволтаична централа во ООУ „Гоце Делчев“ во Општина Илинден https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/instalirana-fotovoltaichna-tsentrala-vo-oou-gotse-delchev-vo-opshtina-ilinden/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/instalirana-fotovoltaichna-tsentrala-vo-oou-gotse-delchev-vo-opshtina-ilinden/#respond Tue, 24 Oct 2023 07:37:09 +0000 https://kurir.mk/?p=892393

На покривната конструкција на ООУ „Гоце Делчев“ во општина Илинден поставена е  фотоволтаична централа со вкупна инсталирана моќност од 15 kW (киловати) проектирана согласно годишната потрошувачка на електрична енергија на училиштето, која е донација од компанијата ОКТА АД – Скопје. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски изјави дека Компанијата ОКТА повторно докажа дека е општествено одговорен член на заедницата, но и добар сосед кој се грижи за реалните потреби на своите сограѓани. Со оваа донација се овозможува континуирана заштеда на средства за општината и намалување на трошоците на училиштето, а се ослободуваат средства за понатамошно подобрување на образовниот и воспитниот процес, од кој крајниот бенефит ќе го имаат децата и нивните родители. Благодарни сме за оваа донација на ОКТА која што треба да биде пример за тоа што значи да се биде одговорен кон средината во која што живееме и работиме. „Со оваа, трета по ред донација на фотоволтаична централа наменета за образовна институција, ОКТА ја истакнува својата стратешка определба кон обновливите извори на енергија. Преку реализација на оваа активност компанијата го заокружува годинешниот план за поддршка на образовните установи во земјава и нивно обезбедување со обновлива енергија, што ќе придонесе за нивна поголема енергетска независност и значителна заштеда на средства. Дополнително донацијата ќе претставува можност за учениците да се стекнат со директни знаења за придобивките од употребата на чиста енергија, одржлив развој и заштита на животната средина“, изјави д-р Ристо Јаневски, директор на енергетско планирање и развој во ОКТА. Фотоволтаичната централа на ООУ „Гоце Делчев“ во Илинден, предвидено е годишно да произведува и до 21,5 MWh/годишно, што ќе покрие значаен дел од потребите на оваа установа за електрична енергија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/instalirana-fotovoltaichna-tsentrala-vo-oou-gotse-delchev-vo-opshtina-ilinden/feed/ 0
Општина Илинден почна со изградба на видиковец во Бунарџик https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-ilinden-pochna-so-izgradba-na-vidikovets-vo-bunardhik/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-ilinden-pochna-so-izgradba-na-vidikovets-vo-bunardhik/#respond Sat, 21 Oct 2023 12:34:53 +0000 https://kurir.mk/?p=891585

Општина Илинден интензивно работи на реализација на нови проекти од повеќе области, со цел разубавување и уредување на просторот, но и создавање квалитетни услови за одмор и рекреација на жителите. Како што соопштуваат од Општината деновиве почнала изградбата на видиковец во Бунарџик, со поставување на урбана опрема како и просторно и хортикултурно уредување. Оттаму информирата дека овој проект се реализира заедно со општествено одговорни компании, каде е предвидено изградба на видиковец од бетон, ќе бидат поставени клупи, корпи за отпадоци, осветлување и целиот простор ќе биде хортикултурно уреден. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска направил убид во градежните работи при што истакнал дека изградбата се одвива со предвидената динамика, а жителите од Општина Илинден наскоро ќе добијат убаво уреден рекреативен простор. -Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со реализација на проекти за уредување на простор, како и поставување на нова урбана опрема, засадување на зеленило во сите населени места со цел разувабување на секој дел од Општината, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-ilinden-pochna-so-izgradba-na-vidikovets-vo-bunardhik/feed/ 0
Изградба на нов кров на ООУ „Ристо Крле“ во Кадино, општина Илинден https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/izgradba-na-nov-krov-na-oou-risto-krle-vo-kadino-opshtina-ilinden/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/izgradba-na-nov-krov-na-oou-risto-krle-vo-kadino-opshtina-ilinden/#respond Mon, 02 Oct 2023 08:14:37 +0000 https://kurir.mk/?p=884071

Во Општинското основно училиште „Ристо Крле“ се отпочна со реализација на проектот за реконструкција односно, замена на кровната површина на централното училиште во Кадино. Во рамки на проектот предвидена е целосна замена на постоечката кровна површина на централното училиште, ќе се изврши отстранување на старите салонитни табли кои содржат азбестни компоненти, отсранување на хоризонтални и вертикални олуци, поставување на кровен покривач од пластифициран валовит лим. Воедно ќе се изврши и набавка и поставување на хоризонтални и вертикални олуци, опшивки кај вентилациони канали и поставување на снегобрани. Увид во градежните активности извршија градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски и директорот на училиштето, Јовче Петковски, кои констатираа дека работните активности се одвиваат според предвидената динамика. Притоа со оваа замена на кровната конструкција ќе се опфати површина од околу 1600м2 на објектот и ќе се обезбеди хидротермичка изолација. Со тоа ќе се спречи протекувањето на стариот кров и оштетување на внатрешните простории во оваа образовна институција. ООУ „Ристо Крле“ е изградено пред 44 години, за прв пат се врши замена на кровната површина, а заедно со подрачните објекти во населените места Мралино и Бунарџик учат вкупно 320 ученици. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/izgradba-na-nov-krov-na-oou-risto-krle-vo-kadino-opshtina-ilinden/feed/ 0
Се шири со голема брзина: Нов пожар избувна во општина Илинден https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-shiri-so-golema-brzina-nov-pozhar-izbuvna-vo-opshtina-ilinden/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-shiri-so-golema-brzina-nov-pozhar-izbuvna-vo-opshtina-ilinden/#respond Sat, 26 Aug 2023 15:57:20 +0000 https://kurir.mk/?p=871249

Околу 16 часот избувна нов пожар кај селата Бучници и Ајватовци, на територијата на Општина Илинден во борова шума и се шири со голема брзина. Ангажиран е еден Ер трактор за гасење на пожарот, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). -Денеска околу 16:00 часот избувна шумски пожар кај село Бучинци и Ајватовци - општина Илинден во борова шума. Се шири со голема брзина. Покрај пожарникарите од скопската Бригада за противпожарна заштита ангажиран е и еден Ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), велат од ЦУК.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-shiri-so-golema-brzina-nov-pozhar-izbuvna-vo-opshtina-ilinden/feed/ 0
Општина Илинден изврши реконструкција на повеќенаменско игралиште во Ајватовци https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-ilinden-izvrshi-rekonstruktsija-na-povekenamensko-igralishte-vo-ajvatovtsi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-ilinden-izvrshi-rekonstruktsija-na-povekenamensko-igralishte-vo-ajvatovtsi/#respond Wed, 05 Jul 2023 10:54:59 +0000 https://kurir.mk/?p=852974

Општина Илинден изврши комплетно уредување и реконструкција на повеќенаменското иргалиште во населеното место Ајватовци. Во рамки на повеќенаменското игралиште поставени се две нови табли за кошарка, на головите за мал фудбал и ракомет поставена е заштитна мрежа, клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина. Поставени се столбови за осветлување како и целосно оградување на просторот со заштитна мрежа. Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски го посети населеното место Ајватовци и истакна дека со ова комплетно уредување и реконструкција на повеќенаменското игралиште, младите ќе добијат убаво и безбедно место за спорт и рекреација, каде ќе можат да го поминуваат слободното време. Исто така освен жителите од Ајватовци повеќенаменското игралиште ќе можат да го користат и граѓани кои рекреативно го посетуваат спортско-излетничкиот центар Ајватовци. Средствата за реконструкција се обезбедени од Буџетот на Општина Илинден. Во наредниот период Општината ќе продолжи со изградба на нови и реконструкција на постоечките игралишта, затоа што унапредувањето на спортот и спортските содржини, е еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-ilinden-izvrshi-rekonstruktsija-na-povekenamensko-igralishte-vo-ajvatovtsi/feed/ 0
Асфалтирање на улицата „415“ во населено место Марино https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/asfaltirane-na-ulitsata-415-vo-naseleno-mesto-marino/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/asfaltirane-na-ulitsata-415-vo-naseleno-mesto-marino/#respond Mon, 03 Jul 2023 15:16:27 +0000 https://kurir.mk/?p=852227

Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта на Општина Илинден, денеска се асфалтираше улица „415“ во населено место Марино која е во должина од 150 метри. - Увид во работните активности направи и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека финансиските средства за асфалтирање на улиците се обезбедени од Буџетот на општината, а во наредниот период ќе се продолжи со асфалтирање и на други улици во повеќе населени места во Илинден, известуваат од општината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/asfaltirane-na-ulitsata-415-vo-naseleno-mesto-marino/feed/ 0
Детско инклузивно игралиште во Кадино во општина Илинден https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/detsko-inkluzivno-igralishte-vo-kadino-vo-opshtina-ilinden/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/detsko-inkluzivno-igralishte-vo-kadino-vo-opshtina-ilinden/#respond Mon, 12 Jun 2023 14:15:43 +0000 https://kurir.mk/?p=844932

Општина Илинден изврши целосна реконструкција на детското игралиште во населеното место Кадино. Станува збор за детско инклузивно игралиште на кое е поставена околу 300м2 гумирана подлога, видео надзор, детски реквизити, нишалки, лизгалки, клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина, како и нова заштитна ограда. Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски го посети детското инклузивно игралиште и истакна дека, Општината работи на изградба и реконструкција на детски игралишта, со цел најмладите жители од сите населени места да добијат убаво и безбедно место за игра и забава, каде ќе можат да го поминуваат слободното време. Градоначалникот Георгиевски упати голема благодарност до општествено одговорните компании, кои освен Општина Илинден и тие учествуваа во дел од реконструкцијата на ова детско инклузивно игралиште.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/detsko-inkluzivno-igralishte-vo-kadino-vo-opshtina-ilinden/feed/ 0
Продолжува интересот на странските инвеститори во општина Илинден https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/prodolzhuva-interesot-na-stranskite-investitori-vo-opshtina-ilinden/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/prodolzhuva-interesot-na-stranskite-investitori-vo-opshtina-ilinden/#respond Fri, 09 Jun 2023 12:04:48 +0000 https://kurir.mk/?p=844027

Општина Илинден останува во фокусот на инвеститорите. Во локалните економски зони секојдневно се градат и се отвораат нови стопански објекти, а веќе постоечките ги прошируваат своите капацитети. Проширување на капацитетот направи и компанијата SCANIA, која организираше свечено отворање на новиот сервис центар, каде присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. Градоначалникот Георгиевски во своето обраќање им посака успех во понатамошното работење и додаде дека Општина Илинден има одлични услови за поволна бизнис клима. Интензивниот развој на економската инфраструктура, во делот на изградба на транспортна, комунална и енергетска инфраструктура во локалните економски зони во изминатиот период придонесе многу стопански субјекти да го почнат својот бизнис во општина Илинден, но и многу постоечки компании во општината да ги прошират своите капацитети. Општина Илинден останува отворена за сите домашни и странски компании, со цел отворање на нови работни места и поквалитетен живот на граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/prodolzhuva-interesot-na-stranskite-investitori-vo-opshtina-ilinden/feed/ 0
Изградба на нова линија за фекална канализација во општина Илинден https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/izgradba-na-nova-linija-za-fekalna-kanalizatsija-vo-opshtina-ilinden/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/izgradba-na-nova-linija-za-fekalna-kanalizatsija-vo-opshtina-ilinden/#respond Fri, 09 Jun 2023 06:42:57 +0000 https://kurir.mk/?p=843868

Општина Илинден започна со изградба на нова линија на фекална канализација на улица 11, во должина од околу 200 метри. Новата канализациона линија ќе биде изведена со полиетелиенски цевки со димезија Ø 200 и со истата ќе бидат опфатени околу 10-тина домаќинства. Новоизградената фекална канализација на улица 11, ќе се поврзе на фекалната канализација од припадна површина ПП8 Илинден, соопшти општинската прес-служба. Увид во работните активности направија градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски и директорот на ЈКП ,,Водовод” - Илинден, Ивица Трипуновски. -Инвестирањето во комуналната инфраструктура е од огромно значење за локалниот економски развој, како и унапредувањето и заштитата на животната средина со што се овозможува подобрување на квалитетот на живеењето во општина Илинден. Вложувањата во комуналната инфраструктура е од стратешко значење за Општина Илинден, истакна градоначалникот Георгиевски. Канализацискиот систем во Илинден припадна површина 8, е во должина од околу 4000 метри, и на истиот има можност да бидат опфатени околу 330 домаќинства од ова населено место, како и други јавни објекти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/izgradba-na-nova-linija-za-fekalna-kanalizatsija-vo-opshtina-ilinden/feed/ 0