општина крива паланка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 18 Aug 2022 09:05:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png општина крива паланка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Митовски до Министерство за култура: Не мора да ги префрлате предвидените средства, но Аца Лукас не е дел од фестивалот „Џој Фест“, ќе пее за Денот на рударите https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mitovski-do-ministerstvo-za-kultura-ne-mora-da-gi-prefrlate-predvidenite-sredstva-no-aca-lukas-ne-e-del-od-festivalot-dzoj-fest-kje-pee-za-denot-na-rudarite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mitovski-do-ministerstvo-za-kultura-ne-mora-da-gi-prefrlate-predvidenite-sredstva-no-aca-lukas-ne-e-del-od-festivalot-dzoj-fest-kje-pee-za-denot-na-rudarite/#respond Thu, 18 Aug 2022 09:05:21 +0000 https://kurir.mk/?p=720386

Откако Министерството за култура објави дека нема да префрли средства на Општина Крива Паланка за организирање на музичкиот фестивал „Џој Фест“, бидејќи ќе настапи Аца Лукас, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, уверува дека настапот на српскиот турбо-фолк пејач е во чест на Денот на рударите, како и по повод 29 август, прославата на патрон-празникот на градот и чествувањето на светецот –закрилник на оваа општина, Јоаким Осоговски. –Парите од Министерство за култура не се префрлени на сметка на општината, досега само е склучен договор. Настапите на сите учесници на „Џој Фест“, кои се исклучиво македонски изведувачи, како и концертот на Аца Лукас, веќе се платени од спонзори. Министерство за култура не мора да ги префрла предвидените средства, иако станува збор за недоразбирање. Тие средства, вкупно 153.000 денари секако беа наменети за македонските пејачи кои ќе настапат на „Џој Фест“: Каролина Гочева, Бени „Нон Стоп“, Гоце Саф, “Бас брадарс“ и други, што значи исклучиво македонски пејачи. Но и за нив тие 153.000 денари од Министерство за култура не се доволни, поради што бројни спонзори и донатори обезбедија средства и овие пејачи веќе исплатени, вели Митовски. Фестивалот основан како рок-фестивал, „Џој Фест“, годинава, по две години пауза поради Ковид-19 пандемијата, ќе се одржи по деветти пат. Иницијативата за формирање на фестивалот е од група музичари од градот кои го отстапија на органзиација на Општина Крива Паланка. Годинашниот фестивал е дел од „Кривопаланечко културно лето 2022“ поддржано од Министерство за култура, Општина Крива Паланка, Националан установа Центар за култура Крива Паланка, Локална установа Градски музеј Крива Паланка, со поддршка и од Европска куќа Крива Паланка на дел од настаните. Митовски нагласува дека Аца Лукас не е дел од фестивалската програма, туку ќе пее по повод празникот на градот, прогласен за неработен ден во општината, прославата на патронот на познатиот манастир „Св. Јоаким Осоговски“ и Денот на рударите. – Концертот на Аца Лукас е за празникот на градот, за „Св. Јаким Осоговски“, кога е славата на манастирот и кога традиционално градот го посетуваат луѓе од целата држава и за Денот на рударите. Со парите од Министерство за култура не ни може да се плати Аца Лукас, а искрено и дел од македонските пејачи. Аца Лукас чини 15.000 евра, а од Министерство за култура добивме 153.000 денари (околу 2.500 евра) како кофинансирање за учество на домашни пејачи. Мене навистина ми е жал за ваквата одлука и за недоразбирањето. По оваа информација јас се слушнав со министерката, на која и реков дека не мора да ги исплатат, бидејќи и настапите на домашните изведувачи ќе ги покриеме со спонзори. Општината учествува само со 600.000 денари, а останатите пари за другите манифестации, меѓу кои и концертот на Лукас се спонзорства. Концертот на Аца Лукас еден од поголемите спонзори е и самиот рудник во Крива Паланка, „Булмак 2016“, бидејќи, како што реков, неговиот настап е за Денот на рударите, по нивна желба, изјави Митковски. Митовски нагласува дека настапот на Лукас е по желба на граѓаните, на нивно барање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mitovski-do-ministerstvo-za-kultura-ne-mora-da-gi-prefrlate-predvidenite-sredstva-no-aca-lukas-ne-e-del-od-festivalot-dzoj-fest-kje-pee-za-denot-na-rudarite/feed/ 0
Во Крива Паланка висока излезеност од 65,5 отсто до 18:30 часот https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-kriva-palanka-visoka-izlezenost-od-65-5-otsto-do-18-30-chasot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-kriva-palanka-visoka-izlezenost-od-65-5-otsto-do-18-30-chasot/#respond Sun, 17 Oct 2021 17:16:11 +0000 https://kurir.mk/?p=580952

Во Општина Крива Паланка процентот на излезеност на граѓаните е исклучително висок и до 18:30 часот изнесува 65,49 отсто. Од вкупниот број гласачи што гласат на 47 избирачки места во општината, 16.849, до осумнаесет часот и триесет минути гласале 10.891 граѓанин. –Во текот на целиот изборен ден процесот на гласање се одвива мирно и непречено. Во одредени периоди од денот на повеќе избирачки места имаше гужва и редици поради поголема излезеност и со оглед на мерките и протоколите за заштита од Ковид-19 кои се применуваат при реализација на изборниот процес, информира претседателката на ОИК, Крива Паланка. Во Општина Кратово процентот на излезеност до истиот период, триесет минути пред крајот на гласањето, изнесува 57,44 отсто од вкупниот број гласачи. Во Кратово на вкупно 37 избирачки места право на глас имаат 7862 граѓани. Во Општина Ранковце, пак, до 18:30 часот, од 3014 граѓани со право на глас, гласале 2024 или 67,26 отсто од вкупниот број граѓани запишани во единствениот избирачки список. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-kriva-palanka-visoka-izlezenost-od-65-5-otsto-do-18-30-chasot/feed/ 0
Градоначалникот на Крива Паланка позитивен на коронавирус- општината целосно се затвора, имал контакти и со функционери од власта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradonachalnikot-na-kriva-palanka-pozitiven-na-koronavirus-opshtinata-celosno-se-zatvora-imal-kontakti-i-so-funkcioneri-od-vlasta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradonachalnikot-na-kriva-palanka-pozitiven-na-koronavirus-opshtinata-celosno-se-zatvora-imal-kontakti-i-so-funkcioneri-od-vlasta/#respond Wed, 02 Sep 2020 08:44:36 +0000 https://kurir.mk/?p=398108

Градоначалникот на општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски од редовите на СДСМ преку статус на Фејсбук пишува дека е позитивен на коронавирусот. -Почитувани пријатели, роднини и сограѓани, Ве информирам дека по појавата на втор позитивен случај на COVID 19, од редовите на општинската администрација, вчера на сопствена иницијатива направив тест, кој е позитивен. За таа цел во следниот период се повлекувам во домашна изолација. Во исто време сите вработени од денес 02.09 до 09.09.2020 ќе бидат ослободени од работните обврски, а општината нема да работи освен за итни и неодложни потреби. Екипи на Јавно Здравје веќе прават целосна дезинфекција на работните простории и возниот парк. Никој не е имун! Носете заштита и почитувајте ги препораките на Комисијата за здравство, стои во неговиот пост на Фејсбук.
Почитувани пријатели, роднини и сограѓани, Ве информирам дека по појавата на втор позитивен случај на COVID 19, од... Posted by Borjancho Micevski on Wednesday, September 2, 2020
Инаку тој во изминатиов период се сретна и со многу функционери од власта кои очигледно треба да заминат во самоизолација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradonachalnikot-na-kriva-palanka-pozitiven-na-koronavirus-opshtinata-celosno-se-zatvora-imal-kontakti-i-so-funkcioneri-od-vlasta/feed/ 0
Додека власта тера кампања за промена на името, државата се гуши во смет и запалени депонии https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dodeka-vlasta-tera-kampanja-za-promena-na-imeto-drzavata-se-gushi-vo-smet-i-zapaleni-deponii/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dodeka-vlasta-tera-kampanja-za-promena-na-imeto-drzavata-se-gushi-vo-smet-i-zapaleni-deponii/#respond Mon, 13 Aug 2018 08:23:41 +0000 https://kurir.mk/?p=87207

Преполни контејнери, купишта смет низ центарот на градовите, запалени депонии во сред лето е сликата за општините, додека власта тера кампања за промена на името. Само изминатава недела КУРИР  објави неколку стории за нечисти општини кои се дават во смет, а реакција од локалната власт нема. Лекарите кои ги контактиравме велат дека неодговорноста на власта граѓаните ги чини здравје, а во таа насока земавме и стручни мислења кои детално ги објаснуваат последиците по здравјето на граѓаните. Крива Паланка, како што велат дел од граѓаните жртва на лошото менаџирање со ЈП Комуналец, секојдневно се дави во смет. На фотографиите испратени до нашата редакција може да се види дека секаде кај што има контејнер просторот околу него се прави мала депонија, а разлетан смет има и до десетина метри од самите контејнери. Градот  кој некогаш важел за еден од почистите во државата, како што велат жителите на Делчево сега се соочува со преполни контејнери кои не се чистат и по недела дена. Сметот како што не информираа граѓаните се разлетува насекаде, а поради големиот број кучиња скитници кои го разнесуваат насекаде целиот град се претвора во депонија. Тетово е град кој од тоа ние што го забележавме со нашите екипи на одредени места наликува повеќе на депонија, отколку на место каде живеат  луѓе. Жителите револтирани од односот на локалната самоуправа велат дека ѓубрето седи со недели и се жалат дека во ек на лето смрдеата е неподнослива, но исто така и голем извор на зарази. Градот Куманово го има најгорливиот проблем од сите градови низ  државата, град во кој на секој чекор во сред лето горат диви депонии со купишта смет, со чад кој оди директно во куќите на луѓето. Од проблеми со животната средина се соочува и Скопје, скопската населба Гази Баба, вчера во текот на денот се соочуваше со големо загадување, кое е необјасниво за овој период од годината и е исклучително опасно особено за хроничните болни, земајќи во предвид дека се наоѓаме во ек на летни горештини. Лекарите кои што ги контактиравме велат дека ваквата ситуација на преполни контејнери и диви депонии низ градовите се најголем причинител на зарази, особено на стомачни зарази, кои се пренесувани како што велат тие преку инсектите кои гравитираат околу сметот, но и преку глодарите, како што се стаорците кои се хранат од тие места, а подоцна можат да дојдат и до допир со домашни миленици, земјоделски производи, но и директно со луѓе. Горењето на овие диви депонии е уште поопасен процес, бидејќи истите согоруваат и ослободуваат големи количини јаглероден моноксид, но и тешки метали кои се директна опасност и причинител на голем број респираторни и кардиоваскуларни проблеми.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dodeka-vlasta-tera-kampanja-za-promena-na-imeto-drzavata-se-gushi-vo-smet-i-zapaleni-deponii/feed/ 0