општина конче – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 15 Dec 2022 09:36:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png општина конче – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Градоначалникот Ристов: Изработката на буџетот за 2023 година за општина Конче е во завршна фаза https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gradonachalnikot-ristov-izrabotkata-na-budzetot-za-2023-godina-za-opshtina-konche-e-vo-zavrshna-faza/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gradonachalnikot-ristov-izrabotkata-na-budzetot-za-2023-godina-za-opshtina-konche-e-vo-zavrshna-faza/#respond Thu, 15 Dec 2022 09:36:43 +0000 https://kurir.mk/?p=775919

Веќе се направени посети на сите месни заедници, преку реализираната акцијата „Биди дел од промените што носат иднина” добиени се многу интересни и корисни идеи од граѓаните ги даваа свои предлози, а самиот буџет за 2023 година е во завршна фаза. Ова се дел од главните поенти од обраќањето на градоначалникот на Општина Конче, Златко Ристов на регионалната средба на градоначалниците од Југоисточниот регион од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. -Од голема помош во изработката на нацрт-буџетот беше одржувањето на отворените денови за граѓаните и можам да кажам дека од предлозите на граѓаните произлегоа големи два проекти. За 2023 година од покрупните проекти кои ќе се реализираат можам да ги издвојам уредувањето на речното корито во село Ракитец, уредувањето на главната улица во Конче, која ги поврзува населените места Конче и Лубница, како и реконструкција на главната улица во село Ракитец. Како еден од покрупните проекти, кој ќе го реализираме како предлог од граѓаните, е поставување на фотоволтаични панели на кровните конструкции на објектите во надлежност на општината, како што се општинската зграда, домот на култура и други, кажа градоначалникот Ристов. Исто како и останатите општини од регионот, и Општина Конче ја чека разврската и носењето на новиот Законот за концесии, бидејќи финансирањето на општината во голема мерка зависи од работата на рудникот за бакар во Боров дол. Регионалната средба беше организирана од страна на Комисијата за локална, Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт и Комисијата за финансии при ВМРО-ДПМНЕ.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gradonachalnikot-ristov-izrabotkata-na-budzetot-za-2023-godina-za-opshtina-konche-e-vo-zavrshna-faza/feed/ 0
Ристов: Откупната цена на тутунот не е за дискутирање, инспекторатот за земјоделство да излезе и да ги штити интересите на тутунарите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ristov-otkupnata-cena-na-tutunot-ne-e-za-diskutiranje-inspektoratot-za-zemjodelstvo-da-izleze-i-da-gi-shtiti-interesite-na-tutunarite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ristov-otkupnata-cena-na-tutunot-ne-e-za-diskutiranje-inspektoratot-za-zemjodelstvo-da-izleze-i-da-gi-shtiti-interesite-na-tutunarite/#respond Tue, 28 Dec 2021 19:48:57 +0000 https://kurir.mk/?p=614239

Градоначалникот на општина Конче Златко Ристов во вечерното гостување во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа рече дека тутунарите изминатите години едвај крај со крај врзуваат бидејќи власта нема слух за нивните проблеми и барања. Тутунопроизводителите овие пет години едвај крај со крај врзуваат. Уште во март месец годинава тутунските здруженија до владата поднесоа барање за измена и дополнување но за жал како и во поголемите случаеви наидуваат на неразбирање. Јас доаѓам од општина која што 90 проценти од граѓаните се занимаваат со тутунопроизводство, а во моментот ја имаме најлошата откупна цена, односно ако земеме во предвид дека трошоците на земјоделците, па дури и на сите граѓани се покачени за некаде околу 30 процени, во моментот имам информација дека откупната просечна цена на тутунот е 180 денари. Ако земеме во просек што е она што е покачено изминатиот период гледаме дека цената на тутунот паѓа на 140 денари, што е ниту за дискутирање, рече тој. Градоначалникот Ристов се пожали и за незаинтересираноста од страна на Државниот инспекторат за земјоделие, појаснувајќи дека до сега не се појавиле на откупните пунктови додавајќи дека треба да ги штитат интересите на земјоделците, а не на откупувачите не тутун. Јас изминатиот период посетив неколку откупни пунктови но на жал проценката е лоша, инспекторите кои се надлежни да вршат контрола ги нема. Денеска поднесов барање до Државниот инспекторат за земјоделие, се надевам дека од понеделник ќе дојдат и сакам да порачам дека инспекторатот е да ги штити земјоделците, а не откупувачите на тутун. Се надевам дека ќе се појават, инаку со оваа динамика на откуп на тутун мислам дека тешко ќе поминеме и оваа година, рече Ристов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ristov-otkupnata-cena-na-tutunot-ne-e-za-diskutiranje-inspektoratot-za-zemjodelstvo-da-izleze-i-da-gi-shtiti-interesite-na-tutunarite/feed/ 0
Ристов: Нова канализациона и водоводна мрежа, реконструкција на стадионот и нови велосипедски патеки, за урбано и модерно Конче https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ristov-nova-kanalizaciona-i-vodovodna-mreza-rekonstrukcija-na-stadionot-i-novi-velosipedski-pateki-za-urbano-i-moderno-konche/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ristov-nova-kanalizaciona-i-vodovodna-mreza-rekonstrukcija-na-stadionot-i-novi-velosipedski-pateki-za-urbano-i-moderno-konche/#respond Mon, 04 Oct 2021 15:39:19 +0000 https://kurir.mk/?p=572860

Денес ќе им порачаме на локалната власт и нивните послушници, улично осветлување и пристапни патишта мора да добијат сите граѓани подеднакво а не само послушниците на градоначалникот и членови од Локалната самоуправа. Општина Конче мора да биде Општина подеднакво за сите граѓани. Максимално ќе се вклучиме во изнаоѓање на реални решенија за земјоделците, сточарите, такси превозниците, стопанствениците и сите останати во нашата општина, порача Златко Ристов, кандидат за градоначалник на општина Конче на денешниот митинг. Ристов истакна дека Конче не смее да биде повеќе општина во која ќе има проблем со водоснабдувањето, ветувајќи решавање на овој проблем. Општина Конче не смее да биде општина во која во 21 век ќе има населени места кој се уште имаат проблеми со водоснабдување, кој имаат проблеми со канализациони мрежи или воопшто да ги немаат, истакна тој. Ристов вети модерна и урбана општина Конче, поддршка за земјоделците, сточарите, стопанствениците, но и нови спортски објекти, велосипедски патеки, како и заживување на спортот. Пристапните патишта до сите обработливи површини од страна на јавното претпријатие ќе се одржуваат редовно и навремено. Ќе воспоставиме контакти со истакнати земјоделски здруженија и сопственици за производство на раноградинарско и оранжериско производство, за можноста да се создадат услови за производство и во нашата општина, рече Ристов. Општина Конче ќе ја направиме едно модерно и урбано место за живеење со тенденција за инфраструктурно поврзување со поголемите општини како што се општина Струмица, општина Штип, општина Валандово и останатите општини. Редовно и навремено ќе ја одржуваме изградената инфраструктура. Во делот на спортот и младите ќе вложиме големи средства за заживување на спортот како што се организирање на поголеми турнири во мал фудбал, изградба и реконструкција на веќе постоечките стадиони за голем фудбал во општината, и формирање на фудбалски клуб кој достојно ќе ја преставува општината во соодветните фудбалски лиги. Ќе изградиме големи велосипедски патеки со вкупна должина околу 50 километри, опфаќајќи ги повеќето населени места со можност за организирање на локални како и државни натпревари во велосипедизам кое нешто би придонело за развој на спортскиот туризам, изјави Ристов. Ќе ги подржиме спортските здруженија како што се ловното здружение ,,Студенец " со можност за организирање на ловен туризам со изнаоѓање решение околу обезбедување на службени возила за потребите на здружението!!Ќе го подржиме СИТЕ спортски клубови во општината, вети Ристов. Ристов ја побара поддршката од страна на граѓаните на Конче, апелирајќи масовно да излезат и да заокружат 7, за нова иднина, проекти и промени. Затоа ја бараме Вашата поддршка, и затоа гласајте за број 7, за да создадеме нова иднина, иднина со промени, иднина со проекти, иднина со големи победи, порача Ристов, кандидат за градоначалник на општина Конче.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ristov-nova-kanalizaciona-i-vodovodna-mreza-rekonstrukcija-na-stadionot-i-novi-velosipedski-pateki-za-urbano-i-moderno-konche/feed/ 0