општина кратово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 31 Oct 2021 11:26:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png општина кратово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кратово: Засилена полициска контрола, запленети возила и вршен притисок врз гласачи https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kratovo-zasilena-policiska-kontrola-zapleneti-vozila-i-vrshen-pritisok-vrz-glasachi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kratovo-zasilena-policiska-kontrola-zapleneti-vozila-i-vrshen-pritisok-vrz-glasachi/#respond Sun, 31 Oct 2021 11:26:02 +0000 https://kurir.mk/?p=588551

Во Кратово денеска има многу полициски контроли и гласањето се одвива во малку тензична атмосфера. Според информации на Сител досега се запленети четири возила на граѓани кои оделе на гласање од страна на полицијата под сомневање дека се технички неисправни. Возилата се запленети до утре, ќе се прави технички преглед и доколку се во ред ќе им бидат вратени утре. И уште една информација до која стигна Сител од штаб на политичка партија е дека било вршено притисок во врска со гласањето на граѓани од страна на други граѓани кои биле со возила чии регистарски таблички не биле од Кратово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kratovo-zasilena-policiska-kontrola-zapleneti-vozila-i-vrshen-pritisok-vrz-glasachi/feed/ 0
Излезеноста во Крива Паланка до 13 часот е 43,46 отсто https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/izlezenosta-vo-kriva-palanka-do-13-chasot-e-43-46-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/izlezenosta-vo-kriva-palanka-do-13-chasot-e-43-46-otsto/#respond Wed, 15 Jul 2020 12:57:54 +0000 https://kurir.mk/?p=376314

Голема излезеност се бележи до тринаесет часот во Општина Крива Паланка. Вкупно 43,46 отсто од граѓаните излегле на гласање или од обработени 46 од вкупно 47 избирачки места, каде право на глас имаат 16.986 граѓани, до 13 часот гласале 7.382 граѓани. Во Општина Ранковце излезеноста до 13 часот изнесува 31,69 отсто. Во оваа општина право на глас имаат 3010 граѓани. Во општина Кратово од обработени податоци од 33 од вкупно 37 избирачки места, излезеноста е 30,02 отсто, а право на глас во оваа општина имаат 7.881 граѓанин. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/izlezenosta-vo-kriva-palanka-do-13-chasot-e-43-46-otsto/feed/ 0
Зголемен бројот на сообраќајни незгоди во Кратово https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zgolemen-brojot-na-soobrakjajni-nezgodi-vo-kratovo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zgolemen-brojot-na-soobrakjajni-nezgodi-vo-kratovo/#respond Mon, 19 Feb 2018 10:36:21 +0000 http://kurir.mk/?p=22861

Бројот на сообраќајните незгоди на подрачјето на општина Кратово во текот на вторите шест месеци од минатата година е во пораст за 63 отсто, споредено со истиот период во 2016 година, се наведува во Информацијата за безбедносна состојба и превземени мерки и активности од страна на Полициска станица од општа надлежност Кратово, презентирана на последната седница на Советот на општина Кратово. Според извештајот, во второто полугодие на 2017 година на територија под надлежнот на Полициската станица од општа надлежност Кратово се случиле вкупно 31 сообраќајна незгода, додека во 2016 во истиот период имало 19 незгоди, што е порат за 63,1 отсто. Од вкупниот број незгоди, девет се случиле во населени места, додека 22 на отворен пат, а во нив загинало едно лице, 13 сообраќајки се со повредени лица, додека 17 се со материјална штета под 50 просечни плати во стопанството. Во над 50 отсто од вкупниот број на незгоди причината била неприлагодена брзина на движење. Во пораст се и нарушувањата на јавниот ред и мир и изнесуваат 51,6 отсто, споредено со истиот период во 2016 година, кога биле 29,1 отсто. Во вотрото полугодие на минатат агодина поднесени се вкупно 47 барања за прекршочна постапка, против вкупно 68 сторители, а најголем број од иввршените прекршоци се физички напади - 15, бројка која исто така е во пораст од 66,6 отсто, споредено со 2016 година. Криминалитетот на подрачјето на општина Кратово во втората половина од 2017 година бележи намалување за 5,4 отсто. Во овој период регистрирани се вкупно 35 кривични дела, додека во истиот период  од 2016 година биле регистрирани 37, што значи криминалот е намален за 5,4 отсто, се наведува во Информацијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zgolemen-brojot-na-soobrakjajni-nezgodi-vo-kratovo/feed/ 0