општина кочани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 12 Jul 2023 13:44:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png општина кочани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Советот на Општина Кочани не даде согласност за покачување на цените на водата https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sovetot-na-opshtina-kochani-ne-dade-soglasnost-za-pokachuvane-na-tsenite-na-vodata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sovetot-na-opshtina-kochani-ne-dade-soglasnost-za-pokachuvane-na-tsenite-na-vodata/#respond Wed, 12 Jul 2023 13:44:38 +0000 https://kurir.mk/?p=855881

Советот на Општина Кочани на денешната редовна седница не даде согласност за покачување на цените на водата за пиење од градскиот водовод и на услугите за собирање, одведување и пречистување на отпадните води. Отфрлањето на одлуките од Управниот одбор на КЈП „Водовод“ за просечен пораст на цените од 30 отсто се повтори како и на седницата од пред еден месец, кога истите барања не беа изгласани. И покрај координациите на советничките групи, на две последователни седници без никакви измени се ставаат исти точки на дневен ред, што наиде на реакција кај советниците. -На претходната седница имаше образложение за точките, но тие не беа изгласани. Зошто сега повторно се ставени и дали е законска процедурата да се оди по втор, трет или четврти пат, односно дали ако не ги изгласаме точките, тие повторно ќе се најдат на дневен ред, праша советникот Ивица Лазаров. Слично како и на претходната седница, од раководството на „Водовод“ кратко информираа дека барањето за поскапување на дел од услугите е во рамки на законската процедура. -Ова е предлог на Регулаторната комисија за енергетика, има рамка, но најдолната тарифа е помала од сегашната, така што ова се нивни препораки, истакна директорот на „Водовод“, Антонијо Паунов. Никој од советниците не гласаше за барањата за поскапување на услугите на комуналното претпријатие според кои водоснабдувањето требаше да се покачи за околу десет отсто за домаќинствата, односно 13,3 отсто за правните лица. За собирањето и одведувањето на отпадните води за домаќинствата се бараше драстично зголемување од 60, а за правните лица од 75 отсто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sovetot-na-opshtina-kochani-ne-dade-soglasnost-za-pokachuvane-na-tsenite-na-vodata/feed/ 0
Општина Кочани ќе инвестира близу 12 милиони денари за фотоволтаични системи на три јавни објекти https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-kochani-ke-investira-blizu-12-milioni-denari-za-fotovoltaichni-sistemi-na-tri-javni-objekti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-kochani-ke-investira-blizu-12-milioni-denari-za-fotovoltaichni-sistemi-na-tri-javni-objekti/#respond Mon, 06 Mar 2023 12:38:33 +0000 https://kurir.mk/?p=808628

Општина Кочани почна постапка за поставување фотоволтаични системи за производство на електрична енергија на три јавни објеки, а за што ќе инвестира близу 12 милиони денари. Средствата се обезбедени во соработка со Центарот за развој на Источниот плански регион во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој за 2023 година на Бирото за регионален развој, а со инвестицијата ќе се влијае врз намалувањето на трошоците во работењето преку искористување на обновлив извор на енергија. -Со проектот се предвидува да се постават фотоволтаични системи на филтер станицата за вода со инсталирана моќност од 80 киловати, потоа на средното училиште „Гошо Викентиев“ со 25 киловати и на основното училиште „Никола Карев“ со 40 киловати. Општина Кочани ќе учествува во реализација на проектот со кофинансирање во вредност од пет проценти од вкупната вредност, истакна Елена Димитровска, раководителка на Секторот за локален економски развој на Општина Кочани. Според техничката спецификација во проектот, предвидено е најголем дел од средствата, односно над 8,3 милиони денари да се инвестираат за фотоволатичната централа на филтер станицата, над 2,1 милион денари се наменети за ОУ „Никола Карев“, а останатите средства се за средното техничко училиште. По согласноста за кофинансирање, што на денешната седница ја даде Советот на Општината, наскоро ќе биде објавен јавниот повик за избор на изведувач, а проектот треба да се реализира во текот на пролетта. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-kochani-ke-investira-blizu-12-milioni-denari-za-fotovoltaichni-sistemi-na-tri-javni-objekti/feed/ 0
Општините Кочани и Виница ќе доделат финансиска помош за настраданите од земјотресите во Турција https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtinite-kochani-i-vinitsa-ke-dodelat-finansiska-pomosh-za-nastradanite-od-zemjotresite-vo-turtsija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtinite-kochani-i-vinitsa-ke-dodelat-finansiska-pomosh-za-nastradanite-od-zemjotresite-vo-turtsija/#respond Wed, 08 Feb 2023 14:01:25 +0000 https://kurir.mk/?p=797959

Општините Кочани и Виница ќе обезбедат хуманитарна помош за настраданите подрачја од земјотресите во Република Турција, а поддршката ќе биде парична, во рамки на буџетските можности на локалните самоуправи. Од Општина Кочани истакнаа дека на буџетската сметка има определено резервни средства за вонредни потреби што ќе се искористат како солидарна помош за турските граѓани. -Општинската админстрација подготви предлог-одлука за хуманитарна помош и таа ќе се биде на дневниот ред за седницата на Советот на Општината што ќе се одржи на 17 февруари. Одлука за висината на паричната помош ќе донесат советниците и очекуваме таа да биде едногласно усвоена. Буџетските можности се ограничени, но во вакви вонредни услови секоја помош е добредојдена, а ние ја изразуваме нашата искрена солидарност со настраданите граѓани на Турција, истакна Дејан Рашков, секретар на Општина Кочани. Од Територијалната противпожарна едница од Кочани ќе испратат една екипа со пожарникари и возило која ќе помага во помошта за расчистувањето на последиците од земјотресите. Во соработка со општинскиот Црвен крст од Кочани ќе се обезбеди потребната опрема за престој на отворено во актуелните временски услови за лицата кои ќе се вклучат во помошта. Активностите ги координира Дирекцијата за заштита и спасување, а се очекува кочанските пожарникари да бидат дел од третиот конвој солидарна помош што ќе биде испратен од Македонија. Градоначалникот на Виница, Миле Петков најави дека локалната самоуправа ќе се вклучи во обезбедувањето хуманитарна помош за турскиот народ и покрај скромните буџетски можности. До општинскиот Совет ќе биде доставена одлука за определување на износот финансиски средства што ќе бидат уплатени во солидарниот фонд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtinite-kochani-i-vinitsa-ke-dodelat-finansiska-pomosh-za-nastradanite-od-zemjotresite-vo-turtsija/feed/ 0
Мицкоски: 100 милиони денари за капитални инвестиции во Кочани, промените се случуваат на дела https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-100-milioni-denari-za-kapitalni-investitsii-vo-kochani-promenite-se-sluchuvaat-na-dela/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-100-milioni-denari-za-kapitalni-investitsii-vo-kochani-promenite-se-sluchuvaat-na-dela/#respond Wed, 11 Jan 2023 08:49:09 +0000 https://kurir.mk/?p=785840

„Почитувани, 2022 година беше полна со предизвици. Како нова локална власт и покрај кризата и опструкциите од власта исклучително сум горд што успеавме да сработиме повеќе од четирите години на минатата локална власт. Енергетската криза енормно ни ги зголеми трошоците, но и покрај кризата нашата цел е да изградиме помодерно и поубаво Кочани“, изјави во своето обраќање градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов во кампањата „Промените на дело“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ. Папазов додаде дека капиталните инвестиции за 2022 година беа во висина од 140 милиони денари. „Креиравме буџет заедно со граѓаните. Овозможивме тие да постават приоритети и ние нивните идеи да ги преточиме во проекти“, истакна градоначалникот на општина Кочани. „Капиталните инвестиции за Кочани за 2023-та година се во вредност од над 100 милиони денари. се обврзувам дека ќе се изгради објект за домување на лица од социјален ризик, ќе се реализира проектот за реставрација на споменикот на Слободата во Кочани и ќе се опреми мултикултурниот центар во Кочани“, нагласи Папазов. Папазов најави дека следува уште една година во Кочани во која што ќе се докаже дека со посветена работа промените се случуваат, а делата се чувствуваат. „Во нашата општина има новости, има разлика. Има проекти и инвестиции. Мојата улога како градоначалник е да ве направам горди и да ја оправдам довербата. Мојата одговорност е Кочани да биде урбана општина , општина која се развива и општина за сите луѓе“, порача градоначалникот на општина Кочани. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нагласи дека изминатата година општина Кочани стана општина во која што има новости, проекти и инвестиции. „Почитувани жители на општина Кочани, во вашата општина има новости, има разлика, има проекти, има инвестиции. Тргнавме и со сигурност можам да кажам дека одиме во вистинска насока. Заврши времето на власт без одговорност. Ќе биде тешко и во периодот кој што следи, но се обврзувам на посветена работа во 2023-тата година која ќе го подобри животниот стандард“, истакна Мицкоски. Мицкоски додаде дека изминатата година во општина Кочани се инвестираа повеќе од 140 милиони денари во капитални проекти. „Оваа година продолжува офанзивата во реализацијата во капиталните проекти. Конечно ќе започне да се гради улица број 7 на Пониква и конечно се опреми планинарскиот дом на Пониква. Ова ќе биде инвестиција вредна 10,5 милиони денари, кој е значаен проект за вас. Ова се промените на дело“, укажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-100-milioni-denari-za-kapitalni-investitsii-vo-kochani-promenite-se-sluchuvaat-na-dela/feed/ 0
Папазов: И покрај сите предизвици, успеавме да реализираме многу во 2022 година https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/papazov-i-pokraj-site-predizvici-uspeavme-da-realizirame-mnogu-vo-2022-godina/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/papazov-i-pokraj-site-predizvici-uspeavme-da-realizirame-mnogu-vo-2022-godina/#respond Thu, 22 Dec 2022 09:22:16 +0000 https://kurir.mk/?p=778967

И покрај сите предизвици со кои што се соочивме во 2022 година, како што се последиците од светската економска и енергетска криза, како и секојдневните блокади од институциите на централната власт, успеавме да реализираме многу проекти во текот на 2022 година. Ова беше една од главните поенти на Љупчо Папазов, градоначалник на Кочани на средба на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ коалицијата која што се одржа во Кочани. - Во 2022 реализиравме капитални проекти во износ од околу 140 милиони денари, пред се во областа на комуналната инфраструктура. Како најважни можам да ги издвојам реконструкцијата на градскиот парк, реконструкцијата на улицата Стево Теодосиевски, изградбата на фекалната и атмосферската канализација во Оризари, како и изградба на фекална канализација во село Тркање со приклучок кон пречистителната станица во Мојанци со што се решава децениски проблем на жителите од ова населено место. Во делот на реконструкција на улиците, можам да ги споменам и улиците Маршал Тито во Грдовци, Христијан Тодоровски Карпош во Оризари, асфалтирање на улицата Смилевски конгрес, реконструкција на Јордан Зафиров и многу други. Покрај комуналната инфраструктура, Папазов се осврна и на големиот број на реализирани проекти и мерки и во другите области кои се во надлежност на Општина Кочани, како што се обуката на 16 негуватели за давање на услуги во домовите за повозрасните лица, доделувањето на стипендии и награди за најуспешните ученици, како и мерките од областа на екологијата во вид на доделување на субвенции за граѓаните за набавка на инвертер-клима уреди и печки на пелети за еколошко загревање на домовите, како и за набавка на велосипеди. Папазов додаде дека сето ова е реализирано и покрај сериозните проблеми со кои се соочиле годинава, во вид на целосна инфлација и поскапувања на сите енергенси, услуги и репроматеријали, како и константната несоработка со органите на централната власт кои во континуитет ги игнорираат барањата на локалната самоуправа. Средбата на градоначалниците беше организирана од страна на Комисијата за локална, Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт и Комисијата за финансии при ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/papazov-i-pokraj-site-predizvici-uspeavme-da-realizirame-mnogu-vo-2022-godina/feed/ 0
Ласовска: Транспарентниот начин на работење покажува резултати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lasovska-transparentniot-nachin-na-rabotenje-pokazuva-rezultati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lasovska-transparentniot-nachin-na-rabotenje-pokazuva-rezultati/#respond Sun, 11 Dec 2022 16:08:06 +0000 https://kurir.mk/?p=773964

Општина Кочани и градоначалникот Љупчо Папазов, го креираат општинскиот буџет, согласно потребите на граѓаните, истакна Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ. -Денес, претставници на повеќе месни заедници, присуствуваа на "Отворениот ден на идеи" и предложија голем број на проекти, кои ќе го подобрат секојдневието во градот Кочани. Транспарентниот начин на работење, покажува резултати, посочи таа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lasovska-transparentniot-nachin-na-rabotenje-pokazuva-rezultati/feed/ 0
Папазов: Започна асфалтирањето на улицата „Гошо Викентиев“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/papazov-zapochna-asfaltiranjeto-na-ulicata-gosho-vikentiev/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/papazov-zapochna-asfaltiranjeto-na-ulicata-gosho-vikentiev/#respond Fri, 13 May 2022 14:38:15 +0000 https://kurir.mk/?p=676329

Денеска започна асфалтирањето на улицата „Гошо Викентиев“ во должина од 250м и ширина 4м и дел од улицата „Плачковица“ во должина од 90м и ширина 6м. На улицата „Гошо Викентиев“ претходно Општина Кочани изгради атмосферска канализација со сливни решетки и постави нова водоводна линија со приклучоци за објектите, информираат од општина Кочани. „Во тековните подготвителни активности пред асфалтирањето беше извршено орапавување на асфалтната површина, ископ на стари ивичњаци и тротоари, поставување на бекатон плочки, изградба на нови ивичњаци и нивелирање на шахти. Носител на работите е фирмата „Ескаватори“ – МК Скопје. Вкупната сума на проектот изнесува 3.792.000 денари без вклучен ДДВ“ - се наведува во објавата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/papazov-zapochna-asfaltiranjeto-na-ulicata-gosho-vikentiev/feed/ 0
Папазов: Општина Кочани доби потисен цевковод во должина од 2.2 километри во вредност од 44.5 милиони денари https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/papazov-opshtina-kochani-dobi-potisen-cevkovod-vo-dolzina-od-2-2-kilometri-vo-vrednost-od-44-5-milioni-denari/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/papazov-opshtina-kochani-dobi-potisen-cevkovod-vo-dolzina-od-2-2-kilometri-vo-vrednost-od-44-5-milioni-denari/#respond Mon, 11 Apr 2022 11:13:51 +0000 https://kurir.mk/?p=661260

Општина Кочани доби потисен цевковод во должина од 2.2 километри во вредност од 44.5 милиони денари, изјави денеска кочанскиот градоначалник Љупчо Папазов. Почитувани, денес се наоѓаме во комплексот Бунарски систем на комуналното јавно претпријатие Водовод – Кочани, каде го објавуваме завршувањето на проектот за изградба и реконструкција на главниот потисен цевковод во должина од 2.2 километри во вредност од околу 44 ипол милиони денари. Со што добиваме еден стабилен систем за водоснабдување, ги намалуваме загубите и во делот на можноста за земјоделците да пристапат до своите земјоделски површини со почеток на сезоната за наводнување, се покриени со датумот за извршување на нивните активности, рече Папазов. Папазов очекува бенефитите од овој проект да ги почувствуваат граѓаните, комуналното јавно претпријатие Водовод, како и општината Кочани. -Обврската на Општина Кочани беше да ја спроведе постапката на експропријација на трасата по која се изведуваше овој проект, и обврска ќе биде заедно со изведувачот на работите да се вратат парцелите во првобитната состојба. Ваква проекција се реализира еднаш во 50 години и очекувам бенефитите да ги почувствува и комуналното јавно претпријатие Водовод, општината Кочани и граѓаните на општина Кочани, додаде Папазов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/papazov-opshtina-kochani-dobi-potisen-cevkovod-vo-dolzina-od-2-2-kilometri-vo-vrednost-od-44-5-milioni-denari/feed/ 0
Мицкоски во посета на Општина Кочани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vo-poseta-na-opshtina-kochani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vo-poseta-na-opshtina-kochani/#respond Mon, 11 Apr 2022 07:10:45 +0000 https://kurir.mk/?p=661112

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ќе биде во посета на Општина Кочани. Како што информираат од партијата, Мицкоски заедно со градоначалникот на општина Кочани, Љупчо Папазов во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“, ќе присуствуваат на пуштање на употреба на потисен цевковод за Кочани - Грдовски Орман. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vo-poseta-na-opshtina-kochani/feed/ 0
Невладината „Двојна надеж“ и градоначалникот на Кочани одржаа работилница за превентивни протоколи на зависност од марихуана и дрога кај младите https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nevladinata-dvojna-nadez-i-gradonachalnikot-na-kochani-odrzaa-rabotilnica-za-preventivni-protokoli-na-zavisnost-od-marihuana-i-droga-kaj-mladite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nevladinata-dvojna-nadez-i-gradonachalnikot-na-kochani-odrzaa-rabotilnica-za-preventivni-protokoli-na-zavisnost-od-marihuana-i-droga-kaj-mladite/#respond Tue, 21 Dec 2021 11:05:14 +0000 https://kurir.mk/?p=611140

Во организација на невладината организација „Двојна надеж“, а во присуство на градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, како и претставници од воспитно-образовните институции од Кочани, вчера во Мултикултурниот центар во Кочани со почеток во 10:30 часот се одржа работилница за запознавање и утврдување на превентивни протоколи за препознавање на рани фази на зависност од марихуана и синтетички дроги кај младите лица. -Проектот има за цел како да се превенира за да се заштитат младите од употребата на дрога, конкретно на марихуаната и синтетичките дроги, затоа што во последно време подемот на марихуаната и синтетичките дроги се повеќе е присутен кај младите. Проектот се одвива во повеќе етапи за да се анимира локалната заедница и да се подигне свеста за меѓусебна соработка помеѓу училиштата, центрите за социјални работи и за јавно здравје и локалната полиција. Се спроведува во четири града и оваа е втора работилница во Кочани – истакна Надица Петрова, претседател на здружението Двојна надеж – Штип. На настанот градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов ја истакна поддршката на Локалната самоуправа во борбата против зголемената употреба на дрога и ги поддржа ваквите работилници кои носат општо добро на заедницата. Работилницата е во рамки на проектот „Градење на еластични заедници на пролиферација на марихуана и синтетички дроги во училиштата“ која се реализира преку Глобалната иницијатива против организираниот криминал (GIATC). -Идејата е и да ги анимираме локалните капацитети со цел да создадеме отпорна заедница на дрога, како и да ги идентификуваме причините за заканите кои доаѓаат од употребата на синтетичките дроги и марихуаната. Конкретно овие дроги се најдостапни кај младите и создаваат голема заблуда кај нив, а од она што досега го имаме сработено можам да кажам дека податоците се фрапантни, бидејки границите за употреба се значително смалени на девет и десетгодишни деца. За време на Ковид пандемијата нашето истражување покажа дека се појавуваа сериозна фреквенција на продажба и набавка на вакви дроги преку интернет – истакна Методи Хаџи-Јанев, професор по организиран криминал и корупција при УГД. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nevladinata-dvojna-nadez-i-gradonachalnikot-na-kochani-odrzaa-rabotilnica-za-preventivni-protokoli-na-zavisnost-od-marihuana-i-droga-kaj-mladite/feed/ 0